Овие избори се одлука за вашата иднина и за иднината на вашите деца. Вие го одбирате човекот кој ќе се грижи за вашето маало, за вашата улица, за вашата општина. Со тој избор вие сакате да имате човек кој ќе биде вашиот глас во општината, човек на кој можете да се потпрете кога ви треба помош, човек кој ќе ве сослуша кога имате што да кажете, кој ќе работи и ќе решава проблеми, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за развој на вештачка интелигенција) на Западен Балкан – една во Србија, а друга во Северна Македонија, во рамки на пошироката иницијатива за вклучување на регионот во технолошкиот развој на Европа, пренесе агенцијата „Анадолија“. Рече дека дека Западен Балкан има потенцијал да стане центар за стратешки индустрии ...

Куманово прераснува во регионален економски центар благодарение на големиот број странски и домашни инвестиции кои или се во тек или наскоро ќе започнат да се градат во најголемата општина во Македонија. Кандидатот за трет градоначалнички мандат во Куманово и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека општината ги има сите предиспозиции да биде „мотор на економската локомотива“ не само на земјата, туку и на ...

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес, се обрати од населеното место Тремник и истакна дека проектот за изградба и реконструкција нови улици во населеното место Тремник е дел од серија на проекти, со вкупна вредност од околу 16 и пол милиони евра, обезбедени преку соработка со Светска банка. Според него, Тремник ќе добие современа локална инфраструктура. ,,Секогаш е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Ова е една ...

Кандидатот за градоначалник на општина Росоман, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека време е за промени во Росоман за подобра иднина за да биде општина што се менува, што расте и се развива со реализација на бројни проекти како реконструкција на патиштата, на стадионот и проширување на сите ...

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот народен митинг одржан во општина Росоман во рамки на изборната кампања ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. ,,Промените во државата се случија минатата година, после големата победа на парламентарните и претседателските избори, и веќе една година и три месеци Македонија пулсира и живее со Владата ...

Независниот синдикат на полицијата денеска соопшти дека починал поранешниот главен инспектор за сообраќајни работи, Владо Петров, кој беше во притвор во рамки на истрагата за трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Според синдикатот, Петров бил пензиониран полицаец кој бил испратен во притвор поради потпишан документ за паркинг-просторот пред дискотеката, каде што настана пожарот во кој животот го загубија 62 лица. „Владо, за жал, не го ...

Во кампањата треба да направиме и еден рекапитулар на се она што е сработено во изминатиот период и да се нацртаат контурите на тоа што треба да се работи во периодот којшто следи и како владата ќе ја води државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од народниот митинг во Росоман во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски ...

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен д-р Јован Божиновски, формирани се и комисии за надзор на работата на оваа клиника. -По повод објавениот видео-материјал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, т.4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на јавните ...

Кандидатот на владината коалиција „Вреди“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција ги претстави конкретните мерки за подобрување на условите во основното образование, со посебен акцент на социјалната еднаквост, безбедноста и поддршката за семејствата. Тој нагласи дека неговото раководење ќе обезбеди еднакви можности за секое дете и ќе направи Чаир да биде општина на достоинство, грижа и солидарност. „Во Чаир ...

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која тој меша бела прашката материја и кажува дека зема исклучиво со „чисто бело“. Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква законска обврска може да се вметне во некој од 12 здравствени закони кои се менуваат во овој момент. „Правно ...

Трибина на тема „Меѓуврсничко насилство, превенција и препознавање“ ќе се одржи утре во Општина Штип. Со почеток од 13 часот, сите заинтересирани ќе може да научат нови работи, како да го препознаваат и како да превенираат кога е во пршање врсничко насиство. На самата трибина ќе говорат четири професорки од Уиверзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. „Во салата на Советот на Општина Штип ќе се одржи трибина на тема „Меѓуврсничко насилство, ...

Голем митинг на ВМРО ДПМНЕ се одржа на плоштадот Слобода во Штип. Многу повеќе работа, посветеност и корегирање на грешките од минататот вети кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов, во своето обраќање. Како што посочи тој проектите од претходните четири години транспарентно беа достапни за сите граѓани, а така ќе продолжи и во иднина. „Во овоие четири години вложивме многу посветеност, турд, љубов, доживеавме ...

Фаворитот Вардар Неготино не одигра според планот откако загуби во Штип од екипата на Текстилец со резултат од 35:33 во меч од петата рунда на Првата ракометна лига. Одличен натпревар за штипските ракометари кои во текот на целиот меч имаа резултатска предност која кон финишот на првиот дел се зголемуваше и до плус пет при 14:9. Во вториот дел предноста на штипјани се стопи откако тимот на Пепи Манасков дојде до резултатски предност и со два ...

Конечно пуштена во употреба новата трибина на Градскиот стадион во Штип, Брегалница го доби Скопје во меч од 8. коло на Втората лига во амбиент како што заслужува, пред верната публика и верната навивачка група „Фаланга“. На овој натпревар гледачите уживаа во дербито на колото под рефлектори, сместени на западната трибина, а пак на старата трибина беше сместена навивачката група „Фаланга“, која даваше силна поддршка за својот миленик Брегалница. ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога се очекува да биде готова клучката кај Момин поток, рече дека најпрво мора да се победи на изборите, да влезат во администрацијата за да можат побргу да се надминат сите предизвици со кои се соочува Град Скопје и ги повика скопјани на 19 октомври да гласаат ...

