Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Научниците во вторникoт ги поместија стрелките на „Часовникот на судниот ден“ најблиску до полноќ, наведувајќи го агресивното однесување на нуклеарните сили како што се САД, Русија и Кина, пропаѓањето на договорите за контрола на нуклеарното оружје, конфликтите во Украина и Блискиот исток и развојот на вештачката интелигенција. Билтенот на атомските научници (BAS) ги постави стрелките на 85 секунди пред полноќ, моментот кога теоретски следи ...
„Секој има право да протестира“, вели премиерот Христијан Мицкоски во денешното интервју во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 за најавените протести на дел од синдикалните организации. Мицкоски посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците. „Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. Секој треба ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во реакција на соопштението на бугарското МНР, изрази жалење што „оваа институција сè почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог“. „Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија јасно нагласуваме дека ниту ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Светосавската свечена академија. Тој на социјалните мрежи напиша дека станува збор за настан кој со својата духовна и културна димензија нѐ потсетува на трајните вредности што не поврзуваат. „Денешниот ден посветен на светителот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија, но во исто време е еден од камен ...
Во еден од најинтересните натпревари изминатата ноќ во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, предводени од одличниот Лука Дончиќ, ги победија Чикаго Булс на гостински терен со 129:118. Дончиќ постигна 46 поени за 38 минути, вклучувајќи осум тројки, 12 асистенции и седум скока, помагајќи им на Лејкерс да ја прекинат серијата од четири победи на Чикаго Булс. Леброн Џејмс додаде 24 поени, а Руи Хачимура исто така одигра значајна улога, постигнувајќи ...
Светскиот женски рекет број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, продолжува со одличниот настап на Австралија Опен, стигнувајќи до полуфиналето четврта година по ред. Првата носителка ја победи 18-годишната Американка Ива Јовиќ со 6-3, 6-0 во четвртфиналето по 90 минути игра. Белорусинката славеше во Мелбурн во 2023 и 2024 година, додека минатата година беше поразена во финалето од Американката Медисон Киз. „Резултатот не го одразува тоа ...
Најдобрата украинска тенисерка Елина Свитолина (WTA – 12-та) се квалификуваше во полуфиналето на Австралија Опен првпат во својата кариера, победувајќи ја Американката Коко Гоф (WTA – 3-та) со 6-1, 6-2 во четвртфиналето во вторник. Втора година по ред а четврти пат во кариерата, 31-годишната украинска тенисерка стигна до четвртфиналето во „Мелбурн Парк“ и искористи сè што 21-годишната Американка, која имаше големи проблеми со сервисот, ѝ ...
Во некои делови од интернетот, на опскурни портали и канали на социјалните медиуми, „британска ученичка“, односно лик генерирана од вештачка интелигенција стана еден вид феномен. Нејзиното име е Амелија, девојка со виолетова коса која гордо носи мало знаме на Обединетото Кралство (ОК) и се чини дека има склоност кон расизам. Аватарот, кој првично беше создаден за да ги одврати младите од екстремизам, сега е трансформиран во вирално меме на ...
Градоначалникот на „Ѓорче Петров“, Александар Стојкоски, имаше средба со публицистот и издавач Тоше Филиповски кој живее во оваа скопска населба и голем поборник за рок-културата. По повод излгувањето на трите компилациски плочи кои симболички се поврзани со наслебата, Стојкоски на Фејсбук напиша: „Со објавувањето на двете компилациски плочи This Is Gjorce Petrov, Not Skopje! и новата, Welcome to Џорче Петров,, се заокружува еден исклучително ...
Операта во еден чин, „Кавалерија Рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, ќе биде изведена утревечер во Националната опера и балет (НОБ), соопштија од установата. Трагичната приказна за љубовта, страста, честа и одмаздата, раскажана преку операта Кавалерија рустикана од Пјетро Маскањи, повторно ќе оживее на сцената на Национална опера и балет на 28 јануари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Ова ...
