Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции. Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф. Серијата голови за нашата селекција ...

Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката „Пулс“? Што кријат Јавното обвинителство и Коцевски? Овие прашања денеска на прес-конференција ги постави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на информации, односно на наводна телефонска конверзација меѓу синот на сопственикот на т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани и извесно лице што викендов беа објавени од дел од ...

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше, како што вели, лагите изнесени на прес-конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се јавил за да спречам контрола, напротив, фактот што контроли имало ...

Денеска се одиграа натпреварите од Третата фудбалска лига Исток. Дербито на колото се одигра во Делчево, каде Брегалница и Хоризонт Турново одиграа нерешено 2:2. Интересно беше и во Пирава, каде Ударник кој го направи најголемото изненадување со победата против Овче Поле во Свети Николе, ја продолжи победничката серија против Рудар од Пробиштип со резултат 3:0, головите ги постигнаа Јован Крстев, Трајче Божинов и Иле Баламов . Најголемото ...

Денеска се одржа првиот мирен јавен собир и блокада на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето. Родителите на настраданите бараат да се зголеми капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски соработници за да не се одолговлекува процесот поради недостаток на ресурси. Исто така, нагласија, рочиштата ...

Александар Стојанов од денес не е повеќе шеф на стручниот штаб на ФК Беласица. Оставката доаѓа после вчерашниот пораз од Осогово во Кочани со резултат од 3:1. втор по поразот дома од Шкенија Арачиново со 1:0. Стојанов оставката ја објави на својот профил на Фејсбук каде напиша дека по двата пораза има доблест да ја превземе одговорноста врз неговито грб. ,,Дадов се што можев да дадам до сега,се посветив целосно со цело срце и душа за овој клуб ...

Во рамки на активностите по повод октомври – месец на свесност за ракот на дојка, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, присуствуваше на настан во Градскиот парк, посветен на поддршка на жените кои ја водат својата најважна битка – битката за животот, стои во соопштението од ЗНАМ. „Денес не зборуваме за политика, туку за човечност. Денес сум тука како син, сопруг, татко и ...

Општинската изборна комисија во Битола претпладнево на седница утврди 141 болни и немоќни лица кои ќе гласаат на 18 октомври. Претседателот на ОИК Битола Талевски истакна дека пријавувањето на лицата заврши синоќа, а ОИК Битола претпладнево ги потврди домашните адреси на сите болни и немоќни лица. -Во законски определениот рок до ОИК Битола пристигнаа 151 апликација за гласање ден порано, односно на 18 октомври. Ние, членовите на ОИК Битола ги ...

Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка на проф. д-р Игор Кузмановски како одговор на неодамна објавениот компромитирачки материал со кој, како што велат се дискредитира неговата личност и апелираат како што посочуваат, за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина. Кузмановски беше снимен како ...

Чаир ќе стане пример за инклузија, еднаквост и почит за секој граѓанин, рече денеска на прес-конференција, кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на оваа општина, Изет Меџити. Тој појасни дека во рамки на денешниот настан, се зборува за еднаквост, можности и достоинство, за правото секој граѓанин на Чаир да го има своето место во работата, во институциите, во јавниот живот и на секој чекор од секојдневието. Притоа, додаде дека во нивната програма, ...

Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помогне на најранливите во нивните домови планира Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Во изјава за медиумите денеска таа кажа дека ќе биде основан фонд за лица во ризик со што ќе биде обезбедена здравствена и социјална поддршка во градот, ...

Кога зборуваме за иднината на Скопје, секогаш почнувам од трите основни приоритети на моето делување – обнова на инфраструктурата, подобрување на хигиената и реформа на јавниот превоз. Без чисти улици, уреден сообраќај и функционален систем, нема современ град. Но, истовремено, нема ни жив град без радост, култура и места каде нашите деца растат со насмевка. Ова го истакна денеска на прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Скопје, од ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел, ...

На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, ...

Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „За неколку години, оваа фирма доби над 200 милиони евра во тендери, а дел од тие пари потребно е да се истражат дали завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија. Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, ...

На 11.10.2025 во 16:45 часот на патот Штип – Кочани, кај с.Крупиште, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(57) од Штип. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 91 километар на час на место каде што брзината е ограничена на 40 километри на час. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање ...

Вечерва кандидатот за градоначалник на Пробиштип од редовите на СДСМ и коалицијата беше на средба со сограѓаните на дел од селото Пробиштип и населба Камењар. “За граѓаните видливи се бенефитите од реализираните проектите во изминативе години. Мојата програма сега голем акцент става на социјалната заштита и поддршка на граѓаните, со низата мерки со кои продолжуваме да ги субвенционираме нивните реални потреби. На овие средби истакнав дека, јас ...

