Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Младиот фудбалер Али Голиќ и официјално се прости од ОФК Малеш од Берово, клубот во кој ги направи своите најважни фудбалски чекори, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Брера Струмица. Преку емотивна порака, Голиќ им се заблагодари на сите што биле дел од неговиот развој, истакнувајќи дека годините поминати во Малеш ќе останат незаборавен дел од неговиот живот. Посебна благодарност упати до Игор Дамјански, Новица Пецински, Методи ...
Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови ...
По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на ...
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ. Дополнително, јавноста изрази ...
На 19.07.2026 во 01:35 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Н.М.(28) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол односно измерени му биле 1,99 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе ...
На 18.07.2026 во 19:20 часот во СВР Штип е пријавено дека во куќа во Кочани, при поправка на импровизиран лифт за транспорт на инвалидизирано лице, со телесни повреди се здобил В.Т.(42), а со тешки телесни повреди се здобил С.В.(68), двајцата од Кочани. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани и се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 18.07.2026 во 19:20 часот во СВР Штип е пријавено ...
„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...
Во текот на денешниот ден ќе биде донесена одлука дали на подрачјето на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, изјави раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, Драган Кочински. Тој посочи дека Институтот е во постојана комуникација со Центарот за јавно здравје и дека сите мерки за контрола и превенција веќе се спроведуваат. „Во комуникација сме со Центарот за јавно здравје и во текот на ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според податоците, во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани. На Педијатриското одделение ...
Македонските средношколци постигнаа извонреден успех на 67. Интернационална математичка олимпијада (ИМО), која се одржува од 10 до 21 јули во Шангај, Кина, а меѓу најзаслужните за историскиот резултат е и штипскиот ученик Дамјан Давков, кој освои златен медал. Со својот врвен настап, Давков уште еднаш потврди дека е меѓу најталентираните млади математичари не само во Македонија, туку и во светски рамки, носејќи ѝ огромна чест на својата ...
Ученикот Даниел Христов од СОУГ „Славчо Стојменски“ – Штип оствари значаен меѓународен успех, освојувајќи пофалница на 58. Меѓународна олимпијада по хемија, која годинава се одржа во Ташкент, Узбекистан. Македонскиот тим настапи во исклучително силна конкуренција од 363 ученици од 93 држави, при што освои еден бронзен медал и три пофалници, потврдувајќи дека македонските средношколци успешно се носат со најдобрите млади хемичари во светот. ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена, соопшти ...
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев денеска го започна еден од најголемите предизвици во својата кариера. Точно во 08:00 часот стартуваше на екстремната ултра-трка која води од Лихтенштајн до Франција, низ суровите и величествени швајцарски Алпи. Пред Манев се 400 километри исполнети со неверојатни 25.000 метри висинско искачување, траса што важи за една од најтешките и бара исклучителна физичка и психичка подготвеност. Непосредно пред ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. Важно: До ...
Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото покажува дека во земјава нема реформи, корупцијата останува широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци, изјави денеска Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е ...
Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. ...
Опозициските партии СДСМ и Левица упатија критики поради новиот билборд поставен на влезот во главниот град, обвинувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи низа грешки. Во партиско соопштение, СДСМ оцени дека наместо разубавување на градот, скопјани добиле симбол на аматеризам и срам. Од партијата тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе, а останатите елементи, според нив, не соодветствуваат на изгледот и ...
Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. „Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, меѓу ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда ...
Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение. Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. „Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од ...
Македонскиот репрезентативец Јован Манев официјално ја започна својата нова етапа во дресот на тетовска Шкендија, а во првото интервју за клупскиот канал не ја криеше возбудата поради новиот предизвик. Манев истакна дека пристигнува во клуб со шампионски менталитет и јасни цели, нагласувајќи дека Шкендија е тим кој секогаш се бори за највисок пласман и освојување трофеи. Според него, токму амбициите на клубот биле една од главните причини да ...
Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 се регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град заболеле 30% од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија!!! Епа браво. ...
Двајца жители на Штип се меѓу трите лица кои беа приведени по физичка пресметка што се случила синоќа во Куманово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 јули 2026 година околу 22:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Џ.С. (43) и Т.С. (49), двајцата од Штип, како и У.З. (43) од Куманово. Претходно било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ дошло до физичка пресметка ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност се очекува утре низ земјава, а дневната температура ќе достигне до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе ги намали акцизите на дизелот и безоловните горива поради очекуваниот раст на цените на нафтените деривати, а по ова следуваше реакција од СДСМ, од каде оценија дека Владата реагира предоцна. Мицкоски изјави дека, поради состојбата на Блискиот Исток, растот на цената на нафтата на светските берзи и посилниот долар, очекува поскапување на горивата. Тој најави дека Владата ја ...
На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР Штип од Итната медицинска помош-Пехчево е пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик да интервенираат во близина на с.Панчарево, каде Ј.Ѓ. (58) се здобил со повреди при сеча на дрва, каде бил заедно со својот син. На пат кон здравствената установа Ј.Ѓ. починал. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Делчево, телото на починатиот е дадено на обдукција. На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР Штип од Итната ...
На 18.07.2026 во 00:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Л. (32) со престојувалиште во Штип, затоа што со неговата сопруга К.Х. (30) на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејства. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 18.07.2026 во 00:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Л. (32) со ...
Институтот за јавно здравје соопшти дека зел примероци од водата на посочени локации во Гостивар, откако Јавното обвинителство побарало да бидат извршени микробиолошки и физичко-хемиски анализи. Екипата на ИЈЗ веднаш излегла на терен, а анализата на земените примероци започнала во раните утрински часови во четврток, веднаш по нејзиното враќање. Постапувањето следува по известувањето од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар за нагло ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се на терен и дека се испитуваат мостри од водата во Гостивар, додавајќи дека во случајот е вклучено и Јавното обвинителство. „Сите институции се на терен. Се испитуваат мостри од водата, имаме процес кој го води и Обвинителството. Многу скоро ќе се излезе со информација што се случило и кој е тој што дал наредба тоа да се случи и, се разбира, ќе има одговорност. Нема така да ...