Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Делегација на Собранието и претставници на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, присуствува на дводневна студиска посета во Бундестагот во Берлин, Германија. Во состав на делегација се претставници на собраниска служба предводени од генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар Бобан Стојаноски. Предмет на студиската посета се институциите кои се дел од надзорот над ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на новинарско прашање категорично ги отфрли шпекулациите за каков било „скриен договор“ со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека опозициското делување и реторика на СДСМ е едно од клучните причини за значајниот пад на поддршката на владејачката партија. „Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика во изминатиот период, ...
Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во Собранието истакна дека кога се дискутира за бројки и парите на граѓаните мора да постои прецизност, бидејќи граѓаните од пратениците очекуваат информативен бенефит, што се случува во Македонија и каде се трошат нивните пари, а не на буџетска расправа да се ставаат теми кои не се поврзани со Буџетот. Пренџов истакна ...
Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно Законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки од модуларната, па се до разни набавки во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Цела држава знае, додаваат од оваа партија, дека освен обвинителството. „И еве го повикуваме обвинителството на Заев и Филипче да делува одговорно и да ...
Во рамки на тековните активности поврзани со уличното осветлување и јавната хигиена, општински служби минатиот викенд работеа со зголемен интензитет. Во таа насока, стручните лица пристапија кон решавање на поголемиот број проблеми кои беа детектирани на теренот,соопштија од Општина Карпош. „Екипите беа особено активни во реонот на населбата Карпош 4, каде деновиве беше целосно санирано осветлувањето околу кулите на ул. Никола Парапунов во ...
На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој упати критики кон говорот на Фатмир Битиќи, истакнувајќи дека неговото излагање е националистички настроено, потенцирајќи дека за разлика од него, тој е единствениот пратеник кој поднесувал амандмани за изградба на средно училиште во Куманово на албански наставен јазик и се залага за зачувување на ...
Денешната прес-конференција на Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини. Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси ...
Општина Чаир денес презеде значаен чекор кон подобрувањето на условите во основните училишта на општината. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија“, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, Теута Идризи. Посетата се реализираше по повод доставувањето на новиот инвентар, кој веќе е распределен во училиштето, информираат од оваа општина. „ОУ „Лирија“ е опремено со 200 модерни ...
Во време кога онлајн купувањето стана секојдневие, домашниот пазар има играч кој ја подига летвичката на повисоко ниво. Mint Store се позиционира како прва специјализирана e-commerce платформа во Македонија што нуди паметно, поблиско и пофлексибилно искуство на купување. Целосно нов пристап кон онлајн трговијата За разлика од класичните интернет-продавници, Mint Store гради интегриран модел кој ја комбинира удобноста на дигиталниот шопинг со ...
По успешно завршената кампања за предрезервации „Не се нервирај – Предрезервирај“, компанијата Анхоч ја продолжува својата поддршка за студентите со новата кампања „Чекаше и Дочека“, со која официјално започнува реализацијата на студентските ваучери за 2025 година. Изминатиов период беше особено предизвикувачки, со најавени над 50.000 студентски ваучери и големи очекувања од младите, ИТ секторот се најде пред сериозен предизвик да обезбеди ...
По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени. Обвинителството кое го преставуваа 15-мина обвинители на денешното рочиште го даде воведниот збор. Буре барут, безбедносна смртоносна стапица, колективно непостапување и неодговорност, не само кобната ноќ, туку од 2012 година навака, беа зборовите што провејуваа во воведот. Обвинителот Борче ...
Една третина, односно 6800 решенија за данок на имот не се наплатени согласно предвидениот законски рок до 15 номеври. За истите се изготвуваат опомени за наплата и ако навремно не ги подмират своите обврски за данок на имот ќе се пристапи кон присилна наплата. „Од издадените за 2025 година, 18500 решенија до сега се наплатени две третини и остануваат за наплата уште 6800 решенија. За истите ќе бидат изготвени опомени за наплата и оние кои нема ...
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината. На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините. ...
„Јас сум родител на трагично убиените деца изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот во дискотеката во Кочани на првиот ден на судското рочиште. Момчето раскажува неговиот татко работело како програмер. „Сега од Кочани доаѓаме како оштетени јас и сите родители на децата кои настрадаа во катастрофата во Кочани на судско рочиште кое започнува денеска. На самиот старт наидуваме на еден голем скептицизам и разработена ...
Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевање на Пчиња кај бањата Стрновац, во Општина Старо Нагоричане. „На ден 19.11.2025 година во 07:35 часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во с.Стрновац Општина Старо Нагоричане,поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари“, објави Територијалната противпожарна единица. Од таму апелираат граѓаните на Општина ...
