Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Здружението на граѓани „16 март“, формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, изрази длабоко сочувство до семејството на пејачот Владимир Блажев – Панчо, кој почина денес, седум месеци по трагедијата. „Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во ‘Пулс’. ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со, како што рече, историско значење за дигиталната трансформација на Македонија. Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од ...
Триесет и петгодишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од две лица за износ од 1.110.000 денари, соопшти МВР. Според пријавата, лицата го контактирале преку мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини што пријавителот сакал да ги купи. По договорот, тој, по нивни насоки, ги предал парите на едно од лицата преку каса прими на приватен субјект. Кога подоцна се обидел да ги подигне машините, лицето му рекло дека ...
Започна официјалната посета на словачкиот претседател Пелегрини Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската ...
Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат нови, а во исто време ќе почне подготовката на проекти за целосна реконструкција на објектот, за линија до аеродромот и за брза пруга на Коридорот 10. Ако се оди според планот, Синиша Ивановски, директор на „Македонски железници инфраструктура“, очекува изградбата да почне во текот на 2026 година, а дотогаш да се подготвуваат ...
Второлигашот Осогово од Кочани кој го предводи тренерот Крсте Крстев бележи серија на одлични резултати по осум кола во Втората лига. „Жетварите“ имат учинок од четири победи, едно реми и три порази, и со 13 бодови се проби на делба на седмата позиција на табелата. Тимот игра далеку подобар фудбал од стартот на претходната сезона и сигурно е дека момците на Крстев ќе бележа одлични резултати и повеќе од јасно е дека целта освен што ќе биде ...
Комплетно е реновирано одделение на Клиниката за трауматологија, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на Клиниката. „Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за можноста да бидеме денес тука, да им се заблагодарам на здравствените работници коишто се дел од оваа клиника што работеле и имале трпение во услови коишто биле такви какви што биле, да бидам попрецизен- никакви. Она што ние планираме да го правиме во здравството ...
Јавното обвинителство ја потврди информацијата за смртта на Владимир Блажев – Панчо од ДНК, кој почина утрово, седум месеци по пожарот во „Пулс“ кој избувна на 16 март. „Обвинителството ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба“, велат од Обвинителството. Блажев извесно време бил во кома, а по пожарот се здоби со тешки изгореници на лицето и на рацете. Тој беше и меѓу ...
Пријателите и соработниците се простуваат од Владимир Блажев – Панчо кој почина седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ. „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, стои во пораката на Миа Костова. „Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“, напиша Антониа Гиговска. Текстот Пријателите ...
Македонија ремизираше синоќа во Скопје со Казахстан откако одигра 1:1 со што нашите шанси за директен пласман на Светското првенство згаснаа, но останува надежта за баражот. По чистите мрежи во првиот дел и полошата игра на Македонија, во вториот дел работите почнаа да се менуваат, но сепак следуваше ладен туш за навивачите на македонската репрезентација кога Казахстан поведе во Скопје со 0:1. Македонија започна да креира шанси, а израмнувањето ...
Со многу труд, посветеност, работа и желба на успех, шест ракометарки на ракометниот клуб Астибо од Штип добија повик на поширокиот список за Пионерската женска репрезентација на Македонија. Се работи за младите штипски ракометарки Ана Марија Накова, Анастасија Гицева, Ана Насева, Мелани Неделкова, Сандра Илиева и Сара Гигова. Ова е резултат на нивната секојдневна работа, труд и љубов кон ракометот, со желба за голем успех. Пионерската екипа на ...
Екипата на Астибо го загуби натпреварот со фаворитот Чаир со резултат од 27:41, иако овој меч требаше да се игра во Штип, сепак двете екипи со взаемен договор го променија местото на одигрување, па мечот се играше во Скопје, а Астибо беше формален домаќин, а Чаир формален гостин. Повеќе од јасно беше очекуваната победа за екипата на Чаир, а истата беше најавена од самиот старт кога Чаир имаше серија од четири погодоци, а истата постојано се ...
Денеска јавно укажуваме на скандалозен судир на интереси, непотизам и директна злоупотреба на изборниот процес во Општина Зелениково, во режија на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Александар Алексовски од СДСМ. Тој вели дека во Општинската изборна комисија на Зелениково за претседателка е назначена Елена Маневска Јовановска, сестра на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ – Коста Маневски. „Тоа само по себе претставува класичен судир на интереси и ...
