Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изрази загриженост поради појавите на врсничко насилство во земјава, и покрај агресивните кампањи и преземените мерки од страна на институциите, посочувајќи дека МОН има изработено прирачници за училиштата, воспоставен е систем на постапување, и организирани се бројни обуки за наставниците и стручните служби, како и повеќемесечна соработка со Комората на психолози за рано препознавање на ...

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. Новиот модел носи поинаков пристап во распределбата на државната поддршка -пристап кој истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадри во области од ...

Со донација од Турција, од вечерва официјално осветлен е Камениот мост во Скопје. Вечерва, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пушти во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, ...

Граѓани вечерва се собраа во градскиот парк во Богданци во чест на 17-годишната Биљана Кириќ, која беше убиена минатиот викенд. Со запалени свеќи и транспаренти, присутните ѝ оддадоа почит и побараа навремена реакција за спречување на насилството врз жените и девојчињата. На мирниот собир, покрај жителите на Богданци, дојдоа и граѓани од Кочани и од други градови. Со пораките на транспарентите тие повикаа да се слушнат гласовите на оние ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската ...

Во текот на викендов, поради планирани системски прилагодувања поврзани со новите платни инструменти на ниво на државара, платежните услуги преку дигиталните канали ќе бидат со ограничена достапност, информираат од Стопанска банка Скопје. Денес, клиентите ќе можат да креираат налози до 14 часот. По тој термин е-банкингот нема да овозможува креирање налози за тековниот ден, ниту налози со иден датум. Ограничувањето ќе важи и во текот на ...

“Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога има и Владата и Собранието и Јавното обвинителство и судиите. Еден систем на поврзани садови. По однос на Собранието, сметам дека имаме донесено прилично добри закони, коишто ги подобруваат состојбите во правосудството. Владата исто гледам дека вложува напори на тоа поле. Но, би сакал да напоменам дека има некои актери, можеби се поединци во ...

Европската комисија констатира „добар напредок“ во дигиталната трансформација и медиумите во Северна Македонија, а во Извештајот за напредокот за 2026 година го зголемува и нивото на подготвеност на државата во оваа област. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информира дека оценката во Поглавјето 10 претставува подобрување во однос на претходните години. Како што посочува, во периодот од 2021 до 2024 година земјата ...

Љупчо Коцарев ја опишува МАНУ како институција што „тивко“ се распаѓа, а претседателството во реакцијата објавена на 6 ноември ги отфрла неговите обвинувања за незаконско работење и финансиски малверзации. Поранешниот претседател преку колумни го обвинува актуелното раководство за поткопување на самостојноста на Академијата, додека неговите колеги застануваат зад претседателот Живко Попов и најавуваат проверка од државната ревизија. Во ...

Дали Молдавија може да исчезне? Тоа се случило и претходно: во 1918 година, веднаш по одвојувањето од пропаѓањето на Руската империја, парламентот на Молдавија гласаше за приклучување кон соседна Романија. Денес земјата има за цел да се приклучи кон Европската унија до 2030 година. Но, неодамна нејзините лидери посочија дека ако ЕУ го блокира тоа, тогаш таа може да се обедини со Романија, која веќе е членка. Маја Санду, претседателката на ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска на прес-конференција изјави дека во именувањето на принудниот управник на Алта банка има конфликт на интереси. Нарадоната банка тоа го негираше. „Илија Андоновски, кој е привремен администратор на Алта банка, е човекот кој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката. Од мај 2025 ...

За фрикциите во заднината се појави уште една во врвот на финасиско-монетарната власт. Гувернерот Трајко Славески вели едно, а министерската за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска друго за влезот на Алта банка во Македонија. Славески неодамна изјави дека, иако Народната банка е независна институција, сепак разговарал и со Владата за намерата на Алта банка да ја купи Стопанска банка од Битола. Тој не кажа точно со кого во Владата. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави Записник од седницата на Владата од 23 септември 2025 година, во кој се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Филипче побара нејзина оставка, итна истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското обвинителство за проверка на текот на парите поврзани со Алта банка ...

