Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе ...

Дваесет и три годишниот Бојан Милковски од Штип се бори за живот во приватна болница во Скопје. За негово лекување се потребни околу 20 илјади евра. Сите граѓани кои се во можност може да донираат на телефонските броеви: А1 143 487 и Телеком МК 143 108 и на Трансакциска смета во Халк банка: 270-7001141263-66 IBAN Code: МК07270700114127239 swift: EXPCMK22 Оставени се и кутии за донации на повеќе места во градот. Да му помогнеме на нашиот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам Максим Димитриевски, пиунот на Мицкоски, барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ подвлече дека „секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не опстанал“, додавајќи дека граѓаните во Куманово веќе ги ...

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во општина Карпош, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! ,,Вечерва не ви се обраќам како политичар туку како човек. Како татко, сопруг, пријател, кој исто како сите вие, го живее секојдневието на ...

На денешниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Венко Филипче и градоначалникот Стевчо Јакимовски се дел од системот кој ќе го променат, а Сотир Лукровски убедливо води на анкетите во Карпош. Мицкоски се осврна на политичките пазарења од ...

Цените на нафтата денес се искачија над 66 долари на меѓународните пазари, при што водечките производители објавија само умерено зголемување на понудата кон крајот на годината и индикации за стабилна побарувачка за гориво во САД. На лондонскиот пазар, цената на барел попладне беше за 1,04 долари повисока од вчерашното затворање, на 66,49 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена повисока за 1,13 долари, на 62,86 долари. ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Сопиште, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Тој се осврна на темата за правдата во државата, а го потенцираше правосудниот систем кој според него, треба да биде непристрасен, да има судии кои судат според законот, ...

Во скопската населба Автокоманда наскоро ќе биде воведено зонско паркирање, најави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „ Со особено задоволство ги информирам жителите на Автокоманда дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда. Со ова официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање – решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија“, рече Стефковски. ...

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот објект сместен на плоштадот „ВМРО“ веднаш до седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата веднаш излегла на терен, почнала евакуација на вработените од објектите околу плоштадот, а проверките покажале дека куферот е празен. „Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП ...

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но се наоѓа во стабилна состојба. Според информациите на МВР, сопругата е осомничена дека е вмешана во обидот за неговото убиство. „Вчера полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПНЕ Орце Ѓорѓиевски денес на жителите на Шуто Оризари им вети низа инвестиции што ќе создадат подобра локална инфраструктура, повеќе јавен простор и нови можности за спорт, култура, и социјална поврзаност пред се. Нов фудбалски стадион и нов културен дом кој ќе го носи името Есма Реџепова се главните проекти за Шутка. „Во Шуто Оризари планираме изградба на нов културен дом ’Есма Реџепова’ на местото ...

Помина цела недела откако ја отворивме најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија. Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк. Една недела се надеваат дека со криење вистината ќе исчезне, посочи Беким Фазлиу од „Вреди“. „Мислеа дека ако поднесеме иницијатива до Антикорупциската комисија, ние ќе застанеме и ќе чекаме. Се излажаа. Досега знаевме дека фантом-фирмата на фамилијата Ахмети, „АС Сењак“, напумпана со ...

Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми, кажа на прес-конференција „Венко Филипче цела кампања ја помина во градење позиции за планот на Заев кој треба да заврши со нови отстапки на Македонија доколку СДС добие некогаш можност да ја води државата и со преземање на две големи фирми во Македонија, од страна на фирми блиски до поранешен бугарски ...

Во овие денови добивам стотици пораки од наши членови и поддржувачи, луѓе кои се повикуваат на разговори, на „предупредувања“, на притисоци. И сето тоа под директива на Венко Филипче и сегашното раководство на СДСМ. Наместо визија, тие нудат страв. Наместо идеи, уцени. Наместо дебата, хајка, истакна денеска Максим Димитриевски, лидерот на Движењето ЗНАМ- За наша Македонија. „Ви ветувам, овие тактики ќе Ве поразат, но нема да ја поразат ...

