Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им прават голема штета прво на своите деца, а потоа и на целото општество, изјави министерката за образование и ...

Преку криминални шеми и тендери власта испумпува милиони евра народни пари, обвинуваат од СДСМ. На денешната прес-конференција, генераниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ обвини дека милионски тендери се доделуваат на фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Фирмата ’Дигитал оне’, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. И сите овие ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави армијата. Оперативците биле забележани како излегуваат од тунел во источниот дел на Рафа, област контролирана од ИДФ, каде што се верува дека десетици борци на Хамас се заробени под земја, објави „Тајмс оф Израел“. Според армијата, четворицата оперативци биле убиени во напад на израелските војници и ...

На 29.11.2025 година во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Ј.(54) од Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.Ј., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили ...

Големото финале на „Средношколец Милионер“, каде десет тима ќе ги претстават своите идеи за бизнис пред пет реални инвеститори се оржува денеска во просториите на Бреинстер НЕКСТ колеџот. Како што се наведува во соопштението на организаторот станува збор за идеи што решаваат конкретни, современи проблеми од финансиска писменост и едукација, до AI алатки, локален развој, туризам, здравствени навики, фриленс можности за младите и др. ...

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека серијата случаи што се отвораат деновиве ги разобличуваат, како што велат, скандалите од времето кога СДСМ била на власт и претставуваат доказ за структурен хаос, распаднати институции и недостиг од одговорност. Во соопштението партијата посочува дека случајот со стоковите резерви е уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДСМ функционирале „како импровизирани конструкции без механизми за одговорност“. ...

Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени. Во Виница, Берово се измерени еден степен, во Прилеп и Кавадарци два степени, во Тетово, Охрид, Претпор и Битола три степени и во Гевгелија пет степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Пратеникот Илир Демири ќе дејствува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер. Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Одлуката на Демири за независно дејствување следува ...

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Бројот на случаи во 2025 е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година, кога беше регистриран 51 случај. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ во 2024 била 5,3/100.000 жители. Од случаите во 2025, ...

Од СДСМ денеска најавуваат дека во 11 часот ќе започнат со серијал од прес-конференции за наводните криминали на Владата на Христијан Мицкоски. „Целосно ќе ја разобличиме системската корупција, институционализираниот криминал и безмилосната пљачка на граѓаните што го спроведува власта на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето мора да престане, веднаш. А криминалците од власта да одговараат! Ќе зборуваме со факти. Со документи. Со бројки. Со примери. За сите ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето. Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне ...

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и житни култури, што е резултат на обилните дождови што го зафати регионов неделава. Веќе неколку дена се користи градежна механизација, пумпите на Територијална противпожарна единица од Кочани, исто така работат со полна пареа. На ваков начин се прават обиди да се санираа штетите и да не се дозволи водата од каналите и реките ...

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од Паркот на револуцијата. Тие порачаа дека се разочарани поради одложувањето на судското рочиште, побараа правда и правично судење. „Го преживеавме првото рочиште, беше тешко и болно, но издржавме со надеж дека второто ќе го отвори патот до правдата, а наместо тоа, беше одложено. До кога ќе се одложува правдата, вистината, нашите ...

Водата за пиење е повторно целосно безбедна за употреба, откако трите последователни анализи спроведени во акредитирана лабораторија потврдиле дека примероците ги исполнуваат сите законски пропишани стандарди за квалитет. Од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” појаснуваат дека анализите биле спроведени согласно барањата од Правилникот за безбедност и квалитет на вода за пиење (Сл. весник бр. 183/18), кој ги утврдува критериумите ...

Банките во текот на вчерашниот ден ја започнаа исплатата на пензиите за ноември и до понеделник, први декември, се очекува таа да заврши, соопшти денеска Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ). Фондот ја уверува јавноста дека исплатата на пензиите е стабилна, редовна и загарантирана, отфрлајќи ги шпекулациите за наводни ризици во пензискиот систем. Како што се наведува во соопштението, Фондот во координација со Владата ...

Повеќе од 70 пациенти денеска во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје направиле ЕХО и уролошки прегледи во рамки на акцијата посветена на Ноември – месецот на машкото здравје, познат и како Мовембер. – Не само ноември туку и секој месец да биде како ноември. Мажите да се свесни за своето здравје, поготово постарата популација над 50 години би требало задолжително еднаш годишно да прават ...

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права. -Во понеделник во 11 часот пред Уставен Суд во Скопје ќе протестираме, од цела ...

Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија источниот регион од земјава, утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во општина Чешиново – Облешево и околните села, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според податоците добиени од градоначалникот на Општината, Далибор Ангелов, директорот на ЦУК информира дека локалната самоуправа е активно ангажирана на ...

Денес беа одигра два меча од 15. коло на Втората лига, а во кое екипата на Шкендија Арачиново со погодоците на Амир Нухија во првиот дел и голот на Фикрет Љиварека во вториот дел обезбеди победа од 2:0 над Каменица Саса. Брегалница беше убедлива на гостувањето во Прилеп, каде со 0:4 славеше над Победа. Хусеин Демири и Давид Калпачки погодија за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Дино Михолов и Даријан Тасев ставија печат на триумф од 0:4. ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето. Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и оти физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности. Тешки метали во мострите од вода не се пронајдени. – Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии ...

По осум одиграни рунди во кошаркарската Суперлига на Македонија, екипата на ТФТ Скопје е на врвот со 15 бодови, учинокот на тимот од скопскта населба Тафталиџе е седум победи и еден пораз од актуелниот шампион МЗТ. На делба на втората позиција е битолски Пелистер и шампионот МЗТ со по 14 бодови. Со двата порази во низа екипата на МКК Куманово е четврти со 13 бодови, а толку има и Кожув кој е петти на табелата. Тимот на Работнички е шести со ...

СДС очајнички ги брани криминалците од своите редови, како Трајан Димковски, кој по насока на Заев, Филипче и Николовски извршил отпис на 2000 тони јачмен и пченица, и го оштетил буџетот за близу 800.000 евра, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска, стои во партиското соопштение. Наместо да се оградат и да го осудат ваквото девијатно однесување на Димковски, тие ревносно го бранат криминалот вреден 800 илјади евра. „Во ...

Полавени дворови, ниви, земјоделски посеви во село Облешево, откако се излеа Кочанска река. Дворовите на голем дел жители се поплавени, куќите со влага. Велат не е прва година, при најмал дожд се соочуваат со оваа проблематика, водата од каналите и вадите да заврши во нивните дворови. „Сабајле водата во 5 часот наиде во дворот, целиот е поплавен“ Дополнително обилните врнежи од дожд ја уништија и последната надеж кај земјоделците дека ќе ...

Кумановци ќе се возат бесплатно до крајот на годинава, одлучија советниците на последната седница. Мерката субвенциониран превоз кој опфаќа 26 линии ќе продолжи до крајот на декември 2025 година. -Методологија за пресметка е 50 денари по изминат километар, секоја линија има возен ред, има број на поаѓања, секоја линија има утврдено точна километража така што прецизно е пресметано по број на поаѓање, односно утврдениот возен ред којшто го ...

Левица остро ја осудува одлуката за најновото зголемување на цената на парното за 5 проценти, како и најавениот раст на цената на електричната енергија од јануари. Од партијата сметаат дека овие одлуки не се само технички бројки во одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, туку доказ за, како што наведуваат, хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот удар врз стандардот на граѓаните. Од партијата реагираат и ...

Официјално започна со работа единствена школа за музика и танц „Перформанс“ во Штип. Станува збор за школа чија единствена цел е на професионален начин да ги образува сите генерации граѓани, кои имаат талент или желба да научат чекор плус. Школата веќе работи неколку месци и изнудува насмевки, позитивни вибрации и лесно чекори кај веќе запишаните членови „Сакам да најавам дека официјално во Штип е отворена единствената школа за музика и танц ...

В недела ракометарките на Астибо ќе гостуваат во Битола, каде во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се соочи со Пелистер, во натпревар од 10. коло на Суперлигата, а натпревар кој е од капитална важност и за двете екипи. Астибо во досегашниот тек од сезоната забележа две победи, едно реми и шест порази, со тоа има пет бодови и се наоѓа на шестото место на табелата, додека пак Пелистер е место подолу на табелата со два бодови, односно има една ...

Интересот за боксот се зголемува во Штип вели искусниот тренер на боксерскиот клуб Пинк Пантер, Петар Чурлиновски, кој за М Нет телевизија потврди дека младите доаѓаат и сакаат да се запишат и да го спортуваат овој спорт. Покрај интересот на младите за боксот, има интерес и од самата штипска јавност да следи одлични натпревари, а потврда за тоа е полната сала за меморијалниот „Јордан Мијалков“. Бројот на боксерите во Пинк Пантер систематски ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
85%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.64
92%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.54
97%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
89%
1006
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
91%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.06

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Бакар

11.83

Рутениум

45750.51

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Кобалт

64.04

Иридиум

215504.98

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Цинк

3.29