Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Прокопиј, еден од најпочитуваните христијански светители и маченици од почетокот на четвртиот век. Според црковното предание, Прокопиј најпрвин бил римски војсководец. По чудесно видение го прифатил христијанството и јавно ја исповедал својата вера. Поради тоа бил изложен на тешки маки и на крајот маченички пострадал, оставајќи пример за храброст, ...

Пред една година Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ, велат од партијата Левица и нагласуваат дека власта сега потврдила дека нивните предупредувања не се само политички обвинувања. „Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети за поддршка на ...

Нефункционалната канализација, уништени патишта, без контејнери за смет и како што велат, неисполнети ветувања за подобрување на инфраструктурата се причините поради кои жителите на селото Ѓуземелци, општин Лозово вчера излегоа на протест. Мештаните бараат решение за проблемите кои, според нив, траат со години и велат дека и покрај бројните укажувања, наместо конкретни чекори добиваат само нови ветувања. „Канализацијата ја направија пред три ...

Сирење и лубеница – летна комбинација која и годинава остави дилема дали одат заедно ? Најголем дел анкетирани граѓани во Штип, велат вкусно, се јаде, ама не како порано. Лубеницата понекогаш велат е луксуз, сирењето исто, па некако велат се исфрлаат старите навики. Но, децидни се тие оти оваа комбинација знае се уште да се најде на трпезите кај граѓаните, кога си доагаат дома од работа и им треба брз ручек, без да готват на високите ...

Веќе 11 дена без вода за пиење остана една зграда со три влеза во штипската населба „Осми Ноември“ за време на летните горештини. Станарите тврдат дека живеат како во средниот век со вода во тенџериња и капење со чашки, откако, како што велат, останале без редовно водоснабдување. Наместо нормално секојдневие, тие се соочуваат со невозможност да одржуваат основна хигиена, да готват и да ги извршуваат најобичните домашни обврски. Тврдат дека ...

По објавата за настанатиот проблем со водата во станбените згради во населба 8 ми Ноември во Штип, фирмата Идеал Логистик испрати соопштение во кое тврди дека станарите вода немаат два дена, а не како што тврдат тие 11 дена. Во соопштението велат дека тие се одговорни за Енгелсова број 13, а не за Енгелсова број 15. ТЕЛОП Дефектот првично настанал во станбената зграда на ул. Енгелсова бр. 15, која не е под управување на Идеал Логистик- ДОО. ...

На денешната седница, на предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. „Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, како и управител на СЦ ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, извести Министесртвото за здравство Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска заедно со Директорката на инспекторатот за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска и Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, одржаа прес-конференција во врска со наодите од увидот на ДИЖС во Гостивар. „Во име на Владата дозволите пред се да ја изразам својата загриженост за сите заболени граѓани од Полошкиот регион. Како институции, будно ...

Пред голем број на претставници на бизнис секторот, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес во Кочани ги презентираше придобивките од Оперативниот план за вработување за 2026 година и го објасни јавниот повик од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“. „Со мерката ‘Вработување и раст на правни субјекти’ е предвидена поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални ...

ВМРО-ДПМНЕ одговори на тврдењата од СДСМ дека без ребаланс нема да има пари ни за плати ни за пензии. Преку соопштение за јавноста партијата уверува дека СДСМ шири паника и измислува непостоечки финансиски проблеми. „СДС повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и бројки. А фактите се јасни, министерката за финансии во ниту еден момент не ...

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова, денес направи пресек на с è она што Владата го презема за унапредување на системот за социјална заштита. Како најзначајна измена го наведе целосното реформирање на наследениот системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита со воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања. „Новиот систем ...

Планинарката Билјана Донева од Штип со големо спортско достигнување, откако успеа во неколку дена да искачи три големи врвови. На 16 јули, Донева на Монте Роса во Италија го искачи Корно Неро кој е висок 4.321 метри, потоа беше искачи и Паротшпиц висок 4.434 метри, додека пак на 19 јули планинарката Билјана Донева успеа да го освои Мон Блан висок 4.810 метри, највисокиот врв на Алпите и Западна Европа. Од планинарскиот клуб „Лисец“ од Штип ...

Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна. Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека она што денес се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос. „Очигледно е дека со оваа власт на Христијан Мицкоски и ...

