Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 18 до 24 ноември и оваа година како и во минатото се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на кампањите, како што појаснуваат, е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животни, но и на животната ...

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава. Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна ...

„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“. „Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на ...

Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи. Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со ...

Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица. Покрај новинарските екипи еден час пред почетокот на судењето пред новата судница во Идризово се дојдени роднини и семејства на загинатите. Молкум ги гледаат полициските комбиња во кои пристигнуваат обвинетите. Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против ...

„Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС. Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна сопственост. Во СДС врие и ...

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно преземавме мерки. Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи. „Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во ...

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува денеска, во судницата во затворот „Идризово“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација. „Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари) · во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај) · во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода) Текстот Без ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој во рамки на својата работна турнеја на Западен Балкан ја оствари првата официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата министерот Муцунски изрази задоволство од посетата, потенцирајќи дека таа уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја ...

Македонија го заврши квалификацискиот циклус за Мундијалот 2026 со тежок пораз во Кардиф – 7:1 против мотивираниот Велс. И покрај стабилните игри во претходните кола, овој резултат ја турна селекцијата на Благоја Милевски на третото место во групата, па пласманот ќе се бара преку плеј-офот од Лигата на нации. Велс доминираше од првата минута. Хари Вилсон го отвори резултатот од пенал, Брукс веднаш зголеми на 2:0, а единствена светла точка за ...

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. „Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, потенцираше Мицкоски. Тој ...

Селекторот Благоја Милевски се реши за храбра постава во Кардиф, доверувајќи му место во стартерите на Велковски како дел од тројката стопери, додека Елмас и Миовски ќе ја предводат офанзивата против директниот конкурент за второто место. Стартни состави Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски, Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов, Алими, Елмас, Миовски Велс: Дарлоу, Вилијамс, Лавлор, Родон, Дасилва, Шехан, Вилсон, Џејмс, Кулен, ...

Во рамките на посетата на Битола, заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау, оствари официјална средба со градоначалникот на општината, Тони Коњановски. На средбата двајцата соговорници разменија информации и мислења за европските проекти што во моментов се реализираат во општина Битола со поддршка од ЕУ преку различни програми. Посебен акцент беше ставен на тековните инвестиции, нивното значење за локалниот развој и ...

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија на 15 години. Почетната цена на месечниот закуп е 0,5 отсто од проценетата вредност, или 251.073 денари. Со 17 гласови за и 6 против, во Советот донесена е одлуката за издавање под закуп на Дино паркот, јави „Канал 77“. Советникот од Левица, Ангеле Михајловски пресмета дека со влезниците што се наплаќаат, заработката ќе биде ...

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат на патот кон шумата, со цел, како што наведуваат, да го заштитат она што не штити нас. Во пораката упатена до медиумите, жителите истакнуваат дека иако навидум се десетици луѓе од мало преспанско село, зад нив стои поголема поддршка, со иста цел и заложба. Тие наведуваат дека сечата над селото не е само уништување на дрвја, ...

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да даде одговор зошто реформите во правосудниот систем целосно стагнираат и кој ќе понесе одговорност за блокадата на овој клучен сектор. Тренчевска посочи дека Извештајот на Европската комисија јасно потврдува дека нема напредок во судските реформи и дека независноста на судството е нарушена поради политички ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на регионален министерски состанок со колегите од земјите од Западен Балкан предводен од италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило. Средбата се одржа на маргините на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим. Фокус на состанокот беше во насока на напредокот во реформите во регионот, зголемување на ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто, како што информираатм се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. Анкетната комисија, појаснуваат од СДСМ, треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди ...

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство Трипуновски, како и до заменик министерот, кои се однесуваа на суспензијата на ИПАРД-програмата и огромните последици врз македонското земјоделство. Тој побара одговори за застојот на мерката 3, блокираните 130 милиони евра европски средства и одговорност за корупцискиот скандал што ги остави илјадници земјоделци ...

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и наводите за реформите во делот на Кривичниот законик, Законот за парнична постапка и АКМИС-от, рече дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има доставено во владина процедура и подготвено повеќе закони кои се дел од Реформската агенда, нешто што во изминатите години не било ...

Дејан Анакиев е новиот в.д. директор на КЈП Водовод Кочани. Денеска тој го доби решението од страна на новоизбраниот градоначалник доктор Владко Грозданов. Анакиев ја презема функцијата директор на ова јавно претпријатие откако истото одреден временски период беше без прв човек. Во периодот околу вториот круг од Локални избори, Водовод беше без директор бидејќи на претходниот Мирче Паунов му помина мандатот од шест месеци како в.д. директор. ...

Утре започнува судењето за најголемата трагедија во државата – пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На обвинителна клупа ќе седнат 34 физички и три правни лица. Првото рочиште е закажано за во 9:30 часот во судницата во КПУ Затвор Идризово со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се ...

Со полагање свежо цвеќе и пригодна церемонија денеска во Битола беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада. Пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости. Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на ...

Денес, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари работна средба Викторија Трајков, заменик министерката во Министерството за европски прашања на Република Македонија. Средбата беше посветена на можностите за реализација на нови проекти финансирани од странски фондови, со акцент на инструментите на Европската Унија кои би донеле директни и одржливи бенефити за жителите на Општина Кисела Вода. Градоначалничката ја запозна заменик ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува, како што е соопштено, јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ, нагласуваат ...

Екипата на Мал Ајакс го запиша четвртиот пораз во низа и останува и натаму без бодови во Првата футсал лига, откако загуби од големиот фаворит Проект на домашен терен во Штип со резултат од 3:13 или десет гола разлика. Мал Ајакс кој е повратник во елитата и натаму ќе чека на прв позитивен резултат и на први бодови во Првата футсал лига, додека пак Проект е максимален. Шампионот Форца го одигра вториот натпревар откако два има заостанати кои беа ...

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставка поднесена од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. На седницата ќе присуствуваат и самите подносители, со цел нивната претставка формално да се разгледа пред пратениците. Мециновиќ посочи дека ...

Второлигашите по репрезентативната пауза продолжуваат со подготовките бидејќи веќе во петок следуваат натпреварите од 13. коло. Пред второлигашите следуваат три натпревари во осум дена за комплетирање на есенската полусезона во Втората лига. 13-тото коло го носи дербито меѓу непоразениот лидер Шкендија Арачиново и штипска Брегалница, Беласица ќе го пречека Новаци, Детонти Плачковица како фаворит дома ќе игра со Преспа од Ресен. Скопје исто така ...

Одбојкарите на Штип УГД утре во Радовиш го играат реваншот од европскиот Челинџ Куп против норвешкиот Кол Ил. Штипјани веруваат дека може да ја анулираат предноста на норвежаните за да се пласират во следната фаза, откако на првиот меч загубија со 3:1 во сетови во Осло. Доколку Штип УГД успеа да го елиминира Кол Ил тогаш во следната фаза ќе се соочи со италијански Милано. „Минатата недела настапивме премиерно во овој Куп со гостинскиот натпревар ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
70%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.49
86%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1014
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
89%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
84%
1015
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
67%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

471972.96

Платина

53106.37

Кобалт

55.67

Злато

135322.28

Паладиум

45879.12

Рутениум

29192.88

Сребро

1837.41

Бакар

10.76

Иридиум

145787.60

Цинк

3.24

Калај

40.11

Родиум

255598.44