Техеран е отворен за разговори со американската администрација, доколку Вашингтон е навистина подготвен за дијалог за потенцијален договор, изјави претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф. „Ако ова се вистински разговори за постигнување договор во рамките на меѓународните прописи, тогаш да. Но, тоа не е видот разговори што ги бара американскиот претседател Доналд Трамп. Тој само сака да ја наметне својата волја врз ...

Триесет и треттото издание на најважната хрватска музичка награда Порин, кое ќе се одржи на 27 март во сплитската сала „Грипе”, ги носи првите големи вести: Порин за посебен придонес во хрватската музика (Porin Special Merit Award) годинава му припадна на македонскиот гитарист со меѓународна кариера и еден од најзначајните музички уметници на овие простори – Влатко Стефановски. Оваа награда го препознава неговиот исклучителен уметнички опус ...

Собранието денеска ќе ја одржи 82. седница со единствена точка на дневен ред – поставување пратенички прашања. Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа. ...

Гледаме дека меѓународниот поредок базиран на правила е под голем притисок, дека трансатлантските врски не се исти како што беа, а имаме и закани како што е руската војна во Украина и нестабилност на Блискиот Исток, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред доаѓањето на денешниот Совет за надворешни работи на Унијата. Таа посочи дека очигледно е дека Русија сè уште не е сериозна во врска ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши ...

Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата и на останатите плати, гувернерот нагласува дека е важно решенијата ...

По последното коло од Лигата на шампионите одиграно во средата вечерта, познати се осумте клубови кои обезбедија директно место во осминафиналето, како и 16-те клуба кои ќе влезат во плејофот. Арсенал ја проби лигашката фаза со осум победи, а покрај „Топчиите“, директно место во осминафиналето обезбедија и Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити. Клубовите од деветтата до 24-та позиција ќе учествуваат во ...

Тим научници од Хонгконг разви систем за временска прогноза наречен DDMS кој користи технологија на вештачка интелигенција (ВИ) за да предвиди бури и обилни дождови до четири часа пред да се случат, што досега беше возможно во период од 20 минути до два часа однапред. Системот ќе им помогне на владите и службите за итни случаи поефикасно да реагираат на зголемената фреквенција на екстремни временски настани поврзани со климатските промени, ...

Дури 90 проценти од бетонско-армирачките работи и покривот се завршени, а остануваат да се работат дел од фазите архитектура, водовод, канализација и електрика. Таква е ситуацијата со планинарскиот дом „Копанки“ што беше опожарен и уништен, а сега се обновува. Во кабинетот на градоначалникот на Битола вчера се одржал координативен состанок за завршување на изградбата на „Копанки“ на Баба Планина. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и ...

Индија веднаш ќе ги намали царините за европски луксузни автомобили од 110 на 30 отсто според новиот трговски договор со Европската унија, отворајќи строго контролиран пазар за производителите на луксузни автомобили како што се оние на бредновите BMW и „Mercedes-Benz“, изјави во четврток висок индиски функционер. Индија и ЕУ во вторникот го финализираа долгоодложуваниот договор со кој ќе се намалат царините за повеќето стоки и ќе се зголеми ...

ОВЕН Одвојте малку време денеска да бидете сами и да направите преглед на она што сте го постигнале досега. Доколку нешто не ви се допаѓа, сега е време да размислите зошто сте дозволиле тоа да се случи и, соодветно на тоа, да ги промените вашите ставови или однесување. Сепак, имајте на ум дека ѕвездите ќе ве охрабрат да промените нешто во себе, а не во надворешни околности. БИК Бидете внимателни со вашите зборови денеска, постои можност да ...

Центарот за управување со кризи – Скопје соопшти дека ЕВН Македонија денеска, четврток, ќе изврши две привремени исклучувања на струјата, поради технички зафати: – Во периодот од 9 до 11 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од Старата чаршија. ( општина Чаир ) – во периодот од 10 до 14 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први ...

Во четврток на територијата на Македонија ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Утринските температури се движат од минус 1 до 6, а највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од 6 до 10 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска ќе ...

Фудбалерите на Арсенал од Лондон ја забележаа осмата победа, завршувајќи ја првата половина од Лигата на шампионите единствени максимален резултат, додека Бенфика го победи Реал Мадрид со 4:2 во одличен натпревар, а четвртиот гол кој го донесе пласманот, го постигна голманот Анатолиј Трубин во осмата минута од судиското продолжение. Лондонските „Топчии“ го победија Каират со 3:2 во последното коло, завршувајќи го натпреварувањето со ...

Во петок во дански Хернинг, Хрватска и Германија ќе се борат за место во финалето на Европското ракометни првенство, додека подоцна ќе се соочи втората полуфинална двојла која ја сочинуваат репрезентациите на Данска и Исланд. Тоа е епилогот од резултатите од последните натпревари од втората фаза на првенството, во кои сите четири полуфиналисти постигнаа победи. Хрватска со пресврт ја победи немотивираната Унгарија со 27:25 и го освои првото ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во средата дека пристапувањето на Украина во Европската унија е малку веројатно во блиска иднина. „Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е возможно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин. Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот. Сепак, тој ...

Данска, Гренланд и Соединетите држави започнаа процес насочен кон постигнување договор за спорот во врска со Гренланд, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Претставниците на трите страни се состанаа на „техничко“ ниво, изјави Рубио пред сенатската комисија во средата, без да даде детали за учесниците или локацијата. „Во моментов сме во добра позиција“, рече Рубио на јавното сослушување. Рече дека процесот е започнат претходо во ...