Брегалница со погодоците на Стефан Костов и Давид Калпачки славеше со 2:0 во дербито на 8. коло во Втората лига, кое се играше под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, а кое дерби го следевте на М Нет телевизија. Костов го отвори резултатот и со минимална предност Брегалница замина на полувреме, а во вториот дел Скопје се обидуваше на пронајде начин како до погодок, но во финишот Давид Калпачки постигна гол за конечни 2:0. Сега Брегалница се ...

По повод 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ Левица положи цвеќе на Могилата на непобедените и пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во центарот на Прилеп. Во полна со дух и средечна атмосфера партиска делегација, предводена од лидерот на Левица, Димитар Апасиев, одржа средба со граѓани на која беше презентирана програмата за Прилеп, се наведува во соопштението на Левица. Симболиката на денов би требало да ја разбуди ...

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето. Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од 26. „Марш за ангелите“ одржан денеска пред Основниот суд во Кочани, испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека ...

Актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, претседател на ЗЕЛС и кандидат за прв човек на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски присуствувал на ручек со жени од бизнис-секторот. Тој на Фејсбук објави дека на покана од мрежата „Јас сум жена“ денеска, заедно со неговата сопруга, бил на собир со жени претприемачи, универзитетски професорки, директорки , како што наведе:„силни, самостојни и успешни жени кои го движат Скопје и ја градат ...

Денеска беа одиграни натпреварите од осмото коло во Втората македонска фудбалска лига, а колото ќе биде затворено вечерва од 18:00 часот со дербито под рефлектори во Штип помеѓу Брегалница и Скопје, меч кој ќе го следите во живо на М Нет. Екипата на Осогово оствари значајна победа на домашен терен, славејќи со 3-1 над Беласица – три големи бодови за тимот од Кочани. Во Гевгелија, дербито помеѓу Кожуф и Детонит Плачковица заврши без погодоци – ...

Потребна е длабока мобилизација на сите структури во општеството за да направиме рестарт на системот којшто е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања и разочарувања. Не само мобилизација на политичките елити, туку длабока мобилизација на сите структури во општеството. Потребен е суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата, порача премиерот Христијан Мицкоски на централното чествување ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, истакна дека во рамки на нејзината програма, приоритет ќе има имплементацијата на БРТ-системот, за што веќе постојат готов проект, документација и обезбедени финансиски средства, се наведува во денешното соопштение на партијата. – Првата БРТ-линија ќе се протега од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, во должина од 13 километри. Ќе има 21 нова постојка и околу 30 нови автобуси што ќе ...

Местото на оваа мала земја е во Европската унија, но не по секоја цена, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој го повика Европскиот совет уште на следната седница да испрати заклучок дека никој од нив нема проблем со посебниот македонски идентитет, јазик и култура, а источниот сосед да покаже европска зрелост и да ги почитува пресудите од Меѓународниот суд за човекови права. – Мораме да испратиме јасна политичка порака – ДА за ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Лекарската комора треба да реагира и да направи проценка дали доктор во состојба во која беше фатен директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски може да лекува пациенти. Според Филипче, добро е што Кузмановски е веднаш разрешен, но очекува реакција и од Лекарската комора. – Сметам дека е добро што е разрешен веднаш и многу брзо. И во исто време сметам дека треба да реагира Лекарската ...

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата, Иван Стоилковиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово, во чест на хероите кои ги положија своите животи за слободата и достоинството на македонскиот народ. Министерот за јавна администрација ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи на денешната прес-конференција ги претстави клучните здравствени проекти од неговата изборна програма. Најави нов пристап во локалната здравствена политика. Османи најави воспоставување на мобилна болница, како караван кој секојдневно ќе биде присутен во различни населени места, каде граѓаните ќе можат бесплатно да направат превентивни здравствени ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма – „Скопје – град на слоеви, град на култура“. -Скопје е град што има историја, карактер и душа. Град што многу пати бил погоден, но секогаш успевал да се издигне, да се обнови и да продолжи напред. И секогаш, токму културата била таа што го чувала неговиот дух. Денес, кога ...

Денес 26 – ти Марш за ангелите во Кочани, започнува во 16:05 часот во паркот на револуцијата. Маршот ќе се движи по веќе утрврден рута, од паркот, кон трговскиот центар, општинската зграда, до полицијата и ќе заврши пред Судот и јавното обвинителство во Кочани.Организаторите истакнуваат дека маршот истовремено е за поддршка и на повредените во трагедијата поради што ги повикуваат нивните блиски да се придружат на истиот. Целта е јавноста да знае ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
9.26
69%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
3.2
93%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
84%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1009
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Платина

52952.77

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Паладиум

46425.68

Бакар

10.95