Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 87 годишна возраст, во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова. Жалната вест ја пренесоа од нејзиното семејство и потврдија дека синоќа (28 јануари 2026 година) починала по кратко боледување во Гостивар каде и постојано живееше. Таа на музичката јавност ѝ беше позната како доајен на македонската народна песна. Костадинка Палазова низ кариерата соработувала со многу значајни композитори и продукциски куќи. Во музичката ризница ќе ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања за Повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, Општина Врапчиште, Општина Маврово и Ростуша и Општина Центар Жупа, во периодот од 22 декември 2025 година до 9 јануари 2026 година. Податоците во ...
Царинските служби запленија голема количина тутунски производи без акцизни марки во малопродажен објект во Струга, со што е спречена нелегална продажба вредна над 1,8 милиони денари. Акцијата била спроведена од мобилни царински тимови и службеници од Царинарницата Битола, при редовна контрола на објектот. При претресот биле пронајдени вкупно 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари – вејпови, 530 цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, ...
Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри. -Зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. Овие ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го отфрли барањето на украинскиот лидер Володимир Зеленски за датум за пристапување во ЕУ во 2027 година, наведувајќи дека процесот ќе трае „неколку години“, бидејќи Киев прво мора да ги исполни критериумите за членство во блокот. Коментарите, дадени за време на прес-конференцијата во Берлин во средата, даваат отрезнувачка проценка на амбициите на Киев за ЕУ во услови на конфликт со Русија и растечките ...
Американската федерална полиција изврши претрес во изборна канцеларија во округот Фултон во Џорџија, барајќи докази за тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека со измама му била „украдена“ победата на изборите 2020 година. Агентите на ФБИ заплениле компјутери и 700 кутии со гласачки ливчиња, и евиденции и коверти со гласови испратени по пошта. На претресот присуствувала и директорката на разузнавачките служби, Тулси Габард. Трамп неодамна ...
На јутуб каналот на виолинистката Пламенка Трајковска премиерно ќе биде претставен видео записот од најновиот сингл со наслов „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“ . Премиерата ќе биде на следниот линк: Автор и изведувач е Пламенка Трајковска а во гудачкиот квартет учествуваат следните музичари: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска – Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска- виола и Александра Јаневска – виолончело. Аудио ...
Американскиот актер Брус Вилис не е свесен за дијагнозата на фронтотемпорална деменција, изјави неговата сопруга Ема Хеминг Вилис. -Мислам дека тој мисли дека ова е неговиот нормален живот. Постои термин, невролошка состојба поврзана со FTD и други видови деменција, наречена аносогнозија, кога мозокот не може да препознае што му се случува. Луѓето мислат дека всушност е негирање, како кога не сакаат да одат на лекар затоа што мислат дека се ...
Силната подршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложби за интнезивирање на политичките и економски релации меѓу Македонија и Хрватска, беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и Маријана Петир, пратеник во хрватскиот Сабор. При работната посета во Саборот, вицепремиерот Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ- Опара, претседател на Одборот за надворешна политика. ...
Се појави ново видео кое прикажува физички судир помеѓу Алекс Прети и федерални агенти, снимена повеќе од една недела пред тој да биде застрелан и убиен од агенти на ICE. Претставник на семејството на Прети потврди дека човекот на видеото, објавено синоќа, навистина е Прети, објави CNN. Alex Pretti spits on a federal agent and then kicks out his taillight in footage released by the BBC from 11 days before his death.pic.twitter.com/64hg4FXv1a ...
Лукоил постигна договор со американската компанија „Карлајл“ за продажба на Лукоил Интернешнл ГмбХ, која ги поседува нејзините странски средства, објави рускиот нафтен гигант. Договорот не вклучува проекти во Казахстан и е условен од голем број одобренија, вклучително и од американските власти. Договорот не е ексклузивен бидејќи Лукоил продолжува со преговорите со други потенцијални купувачи, забележа компанијата. „Лукоил информира дека ...
Техеран е отворен за разговори со американската администрација, доколку Вашингтон е навистина подготвен за дијалог за потенцијален договор, изјави претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф. „Ако ова се вистински разговори за постигнување договор во рамките на меѓународните прописи, тогаш да. Но, тоа не е видот разговори што ги бара американскиот претседател Доналд Трамп. Тој само сака да ја наметне својата волја врз ...
Триесет и треттото издание на најважната хрватска музичка награда Порин, кое ќе се одржи на 27 март во сплитската сала „Грипе”, ги носи првите големи вести: Порин за посебен придонес во хрватската музика (Porin Special Merit Award) годинава му припадна на македонскиот гитарист со меѓународна кариера и еден од најзначајните музички уметници на овие простори – Влатко Стефановски. Оваа награда го препознава неговиот исклучителен уметнички опус ...
Собранието денеска ќе ја одржи 82. седница со единствена точка на дневен ред – поставување пратенички прашања. Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа. ...
Гледаме дека меѓународниот поредок базиран на правила е под голем притисок, дека трансатлантските врски не се исти како што беа, а имаме и закани како што е руската војна во Украина и нестабилност на Блискиот Исток, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред доаѓањето на денешниот Совет за надворешни работи на Унијата. Таа посочи дека очигледно е дека Русија сè уште не е сериозна во врска ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши ...
Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата и на останатите плати, гувернерот нагласува дека е важно решенијата ...
По последното коло од Лигата на шампионите одиграно во средата вечерта, познати се осумте клубови кои обезбедија директно место во осминафиналето, како и 16-те клуба кои ќе влезат во плејофот. Арсенал ја проби лигашката фаза со осум победи, а покрај „Топчиите“, директно место во осминафиналето обезбедија и Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити. Клубовите од деветтата до 24-та позиција ќе учествуваат во ...
Тим научници од Хонгконг разви систем за временска прогноза наречен DDMS кој користи технологија на вештачка интелигенција (ВИ) за да предвиди бури и обилни дождови до четири часа пред да се случат, што досега беше возможно во период од 20 минути до два часа однапред. Системот ќе им помогне на владите и службите за итни случаи поефикасно да реагираат на зголемената фреквенција на екстремни временски настани поврзани со климатските промени, ...
Дури 90 проценти од бетонско-армирачките работи и покривот се завршени, а остануваат да се работат дел од фазите архитектура, водовод, канализација и електрика. Таква е ситуацијата со планинарскиот дом „Копанки“ што беше опожарен и уништен, а сега се обновува. Во кабинетот на градоначалникот на Битола вчера се одржал координативен состанок за завршување на изградбата на „Копанки“ на Баба Планина. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и ...
Индија веднаш ќе ги намали царините за европски луксузни автомобили од 110 на 30 отсто според новиот трговски договор со Европската унија, отворајќи строго контролиран пазар за производителите на луксузни автомобили како што се оние на бредновите BMW и „Mercedes-Benz“, изјави во четврток висок индиски функционер. Индија и ЕУ во вторникот го финализираа долгоодложуваниот договор со кој ќе се намалат царините за повеќето стоки и ќе се зголеми ...
ОВЕН Одвојте малку време денеска да бидете сами и да направите преглед на она што сте го постигнале досега. Доколку нешто не ви се допаѓа, сега е време да размислите зошто сте дозволиле тоа да се случи и, соодветно на тоа, да ги промените вашите ставови или однесување. Сепак, имајте на ум дека ѕвездите ќе ве охрабрат да промените нешто во себе, а не во надворешни околности. БИК Бидете внимателни со вашите зборови денеска, постои можност да ...
Центарот за управување со кризи – Скопје соопшти дека ЕВН Македонија денеска, четврток, ќе изврши две привремени исклучувања на струјата, поради технички зафати: – Во периодот од 9 до 11 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од Старата чаршија. ( општина Чаир ) – во периодот од 10 до 14 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први ...
Во четврток на територијата на Македонија ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Утринските температури се движат од минус 1 до 6, а највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од 6 до 10 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска ќе ...
Фудбалерите на Арсенал од Лондон ја забележаа осмата победа, завршувајќи ја првата половина од Лигата на шампионите единствени максимален резултат, додека Бенфика го победи Реал Мадрид со 4:2 во одличен натпревар, а четвртиот гол кој го донесе пласманот, го постигна голманот Анатолиј Трубин во осмата минута од судиското продолжение. Лондонските „Топчии“ го победија Каират со 3:2 во последното коло, завршувајќи го натпреварувањето со ...
Во петок во дански Хернинг, Хрватска и Германија ќе се борат за место во финалето на Европското ракометни првенство, додека подоцна ќе се соочи втората полуфинална двојла која ја сочинуваат репрезентациите на Данска и Исланд. Тоа е епилогот од резултатите од последните натпревари од втората фаза на првенството, во кои сите четири полуфиналисти постигнаа победи. Хрватска со пресврт ја победи немотивираната Унгарија со 27:25 и го освои првото ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во средата дека пристапувањето на Украина во Европската унија е малку веројатно во блиска иднина. „Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е возможно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин. Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот. Сепак, тој ...
Данска, Гренланд и Соединетите држави започнаа процес насочен кон постигнување договор за спорот во врска со Гренланд, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Претставниците на трите страни се состанаа на „техничко“ ниво, изјави Рубио пред сенатската комисија во средата, без да даде детали за учесниците или локацијата. „Во моментов сме во добра позиција“, рече Рубио на јавното сослушување. Рече дека процесот е започнат претходо во ...
На Граничниот премин Долно Блаце вчеравечер биле уапсени П.Ј.(35) и Д.Л.(22) двајцата од Косово, поради тоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.Р.Ш.(28) од Скопје, а бил употребен и остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Скопје. На Граничниот премин Долно Блаце вчеравечер биле уапсени П.Ј.(35) и Д.Л.(22) двајцата од Косово, поради тоа ...
Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес го посети сицилијанскиот град Нисиеми, каде што десетици куќи останаа на работ на карпест гребен откако свлечиште го погоди подрачјето. Куќите на рид во Нисиеми, мал град на Сицилија, постепено се уриваат повлечени од серијата свлечишта, принудувајќи повеќе од 1.500 луѓе да се евакуираат. Катастрофата се случи во неделата навечер, но продолжи да се шири во понеделникот. „Има куќи на работ на ...