Куќите во сицилијанскиот град Нишеми останаа несигурно да висат од работ на карпа по лизгање на земјиштето предизвикано од бура, изјави во вторникот шефот на италијанската агенција за цивилна заштита. Нишеми, град со околу 25.000 жители во централна јужна Сицилија, се наоѓа на висорамнина за која властите велат дека постепено се урива кон рамнината. Повеќе од 1.500 луѓе мораа да бидат евакуирани. Зградите се извишуваа над бездната во должина ...
Борбата против антисемитизмот е глобална битка за иднината на цивилизацијата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на церемонијата на отворањето на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот. „Расизмот постоел низ историјата. Тоа не е антисемитизам“, им рече Нетанјаху на учесниците во Меѓународниот конгресен центар во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека антисемитизмот започнал како верување пред 2.500 ...
Администрацијата на Трамп ѝ сигнализираше на Украина дека американските безбедносни гаранции зависат од тоа дали Киев ќе се согласи на мировен договор што веројатно ќе бара од неа да го отстапи малиот дел од регионот Донбас на Русија кој сѐ уште го контролираат украинските сили, објави во вторник Financial Times, повикувајќи се на осум лица запознаени со преговорите. Вашингтон, исто така, посочил дека може да ѝ понуди на Украина повеќе оружје ...
Поради големата бура Чандра што го погоди Обединетото Кралство денеска беа затворени стотици училишта, а бројни патишта беа блокирани. „Вкупно 242 училишта се затворени во Северна Ирска денеска поради лоши временски услови“, се наведува на веб-страницата на владата, пренесе Скај њуз. Жолто ниво на предупредување заради ветрот е на сила во Северна Ирска до вечер до 21 часот. Метеоролошката служба наведува дека бурата ќе донесе многу силни ...
Индија се бори со епидемија на вирусот Нипа во нејзината источна држава Западен Бенгал, каде што пет лица се потврдени како заразени, а речиси 100 луѓе се ставени во карантин. Се наведува дека епидемијата започнала во приватна болница во градот Барасат, а тројцата пациенти се медицински лица кои лекуваат пациенти во таа установа. Пациентите биле префрлени во Инфективната болница на исток од главниот град на државата, Калкута. Нипа ...
Засега непознати сторители, во саботата навечер, паркирале попречно преку сите сообраќајни ленти тешка, неосветлена полуприколка на автопатот А281 во близина на германскиот град Бремен, создавајќи смртоносна стапица за возачите. Поголема трагедија била спречена од трезвен возач на камион, кој ја забележал пречката во последен момент и успеал да закочи. Полицијата го истражува случајот како обид за убиство, пишува германскиот таблоид „Билд“. ...
Португалската полиција заплени рекорден товар, од речиси девет тони кокаин, откако пресретна подморница за транспорт на дрога кај Азорските Острови, објавија медиумите денес. Подморницата ја превезувала најголемата пратка дрога досега пронајдена на брод од ваков вид што се движел кон Европа, пренесува „Гардијан“. Во операцијата се уапсени четири лица – тројца Колумбијци и еден државјанин на Венецуела. Португалската полиција соопшти дека ...
Три лица загинаа, а околу 20 се повредени во ноќните руски напади во источна и јужна Украина, соопштија денеска локалните власти. Рано утрово, Русија го нападна Славјанск со наведувани воздушни бомби, при што загинаа „сопружници на возраст од 45 и 48 години“, јави Укринформ, повикувајќи се на Вадим Љах, началник на градската воена администрација, кој го објави ова на Фејсбук. Според него, во 04:30 часот руските сили нападнале со наведувани ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека 44 милијарди евра, кои Европската комисија ѝ ги одобри на Полска преку европската програма SAFE за набавка на оружје, изнесуваат повеќе од целиот одбранбен буџет на Шпанија или Италија, додавајќи дека 80 отсто од средствата ќе завршат во полската воена индустрија. – Програмата SAFE на одреден начин беше осмислена и иницирана од Полска и од првиот ден на нашата влада правиме сè прашањето за ...
