Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми, соопшти Агенцијата. „Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде ...
Женските одбојкарски клубови од Првата и Втората лига поактивни од машките во однос на засилувања во мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија. Кај дамите има дури 13 домашни и еден странски трансфер. Марија Крстеска од Ускана Волеј прави трансфер во Газели Волеј, а овој клуб се засили и со Марија Лазарова од Струмица жени. Анита Медија од Шкендија оди во Риниа, а пак Ана Панова од Виола Волеј во Борец. Ирина Петковска ...
Третолигашите кои имаат амбиции за влез во Втора лига ги започна зимските подготовки и договорија пријателски натпревар низ кои ќе ја проверуваат формата. Прв третолигаш кој означи старт на зимските подготовки на 12 јануари беше Победа Валандово, непоразениот есенски шампион во Трета лига – Исток. Третолигашот од Валандово работи под „полна пареа“ за да се добие потребаната форма, а притоа се закажани и пријателските натпревари низ кои ќе се ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска изврши увид во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, каде што се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите во овој спортски објект. Во рамки на извршените активности, набавени и монтирани се нови ЛЕД рефлектори со моќност од 200W и 400W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е подобрено ...
Собраниска делегација оствари повеќе средби во Кнесетот на Израел. На средбата со Претседателот на Групата за пријателство со Собранието на РС Македонија, Хамад Амар и членовите на Групата Тсега Мелаку и Владимир Белијак, беше истакнато дека соработката меѓу двата парламента претставува важен и вокален дел на целокупната билатерална соработка. Пратеничката група за соработка со Кнесетот, која се формира во континуитет во сите парламентарни ...
„ВМРО, Шилегов, Деспотовски, сите користат иста реторика, исти техники од кујните и пораките ги шират преку истите провладини портали“, велат од СДСМ. „Координацијата на нападите врз СДСМ веќе на сите им е јасна. 1.ВМРО ја напаѓа СДСМ за лидерската средба. Излегува Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба, дури употребува „изолирана партија“ односно со иста реторика на Мицкоски. Денеска Депостовски исто така ја напаѓа СДСМ за ...
Пет автобуски линиии утрово не сообраќаат до крајните дестинации, по снежните врнежи. „Од ЈСП Скопје известуваат дека мал број автобуси од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации. Станува збор за автобусите со броеви: 11, 64, 74, 80 и 81“, сопшти Центарот за управување со кризи. Од таму споделија информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 09:00 часот: Битолски регион Во Општина Крушево, на ...
Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност – се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид оствари средба со Шаика ал Новаис, генерална секретарка на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO). Како што соопштија од Министерстовот, на средбата биле разгледани можностите за унапредување на соработката и поддршката во процесот на одржлив туристички развој. ...
Македонските прволигаши покрај проверките во рамките на зимските подготовки за тоа како оди подигањето на формата, ги засилуваат и ростерите за остварување на своите цели во пролетниот дел. Дефинитивно ќе има пролетна полусезона во која ќе гледаме голема борба за секој бод на секој натпревар, бидејќи поради кратењето на Прва лига од 12 на десет екипи, испаѓаат последните три, а пак деветтопласираната и осмопласираната екипа играат бараж за ...
Во рамки на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост. Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број ...
Од СДСМ велат дека со длабока загриженост ги следи најновите случувања во телекомуникацискиот сектор во нашата земја, кои, според партијата, откриваат ланец на влијание што се протега од Будимпешта преку Белград до Скопје. „Одлуката на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да додели трета лиценца за мобилен оператор на унгарската компанија „4iG“, не е само бизнис потег, тоа е дел од поширок политички план што ја загрозува независноста ...
Ракометната репрезентација на Македонија ги заврши настапите на Европското првенство со пораз од Данска, реми со Португалија и победа над Романија. Со ваков скор од три бодови Македонија заврши на третото место во групата Б, конечниот пласман за нашата репрезентација е 14. место. Но, победата над Романија добива дополнителна тежина кога е во прашање Светското првенство 2027 кое се игра во Германија. Нашата репрезентација не само што ќе ...
Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Самитот во Давос и на Средбата на лидерите 2026, значајна платформа за дијалог и глобална соработка. Тој учествуваше на два тематски панела: „Клима, конфликти и грижа“, каде беше нагласена важноста на дијалогот и регионалната и меѓународната соработка; и „Балканот – историја, стабилност и иднина“, каде се дискутираа ...
Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. „Мене но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година. Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни. Герасимовски ...
„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ. Второ, како за кус ...
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот. Текстот Дел од Автокоманда денеска без вода е превземен од МАКФАКС. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа: – во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел) Текстот Без струја денеска дел од Бутел е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа: – во периодот од ...
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој. Текстот ...
Фудбалскиот клуб Вардар е во потрага по нови засилувања, а најновото име кое пристигна на проба во редовите на „црвено-црните“ е аргентинскиот фудбалер Лукас Пулеио. Станува збор за 27-годишен крилен играч кој во наредниот период ќе се обиде да го убеди стручниот штаб на Вардар дека заслужува договор и место во тимот за продолжението на сезоната. Пулеио има богато интернационално искуство, а неговиот пат кон Вардар е сличен на оној на ...
Фудбалскиот клуб Работнички официјално го потврди враќањето на Егзон Белица во своите редови, со што скопскиот прволигаш добива големо и значајно засилување во дефанзивната линија пред продолжението на сезоната. 35-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Шкендија, каде што настапуваше во изминатиот период, а ова за него претставува камбек во клубот во кој веќе има настапувано. Белица е добро познат на навивачите на Работнички и важи за еден ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со Бјорн Габриел, раководител на Канцеларијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Северна Македонија. На средбаta, Хоџа и Бјорн разговараа за продолжување на досегашната соработка меѓу Министерството и ЕИБ, со посебен фокус на имплементацијата на стратешките проекти во областа на животната средина и водната инфраструктура. Хоџа ја истакна ...
AМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. „Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата. Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната ...
Од ЈП Водовод и Канализацијa известуваaт дека утре ( четврток ) поради промена на шибер Ф-80мм на ул.Јани Лукровски бб и пред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Јани Лукровски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.(општина Гази Баба) Текстот Утре делови од Општина Гази Баба без вода за пиење е превземен од МАКФАКС. Од ЈП Водовод и Канализацијa известуваaт дека ...
Според СДСМ; Македонија се враќа во времето на Никола Груевски и медиумскиот мрак, хајки против опозицијата и јавни линчови. СДСМ, додаваат од оваа партија, целосно го разоблички медиумскиот октопод Алфа-Алта и позадината за постојаната црна кампања. Од партијата нагласуваат дека претседателот на СДСМ, раководството, членовите се под постојани напади од сите страни на кујните на ВМРО, како што велат, медиумскиот октопод Алфа-Алта и центрите ...
И покрај сите факти и докази кои потврдуваат дека компанијата работи согласно домашната регулатива и кои беа јасно потврдени од страна на релевантните институции, продолжуваат нападите кон ТИТАН Усје. Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една компанија, која е значајна за ...
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денес оствари официјална средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, во рамки на неговата прва посета по преземањето на мандатот од страна на градоначалникот Лимани. За време на средбата, градоначалникот Лимани ја изрази својата благодарност за посетата на амбасадорот Улусој, оценувајќи ја како доказ за блиските и пријателски односи што Општина Гостивар ги негува со Република ...