Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Во Изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, денеска во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Хоризонт на светлината“ на уметникот и дизајнер Марк Јанура. Изложбата претставува серија апстрактни монопринтови преку кои авторот ја истражува архитектурата како простор на тишина и светлина. Според најавата, делата се фокусираат на односот меѓу линијата, формата и хоризонтот, создавајќи визуелни ...
По повод Светскиот ден на езерата, Македонското еколошко друштво, во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска на градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен ќе ја организира јавната манифестација „Мојот дел од природата“, посветена на природното наследство на Преспа и неговото зачувување. Настанот ќе започне во 18 часот со обраќања на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, и извршната директорка на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20 часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила пинцови исто така ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР. ...
Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...
Резултатите од истражувањето „Disrupting Harm“, кое за првпат обезбедува сеопфатни докази за природата и обемот на технолошки овозможената сексуална експлоатација и злоупотреба на деца во Северна Македонија, денеска ќе бидат презентирани во Скопје. Истражувањето е дел од повеќедржавната програма Disrupting Harm, финансирана од Safe Online, а спроведена од ECPAT International, INTERPOL и Канцеларијата за истражување и предвидување на УНИЦЕФ – ...
Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените ...
Новак Ѓоковиќ, моментално петтиот тенисер во светот, и прворангираната тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка, беа елиминирани во првото коло на турнирот во мешани двојки на Отвореното првенство на САД. Тие беа поразени од Британецот Хенри Патен и Чехинката Катерина Сињакова со 1:4, 4:2, 10:2. Ѓоковиќ и Сабаленка беа први носители на турнирот во мешани двојки бидејќи тој се базира на ранг-листата на АТП во поединечна конкуренција. Сепак, ...
Сите мини во меѓународните води на Ормускиот теснец се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормускиот теснец. „Ќе има политика на нулта толеранција кон ...
Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, денеска полета од Москва, покажуваат податоците на веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ (Flightradar24). Американските и руските власти засега не ја коментираа информацијата за летот и не потврдија дали Ретклиф бил во авионот. Претходно, медиумите „Си-Би-Ес њуз“ и „Аксиос“ известија за посетата на Ретклиф ...
Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска ...
Илјада камиони натоварени со кора од портокал и пулпа го исфрлија својот товар на деградирано пасиште во заштитено подрачје во Костарика во средината на 1990-тите. Она што изгледаше како огромна купишта индустриски отпад години подоцна се претвори во нешто сосема друго Приказната започна во 1997 година, кога екологистите Даниел Јанзен и Вини Холвакс смислија необична идеја. Договор кој требаше да им користи на сите Јанзен и Холвакс со години ...
Доли Партон, американска кантри икона, пејачка-текстописец, забавувачка и претприемачка, почина во вторник во Нешвил на 80-годишна возраст. Партон беше позната по својот уникатен талент, силна личност и животна приказна што ја однесе од сиромаштија до глобален успех, според „Њујорк тајмс“. Информациите за смртта ги објави нејзиниот внук Брајан Сивер преку видео порака. „Се викам Брајан Сивер, јас сум син на Кеси Партон. Денес, во име на ...
Речиси илјада прекршоци за нешто повеќе од два месеца покажуваат дека правилата за движење со електрични тротинети сè уште не се почитуваат доследно. Од 18 мај до 31 јули 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спровел засилени контроли на целата територија на државата, при што биле констатирани вкупно 965 прекршоци од страна на возачи на електрични тротинети. Најголемиот дел од прекршоците, 519, се однесуваат на непрописно ...
Во амфитеатарот во Клиничката болница Тетово денеска беше организиран свечен настан на кој 109 здравствени работници добија решенија за вработување во оваа јавна здравствена установа. За настанот објавија дел од локалните медиуми, а на Фејсбук информацијата ја сподели и градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој упати честитки до здравствените работници за добиените решенија за вработување во тетовската болница. „Ги зајакнуваме ...
Иако помладите генерации на глобалниот пазар на трудот се соочуваат со големи предизвици и повисоки стапки на невработеност во споредба со просекот, постои сектор во кој тие не само што доминираат, туку и генерираат астрономски приходи. Станува збор за работни места во областа на вештачката интелигенција (ВИ). Најновото истражување на Линкдин (LinkedIn) открива дека младите професионалци од Генерацијата Z станаа главен избор на работодавците ...