Засега е рано да се каже дали обвинителството ќе преземе нешто во врска со Алта банка во Битола. Тоа денеска го изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески на прашањето дали обвинителството презема или ќе преземе некакви истражни дејствија во врска со случајот со Алта банка. Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе се вклучи од свој агол во расчистувањето на прашањата што се отворија и се отвораат околу Алта банка Битола, чиј ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е подобар од лани и дека во него нема ниедна оценка за назадување, а во две преговарачки поглавја е забележано зголемување на нивото на подготвеност за членство во Европската унија. На заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас, кому му се заблагодари за поддршката за државата, истакна дека Европската комисија ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Алта банка Битола може да оди во стечај, доколку за неа не се најде купувач. Според него, тоа е најлошoто сценарио, но и во таква ситуација, како што нагласи, никој од штедачите и од комитентите на битолската банка нема да биде оштетен, односно дека сите ќе ги намират своите побарувања „до цент“. Истовремено, ја обвини опозицијата дека врши „саботажа“ и го повика Јавното обвинителство да се ...

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува, информира СДСМ во соопштение . Жерновски посочи дека Мицкоски наместо да одговори на прашањата за сомнителниот капитал, за одговорноста на институциите и за улогата на власта ...

Скопје– Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис. Во фокусот на разговорите, како што е најавено, ќе бидат можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, особено во политичката, економската и развојната сфера, континуираната швајцарска поддршка во областа на ...

„Мицкоски нуди два сценарија. Првото – да се најде купувач. Второто – банката да оди во стечај. Првото сценарио: да се најде купувач. Нема купувач. Стандардно од ВМРО и Мицкоски е некој друг да им биде виновен. Но, вистината е дека никој не сака да купи криминално портфолио на банка во сопственост на човек што до вчера држеше мала менувачница во Земун. Ниту една сериозна банка не би го презела тоа. Репутацијата е руинирана, капиталот е под ...

Дијалогот што во моментот се води во врска со отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија, а македонските позиции се јасни и принципиелни – истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Ињацио ...

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските и трговските врски, поддршка за стабилноста на Западен Балкан и европската интеграција, беа темите за кои денес во Скопје разговараа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис. За Муцунски посетата има двојно значење бидејќи, покрај ...

„Тие ги имале сите податоци на маса, сите информации, и сепак го дозволиле или овозможиле влезот на „Алта банка” во македонскиот финансиски систем”, рече Фрчкоски. Воедно, тој нагласи дека доколку Мицкоски веќе го споменува членот 315 од Кривичниот законик и зборува за саботажа и загрозување на уставниот поредок, тогаш треба знае што значи тоа правно. „Кога Мицкоски зборува за „саботажа” и „загрозување на уставниот поредок” по Член 315 од КЗ ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж денес дека дијалогот со Бугарија на крајот ќе вроди со плод. Без да прецизира како се одвива тој дијалог и кој го води, тој го повтори стопати кажаниот изговор, дека поради СДСМ, ние сме можеби единствената земја што мора да исполни политички услов, покрај тие предвидени со преговорите. Иако неколку од актуелните земји кандидати исто така се соочуваат со политички условувања – Украина од Унгарија, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Амбасадорот ...

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, одржан на 5 и 6 ноември во Скопјe, завршил без резултати, објави БГНЕС. Бугарските претставници повторно не успеаја да постигнат договор со своите колеги од Северна Македонија за претставување на Охридската архиепископија во учебниците по историја, а предлогот за заедничко одбележување на ...

СДСМ известува дека новата власт во Србија побарала од врховната јавна обвинителка Загорка Доловац и од Обвинителот за организиран криминал Младен Ненадиќ да отворат постапка врз основа на објавените Sky пораки. -Бараат да се испитаат врските на Александар Вучиќ со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Sky преписките се во Министерството за внатрешни работи, добиени од Европол. Француските власти најавија дека од 1 декември ...

СДСМ свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун, реагира денес бладеечката партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, а околу прес конференциите на опозицијата за скандалот со Алта банка. -Функционери на СДС, предводени од ...

Алијансата на Албанците реагира на заканите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ќе ја напушти владината коалиција ако се прифати барањето за полагање правосуден јазик на албански јазик, покрај македонскиот. Според нив Димитриевски е „патриот на батерии“ и одамна е прочитан. -Максим Димитриевски може да ја напушти Владата, бидејќи знае дека ќе има предвремени парламентарни избори. Прашањето за правосудниот испит му е потребно за да ...

Нетипично е да има медијатор помеѓу земја членка на Европската Унија и земја кандидат за членство за договори кои не се од билатерален карактер, туку се усвоени и одобрени на европско ниво“, изјави бугарската шефица на дипломатијата Велислава Петрова-Чамова. Таа ова го кажа одговарајќи на пратеничко прашање на вчерашната седница на бугарскиот парламент, а во врска со инсистирањето на Скопје во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија за ...

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите. Како што посочуваат од претпријатието, продолжуваат и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Калај

46.54