Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на телевизијата Алсат М, зборуваше за проблемите со отпадот, нечистотијата и дивите депонии во градот, нагласувајќи дека потребни се два паралелни процеси итно чистење на градот и долгорочна поставеност на систем по европски стандарди. „Мора веднаш да се почне со расчистување на отпадот пред секоја куќа, пред секоја зграда, по целиот град, како и со дивите депонии, каде ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот завршен митинг одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека е наследена лоша состојба во Македонија која од ден на ден се менува, за подобра иднина на сите граѓани, притоа посочи дека по изборите ќе следи длабока реформа во судството и обвинителството, институции ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот завршен народен митинг во Охрид, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за изборите во недела на 19 октомври, повика на обединување и масовна поддршка за кандидатите за градоначалници и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на број 9, за да им се даде лекција на СДСМ и Венко Филипче, кои беа ...
Во Крива Паланка повторно ќе славиме победа и тоа уште во првиот круг, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Крива Паланка. Во обраќањето пред граѓаните, Филипче истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим. „За резултатот ...
Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка. Пред граѓаните, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши ...
Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно“. „Тоа е ромскиот идентитет, тоа е ромската музика, тоа е смеата на децата што трчаат по нашите маала. А нашите деца заслужуваат многу повеќе,“ порачува Салиу, нагласувајќи дека достоинството на заедницата започнува со ...
Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со која се изрекува времена забрана за најавениот штрајк, што требаше да се одржи в понеделник. Од синдикатот најавуваат дека ќе ја обжалат одлуката пред Апелациониот суд и ќе поднесат претставка до Републичкиот судски совет против судијката што го водела предметот. Претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски, изјави ...
Златко Сиљаноски, кандидат за градоначалник за општина „Дебарца“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и рече дека на општина Дебарца и претстои многу работа и истакна дел од проектите на изборната програма. „Ни претстои многу работа, но ние од работа не се плашиме, ќе почнеме од почеток, коцка по коцка да ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Дебарца, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, порача дека од тоа што се гледа на терен е јасно дека работат ќе биде завршена уште во прв круг и Златко Сиљаноски ќе биде новиот градоначалник. Мицкоски исто така повика што е можно помасовно излегување на гласање на овие локални ...
Искусниот фудбалски стратег Трајче Сенев остро ги демантира објавувањата на социјалните мрежи дека наводно тој променил исказ од сослушувањето и дека земал пари за инцидентот кој се случи на 24 август за време на натпреварот меѓу пионерските екипи на Брегалница и Шкупи на стадионот „Бело Брдо“. Сенев во изјава за М Нет телевизија вели дека го целост ги демантира сите невистини објавени на социјалните мрежи, притоа додава дека му е нарушен ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со делегација на пратеници кои во име на Европскиот парламент ќе ги набљудуваат локалните избори. Членовите на Делегацијата доаѓаат од четири политички партии застапени во Европскиот парламент и тоа: Марта Темидо од Групата на социјалисти и демократи, Португалија; Карло Реслер од Европските народни партии, Хрватска, воедно и ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна ...
Кандидатот за втор мандат за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски, остро реагираше на денешната петочна проповед во џамијата во Бутел 2, обвинувајќи го оџата дека повикал верниците Албанци да не гласаат за него затоа што е Македонец. Во објава на „Фејсбук“, Костовски порача дека народот сака развој и проекти. „Сакам лично да го поздравам оџата од џамијата во Бутел 2. Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума ...
Незаборавен џем сешн во чест на Александар Коларов, Цеата се одржа вчеравечер во Домот на млади во Штип. Настанот собра бројни музичари, пријатели и љубители на добрата музика, кои со звук и емоции му оддадоа почит на еден од најзначајните фигури на штипската сцена. Вечерта беше исполнета со настапи полни со енергија, импровизации и искрена љубов кон музиката. Колегите на Цеата упатија трогателни говори, потсетувајќи на неговото влијание и ...
Од Друштвото на писателите на Македонија велат дека будно и со длабока загриженост го следат случајот со спомен куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина. Куќата на Владо Малески, еден од деветмината основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а за неговата добробит се одговорни Заводот и музеј на Охрид, ...
Жешки цени на средина октомври на пазарот во Штип, граѓаните со последни подготовки за претстојната зима. Иако врнежлив ден, сепак побарувачката и овој петок голема. Најмногу се купуваше пиперот и зелениот домат, но и карфиолот, кој граѓаните го ставаат за во туршија. Велат иако цените се за нив скапи, сепак мора да се јаде. Од побарувачката задоволни и продавачите, велат пополека се продаваат последните производи за зимница. Инаку, овој петок ...