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Преку системот се греат околу 66 000 активни потрошувачи, од кои 65 000 домаќинства и над 1 000 деловни потрошувачи, во кои се вклучени болници, здравствени домови, средни и основни училишта и детски градинки, велат од таму. Испораката на топлинска енергија, како што ...

Второлигашот Беласица веднаш реагираше по оставката на досегашниот тренер Александар Стојанов и го назначи новиот тренер кој ќе го води тимот од Струмица. Се работи за Панче Стојанов кој ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Беласица, а се работи за тренер кој е добро познат на македонската фудбалска јавност. Стојанов како тренер ја водеше некогашната Академија Панев, а во поново време беше помошен тренер, но и шеф на стручниот штаб на АП Брера. ...

Боксерите на Пинк Пантер од Штип под водство на искусниот Петар Чурлиновски доминираа во рамки на 4. коло од екипното првенство кое се одржуваше во Тетово. Доминација со одлични борби во рингот за штипските боксери, кои со прикажаната техника и физичка подготвеност од шестте боксери кои настапија дури пет забележаа победи. Триумф забележаа Езел Шабан, Марко Чурлиновски, Кристијан Штрков, Зулиќар Бајрам и Александар Панов, а пак Владимир ...

Кејот во Ѓорче Петров, требаше да биде симбол на урбано зеленило и активен живот, истакна Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје, порачувајќи дека жителите на Ѓорче Петров заслужуваат многу повеќе од кал, трње и лажни ветувања. „Се сеќавате што ветија? Зелен спортски кеј, 40 километри вело и еко коридори. А што добија жителите, ниту спорт, ниту зеленило, само запуштен простор и уште едно разочарување. Ѓорче Петров е оставена ...

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо и чесно преку вистинска дигитализација. Тој денес кажа дека откога ја направил Кисела Вода прва дигитална Општина не само во Македонија туку на целиот Балкан, таквиот модел ќе го пренесе и на градско ниво. „Со 17 проекти од оваа област Скопје ќе стане првиот целосно ‘пејпер фри’ град во државата, дигитален, модерен и ...

Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД, вели Благица Цветановска, кандидат за советник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и правел ДУП ови по мерка на урбаната мафија. Само политичар како Стевчо Јакимовски, кој е докажан ...

Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ ја отворија Канцеларијата за адвокати во рамки на Кривичниот суд која може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски ви рамки на судот. Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените канцеларии ...

Почна орањето низ земјава, тракторите повторно се вратија на нивите по обилните дождови. Земјоделците велат дека условите се идеални за сеидба на пченица и јачмен иако работите почнаа со мало задоцнување. Потпретседателот на асоцијаца на земјоделци Гоце Серафимов, рече дека сега е вистинското време за орање, со што до крајот на следниот месец, сите површини треба да бидат посеани. Но, додека постарите ги подготвуваат нивите, прашањето е кој ќе ...

Над 1,500 прекршоци се регистрирани само овој викенд, приведени 13 лица за брзо возење, 122 лица возеле без возачка дозвола, 47 лица под дејство на алкохол. За време на изминатиот викенд (11/12.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.502 издадени платни налози, 958 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја ...

Утре е Покров на Пресвета Богородица – уште познат и како Покровита Богородица – голем празник кој со особена побожност се чествува во Штип, а најмногу во Ново Село. Празникот го слави чудото од 10-тиот век, кога Пресвета Богородица се јавила во црквата во Влахерна, Цариград, и го раширила својот покров – наметка – над верниот народ, симболично покривајќи ги сите со својата милост, заштита и мајчинска грижа. Од тогаш, Покров се смета за ден на ...

Високи сметки за струја уште на стартот од грејната сезона – граѓаните се соочуваат со удар врз домашниот буџет. Иако температурите се уште не се спуштиле, сепак сметките се веќе повисоки од лани. Многумина сведочат дека трошат помалку, но плаќаат повеќе. Се штеди на струја, но и на основни потреби, само за да се преживее месецот. Граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат, кој готви ноќе, кој пере на вечер. Евтината тарифа стана спас, но и ...

Љупчо Коцевски и јавното обвинителство да истражат дали газдата на дискотеката „Пулс“ ја платил казната од 40.000 евра за која неговиот син во телефонска кореспонденција вели дека Оливер Спасовски како министер на МВР ќе ургира да не ја платат, бара Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку дискотеката Пулс не ја платила казната, тогаш Оливер Спасовски под итно треба да биде повикан од ЈО и да се истражи целиот случај. Љупчо Коцевски и ЈО ...

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Според информациите на МВР, пријава е поднесена против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на „Марковски компани“ од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати, затоа судиите на СДС го штитат газдата, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено, на 22 ноември 2022 година е склучен договор со Марковски компани, во вредност од 20 милиони евра. Само една година претходно, на 24 јуни 2021 година, за истата услуга се платени 13 милиони евра. Разликата е 7 милиони евра народни пари. ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
72%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.54
92%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
74%
1006
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1007
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
8.75
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
84%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
55%
1008
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Никел

473339.37

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Калај

40.48

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Злато

135056.24