Не надворешни закани, туку лошо владеење, тоа е најголемата закана за граѓаните од регионот и тоа го видовме со трагедиите во Нови Сад, Кочани, Тузла, но и во Грција со железничката несреќа, оти очигледно и земјите членки не се имуни на корупција”, порача претседателот на “Солуција”, Никола Димитров на Белградската безбедносна конференција. „Имаме сѐ помалку демократија и сѐ помалку принципиелни актери на глобалната сцена”, кажа Димитров ...
Шахот станува сè поприсутен во воспитно-образовниот процес, а растечкиот интерес кај учениците ја зголемува потребата наставниците да бидат соодветно обучени за негово реализирање во рамки на наставата. Во таа насока, денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа обука за наставници од основните училишта на територијата на општината. Обуката ја организира Шаховскиот сојуз на Град Скопје, кој во континуитет работи на развојот и ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на меѓународна конференција „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“, што се одржа во Рим, каде што имаше свое обраќање во рамките на министерскиот панел посветен на реформата на јавната администрација и европската интеграција. Настанот, организиран од Министерството за јавна администрација на Италија, Националната школа за администрација на Италија (SNA) ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно. „Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче. Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има. „Ова им го додолжиме на родителите, ова им ...
На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска истакна дека пратениците од СДС по вчерашниот поднесен амандман за кратење на спортските субвенции од 300 милиони денари, денеска имаат барање за истата ставка и тоа со кратење на средствата за дополнителни 34 милиони денари. „Работите се денеска многу појасни за македонската јавност, по вчерашниот амандман којшто беше поднесен, ...
Девет студенти од правниот, економскиот и факултетот за образовани науки при УГД Штип ќе волонтираат во Општина Штип. Во наредните три месеци студентите од четврта година ќе може својата теорија да ја надоградат со пракса, со што ќе се подготват за понатамошно вработување во јавниот или приватен сектор. Проектот е на општината во соработка со УГД Штип и УНДП. „Во првата фаза од проектот имаме партнерска соработка со УГД Штип, при што ...
Обвинети, адвокати, родители и роднини на починатите – започна судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Утринава во судницата во Затворот Идризово на обвинителна клупа седнаа 35 физички и три правни лица, кои се сомничат за тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот. На почетокот на судењето, судиката Диана Груевска Илиевска истакна дека не се гарантира брзина во ...
Општина Ѓорче Петров денес официјално го потпиша договорот за доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“, со што започнува реализацијата на инвестиција вредна 42 милиони денари. Проектот опфаќа проширување на училиштето со современ, функционален и енергетски ефикасен простор со површина од околу 600 метри квадратни, целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар. Со доградбата, училиштето ќе добие осум нови училници на две нивоа, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан. На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на ...
На првата пуаза од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откога многумина бранители побараа одлагање на судењето и нова листа на докази бидејќи обвинителството ги спои постапките за дискотеката „Пулс“ и за агенцијата „Рубикон“, мајка на едно од загинатите деца пред објектот на судницата ги послужи кафе новинарските екипи и семејствата на загинатите. „Никаде не одиме без кафе, син ми многу пиеше кафе. Ајде напијте се“, рече таа. ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, учествуваше на Националната тркалезна маса за конвергенција на климатска и еколошка правда што денес се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. Во своето обраќање Муртезани нагласи дека климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија. Особено го истакна влијанието на климатските ризици врз ранливите групи, значењето на ...
Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 63 животи, рече дека никој не може да претпостави колку време ќе трае постапката. Таа ги повика сите учесници на дисциплина за да може да се дојде до вистината и правдата. „Не можам да ви гарантирам брзина, но повикувам на дисциплина и редовност за да дојдеме до вистината и до ...
Во областа на патната инфраструктура, од особена важност за унапредување на безбедноста во сообраќајот е редовното одржување и обележување на локалните улици и патишта, со што се обезбедува поголема видливост и уредност на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а со тоа се обезбедува и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот, особено за најранливите категории, пешаците и велосипедистите, велат од општината Илинден. ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на отворањето на националната тркалезна маса за конвергенција на климатската и еколошката правда, поддржана од Француската агенција за развој. „Еколошкиот криминал и кај нас веќе е класифициран како сериозен и сложен криминал, кој честопати добива облик на организиран криминал, а штетите од него се огромни и во здравствена и во економска форма”, истакна Коцевски ...
Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект. Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа на терен излегоа комуналните екипи на Општината“, објави градоначалникот Дејан ...