Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев учествуваше со свое излагање на 7. Западнобалкански дигитален самит кој се одржува во Скопје од кој Македонија испраќа силна порака за регионална соработка и заедничка дигитална иднина. „Сајбер-нападите сè почесто ги таргетираат институциите, нарушуваат услуги и ја поткопуваат довербата во системот, па оттаму неопходно е постојано вложување во едукација, како на полициските ...
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Првата ракометна лига, а во кое коло слободна ќе биде екипата на Драчево Јуниор. Денес на програмата ќе бидат два натпревари. Мулти Есенс како голем фаворит ќе се соочи со Аеродром, а пак Вардар Неготино, исто така како голем фаворит ќе игра на домашен терен против Јехона. Во сабота ракометарите на Преспа на домашен терен ќе се соочи со Шампион, ова ќе биде дуел за прва сезонска победа, но ...
Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од деветтата рунда на Првата лига, а кое коло се отвара веќе денес со натпреварот меѓу Македонија ЃП и Арсими, а правдата на овој меч ќе ја дели Александар Грујоски од Кичево, а негови асистенти ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак Марјан Стојановски ќе биде четврт судија. В сабота се играт два натпревари. Благојче Ралевски ќе им суди на Шкупи и Работнички во меч кој се ...
Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од седмото коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара утре со седум натпревари кои започнуваат во 15 часот, а ќе се затвори во недела со еден меч. Марјан Дејаноски од Кичево ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Каменица Саса и Тетекс, меч кој се игра на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Горан Милошевски и Александар Недевски ќе бидат помошници, а четврт ...
В недела ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Трета лига – Исток, а во кое коло слободна ќе биде екипата на Светлост од Зрновци. Во Берово домаќинот Малеш ќе ги бара првите бодови против струмичка Тиверија, а пак Карбинци го очекува тешко гостување кај непоразениот Хоризонт Турново. Дојранско Езеро ќе ја бара својата втора сезонска радост на домашен терен против Брегалница од Делчево, која сака трет триумф. Во Свети Николе домаќинот Овче ...
Македонскиот шампион Шкендија забележа пораз на дебито во Конференциската лига на УЕФА, откако загуби со 2:0 на гостувањето во Мадрид од Рајо Валејкано. Натпреварот беше решен во првиот дел, а во вториот дел за шпанскиот прволигаш беше само рутина до триумф на старотот од новата сезона во Конференциската лига на УЕФА. Во 28. минута од мечот Унаи Лопез го отвори резултатот за водство на шпанците, а во 32. минута голманот на Шкендија, Бубакар Гаје ...
Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), постапувајќи по предлог на Советот на честа при ЗНМ, донесе одлука за исклучување на Зоран Божиновски од членството на ЗНМ поради прекршувања на повеќе членови на Етичкиот кодекс на новинарите. „Одлуката е донесена поради тешки и повторливи повреди на Етичкиот кодекс – преку серии неодамнешни објави што поттикнуваат родово базирано вознемирување кон новинарки и го нарушуваат ...
Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните. Возила со општински ознаки, кои само пред една недела добија нови црвени таблици заради разграничување од комерцијалните, се затекнати во создавање диви депонии на подрачјето на Јурумлери, објави градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска. Наместо да ја извршат својата законска ...
Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој пред неколку месеци, заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, беше ставен на црната листа на САД за примање мито и одолговлекување судски предмети поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК. Судскиот совет по спроведена постапка за утврдување ...
„СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче овој пат како параван за предавството, ја користат резолуцијата со „црвени линии“ ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел зајакнување на врските меѓу институциите, отворање на нови можности за студентите и унапредување на практичната настава. Документот го потпишаа министерката Божиновска и деканот на Факултетот, проф. д-р Златко Петрески. Со овој Меморандум се создаваат услови ...
Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем, извести МФ. Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реазираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки. Со оваа транша ...
Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Текстот Одрон на патниот правец Живалево – ...
На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ. Се интервенира за негово расчистување. Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро. ...
