Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, е избран за нов претседател на Советот на ИПР. Денеска се одржа конститутивната седница на советот, со новоизбраните градоначлници на 11 општини од Источниот дел од државата. „За мене како нов претседател на регионот и за моите колеги градоначалници приоритети же бидат сите оние регионални проекти кои и до сега беа како проблем, меѓутоа од повеќе причини не се реализирани. Но и сите нови ...

Утре продолжува рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. По првото одржано и второто одложено рочиште, родителите на загинатите деца очекуваат правда, бараат правично судење и одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица. „До кога ќе се одложува правдата, до кога ќе се одложува вистината. На иститот паркинг без никаква организација“ – вели Наунов. На последниот одржан „Марш за ангелите“ во Кочани, уште еднаш гласно порачаа ...

Ноќеска во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе, соопшти МВР. При контролата, во угостителскиот објект биле затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на ...

Во услови кога државата се соочува со највисокиот просечен раст на трошоците на живот во последните години, Владата предводена од коалицијата ВМРО – ДПМНЕ – ЗНАМ – ВРЕДИ продолжува да тврди дека „инфлацијата е под контрола“, истакнуваат од Левицата. „Меѓутоа, официјалните податоци и реалноста на секојдневниот живот на граѓаните го демонстрираат спротивното. Само во октомври, споредено со истиот месец лани, забележано е зголемување на цените ...

Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата е потврда за тоа дека станува збор за криминал вреден 800.000 евра, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Откако по направениот записник на Димковски, а потоа донесен и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, од СДС нема ниту осуда ниту оградување. Напротив, тие влегоа во ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите. „Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени ...

На прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта продолжува со, како што рече, „криминални тендерски шеми“. Таа посочи дека вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци е Глигор Поцев. Кузеска наведе дека Поцев бил сведок во случајот „Таргет–Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовно прислушување, како тогашен вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков. Таа ...

Камерите поставени на сообраќајниците низ Скопје од денеска ќе снимаат, а возачите кои ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од 1 јануари ќе се казнува. „Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место ...

Ако мислеше дека Black Friday беше спектакл – подготви се, затоа што Cyber Monday во Mint Store доаѓа со уште поголеми изненадувања и најмодерни уреди што ќе ти го направат секојдневието полесно, попаметно и многу повозбудливо! Cyber Monday во Mint Store е тука за да ја претвори вашата листа со желби во реалност. Заборавете на досадните понеделници, овој е денот кога технологијата доаѓа до вас со цени кои ја кршат границата на разумното! ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни работи на ЕУ. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба и динамиката на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24.11. до 30.11.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 97 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот. Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли. „Особено значаен дел од агендата беа ...

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта, како што наведуваат, е спречување на нерегуларности во работењето и поголема заштита на гостите. Од инспекторатот апелираат угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, особено одредбите за дозволениот број гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите ...

Град Скопје годинава го започна процесот на креирање на буџетот за 2026 година со, како што наведува, целосна транспарентност, отчетност и широка вклученост на јавноста. Од градската администрација истакнуваат дека имаат јасна определба да ја вратат довербата во институциите, па буџетот ќе се изработува преку отворен и партнерски пристап во кој секој граѓанин, организација или заедница може да даде свој придонес. „Буџетот не е само финансиски ...

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје – Струга – Охрид, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на „Фејсбук“. Тој сподели и видео-материјал од теренот, наведувајќи дека досега се пробиени 17 километри од трасата, со што се заобиколува популарната планинска делница „Стража“. Во објавата Николоски порача: „Ја градиме ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата. На состанокот се дискутираше на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица. Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, наставниците и ...

При засилена акциска контрола спроведена на 29 и 30 ноември од полицијата во Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад, во координација со Пазарниот и Трудовиот инспекторат, во угостителски објекти во Кичево биле затекнати музичари од Босна и Херцеговина кои работеле без соодветна дозвола, соопшти МВР. Во угостителски објект на магистралниот пат Кичево–Охрид биле затекнати пејачката Џ.Р. (23) и членовите на бендот К.Џ. (27), Е.П. ...

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна реорганизација на Министерството за здравство, која предвидува ребалансирање и можност за прераспределба на медицинскиот кадар – меѓу другото и од кампусот „Мајка Тереза“ кон други градови – може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем, особено во ...

СДС може да зборува за реформи и европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите, значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична легенда, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ. „Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува, прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да ...

Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме. Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, обвини СДСМ. „Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? Станува збор ...

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи. Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица. Тие се приведени поради сторени прекршоци со ...

Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ...

Во акцијата за доброволно дарување на крв што по 7. пат ја организира Здружението „Велес бајкинг“ во соработка со Општинската организација на Црвен крст Велес денеска во Театарот во Велес, беа собрани 99 крвни единици што е рекорд за оваа веќе традиционална акција. Инаку лани беа собрани 68, а во 2023 година 76 крвни единици. Орце Николов секретар на ООЦК Велес, оцени дека оваа е најуспешна акција досега. Воедно се заблагодари на Здружението ...

Денеска (30.11.2025) по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ “Петар Милошевски”, поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г. Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и ...

Низ целосна доминација како играчки така и резултатски, Вардар славеше убедлив триумф над последнопласираниот тим на Шкупи со 6:1, и го задржа првото место на табелата во ПМФЛ. Екипата на Шкупи одолеваше 36 минути, а потоа откако „црвено-црните“ го постигнаа првиот гол, веднаш дојде и вториот, за на крајот триумфот да биде убедлив. Голманот на гостите Гроте успеа да ги одбрани ударите на Босанчиќ, на Закариќ, па потоа и на Сенгор и на ...

Во рамките на 15. коло од Втората лига – Исток, Беласица ја продолжи успешната серија и на свој терен ја совлада Преспа од Ресен со 3-1. Струмичани од самиот старт го контролираа ритамот на натпреварот, а капитенот Александар Милушев ја предводеше офанзивата со две прецизни реализации – една по одлично вметнување во шеснаесетникот и една од пенал. Сигурен реализатор беше и Стефан Сулев, кој го постави конечниот резултат и донесе мир во ...

Струга Трим Лум го забележа петтиот триумф во низа и го победи Башкими со 6-0 (3-0) во натпреварот од петнаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига. Мамаду Фау и Радески први се заканија кон голот на Башкими, додека капитенот Буњамин Шабани погоди за 1-0 во 24 минута. Пред истекот на првите 45 минути видовме уште два гола во мрежата на Башкими. На 2-0 зголеми Христијан Малески, а потоа стрелаше и Стефан Јевтоски, кој го постави ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката и беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес. -Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги ...

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во вредност од девет милиони евра. Тој во објава на Фејсбук напиша дека не е во роднинска врска и не ги познава сопствениците на фирмата „Дигитал оне“, која беше спомената на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. „За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
85%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.64
92%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.54
97%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
89%
1006
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
91%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Сребро

2497.79

Цинк

3.29

Калај

46.06

Кобалт

64.04

Злато

159436.20

Рутениум

45750.51

Бакар

11.83

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Алуминиум

3.07

Иридиум

215504.98