Со „Еразмус штафета – кутија во движење“, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја започна агендата за одбележување на Еразмус денови 2025. Учениците и наставниците од основното училиште „Ацо Шопов“ во Бутел се првите што симболично во кутијата ќе ги остават своите пораки и препораки за да стимулираат нови корисници на програмата. Откако кутијата ќе ги заобиколи училиштата во државата, сите писма ќе бидат јавно ...
Почина Владимир Блажев Панчо од дуото ДНК, речиси седум месеци по трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани. Кобниот 16 март 2025 година Панчо се здоби со сериозни повреди и зигореници и беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Тој потоа беше пренесен во приватна клиника во Скопје, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изманатите месеци му беа направени неколку операции. Но, за жал, тој им подлегна на повредите. Панчо е роден на ...
Кандидатката за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Цветановска, изјави дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски ги уништил Карпош 3 и Карпош 4. „Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини,“ изјави Цветановска. Таа потсети дека „во Карпош 3, во Лептокарија, вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот – инвестиција која ја ...
За кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособни раководства. Таа констатира дека граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат насобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура. „Мој приоритет е вистинска реформа на јавните претпријатија, да им служат на граѓаните, а не на ...
Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2025 година, имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање, како и вкупен финансиски извештај со податоци за вкупните приходите и расходите на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и трошењето на средствата од страна на ...
„Почитувани граѓани на општина Бутел, денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом“, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ. „На оваа тематика работевме во изминатиот период. Успеавме да ги надминеме сите имотно правни проблеми и ...
Во пресрет на изборите, Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ апелира прашањето за благосостојбата на животните конечно да стане централно прашање од јавен интерес, а не тема на маргините. Во своето соопштение тие нагласуваат дека односот кон животните покажува дали општеството е хумано или сурово, дали владеат вредности или безредие. „Анима мунди“ ги повикува сите кандидати за градоначалници да се изјаснат околу осум конкретни ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон. Посетата ќе биде можност министерката за финансии на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги ...
Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари. „За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги поддржуваме центарските семејства.. Родителите добиваат поголема ...
„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДС, потребно е ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кочани, нагласи дека во изминатата година неговата борба била насочена кон суштински промени во судството, институциите, за темелни реформи. „И затоа, во изминатата година, се борев за вистинска, искрена реформска промена на оваа држава. Се борев да направиме темелни реформи во судството и институциите. Се борев да ја турнеме оваа земја напред ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен. Вренето во наредните денови Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува ...
Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел до редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, при што го изрази задоволството за реализација на 404 проекти во општина Бутел во текот на неговиот четиригодишен мандат како градоначалник, и напомена дека околу 70 од реализираните проекти не беа дел од предизборната програма, и наведе дел од реализираните проекти. ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Виница укажа дека со сегашните ниски плати, високи стапки на инфлација, младите не гледаат перспектива во својата татковина. „Нема достоен живот кога Македонија е претпоследна во Европа според висина на минимална плата со многу ниска куповна моќ. Младите заминуваат – не затоа што не ја сакаат Македонија, ...
Кандидатот за градоначалник на општина Лозово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи транспарентно и одговорно да работи преку реализација на се она што е предвидено во програмата, како вложувањето во инфраструктурата, градење на нови паркови, за почиста општина и промоција на ...
Изборот кој не враќа назад е веќе виден на централно ниво. Имаа седум години можност да покажат и докажат дека навистина се борат за нивниот дом, т.е нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Но видовме дека тие се борат само за нивните хациенди на Халкидики, во Дубаи и скапите јахти коишто ги возат за време на летото по Егејското крајбрежје. Тоа е за нив поимањето на терминот „се бориме за нашиот дом“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ...
Кандидатот за градоначалник на општина Чашка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Андоновски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе работи одговорно и чесно за да општината има подобри патишта, водоснабдување, чисти и осветлени улици и реконструирани градинки за подобра просперитетна општина Чашка. „Сите овие денови бевме меѓу вас — на ...