Македонскиот тенисер Кристијан Јанев го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако попладнево загуби во рамки на второто коло од Андреас Кимини од Кипар со 2-0 во сетови. Осумнаесетгодишниот македонски Дејвис куп репрезентативец во дуелот со неговиот две години повозрасен противник освои по два гема во двата сета Јанев вечерва од 20:30 часот ќе настапи во мешани двојки заедно со Сара Митевска, а за противник ќе ја имаат ...
Њујорк – Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година. „Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени. „Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде ...
Њујорк – Американски судија го одби барањето на Гилејн Максвел, поранешна соработничка на Џефри Епстин, за поништување на пресудата и казната од 20 години затвор за помагање на покојниот финансиер и осуден сексуален престапник во злоупотребата на малолетни девојчиња. Во одлуката која беше објавена денеска, американскиот окружен судија Пол Енгелмајер од Менхетен оцени дека сите наводи на Максвел се неосновани, а дека „речиси сите, односно сите ...
Вашингтон – Соединетите Американски Држави подготвуваат враќање на дипломатите во амбасадите на Блискиот Исток кои беа евакуирани пред и за време на војната со Иран, што укажува на проценката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека наскоро нема да има обнова на судирите во полн обем, пренесува „Њујорк тајмс“. Според интерен документ на Стејт департментот, во кој американскиот весник имал увид, враќањето на службениците би ...
До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...
Може ли код напишан во Скопје еден ден да му помогне на лекар во Виена? Може ли анализа на почвата направена во Штип да стане решение што ќе го користат земјоделци низ Европа? Одговорот е: да, а дел од тоа веќе се случува. Во новата епизода на „Што го врти светот?“, гостува Виктор Митевски, соосновач и извршен директор на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, кој по четврти пат се приклучува во разговор за темите што ја обликуваат ...
Цените на нафтата паднаа под 90 долари за барел на меѓународните пазари, бидејќи трговците ги отфрлија најновите закани со санкции од САД против Иран, велејќи дека економскиот притисок претставува помал ризик за снабдувањето со нафта отколку ескалацијата на вооружените конфликти. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше околу пладне по цена од 89,46 долари, што е за 2,71 долари пониско од вчерашното затворање. На американскиот пазар, цената ...
Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната Влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните во над 50 населени места, увезува скапа струја, ама по секоја цена сака да ги жртвува и водата и струјата за профити, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во видеоизјава. „Во Пехчево на мала врата денеска се обидоа да протнат изградба на дата-центар. Под притисок на СДСМ, на советниците на СДСМ и на јавноста точката се ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше успешен старт на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го Албанецот Ариол Зенели во денешната четвртфинална борба во категоријата до 60 килограми. Рустемовски беше супериорен во рингот и обезбеди пласман во полуфиналето со технички нокаут во третата рунда. Противник на македонскиот боксер во полуфиналната борба за медал ќе биде Шпанецот Марин Ернандез. Полуфиналната борба е закажана за ...
Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и ...
Утре, среда, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата, од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. ,,СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските ...
Доналд Трамп тврди дека размислува за преименување на езерото Онтарио во „Езеро Америка“, додека трговската војна со Канада ескалира. Езерото Онтарио се наоѓа на границата меѓу двете земји, со државата Њујорк од едната страна и Торонто, главниот град на канадската покраина Онтарио, од другата страна. „Соединетите Американски Држави сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во Езеро Америка, бидејќи не очекуваме повеќе да ...
Силна бура со град предизвика хаос во делови од Шпанија. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат порои вода како се движат низ градските улици, со силни ветрови и големи парчиња мраз кои удираат сè на својот пат. Најлошо беше во градот Тарагона во источна Шпанија. Дел од покривот на трговски центар се урна за време на бурата, а снимките покажуваат и застрашувачка сцена со мртви птици на земја. Лицето кое го снимило видеото напишало ...
Авион C-17A Globemaster III TRANSPORT на американските воздухопловни сили слета утрово на московскиот аеродром „Внуково“. Авионот полета од Рига, Латвија, а американските воени и владини претставници не ја објавија причината за летот, пишува Дифенс блог. Според услугата Flightradar24, авионот со повикувачки знак REACH4555 и регистрација 07-7181 полета од Рига околу 8,50 часот по московско време. Тој слета во Русија малку по 10 часот. ...