Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Струга, упати критика за економската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, доведе до секојдневни негативни економски показатели. Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување за подобрување на економијата и на животниот стандард на граѓаните. „Христијан Мицкоски ветуваше дека ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва во Струга рече дека богатството на Македонија е во соживотот, а вистински пример за соживот е Струга. Тој под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ испрати пораки дека верува дека стружани знаат да ја изберат вистинската страна и да покажат дека подеднакво треба да се негуваат различните култури и традиции и дека секој човек заслужува убав и достоинствен живот. „Нашиот дом не е само куќата во која ...
Можам да најавам дека веќе во текот на овој месец, доколку временските услови не послужат, започнуваме со целосна реконструкција на улица АСНОМ, инвестиција вредна 170 илјади евра, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од денешниот народен митинг во Могила. Тој додаде дека веќе се работи на водоснабдување на неколку населени места како Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадинци и други коишто се приклучуваат на регионалниот ...
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување, соопшти АМСМ: Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17.00 часот е нормализиран. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска ...
На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакна дека политичкиот противник, СДСМ оваа кампања ја започна невообичаено наспроти сите теории и практики во кампања, од прв ден со црна кампања, со монтажи, со спинови, со дефокус и со напади, ...
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во недела утрото ќе биде ведро и ...
„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци, коишто го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет. А во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот ...
Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. „Со овој проект не само што ја заштитуваме ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја. Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки. Мицкоски истакна дека Србија е искрен ...
Тројца македонски државјани се фатени на Меѓународниот аеродром Скопје со 43 штеки цигари, дел со, а дел без акцизни маркици, сокриени во нивните куфери. Цигарите биле откриени при контрола со рентген, непосредно пред патниците да се качат на лет за Лондон. Ова е само дел од серијата заплени што Царинската управа ги изврши во текот на изминатата недела, при засилени контроли на граничните премини и терминали низ државата. Запленети се 15.603 ...
Политичката партија Левица преку соопштение до медиумите му постави неколку прашања на премиерот Христијан Мицкоски. „Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас. Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, ...
Kандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го посети Здружението на пензионери. Се сретна со нивните претставници кои имаат назаменлив придонес во изградбата на општеството. „Оваа посета има посебно значење за мене. Не сум тука само да слушам, туку да покажам дека ветувањата се реализираат“, рече Меџити и укажа на важноста на конкретната поддршка за возрасните лица. Во рамките на посетата, тој информираше дека ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. „Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот. Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен ...
Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија. Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна ...
„Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, при посетата на Општина Бутел, каде разговараше со жителите за долгогодишните проблеми со јавниот превоз. Шукова кажа дека е свесна за реалноста на жителите од Општината која трае предолго, недостиг од соодветни автобуски линии, ретка фреквенција, пренатрупани автобуси и ...
Проширување на улицата Цветан Димов во Чаир ќе биде еден од првите проекти на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, доколку биде избран. Денес на чаирчани им вети булеварско решение за улицата која е едно од најтесните сообраќајни грла на Скопје која место да се помине за пет минути, поради метежот од паркирани автомобили и пешаци, се вози по половина час. Сообраќајниот метеж овде одамна го надмина прагот на ...
Венко Филипче со бугарските фирми со бонбона бизнис за Бугарија. Венко Филипче со резолуцијата прави бонбона бизнис за Бугарија, но отвора и пат за нови зделки негови и на Заеви во таа држава, кои одамна ги имаат, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „На 18 ноември 2022 година Венко Филипче во Бугарија ја формирал фирмата Пауер АИ8 ЛТД (POWER i8 Ltd). И истата ја регистрирал на адреса со фирмите на Заеви, меѓу кои и Гомасидра, каде ...
ВМРО-ДПМНЕ може секој ден да го пушта редовниот лажго, Бране Петрушевски, може да штанца соопштенија со лажни обвинувања за СДСМ ама не може да побегне од вистината: половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши, а тој и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси, реагираат од СДСМ на обвинувањата на Бране Петрушевски. „Тие водат фирми во Бугарија, прават зделки за лична корист и додека се богатат, граѓаните ги ...
