Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите на луѓето, која ја третира државата како сопствена компанија, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош. Тој посочи дека владеењето на власта е претворено во шоу, наместо во конкретни дела, мерки и политики за граѓаните и за напредок на државата. „Денес ...
На денешната прес-конференција, портпаролот на Локалниот штаб на „Вреди“ во Чаир, Сабри Азири, беше пред гинеколошката болница “Мајка Тереза“ во Чаир. „На минатата прес конференција објавивме дека Бујар Османи, на државни функции поминал вкупно 3.672 дена или 10 години и 22 дена. Во тој долг период, учинокот на Бујар Османи за жителите на Чаир изгледа вака: Нула денови за чаирчани, но два дена со Сергеј Лавров во Скопје. Нула денови за чаирчани, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери. Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање. Претседателот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија. Укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на отпорноста на трети влијанија, ...
Унијата на медицински сестри бараат да бидат слушнати, реагираат дека не биле поканети на јавна расправа со министерот иако, како што велат од таму, претходно им било ветено дека ќе бидат вклучени во истата. „Како претседател на најголемата и најактивна унија на медицински сестри во државата, остро реагирам на начинот на кој денес беше организирана јавната расправа поврзана со прашања што директно ги засегаат медицинските сестри. Иако имавме ...
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес-конференција објави уште еден, како што велат, урбанистички скандал во општина Центар. Според портпаролот, Никола Мемов, Дебар Маало, симболот на култура, урбана традиција и живеење со душа во срцето на Скопје, денес е претворено во жртва на урбаното дивеење и апсолутната незаинтересираност на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Пред само 2–3 недели никна нова нелегална ...
Во периодот од 01 до 30 септември, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на државата за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. „Сообраќајните контроли продолжуваат и во ...
Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило, соопшти МВР. Во периодот од 01.10.2025-05.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.267 издадени платни налози, 514 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...
Нова станбена зграда за 240 млади парови ветува кандидатот за градоначалник во Штип од редовите на СДСМ, Павел Иванов. На денешната прес конференција, посочи дека дел од капиталните проекти е помош на младите брачни парови за да можат да имаат свое живеалиште во Штип. „Градиме нова станбена населба за 240 млади парови. Ова беше едно од главните барања на секој млад брачен пар кој се соочува со една од најголемите животни пречки, тоа е ...
Општина Штип распишува Конкурс за доделување на признанието „8 Ноември“ за 2025 година, кое традиционално се доделува како знак на признание за исклучителни достигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на градот. Признанието е наменето за физички и правни лица од Штип и пошироко, кои во текот на изминатата година придонеле за напредок на општествениот живот во различни области – како што се стопанството, науката, културата, спортот, ...
По 25-ти пат, болката ниту помала во Кочани. Скршени, но непокорени, родителите на трагично загинатите деца од Кочани и оваа сабота испратија јасна порака „ Нема да застанеме, правдата ќе ја бараме.“ Со солзи во очите и болка која не се опишува, редици граѓани маршираа низ улиците на Кочани, во тишина што зборуваше повеќе од илјада зборови. Транспарентите овој пат не беа толку моќни, колку зборовите на мајките кој секого го оставаа замислен и ...
Приведен штипјанец за издржување затворска казна, при приведувањето пронајдена дрога На 05.10.2025 во 07:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.М.(34) од Штип. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна и во наведеното време полициските службеници отишле пред неговиот дом, а откако татко му ја отворил вратата го забележале дека фрлил тегла од терасата, по што се обидел да побегне. Набргу бил ...
Во организација на Министерството за здравство, денеска, во Клуб на пратеници се одржа јавна презентација на 12 закони од областа на здравството, на која заедно со стручната фела беа разгледани предлози, мислења и препораки во насока на унапредување на здравствениот систем. „Овој процес го започнавме во рамки на Министерството со работни групи за измени и дополнувања на 12 законски решенија, кои директно се однесуваат на здравствениот систем. ...
Нека си ги види Филипче „Фејсбук“ профилите и „Тик ток“ кампањата на негови соработници, па после нека глуми Мајка Тереза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Филипче денес имаше изјава на која не знаеме што да одговориме освен дека наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи. Негативна кампања води токму СДСМ. Нашето потсетување на катастрофата на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи. „Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за ...