Русија никогаш нема да ги заборави ужасните злосторства извршени во Аушвиц, кои беа завршени од страна на Советската Црвена армија, изјави рускиот претседател Владимир Путин по повод 81-годишнината од ослободувањето на логорот. „Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот нè потсетува на најголемата трагедија од Втората светска војна. Овој тажен датум е потсетник на страдањето и неподносливото страдање на милиони Евреи, Руси, Роми ...
Во вторникот норвешкиот парламент одобри план за набавка на артилериско оружје со долг дострел во вредност од две милијарди евра, а норвешките медиуми објавија дека Осло се одлучил за јужнокорејската понуда наместо за американската. „Тоа е оружје кое може да стигне далеку зад непријателските линии, што е клучно во современото војување“, изјави портпаролот за одбрана на опозициските конзервативци во парламентот во вторникот без да конкретизира ...
Германија не може повеќе да ѝ дава на Украина системи за воздушна одбрана „Патриот“ произведени во САД од своите залихи, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Берлин веќе направи повеќе од својот фер дел за да го поддржи Киев, изјави тој на прес-конференција во понеделник. Од ескалацијата на украинскиот конфликт во февруари 2022 година, Германија е втор најголем снабдувач на оружје во земјата, надминат само од САД. Таа одвои ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги опиша случувањата во процесот на решавање на украинскиот спор како „многу добри“ по разговорите во Абу Даби. „Гледаме дека се случуваат некои многу добри работи во Украина и Русија“, рече тој. Тој не одговори директно на прашањето дали идејата за лична средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта се преиспитува. На 23 јануари, во Абу Даби се одржа првиот ден од трилатералните ...
Мирјана Пајковиќ, државна секретарка во Министерството за човечки и малцински права на Црна Гора и Дејан Вукшиќ, до неодамна советник за безбедност на претседателот на Црна Гора и поранешен шеф на Агенцијата за национална безбедност, поднесоа оставки на функциите по протекувањето во јавноста на снимки со експлицитна содржина. View this post on Instagram A post shared by Mirjana (@mirjana_pajkovic) Обајцата тврдат дека се жртви во случајот. ...
Украинскиот амбасадор во Будимпешта е повикан во унгарското Министерство за надворешни работи поради обидите на Украина да се меша во парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април, откако му беше јасно ставено до знаење дека таквите обиди нема да бидат толерирани, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој ја повика Украина да престане да се меша во унгарскиот изборен процес во корист на опозициската партија ...
Русија и Украина треба повторно да отворат граничен премин за да им овозможат на луѓето да се вратат дома, а на семејствата да се обединат, предложи највисоката московска службеничка за човекови права, Татјана Москалкова. Киев ги затвори сите гранични премини со Русија и Белорусија по ескалацијата на украинскиот конфликт во 2022 година. „Треба да разговараме за можноста за отворање на еден граничен премин за руските граѓани кои сакаат да се ...
Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот меѓу Македонски Телеком и Фокуснет, реагираа денеска од компанијата на изенсените на разрешената апелациска судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот правен застапник, скопскиот адвокат Ѓорѓе ...
Владата на денешната седница донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и демократските вредности, соопшти владината портпаролка Марија Митева. „Владата направи уште еден силен и долгоочекуван чекор во насока на заштита на слободата на изразување и јавниот интерес. ...
Советот на амбасадори изразува сериозна загриженост во врска со најавената примена на ЕТИАС системот (European Travel Information and Authorisation Sistem) која веќе резултира со блокади на граничните премини во земјите од Западниот Балкан. „Иако воведувањето на ЕТИАС е легитимно од аспект на безбедносната и миграциската политика на Европската Унија, неговата примена во сегашната форма создава сериозни економски и оперативни ризици, како за ...
Младинскиот и урбан фестивал „Битола отворен град“ годинава ќе одбележи 25 години постоење, а и годинашното издание ќе добие поддршка од Општина Битола. Фестивалот, кој е најголемиот и најдолговечен младински урбан фестивал во Македонија е платформа каде младите не се публика, туку активни креатори на културниот и општествениот развој, посочува Општина Битола. „Меѓународниот младински уметнички фестивал, кој ја слави алтернативната уметност и ...