Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Во три одвоени сообраќајни несреќи на територијата на Македонија едно лице од Скопје почина, а две се тешко повредени. -На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил ...
Светскиот машки рекет број еден, Карлос Алкараз од Шпанија, обезбеди место во четвртфиналето на првиот Гренд-слем во сезоната на Австралија Опен, како и првиот женсти рекот во светот, Арина Сабаленка од Белорусија. Шпанецот го победи Американецот Томи Пол со 7-6 (6), 6-4, 7-5 во четвртото коло. Алкараз ќе се соочи во четвртфиналето со победникот од мечот меѓу Австралијанецот Алекс де Минор и Казахстанецот Александар Бублик. Алкараз, кој сè ...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел вчера повика на воена подготвеност на неговата земја како средство за одвраќање од потенцијална американска агресија, по заканите од Вашингтон. Најдобриот начин да се избегне агресија е да се принуди империјализмот (САД) да ја пресмета цената што би ја платил за напад врз нашата земја, рече Дијаз-Канел за време на воена вежба со тенковска единица на Револуционерните вооружени сили (FAR). И тоа во ...
Американските агенти за имиграција пукале и убиле државјанин на Соединетите Американски Држави во Минеаполис во саботата, соопштија официјални лица, предизвикувајќи жестоки протести и осуда од локалните лидери – втор ваков инцидент овој месец, пренесува агенцијата Ројтерс. Министерството за внатрешна безбедност (DHS) го окарактеризира инцидентот како напад, велејќи дека агентот на граничната патрола пукал во самоодбрана откако човек со пиштол ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа подобри од домашниот тим Далас Маверикс со 116:110 синоќа, а Лука Дончиќ постигна 33 поени со 11 асистенции и осум скока против својот поранешен тим. Лејкерс заостануваа со 15 поени на седум минути и 41 секунда до крајот на четвртата четвртина, пред да поведат со 108:106 на 2:15 до крајот. Леброн Џејмс и Руи Хачимура постигнаа по 17 поени за Лејкерс. Далас го предводеше Макс Кристи со 24 поени, а Наџи ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека жали што САД официјално се повлекоа од здравствената агенција на ОН и дека се надева дека Вашингтон ќе се врати на активно учество во иднина. САД во четвртокот ја напуштија организацијата, една година по предупредувањата дека тоа ќе му наштети на јавното здравје во САД и на глобално ниво. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го критикуваше начинот на кој СЗО се справи со ...
Европската унија и Советот на Европа потпишаа договор за финансирање на тим за формирање на Специјален трибунал за кривичното дело агресија врз Украина, соопшти Европската комисија. Задача на тимот ќе биде подготовка на институционалните, логистичките и организациските основи на Специјалниот трибунал, кој ќе дејствува во рамките на Советот на Европа и ќе има мандат да ги гони високите политички и воени лидери за кривичното дело агресија врз ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, близок сојузник на Доналд Трамп, вчера ја изрази својата „запрепастеност“ и побара „почитување“ од американскиот претседател по неговите изјави со кои ја омаловажи улогата на сојузничките сили на НАТО во Авганистан. – Италијанската влада со запрепастеност дозна за изјавите на претседателот Трамп дека сојузниците во НАТО биле ‘оставени позади’ за време на операциите во Авганистан – рече Мелони во ...
Македонската легенда Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 45 свеќи на тортата.. Иако за многу фанови на Тоше Проески времето застана во 2007 година, тој сè уште живее преку неговите песни и дела. Нашиот Тоше, човекот кој умешее да ги сплоти сите. Кај него поделби немаше. Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево. Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП ...
Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово, Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавардарци, Kрушево, Лазарополе два степена, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Претор три степени, во Штип, Виница, Демир ...
Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Покрај домашниот промет, предмет на контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и ...
„Дали СДС воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле институциите за да си остварат бизнис планови? Кај Филипче инаку може да се забележи отсуство на било каква загриженост, за случајот со ,,Жан Митрев“, и како тој се обидел да ја преземе болницата преку финансиски притисоци, уцени, спогодби преку кои тој и Заев ветувале дека ќе влијаат во судски постапки“, се вели во ...
ОВЕН Денеска повеќето од вас ќе ја претпочитаат удобноста на домот и сопственото друштво пред состаноците и активните активности надвор. Дозволете си да „одморите со бавно темпо“, на овој начин ќе се опоравите и ќе соберете сила за претстојната седмица. БИК Денеска комуникацијата со вашата сакана личност ќе биде многу емотивна. Какви ќе бидат емоциите зависи од вашата врска и колку сте искрени еден со друг. Не критикувајте или обвинувајте, ...
По смртоносното пукање за време на операцијата на американските федерални агенти во Минеаполис, во која беше убиен еден демонстрант, претседателот Доналд Трамп ги нападна градоначалникот и гувернерот на сојузната држава Минесота. „Градоначалникот и гувернерот поттикнуваат бунт со нивната помпезна, опасна и арогантна реторика“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social додавајќи дека демократите на власт во оваа сојузна држава ја прикриваат ...
Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува претежно облачно време, а во крајните северозападни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд. Температурата во текето на денот ќе се движи меѓу 8 и 13 Целзиусови степени. ...
Американските компании потпишале во 2025 година со поддршка на Министерството за трговија договори за јавни набавки со странски влади во вредност од 244 милијарди долари, што е речиси трипати повеќе од износот што го потпишаа во претходната 2024 година, благодарение на нарачките за авиони „Boeing“, објави во петокот Администрацијата за меѓународна трговија (ITA). Во 2024 година, последната година од мандатот на претседателот Џо Бајден, ITA ...
