Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ. Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните. „До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните? Не е само ...
Денеска и утре во Белфаст ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, на кој ќе учествува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст на процесот на проширување на Европската унија. На ...
Четвртото коло на Првата женска ракометна лига донесе убедлива победа за Овче Поле, откако ракометарките на тимот од Свети Николе го декласираа составот на Јехона на гостински терен со 11:33. Поранешната ракометарка на штипски Астибо, Елена Вучевска постигна девет погодоци за Овче Поле, а пак пет погодоци постигна Анастасија Сентовска. За домашниот тим Сара Премческа постигна четири погодоци. Атлетик без проблеми ја декласираше Стружанка во ...
На годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија, што се одржува во Сараево во организација на Централната банка на Босна и Херцеговина, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во услови на зголемени економски ризици и брза дигитализација, финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни за користење ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик. Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се докази со кои се ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик. МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со кои ...
„СДС лидерот го менува, но навиките не. Прислушкуваните материјали и купопродажбата на имоти, како и на државните интереси, продолжуваат да му бидат навика и на Венко Филипче, како на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев. Затоа го прашуваме Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, како и една шема за купување на две големи фирми, од кои едната била телевизија“, прашува ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ го повика претседателот на СДСМ, Венко Филипче јавно да каже што мисли за неговиот претходник во партијата Зоран Заев. Како што укажа Мицкоски, Филипче се срами да каже, а треба јасно и јавно да каже. „Филипче е лицемерен ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром) · во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар) · во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром) · во ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. Денеска поради уличен дефект на 3-та ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изготви Извештај од мониторингот на радиодифузерите во периодот од распишување на изборите до почетокот на кампањата за Локалните избори, односно од 10 август до 28 септември 2025 година. Со мониторингот беа опфатени девет национални телевизиски програмски сервиси – МРТ 1, МРТ 2, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21-М и ТВ 24 Вести. Акцентот беше ставен врз централното ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка. Тој ги оцени обвинувањата како обид да се прикрие очајот и стравот од одговорност поради, како што вели, осумгодишното уништување на системот и институциите. Во својата реакција, министерот посочува дека истите лица кои со години ја рушеле државата, денес се обидуваат да ја избришат сопствената одговорност со ...
На денешниот митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Али Ахмети каде што посочи дека политиките на ДУИ ја испразниле Македонија и го намалиле бројот на ученици Албанци. „Јас нема да му одговарам на Али со неговата реторика, иако тој тоа го ...
Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот живее тешко и тоа е факт, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Гевгелија. „Годишната инфлација е 4%. И тоа е факт. Ама излегува денеска податок за септември, цитирам од месец на месец се намалила инфлацијата -0,2%. Со статистички финти и спинови се ...
Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозијата што се случи минатата недела во стан на улицата Косовска во центарот на Белград, дознава Курир.рс. Вишото јавно обвинителство во Белград го сослуша Филип В. (26) во врска со експлозијата во која загина Сипковски под сомнение дека на 30 септември нелегално го стекнал, а потоа го носел експлозивот „пентрит“, кој го предал на државјанин на Северна Македонија ...
Македонската А репрезентација со полн состав се подготвува за претстојните натпревари од квалификациите за СП 2026 против Белгија (10. октомври, Гент) и Казахстан (13. октомври, Скопје). Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски смета дека овие натпревари се едни од најважните во поновата репрезентативна историја. „Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше за политичките опоненти за локалните избори кои се ближат и истакна дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ тврдат дека се ...
Владата на денешната седница ја усвои одлуката за доделување финансиски средства на двата национални парка „Шар Планина“ и „Пелистер“, кои со години се соочуваат со финансиски предизвици, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта на доделувањето на средствата е зајакнување на институционалните капацитети и одржлив развој на овие заштитени подрачја. Врз основа на доставените барања од двете јавни претпријатија, ...
Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега, велат од ДУИ по денешното пукање што се случи во Куманово во кое беше повредено едно лице. „Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство ...
Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ. Од партијата бараат оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски. СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат ...
Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува, соошштија од Министерството за здравство. Од таму велат дека ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. „Министерството ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано го раскина Договорот за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Лавинчеви“, во атарот на село Страчинци, општина Гази Баба, склучен со „Мелкам Инжинеринг“ од Скопје. Одлуката, според Меџити е донесена поради сериозни пропусти. „Концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто ...
Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не ...
По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот, соопштија надлежните. „Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, и со раководството на ЕВН Македонија, во рамки на работната посета што австриската делегација ја реализираше во земјава. На средбата присуствуваше и Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во Република Македонија, заедно со претставници од австриската амбасада. ...
Киноверзум Штип од денеска официјално доби 3Д опрема. Со инвестиција вредна шест милиони денари се постави нов кино проектор, ново кино платно и опрема за 3Д проектирање. Со ова се нуди подобро кино и подобро искуство за граѓаните, согласно она што се покажало како потреба изминатиов период. „Денес свечено ја пуштаме во употреба 3Д опремата во Киноверзум Штип. Ова е наше второ кино со 3Д опрема. Веќе трета година работиме во Киноверзум во Штип и ...
Ракометарките на Астибо претрпеа тежок пораз на гостувањето кај актуелниот шампион Ѓорче Петров со високи 41:12 во меч од 4. коло на Суперлигата. „Лавиците“ после поразот од Чаир бараа брза рехабилитација, а тоа го направија со убедливата победа над штипскиот тим, откако на домашен терен буквално од самиот старт го решија натпреварот. Стефанија Ѓорѓиевска постигна 11 погодоци, осум погодоци имаше Емилија Ризоска, од кои два погодоци од линијата ...
Современа и ефикасна општина не се гради само со улици, паркови и згради – таа се гради со доверба. Доверба меѓу граѓаните и институциите, доверба во секоја одлука и во секој потрошен денар. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, најави дека еден од неговите најважни приоритети ќе биде воведување на целосно нов систем на дигитална и транспарентна администрација. „Нашата цел е ...
Дербито од осмото коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Скопје ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, дознава М Нет телевизија од свои извори во клубот. Во вечерен термин ќе биде големото соочување за трите бодови на две екипи кои претендираат за влез во Првата лига. По подолго време Брегалница ќе одигра официјален натпревар под рефлектори на стадионот во Штип, а повеќе од сигурно е дека ваквата атмосфера ...