Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Во пресрет на локалните избори, додека партиите ги прават последните подготовки за изборниот ден, кандидатите се растрчани на терен, а Скопје тоне во отпад, микробиологот Никола Пановски, кој бара втор советнички мандат во Град Скопје, ги издвои приоритетите на новиот совет. Тој е кандидат за советник од редовите на ЛДП и коалицијата „Искуство за успех“. Кои проблеми во Скопје ги сметате најитни за решавање? „Во вистинските демократии, кон кои ...
Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола ги завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија, еден од најстарите неолитски локалитети во регионот и во Европа. Истражувањето во западниот дел на населбата покажало дека ранонеолитските културни слоеви достигнуваат висина од 2,7 метри, што укажува на долготрајно и динамично живеење во периодот меѓу 6400 и 6000 година пред нашата ера. Во околу 70 ...
Јавното претпријатие „Лајка“ го прославува петтиот роденден со повик за хуманост, одговорно сопствеништво и почит кон секое живо суштество. Во пораката по повод јубилејот, од „Лајка“ велат дека за изминатите години ја трансформирале институцијата во пример за хуман, транспарентен и посветен систем, но дека вистинско решение за проблемот со бездомните кучиња може да се постигне само со строго законско регулирање на одговорното сопствеништво. Во ...
Започна имунизацијата против сезонски грип во Штип. На пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип, бесплатно се вакцинираат граѓаните кои спаѓаат во ризични категории граѓани. Овде се лицата над 65 години, хронично болни граѓани, деца од 6 месеци до 5 години, бремени жени и здравствените работници. Граѓаните добиваат смс пораки преку Мој термин за денот и часот за вакцинација. Годинава бројот на пациените кои се имунизираат на дневна ...
Седум месеци по трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани закажано е судењето. Од Основен кривичен Суд Скопје информираат дека Главната расправа за кривично правниот – предмет поврзан со несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е закажана за 19 – ти ноември 2025 година со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово. „Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани па со решение на Јавниот обвинител на ...
Поминаа точно седум месеци од големата трагедијата што се случи во Кочани, а нејзините последици и понатаму се чувствуваат во Штип. Граѓаните велат дека болката не поминува, а сеќавањата на таа ноќ сè уште се свежи. Многумина со тешко срце зборуваат за случувањата, наведнуваат поглед и велат – како да беше вчера. Градот и понатаму тивко жали, а трагичната случка останува длабоко врежана во свеста на сите. Седум месеци подоцна, болката во Штип не ...
Точно пред 18 години, Македонија го загуби големиот пејач Тоше Проески. Граѓаните денес со солзи во очите се сеќаваат на неговата добрина, глас и неизмерна љубов што ја носеше во срцето.Неговата музика остана вечна, а споменот на Тоше живее низ генерации. 18 години подоцна, неговиот лик сè уште ги обединува луѓето и потсетува на времето кога надежта звучеше во неговата песна. Во секое срце во Македонија, Тоше никогаш не згаснува. Неговите песни ...
Обезбедување асистент при болничко лекување, образовни материјали за слепи ученици и зголемена финансиска помош – се само дел од барањата на здруженијата на слепи лица од државата, кои што ги бараат од владата. Бараат и промени во правото на попреченост и туѓа нега. Според нив, овие мерки се повеќе од неопходни за достоинствен живот. Дел од барањата е и директна средба со премиерот Христијан Мицкоски. На последната средба со заменик-министерот ...
Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи, велат од Хелсиншки. „Со загриженост констатираме ...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.З. (65) од село Слупчане, општина Липково, поради сомнение дека сторил злоупотреба на службена положба и овластување. Според соопштението на МВР, пријавениот во 2023 година извршил упис на непостоечки брак во матичната книга на венчани меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија. При увид во книгата на пописни акти за истата година било утврдено дека не постои заведено барање за издавање извод ...
Снимките кои излегоа во јавноста, на кои јасно се гледа односот на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кон жени вработени во Општината, претставуваат скандал и срам за државата, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, навредите, понижувањето и злоупотребата на службената позиција се однесување кое не му доликува на човек, а уште помалку на градоначалник. „Најостро го осудуваме овој чин и бараме итна реакција од сите ...
Градоначалникот на Гази Баба и кандидат за нов мандат, Бобан Стефковски, информира дека започна со градба третата нова детска градинка во општината. „Почнаа градежните активности за новата детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница. Градинката ќе биде со површина од 1360 метри квадратни со капацитет за 150 деца. Вредноста е 147.000.000 денари, средства обезбедени од Владата. По градинките во Трубарево и Инџиково, денес ја почнуваме и третата ...
Компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, „Булмак 2016“ извести дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Од нив 22% одат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари, а останатите 78% или 45.420.255 денари одат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица. „Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 ...
Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да се случи уште во првиот круг. Вели дека победа во првиот круг очекува не за себе, туку поради граѓаните, оти пролонгирање на процесот за три недели ќе значи пролонгирање на голготата која сега се случува. „Искрено, да, очекувам силна победа во првиот круг. Верувам во народот, верувам во граѓаните. Таа победа јас не ја барам ...
Македонската Радиотелевизија информира дека поради сериозен технички проблем вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17.00, во 19.30 и во 22.30 часот. Од таму велат дека се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Од МРТВ наведуваат дека во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција претстави проекти за изградба на нови современи градинки. „Чаир има недостиг од градинки, недоволни капацитети и услови што не одговараат ниту на основните потреби на децата во најкритичниот период од нивниот развој. Имаме градинки каде што три деца делат еден кревет, каде условите во кујните и тоалетите се мизерни, а родителите сами купуваат материјали за ...
Прехранбениот гигант „Нестле“ денес објави дека ќе отпушти околу 16.000 работници во следните две години за да ги намали трошоците. Компанијата ќе отпушти околу 12.000 административни работни места во сите оддели и региони во кои работи и уште четири илјади по спроведувањето мерки за подобрување на продуктивноста во производството и синџирите на снабдување. „ „’Нестле’ мора да се промени побрзо за да се прилагоди на променливите глобални ...
Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање, соопшти М-НАВ АД Скопје. „Основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донесе решение со кое се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје“, се наведува во соопштението. Според ...
Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток на судскиот процес, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но маршевите ќе продолжат секоја сабота – како симбол на нивната упорност и борба за вистината. Претходно беше соопштено дека главната расправа за предметот е закажана за 19 ноември 2025 година. „Ние, родителите и семејствата на починатите ...
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денешната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост. „Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што ...
Царинската управа и Централниот регистар договорија дигитална размена на податоци за царински долг, со што хартиените потврди кои се потребни за упис и промени на правниот субјект наскоро стануваат минато. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, денеска официјално го потпишаа Договорот за соработка и размена на документи во електронска форма. „Намалувањето на бирократските процедури и ...
Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на граѓаните и граѓанските организации во планирањето и спроведувањето на ...
„Бруталното рушење на домот на Владо Малески во Струга не е изолиран инцидент, тоа е резултат на системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ. „Управата за заштита на културното наследство, која е должна по службена должност да реагира и превенира вакви уништувања, молчи и не презема ништо. Дали затоа што рушителите се блиски до власта? Или затоа што ...
ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин на некои автобуски линии. „Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред“, соопшти ЈСП. Од таму велат дека доколку бидат информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, јавноста ...
Локалните избори ќе го одложат почетокот на новата сезона во Првата кошаркарска лига, која требаше да стартува овој викенд. Натпреварите од првото воведно коло ќе се одложат за неколку дена и истите ќе се одиграат веднаш после локалните избори. Како и што информираат од Кошаркарската федерација на Македонија, стартот на новата сезона во Првата лига бил предвиден за 18. односно 19. октомври, но поради изборите ќе биде поместен за неколку дена. Во ...
Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. Веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува. – Голем е одѕивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и ...
Либерално-демократската партија го осудува случајот со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во неговата родна Струга. Ова најдобро ја отсликува „грижата“ за културното наследство, кое е оставено на милост и немилост од страна на локалните шерифи, велат од ЛДП. „Малески е дел од НОБ, важи за еден од најпознатите македонски творци, воедно е и автор на нашата химна „Денес над Македонија“ и е важен дел од македонското современо творештво“, ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во затворот „Идризово“, соопштија од Кривичниот суд. „Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија ...
Фудбалски хепенинг во Свети Николе по повод 100 години од постоењето на фудбалскиот клуб Овче Поле. По тој повод на 26 октомври ќе биде одигран пријателски натпревар меѓу ветераните на Овче Поле и ветераните на Брегалница од Штип. Со овој натпревар Овче Поле кој сега се натпреварува во Трета лига – Исток ќе го одбежели овој голем настан во клупската историја со ревијален фудбалски натпревар кој ќе започне во 14 часот. Претходно, клубот од Свети ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции. На вчерашната средба во Скопје со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, Сиљановска – Давкова изразила спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори. Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова соопштија дека претседателката ја оценила посетата ...