Министерството за јавна администрација денеска официјално започна со првиот циклус на обуки за користење на модернизираната верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), клучна алатка во дигиталната трансформација на јавниот сектор. Обуките се одвиваат паралелно на две локации, a целта на обуките е да се овозможи детално запознавање на институциите со новите функционалности на системот, неговата практична примена, ...

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска пред медиумите говореше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма. „Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните,“ истакна Шукова. Таа објасни дека концептот „Скопје без хартија“ претставува ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата. „Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни економски проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – тогаш ...

По вторпат оваа година се органзиираат Модни денови во Штип. Настанот ќе се реалзиира овој викенд петок и сабота, а е во организација на општината. Целта е помалите брендови да бидат видливи од поголемите фирми, а со тоа да имаат пласман во државата и странство. „Овој викенд во петок и сабота или поточно на 10 и 11 октомври ќе се одржи втор пат во контиуитет „Shtip fasion days“. Овој настан е во целосна организација на Општина Штип и на истиот ...

Засилени контроли за користење мобилен телефон и слушалки кај возачите и пешаците спроведува МВР. Според податоците, користењето мобилен телефон при возење го зголемува ризикот од сообраќајна несреќа и до 20 пати. Од министерството апелираат, возачите да останат фокусирани, бидејќи мало невнимание може да заврши трагично. Контролите се дел од меѓународната кампања „Фокус на патот“, што паралелно се реализира во 34 европски држави. ,,Вашата ...

Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шахини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, јавниот ред и безбедноста во државата, истакна денеска потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми. ...

Критичните категории граѓани со можност да се пријават за бесплатна вакцина против сезонски грип. Обезбедени се доволни количини вакцини, а вакцинацијата ќе се врши на приземје на пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип. Надлежните апелираат граѓаните навреме да бидат на местото за вакцинација со цел да не се создава непотребна гужва. „Министерството за здравство има обезбедено 80 илјади бесплатни вакцини. Овие вакцини се наменети за ...

Притвор во траење од 30 дена за едно лице од Виница, кое во тепачка пред угостителски објект тешко повреди негов сограѓанин. Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ја истакна својата решеност да ја промени дводецениската матрица на управување со општината со изговорот „не можеме“, кога станува збор за реализирање на крупни проекти во интерес на граѓаните. Тој порача дека неговата кандидатура не е борба против личности, туку против менталитетот на „не можам“, кој, како што рече, го кочи развојот на Чаир веќе 20 години. ...

Тепачка помеѓу двајца мажи пред угостителски објект во Македонска Каменица, нарушен јавниот ред и мир, ќе следува поднесок На 07.10.2025 во 22:23 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека во 22:20 часот пред угостителски објект објект во Македонска Каменица е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(27) од с.Косевица, општна Македонска Каменица и Д.М.(28) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица. По ...

Климата останува најисплатлив избор за да се помине студената зима во Штип. Граѓаните велат, најдобро е климатизерите да работат континуирано на умерена температура, без целосно исклучување. Откако ќе се исклучат, просторијата брзо се лади, а повторното загревање троши многу повеќе електрична енергија. Особено во минусни температури, ова значително ја зголемува сметката за струја. Затоа, постојаното работење на климата се покажува како ...

Колку граѓаните се подготвени да се вакцинираат против сезонскиот грип? Ова прашање се поставува пред почетокот на вакцинацијата, која стартува за само неколку дена. Според анкетата спроведена од М-Нет телевизија, граѓаните се поделени дел од нив се уверени дека вакцинацијата е клучна за заштита, додека други остануваат скептични. На платформата вакцинација.мк веќе започна пријавувањето за бесплатно вакцинирање, но останува да се види колку од ...

На 07.10.2025 во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.Ѓ.(58) од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е ...

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009). Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.18
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
90%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Калај

40.48

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Никел

473339.37

Иридиум

145787.60

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91