Второлигашот Новаци продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое пристига во тимот на штипскиот стратег Иван Варадиновски е штипјанецот Мартин Димоски – Робен. 35-годишниот фудбалер во Новаци доаѓа од редовите на штипска Брегалница, клуб со кој во минатата сезона стана шампион во Втора лига и обезбеди пласман во Прва лига. Низ неговата кариера покрај за Брегалница, настапуваше и за Каменица Саса, Вардар Неготино, Силекс, Кит ...

Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на ...

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција во одговор за новинарско прашање во врска со катастрофата поврзана со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оцени дека ваков случај е недозволив во 21 век. „Функционалните канализациони и водоводни системи не се историски нов феномен. Постојат две и пол илјади години и во 2026 година да ни се случи ваква ситуација од вакви размери е незамисливо. Тоа како општество не ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава. По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, ...

Воведувањето на седмиот авион во базата на „ВизЕр“ во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот седми авион на „ВизЕр“ во Скопје. „Ова е трета најголема база што ...

Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, велат од СДСМ. Со други зборови, додаваат од партијата, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон граѓаните. „Ова е директно ...

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Палермо, откако загуби во првото коло од Ерика Андреева со 2:0 во сетови за 82 минути игра. Двете тенисерки се наоѓаат една до друга на ВТА листата Ѓорческа е на 214. место, додека пак Андреева е 215 место. Натпреварот беше решен во осмиот гем од првиот сет кога при сервис на Ѓорческа беа одиграни 32 поена, а Андреева ја искористи 10-та сет топка. Во ...

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД со големо засилување за новата сезона во која ќе се оди на одбрана на двојната круна, Александар Љафтов доаѓа во градот под Исарот, како капитално засилување за тимот на Кристиан Ристески. 36-годишниот струмичанец зад себе има фантастична кариера, огромно искуство кое е акумулирано со настапи во повеќе шампионати, покрај настапие во домашното првенство настапувајќи за Работнички и Струмица, ...

Прволигашот Башкими последен ги започна летните подготовки за новата сезона и клубот од Куманово под водство на новиот тренер Гајур Реџеп ќе има една недела за припреми до првиот меч, кога Башкими во рамки на првото коло ќе гостува во Кратово кај Силекс. Клубот му се заблагодари на досегашниот тренер Баже Јанакиевски, а притоа се раздели со неколку фудбалери на кои им се заблагодари за досегашната соработа – Есмин Личина, Борјан пановски, ...

Македонскиот футсал шампион Проект ги започна подготовките за новата сезона, во која тимот од Јосифово ќе има за цел да ја одбрани двојната круна, но притоа фокусот ќе биде насочен кон европските предизвици односно квалификациите за Лигата на шампиони. Клубот го задржа костурот на тимот од ланската сезона, а притоа се засили и со искусниот Александар Коцев, со што квалитетот се подига на поголемо ниво. Минатата сезона Проект без ниту еден ...

Второлигашот Шкупи со нов сопственик и долгови, в среда ќе ги започне подготовките за новата сезона, каде фокусот ќе биде на млади играчи од академијата. Ланскиот прволигаш и поранешен шампион на Македонија зад себе имаше катастрофална сезона, со многу лоши резултати, освоен само еден бод во текот на целиот шампионат, сезона со турболенции и блокади за трансфери од УЕФА. Од клубот посочуваат дека по долг период на работа за стабилизирање на ...

Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во ...

Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓубрето не се собира, дивите депонии се преполни, јавниот превоз е во распад, а граѓаните секојдневно се соочуваат со хаос, изјави Кети Штерјова од СДСМ. Наместо решенија за овие проблеми, вели таа, скопјани добија билборд со коњ со пет нозе, „Камен мост“ што личи на вијадукт и белградски храм сред Скопје. „Орце Ѓорѓиевски ...

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на прес – конференција информира дека и денеска продолжуваат активностите во Гостивар по скандалот со загадената вода за пиење. Гостиварци сѐ уште не смеат да ја користат водата ниту за пиење, ниту за миење, ниту , пак, за било што во извршување на секојдневните активности. Стручни лица на Институтот за јавно здравје земале мостри од водата од резервоарот, од градинки, од ...

Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата. Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие, велат од Левица. „Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот извор, каде што не смеело да има ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
36%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
38%
1013
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
37%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
51%
1012
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.33
59%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
46%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.08
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
33%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.8
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Кобалт

56.29

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11