Фудбалската федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига: МАКЕДОНИЈА ЃП 1932 АД- ФК АРСИМИ 1973 АД Стадион Ѓорче Петров (Скопје) | 03.10.2025 | 15:00 часот Судија: Грујоски Александар (Кичево) 1. помошен судија: Јанкуловски Зоран (Кичево) 2. помошен судија: Цветаноски Давор (Кичево) Четврти судија: Стојановски Марјан (Кичево) ВАР: Урошевиќ Александар (Тетово) АВАР: Идризи Фуркан (Тетово) ...
„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним ...
Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2:0. На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута. Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол. Овој резултат остана до крајот на натпреварот, најмногу поради голманот на Шкендија, Геје, кој во вториот дел имаше неколку изворедни ...
Митко Костадиновски, кандидат за градонадалник за општина Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакна дека изминатите четири години општина Виница ја карактеризираа позитивни промени проследени со многу реализирани проекти и решени проблеми. Костадиновски вети дека ќе работи одговорно, транспарентно и отчетно, со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска. Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката ...
Во рамки на денешните активности, министерот за внатрешни работи, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари посета на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје и на ОВР Гевгелија, при што одблиску изврши увид во тековното работење. Посебно беше истакнато дека граѓаните од скопскиот регион, во споредба со останатите делови од државата, нешто подолго чекаат за издавање на одобренија и дозволи за оружје. Но, ...
Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила во двата правци поради собраќајна незгода каде што товарно моторно возило излетало од патот и на самиот пат имало расврлани метални предмети кои ги превезувал, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб. Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изрази благодарност и гордост што Република Македонија беше домаќин на Дигиталниот самит на Западен Балкан, значаен настан кој ја позиционира државата и градот Скопје како клучен регионален центар за дигитални иновации. „Со одржувањето на овој Самит, кој свечено го отвори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја испраќаме јасната порака дека Македонија е подготвена да ја ...
Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во текот на следната недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов, соопштуваат од министерството. „Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од ...
Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој престојува во работна посета на земјава. Разговорите беа посветени на актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската унија и перспективите во пристапниот процес. Министерот Муцунски ја реафирмираше цврстата ...
Во кругот фабрики во Штип, пред само неколку дена ѝ беше ставен клуч на уште една фабрика, чии работници останаа без плата, без здравствено и пензиско осигурување, без социјална безбедност. Со Мицкоски и ДПМНЕ, фабричките погони се празнат и затвораат, работниците остануваат на улица, вели Кристина Костова, потпретседателкта на СДСМ. „Индустриското производство паѓа, а за една година бројот на работници во индустријата е намален за 2,6 ...
Тројца малолетници тепани во Кочани и Виница, поднесените две кривични пријави. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Т.(18) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 08.08.2025 околу 19:00 часот и во 20:05 часот на две локации во Кочани, пријавениот физички нападнал двајца малолетници од Кочани. Надворешната канцеларија за криминалистички ...
Статус кво е ситуацијата со дистрибуцијата на огревни дрва за штипските пензионери – рокот помина, дрвата не стигнаа. Иако беше најавено дека огревните дрва ќе бидат доставени до сите пензионери најдоцна до 1 октомври, процесот е во застој. Временските неприлики го успорија темпото на испорака, а околу 100 кубни метри дрва се уште чекаат дистрибуција. Од ЗП Штип велат дека со подобрување на временските услови, ќе бидат испорачани преостанатите ...
Цигарите поскапеа за 10 денари, граѓаните ја поздравуваат мерката, сметајќи дека цената треба да расте за да се намали потрошувачката и да се заштити здравјето на граѓаните. Многумина сметаат дека ова е само почеток и дека покачувањето може да ги натера потрошувачите да размислат за својата навика. Одлуката да се зголеми цената е само дел од решението за да се намали бројот на граѓани кои користат цигари. Цигарите според анкетираните остануваат ...
Вардар го доби големото ракометно дерби со шампионот Еурофарм Пелистер во Скопје со 31:28 во меч од 5. коло на Суперлигата. Натпревар полн со неизвесност, каде домашниот тим имаше постојана предност од почеток на мечот. Во вториот дел Еурофарм Пелистер стигна до 20:20, но потоа Вардар одново изгради предност која ја одржуваше до конечните 31:28. Боно, Малус и Тузолана беа најдобри стрелци кај Вардар со по шест погодоци, а кај Еурофарм Пелистер ...