Инфраструктурни проекти, објекти кои се од големо значење за Општина Карбинци и за секој граѓанин – кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Виктор Паунов, ја презентираше својата предизборна кампања. Како што истакна ќе се продолжи со работа, со реализиирање на проекти, и подобрување на местото за живеење. „Обезбедување на 150 плацеви за една нова населба помеѓу населените места Карбинци и Таринци која ќе го добие името „Вршник“. ...
Започна „Текстиилијада 9“ во Штип. Со дебата на која се разговараше за предизивиците во текстилната индустрија, се бараа решенија за надминување на состојбата во која се наоѓаат текстилните работнички. Целта е модернизација на приватниот сектор, економски раст и развој. „Оваа дебата е токму за тоа – модернизација на приватниот сектор, економски развој и раст. Се надевам дека ќе се разговара за да видиме што може и како може оваа состојба која ни ...
Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост. Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. „Со оглед дека станува збор за обвинителен акт во кој што има 37 обвинети лица кои што имаат 33 бранители, беше ...
Првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики ќе бидат изречени до крајот на годината, истакна денеска од Штип, заменик министерот за економија и труд Маријан Ристески. . Тој посочи дека наредната година предвидено е поголеми и повекратно зголемување на казнените одредби, а во текот на минатата и оваа година имаат преземено сет на мерки, меѓу кои ограничување на цени. „Меѓутоа вака од оние битни работи, ...
Фондот за здравствено осигурување информира дека во руралните подрачја недостасуваат 52 матични лекари. „Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостасуваат 52“, изјави директорот на Фондот, Сашо Клековски. Тој најави дека Фондот има намера да спроведе измени на Правилникот ќе овозможат дополнителна либерализација на критериумите, отстранување на постојните пречки и олеснување на отворањето нови ...
Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување, информира АМСМ. Од 12:40 часот е укината забраната за ТМВ на регионалниот пат Маврово – Дебар. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на иницијатива за проширување на слободниот роаминг меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. „Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите држави, не само како можност за дискусија, туку и како заеднички напор за реални резултати. Поттикнати од Регионалниот совет за ...
По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени реони во градот, привремено останаа без топлинска енергија на 2 и на 3 октомври. До официјалниот почеток на грејната сезона на 15 октомври, сите дефекти ќе бидат отстранети, велат од Владата. „Во текот на летниот ремонт, помеѓу двете грејни сезони се вршеше напрегање на дистрибутивната мрежа, активност која била ...
Есенски, студен пазарен ден во Штип. Под капи, чадори и топли јакни, граѓаните решително ги полнеа торбите. И овој петок се купуваше се, од компири и јаболка, до домашен сируп и мед. Ни студот не ја гаси пазарната навика, граѓаните пополека, но сигурно се подготвуваат за предстојната зима. Задоволни од побарувачката овој петок и продавачите, велат граѓаните најмногу купуваат производи за зимница. И додека есенскиот студ се повеќе се чувствува, ...
По локалните избори следува смена на дел обвинители и судии, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање од Општина Карбинци, тој изјави дека тековната состојба во правосудството ја доведува правдата во Македонија на колена, што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите. Дециден останува дека правдата доага. ,,Имаме корумпирани обвинители и судии, за волја на вистината мал дел од нив, но доволно за да ...
Фудбалскиот клуб Слога од радовишкото село Радовиш ќе настапи во новата сезона од Општинската фудбалска лига во Струмица, која по неколку години одново се реактивира. Во ОФЛ Струмица ќе настапат осум екипи, а од нив ФК Слога е единствената која од општина Радовиш ќе земе учество. Овој спортски колектив со години вложува труд и љубов кон фудбалот, а овој клуб е примир за поттикнување на младите да се занимаваат со спорт и да го продолжуват ...
Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. Од Судот наведуваат дека со оглед дека станува збор за обвинителен акт во кој што има 37 обвинети лица кои што имаат 33 бранители, било исклучително тешко да се достави обвинителниот ...