Фудбалерите на Лече и римскиот Лацио ремизираа во натпреварот без голови во сабота вечерта, во рамките на 22-то коло на италијанската Серија А. Тоа беше израмнет натпревар во кој гостите од Рим доминираа во поседот и вршеа поголем притисок врз противникот, но Лече во раниот период од мечот беше доста опасен во контранападите. Генерално, немаше многу реални шанси на натпреварот, а Лацио ја продолжи својата не толку успешна првенствена серија. ...
Фудбалерите на Реал Мадрид го добија дербито од 21-то коло од шпанската Ла Лига против Виљареал на гостински терен во саботата вечерта со 2:0, што ги однесе на врвот на табелата. Реал Мадрид беше подобар од самиот почеток, а таквата игра се исплатеше на самиот почеток од второто полувреме. Винисиус Жуниор се проби по левата страна, домашната одбрана не успеа да ја отстрани опасноста, а Мбапе го искористи тоа и ја турна топката во домашната ...
Генералштабот на украинската армија денеска на својата веб-страница објави дека од 2022 година повеќе од 62.000 припадници на украинските вооружени сили биле обучени во Велика Британија во рамките на програмата за обука, чие финансирање е продолжено до крајот на оваа година. Обуката вклучува тактички операции на мали единици, ракување со оружје, деминирање, тактичка медицина и урбано и рововско војување. Програмата ја надгледува британската ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети дека владата ќе започне „забрзана постапка“ за да се осигури дека парламентот брзо ќе го усвои законот за забрана на социјалните медиуми за лица под 15 години, за да може да стапи на сила следната учебна година. -Ја замолив владата да започне забрзана постапка за да може да помине низ Сенатот. Бидејќи она што сакам да го направам, обврската што ја дадов во една од моите дебати, е да ја ...
Германската полиција уапси член на терористичката организација Хамас на аеродромот во Берлин, кој е осомничен за подготовка на напади врз еврејски објекти во Германија, објави денеска Канцеларијата на државниот обвинител во Карлсруе. -Вчеравечер, Канцеларијата на државниот обвинител нареди апсење на 36-годишниот Мухамед С. по неговото враќање од Бејрут. Тој е обвинет дека е член на терористичката организација Хамас и дека подготвувал ...
Лишен од слобода возач на патот Св. Николе – Пробиштип кој физички нападнал полициски службеник и возел под дејство на алкохол. Како што информираат од МВР, вчера (23.01.2023) година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе – Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да изврши ...
Околу 12.000 летови низ САД закажани за викендот беа откажани денеска откако голема снежна бура и мраз предизвикаа хаос низ целата земја, заканувајќи се да предизвика прекини во електричната енергија. Околу 140 милиони луѓе, или повеќе од 40 проценти од населението на САД, беа под предупредувања за зимска бура од Ново Мексико до Нова Англија. Прогнозата на Националната метеоролошка служба предупреди на широко распространети обилни снежни ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека денешниот Конгрес бил успешен од аспект дека бил усвоен извештајот за локалните избори во 2025 година и дека се изгласала доверба на сите партиски тела. По петчасовна дискусија на 31. партиски Конгрес, која се одвиваше зад затворени врати, Филипче изјави дека сите пофалби и критики биле изнесени во конструктивен и во добронамерен тон. На состанокот била изгласана доверба актуелното раководство на ...
Со гол во 95. минута, фудбалерите на Борнмут го победија Ливерпул со 3:2 на домашен терен во натпреварот од 23-то коло од англиската Премиер лига во саботата. Херој на домашните беше Адли кој вешто во самиот финиш и во преполниот шеснаесетник на гостите го пронајде патот до мрежата и постигна гол за голема победа и три бода за Борнмут. Отворената игра од двете страни му донесе на домашниот тим водство од 2:0 по нешто повеќе од половина час ...
Високите американски претставници Стиф Витков и Џаред Кушнер денеска се сретнаа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повикувајќи ја неговата влада да ја започне втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа. Нетанјаху се сретна со пратеникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет и советник за Блискиот Исток, Џаред Кушнер, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер, во кое не се дадени детали ...
Федерални агенти на американската имиграциска служба- ICE денеска за време на интервенција во Минеаполис убија маж, потврдија извори блиски до истрагата. За помалку од три недели ова е втор смртоносен инцидент во кој се вклучени имиграциските агенти, што дополнително ги разгоре тензиите во Минеаполис, градот во кој со недели има протести против федералните власти. Според достапните информации, мажот бил застрелан во областа на Јужен ...
Во организација на опозициската Демократска партија вечерва пред владата во Тирана, на плоштадот „Народни херои” одржан е вториот голем национален собир, на кој присуствуваа граѓани од речиси сите делови на земјата. Целта, како што рече лидерот Сали Бериша, е соборување на премиерот Еди Рама, кого тој го нарече “главниот крадец на нацијата“ и формирање техничка влада која ќе спроведе слободни избори. -Ова е ден на храброст, на бунт, на гнев, ...
Ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија – ќе исчезнеме, порача пратеничката Славјанка Петровска по завршувањето на 31 Конгрес на СДСМ на социјалните мрежи. Таа информираше дека на Конгресот се отвориле тешки но неопходни прашања за иднината на партијата. „Не беше лесно да се зборува по два тешки изборни пораза. Не е лесно, но е обврска на секој социјалдемократ. Последниот изборен пораз е ...