На Граничниот премин Долно Блаце вчеравечер биле уапсени П.Ј.(35) и Д.Л.(22) двајцата од Косово, поради тоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.Р.Ш.(28) од Скопје, а бил употребен и остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Скопје. На Граничниот премин Долно Блаце вчеравечер биле уапсени П.Ј.(35) и Д.Л.(22) двајцата од Косово, поради тоа ...

Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес го посети сицилијанскиот град Нисиеми, каде што десетици куќи останаа на работ на карпест гребен откако свлечиште го погоди подрачјето. Куќите на рид во Нисиеми, мал град на Сицилија, постепено се уриваат повлечени од серијата свлечишта, принудувајќи повеќе од 1.500 луѓе да се евакуираат. Катастрофата се случи во неделата навечер, но продолжи да се шири во понеделникот. „Има куќи на работ на ...

Холивудската икона Шерон Стоун, позната по своите извонредни изведби како силни женски главни ликови во филмови како „Сирови страсти“ и „Казино“, ќе присуствува на овогодинешниот виенски Оперски бал. Традиционалниот настан, кој ќе се одржи на 12-ти февруари, е круната на австрискиот општествен календар и привлекува околу 5.000 учесници. „Оперскиот бал е светски познат настан, а оперската куќа е волшебно место. Се радувам што ќе нурнам во овој ...

Млада полска тинејџерка загина откако брановите ја повлекле в море на Малта, јавија светските агенции. Тим нуркачи трагале по телото на 13-годишно девојче од Полска, кое било однесено во морето од големите бранови во понеделникот попладне на северот на архипелагот Малта, соопштија локалните власти. Девојчето го гледало бурното море со своето семејство зад оградите, кога одеднаж удриле силните бранови. И нејзиниот татко (49) и нејзиниот брат ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одржа протест пред Работничкиот дом, Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи итно зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов пред Работничкиот дом изјави дека „работниците повеќе нема да им се молат на Владата и газдите, туку ќе се борат за зголемување на платите“. „Денеска сме тука за ...

Привремената влада на Венецуела се согласи да го доставува својот буџет до Соединетите држави за одобрување секој месец, тврдеше во средата американскиот државен секретар Марко Рубио. Зборувајќи пред сенатската комисија за надворешни односи, Рубио рече дека американската влада одлучува за што можат да се користат парите според она што тој го опиша како „краткорочен механизам“. „Всушност, тие ветија дека ќе користат значителен дел од овие ...

На непознат маж му било дозволено да помине низ безбедносните проверки на аеродромот Нуук во петокот вечерта, по што персоналот го однел во авионот на данската премиерка Мете Фредериксен, каде што се качил. Проблемот бил што човекот воопшто не требало да биде на летот. Целиот инцидент предизвикал безбедносна тревога, а враќањето на премиерката во Данска било значително одложено, пишува гренландскиот KNR. Авионот бил подготвен за враќањето на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, во средата дека „си игра со оган“ откако политичарот кој доаѓа од редовите на опозициската Демократска партија повтори дека неговиот град нема да им помага на федералните агенти со спроведувањето на законите против нелегалната имиграција, ден откако претседателот изјави дека неговата администрација ќе ја „деескалира“ ситуацијата во градот. ...

ОВР Радовиш поднело кривична пријава против Н.З.(19), М.И.(20), С.К.(19), сите од Радовиш и против И.Р.(18) и А.„Н”(20), двајцата од селото Конче, товарејќи ги за „насилство”, додека против Н.З. е поднесена пријава и за „насилство врз дете”. На дочекот на Нова година, пред угостителски објект, пријавените физички го нападнале Д.К., додека Н.З., физички нападнал две деца. ОВР Радовиш поднело кривична пријава против Н.З.(19), М.И.(20), ...

Германската влада ги намали своите прогнози за економски раст за оваа и за следната година, предупредувајќи дека активноста е „носена“ првенствено од владини инвестиции во инфраструктура, истовремено нагласувајќи ја неизвесноста во меѓународната трговија. Владата ја намали прогнозата за раст за 2026 година за 0,3 отстотни поени, на 1,0 отсто. Пресметките за оваа година, сепак, сигнализираат закрепнување во споредба со 2025 година, кога ...

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по предмет оформен по допрен глас од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, откако доктор Жан Митрев јавно изнесе тврдења дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство вршеле притисок врз него за продавање на сопственичките удели во Клиниката „Жан Митрев“ – Скопје. Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари. „Во ...

Судијата за извршување санкции и членовите на Кривичниот совет направиле пропусти во врска со одложувањето на затворската казна за Ремзи Мифрати од Госттивар и треба да биде поднесено барање за утврдување одговорност за овие судии, одлучи денеска Судскиот совет, извести „Плусинфо“ Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот на работната група од извршениот надзор на работата на Основниот суд Гостивар за постапувањето по предметот ...

Уставниот суд на Црна Гора во средата го прогласи за неуставен и го укина членот 35а од Законот за внатрешна трговија во земјата, кој го регулираше прашањето за неработната недела во продавниците. Уставниот суд оцени дека оваа одредба ја нарушува слободата на претприемништвото загарантирана со Уставот, како и уставниот принцип на еднаквост на сите пред законот, бидејќи на една група претприемачи, или трговци, им било дозволено да ги ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1002
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
10.29
74%
1000
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
995
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
93%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.41
99%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.69
72%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
87%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
91%
1008
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
96%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Бакар

12.12

Платина

83354.78

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29

Родиум

339994.14