Рекреативна есенска прошетка низ живописни предели од с. Шашаварлија преку с. Калапетровци и искачување на Црн Врв се организира утре од Штип. Ова е идеална шанса за сите љубители на природата, рекреативци и почетници кои сакаат да уживаат во чистиот воздух и прекрасните есенски пејзажи. Прошетката ќе се одржи утре, ден сабота со почеток во 09:00 часот. наутро. Собирот е предвиден во село Шашаварлија, кај црквата и селската чешма, каде ...
Досега вакцинирани 19.500 граѓани, пријавени 49.530 за вакцинација против сезонски грип, соопшти денес министерот за здравство Азир Алиу. Оваа година министерството набави 80.000 вакцини, а дополнително се очекува и пристигнување на комерцијални вакцини. Алиу нагласи дека вакцините ќе бидат достапни и за лицата кои не спаѓаат во ризичните групи, почнувајќи од следната недела. Министерот уверува вакцинацијата е важна, со цел да се спречи ширењето ...
Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка. Станува збор за обвинението против реалниот сопственик на фирмата за обезбедување на дискотеката. „Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од ...
Проекти за развој, сигурност и подобра иднина во Општина Карбинци ветува кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Љубица Соколовска. Како што истакна со проектите предвидени за наредните четири години, ќе се подобри животот во секој дом, во секое село и населено место во општината. „Мојата визија е јасна, проекти што носат развој, сигурност и подобра иднина за Општина Карбинци. Ви најавувам дел од проектите од мојата програма како ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела. „Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне,“ истакна Лабудовиќ. „Ова не е само повик за избори – ова е повик за промена, надеж и иднина што ќе ја создадеме заедно. Центар не е само општина – тоа ...
Kандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ од Левица, на последната прес – конференција од првиот круг за локалните избори вели дека очекува влез во вториот круг. „Очекуваме дека има реални шанси да влеземе во вториот круг и да се натпреваруваме за престолнината за град Скопје. А јас повторно ќе нагласам дека мојата мотивација за влез во оваа трка беше затоа што токму во овој Совет кој беше крајно дисфункционален и деструктивен ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ. На средбите присуствуваше и министерската за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, извршниот директор Јерон Клик, ...
Последен ден изборна кампања, последни подоготовки пред осмите Локални избори. Дел од доверливиот материјал во ОИК Штип пристигна во текот на вчерашнит ден, убик апаратите треба да пристигна денеска, со цел навремено одржување на изборниот процес во недела. „Вчера пристигна доверливиот маретијал од ДИК, тоа се ливчињата за гласање со кандидатските листи за градоначалник и кандидатски листи за советници. Сега за сега се оди во најдобар ред, ...
За време на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир, соопштуваат од МВР. „Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Безбедноста на граѓаните ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше во посета на Радуша, каде повторно се отвори амбуланта која претходно беше запуштен и нефункционален простор. „Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата располага со современа опрема и услови достојни за ...
Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите. Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го ...
Новата сезона во Првата кошаркарска лига во женска конкуренција ќе се отвори во понеделник со три натпревари, а ќе се затвори во среда со еден натпревар. Екипата на Патриот од Делчево ќе има тешко гостување кај фаворитот Крива Паланка, во меч кој се игра во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка со почеток од 19 часот. 30 минути подоцна во Кавадарци ќе се соочат Пробаскет со тимот на Бадел во неизвесен меч за триумф, додека пак во ...
Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните. „На овие избори има само две страни. Од една страна се граѓаните на ...
Денес, на последниот ден од кампањата за локалните избори на 19 октомври, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, пред граѓаните презентираше целосен преглед на својата програмска понуда. Меџити ги претстави стратешките проекти за трансформација на Чаир во, како што кажа, модерна и развиена општина, со акцент на урбаната инфраструктура, квалитетното образование, заштитата на животната средина, социјалната ...
Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија учествуваше на дводневната престижна конференција во Будва, Република Црна Гора организирана по 14 пат од страна на Стопанската комора на Црна Гора. Во рамките на конференциите ЕЕN – IFNNO на која покрај презентациите за европските проекти се остварија значајни контакти на групацијата за проекти при ССКМ со потенцијалните партнери и донатори од Европската Унија за идна соработка. На ...