Кандидатите за градоначалници на Скопје и на Карпош, Орце Ѓорѓиевски и Сотир Лукровски најавија дека запуштениот простор околу реката Лепенец по преземањето на власта, заеднички ќе го претворат во симбол на еколошка обнова и современо градско живеење. Ќе изградат мегапарк од 300.000 квадратни метри. „Ќе го претвориме ова подрачје во современ, зелен простор, уреден по европски стандарди. Паркот ќе се простира по течението на реката Лепенец на ...
Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и во време на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Што е најдобар доказ на она што го зборуваме постојано, а тоа е дека се во целосна координација и дека лидерот во сенка на СДСМ, е токму Зоран Заев, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Заев и Филипче зборувале исто, или, оак, како што рече, ...
161 казна за непрописно затемнети стакла на возилата само во месец септември. Во периодот од 01.09.2025 до 30.09.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на државата за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители ...
Со доделување признанија за наставниците и свечена Академија денеска во Штип се одбележа Денот на учителот – 5 октомври. Настанот е традиционален и се одржува секоја година по ред, со цел да се покаже значењето и вредноста на наставникот во самото општество. Тенденција е образованието да добие поголем акцент во иднина во заедницата бидејќи е од огромно значење. „Сакаме да одадеме признание и почит на сите наставници кои во воспитно образовниот ...
Започна пријавувањето на болни и немоќни лица за гласање во домашни услови. До сега во ОИК Штип има поднесено околу десетина барања, а рокот за пријавување е до петок 10 октомври. Оваа недела ОИК Штип ќе работи со продолжено работно време со цел да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните. „Пријавувањето за болни и немоќни е веќе започнато, имаме неколку апликации пристигнато односно барања. Крајниот рок за пројавување е до петок 10 ...
39 годишник од Кочани до смрт претепан во Љубљана. Министерството за надворешни работи информира дека до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска одржа заедничка прес-конференција со Сојузната министерка за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Плаколм и со Државната секретарка за европски прашања на Република Словенија, Нева Грашич, во рамките на нивната работна посета на Скопје. На прес-конференцијата, министерот Муртезани ја истакна блиската и пријателска соработка со Австрија и Словенија, нивната ...
Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа што незаконски зимал надоместок за прекувремени работни часови како и една бонус плата со што го оштетил буџетот на МВР за над 100.000 денари. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична ...
Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудиа Плаколм, која престојува во работна посета на нашата земја. Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја реафирмираше ...
Кандидатките за градоначалнички на Скопје и на Карпош од СДСМ, Каја Шукова и Маја Мојсова, од Млечен ресторан денес најавија паметни паркинзи со дигитална наплата во оваа општина. Паркирањето на најголем дел од Карпош е бесплатно, но двете кандидатки за градоначалнички сметаат дека тоа не треба да остане така за да има повеќе места за паркирање на жителите. „Денска сме во Карпош, општина што секојдневно се соочува со еден проблем, а тоа е ...
Започнувајќи од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино, соопшти Народната банка. „Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ, клучен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој го собира академскиот и индустрискиот кадар за размена на идеи, иновации и практични решенија. Божиновска го отвори советувањето како претседател на почесниот одбор. Во своето обраќање, министерката нагласи дека советувањето е место каде се дебатираат најновите ...
Врнежливото време повторно предизвика одрони на патиштата во источниот регион. Од „Македонија пат“ информираат дека екипите се постојано на терен и се работи на расчистување, но одроните се повторуваат. Раководителот Влатко Цоневски апелира возачите да бидат внимателни и да не ја потценуваат состојбата на патиштата. Се препорачува прилагодување на брзината и задолжително следење на сообраќајната сигнализација. Безбедноста на патот, вели, зависи ...
Од четврток есента ќе го открие своето поубаво лице, тивки денови без дожд и студен ветер. Во првите три дена од новата работна седмица времето ќе биде променливо и свежо, со температури од 7 до 11 степени, студени утра и повремени врнежи. Од четврток промена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе се стабилизира, дождовите ќе стивнат, а деновите ќе бидат тивки и типично есенски, иако температурите ќе останат во есенскиот ...
„СДС продолжува да лаже и манипулира. Ниту откупната цена на пиперка е 20 денари по килограм, ниту откупот е запрен. Динамиката за откуп на индустриската пиперка-ајварка се одвива непречено и во согласност со договорените услови со производителите, откупувачите и преработувачите“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Во договор со сите заинтересирани страни утврдено е откупот на пиперката да се одвива со одбитоци не поголеми од 3%, а ...