Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Расолницата е речиси готова, бурето се отвора, чашите наздравуваат, традицијата оживува со полн мирис и вкус. Со тазе испечен зелник, баница или топол качамак, сè повеќе граѓани ја избираат наместо јогурт или кисело млеко. Рецептот е стар, но едноставен. Од зелката се вади кочанот, во неа се става едра сол, а по два дена се долева вода. За уште побогат, поинтензивен вкус се додава и црвена зелка, која и дава препознатлива боја и арома Граѓаните ...
Под закуп ќе се даде и игралиштето во населбата Баби. Бидејќи изминатиот период истото е во лоша состојба и не се користи, советниците на Советот на Општина Штип, дадоа зелено светло истото да се даде под закуп. Согласно Законот за располагање и корустење на ствари во државна односно општинска сопственост месечо идниот закупец би требало да исплаќа околу 11 илјади денари на општината., „Игралиштето во населба Баби кое не се користи веќе подолг ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на албанскиот јазик како дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија и неговата улога во зајакнување на социјалната кохезија и колективниот идентитет. „Почитувани сограѓани Албанци, Со особена почит ви го честитам 22 Ноември Денот на албанската азбука, празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот ...
Во соопштение до јавноста, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оцени дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 отсто, правосудниот систем дополнително ја нарушува својата слика со барање за двојно зголемување на платите. „Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници. Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција. Тој, во парламентарната ...
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти Центарот за управување со кризи. „Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи присуствуваше на свечената академија организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Владата на Република Северна Македонија, по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик. За време на својот говор, го нагласи историското значење на Конгресот на Битола во 1908 година и неговата одлучувачка улога во унифицирањето на албанската ...
Според „Вреди“, денешната изјава на Арбeр Адеми за „неуспехот во владеењето на правото“ јасно ја покажува исклученоста на ДУИ од реалноста. Неверојатно е да се слушне, додаваат од „Вреди“, партија, чие половина раководство е на црната листа за корупција, да зборува за европски стандарди кога ДУИ, како што велат е главната причина зошто со години земјата не напредувала ниту еден чекор во основните обврски од Кластерот I. „ДУИ, која 20 години го ...
Денеска во Секторот за внатрешни работи Битола беше отворена целосно опремена соба за интервју за деца и жртви на родово базирано насилство, на тој начин се обезбедува безбеден и приватен простор, во кој се води грижа за траума, за спроведување чувствителни интервјуа со жртви и сведоци, вклучително и деца. Развиена во согласност со меѓународните стандарди и најдобри практики, новата соба ќе ги поддржува полициските службеници и професионалците ...
Единствена Македонија најостро реагира на денешното соопштение на Уставниот суд со кое на отворена сцена се мајтапат со народот пишувајќи дека судијката Добрила Кацарска е судијка со интегритет, самостојност и независнот, велат од партијата. „А што може да се очекува од еден Уставен суд кога сите уставни судии се дојдени во овој суд по линиии кои немаат никаква врска со знаење, способност и достигнување. Цела Македонија знае дека Добрила ...
Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна ...
За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. „Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена“, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. „Ова беше резултат на ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан. Претседателот Гаши беше дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“. „Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“. Tемелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 година и е финансирана од Министерството за ...
Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентираше резултати од анализата на капацитетите на сите јавни и приватни здравствени установи кои нудат услуги покриени од Фондот за здравствено осигурување. Граѓаните веќе можат на веб-страницата на „Мој термин“ да проверат во која институција какви лекари има, од кои има недостаток, колку медицински сестри има, каде нема ...
Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски, по Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст што се одржува во Тирана, Албанија. „Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов, го презентира предлог-буџетот за Министерството за внатрешни работи за 2026-та година. Според него, станува збор за финансиски план со цел да ја модернизира полицијата и да ја подигне оперативната готовност на повисоко ниво, а со тоа да обезбеди поквалитетни услуги за сите. „Само во програмата „безбедност“, за идната година предвидени се 16,4 милијарди денари, што претставува зголемување во споредба ...
Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите”, соопштија од Уставниот суд. „Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за ...
Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објави Јавен повик за изразување интерес за учество во базата на експерти на Ресурсниот центар кој е отворен за аплицирање до 15.12.2025 година. Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се вклучи ќе ...
Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Уставниот суд. „За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија со што покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт. Таа не само што беше поддржувач на ...
Во Кочани почна со работа регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка на Црвениот крст. Министерот Азир Алиу го посети центарот каде информираше дека целта е да се продолжи со организирано обезбедување професионална психолошка помош, советување и поддршка за повредените од пожарот, нивните семејства и целата заедница. „Центарот за ментално здравје ќе биде место за доверлива и безбедна грижа, со акцент на справување со ...
Црквата Свети Архангел Михаил во горно маало во Штип денес со отворени порти пречека голем број верници и се одбележа празникиот, познат меѓу штипјани како Свети Рангел. Во старата црквичка се одржа утринска богослужба, а храмот се исполни до последно место. Верниците дојдоа од сите страни, а дел останаа и надвор за да присуствуваат. Настанот уште еднаш ја потврди црквата како важен духовен центар за заедницата. Граѓаните со мир на душата и ...
Стојко Стојков беше избран за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав. Честа и задоволество се огромни и ностат гоема одговорност вели професор Стојко Стојков. Како борец за правата на македонците во Пиринска Македонија дециден дека ова за него прествува поттик за уште поголема работа. „Тоа е многу голема чест за мене и признание, признание за се она што сум го направил досега. Признание за правата на ...
Куќен притвор за две лица, мерки на претпазливост за шест и дополнителна мерка на претпазливост за едно лице кои беа опфатени со апсењето вчера. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани одреди мерки куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно ...
Скап за многумина денешниот пазар во Штип, каде граѓаните масовно пазарат за празникот Архангел Михаил. Уште од рано утро се гледаат полни кеси со праз, зелка, тиква и краставици, производи што денес се меѓу најбараните. Од овошјето доминираат јаболката и мандарината, без кои ретко кој си заминува од пазарот. И покрај високите цени, граѓаните велат дека мора да се подготви празничната трпеза. Во продолжение анкетираните раскажуваат за нивното ...
Официјално се отвори Регионалниот центар за ментално здравје во Кочани. На ваков начин се дава до знаење дека менталното здравје е приоритет, а поддршката ќе биде континуирана, со цел никој да не се соочува сам со последиците на загубата. „Денеска сум во Кочани и задоволен сум од тоа што го видов внатре. Како што одиме на лекар кога имаме болка или рана, така треба да посетуваме стручни лица кога мислиме дека имаме потреба некој да биде до нас, ...
На 20.11.2025 во 19:55 часот во с. Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница ја лишија од слобода 26-годишната Т.Т. од с.Градец. При извршен преглед пред влез во истото село на патничко возило „бмв“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.А.(43) од Македонска Каменица, кај пријавената, која била сопатник во возилото е пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно ...
Ученички маскенбал под мотото „Живееме на страниците на книгите“ вчера се одржа во просториите на ООУ „Тошо Арсов“ во Штип. Настанот беше дел од завршните активности по повод Месецот на книгата и привлече голем број ученици, родители и наставници. Учениците дефилираа маскирани во ликови од лектири, романи, приказни, басни и сказни, претставувајќи ги своите омилени книжевни јунаци. Нивната креативност, оригиналност и посветеност дојдоа до израз ...
Обилните врнежи од дожд предизвикаа бројни поголеми одрони на повеќе клучни патни правци во источна Македонија. Екипите на Македонија пат уште од утрово интервенираат со механизација, додека дождот и понатаму паѓа. Најкритично е на патот Истибања – Калиманци, каде големи количества земја и камења го попречуваат сообраќајот. Одрони има и кон Делчево, Берово и Струмица, речиси на сите планински делови. Возачите се повикуваат на зголемена ...
Полицијата поднесе кривична пријава до велешкото Обвинителство против Н.Т., вработен како самостоен референт – контролор во Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи при СВР Велес. Според пријавата, Н.Т. се сомничи дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ во постапка за одземање оружје и дозвола за поседување оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка. Иако законскиот рок бил истечен, тој ја повторил ...