Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, обвинува денеска опозициската СДСМ. „Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, ...
Руските сили изминатата ноќ извршија напади врз логистички центри во украинскиот главен град Киев и неговата околина, кои се користени за воени цели, соопшти Министерството за одбрана на Русија на социјалните мрежи. Министерството во Москва соопшти дека биле погодени и три трговски брода во Црното Море, во близина на украинскиот пристанишен град Одеса. Претходно, Службата за вонредни ситуации на Украина соопшти дека бројот на жртвите од ...
Трабзон – Турскиот фудбалски гигант Трабзонспор е на прагот да реализира еден од најзвучните трансфери во својата клупска историја. Раководството на клубот официјално потврди дека се започнати напредни преговори за ангажман на легендарниот египетски напаѓач, Мохамед Салах. Триесет и четиригодишниот фудбалер се наоѓа во завршни разговори за преселба во турската Суперлига како слободен агент, откако на крајот од минатата сезона се раздели со ...
Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата на Бенедиктер му се доделува како признание за исклучителниот негов ...
Виена – Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди ...
Тринаесет години откако беше пуштен во употреба и по многу проблеми со прокиснувањето, старо-новиот барокен Македонски народен тетар (МНТ) почнува со темелна санација, објави БИРН. Тендерот од над 560 илјади евра го доби фирмата „Мартин инженеринг.“ За тие пари, фирмата, во рок од три месеци, треба да ги санира двете тераси на јужната и на западната страна на објектот, да го санира ентериерот, да ги репарира столчињата и да го замени ...
Вашингтон – Јужните поморски рути низ Ормуската теснина остануваат слободни и отворени за сите комерцијални пловила што минуваат оттука, соопшти синоќа Централната команда на САД (Центком). „Во последните три месеци, американските сили помогнаа повеќе од 1.000 пловила успешно да поминат низ протокот и покрај иранската агресија, а минувањата продолжија и денеска“, се наведува во соопштението на Центком. Во одделно соопштение, Центком ...
Македонецот Ѓорѓи Христов е назначен за нов генерален директор на компанијата „Кока-Кола“ за пазарите во Грција и Кипар. На функцијата ќе го наследи Ставрос Мурелатос, кој презема поширока раководна позиција во европската организација на компанијата. Христов има речиси 20 години искуство во системот на „Кока-Кола“. Кариерата ја започнал во индустријата за премиум алкохолни пијалаци во Македонија, по што работел во маркетингот на „Пивара ...
Денеска е среда, 5 август 2026 година, 217-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минути, а ќе зајде во 19 часот и 48 минути. Денов трае 14 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде во 12 часот и 46 минути. Денеска е среда, 5 август 2026 година, 217-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена. Сонцето во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според највите од Управата за ...
Осум од најголемите нафтени компании нагрнаа профит од над 90 милијарди долари за само три месеци, бидејќи конфликтот во Иран ги зголеми цените на енергијата, а климатската криза предизвикана од емисиите предизвика смртоносни топлотни бранови. Неочекуваните профити од војната повторно ги разгореа повиците до нафтените и гасните суперсили како што се саудиската „Арамко“ и БП да платат за еколошката штета предизвикана од „заработката од ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија вечерва регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува ...
Будењето со главоболка често се поврзува со состојби како што се нарушувања на спиењето и алергии. Идентификувањето и справувањето со овие причини може да помогне во ублажување на утринските главоболки. Иако повремената утринска главоболка може да се појави од различни причини и обично не е причина за загриженост, повторувачките главоболки можат да укажуваат на одредени здравствени проблеми или навики на живот на кои им е потребно внимание. ...
Бундеслигашот Лајпциг го врати денеска во своите редови голманот на норвешката репрезентација Орјан Ниланд, потпишувајќи договор до 2028 година. Триесетипетгодишниот норвешки голман се враќа во Лајпциг, каде што настапуваше во сезоната 2022/23, без обесштетување, откако неговиот договор со Севиља истече на крајот на јуни. Ниланд стана национален херој за време на историскиот пат на Норвешка до четвртфиналето на неодамнешното Светско ...
Лондон – Иднината на принцезата Беатрис е неизвесна по тешката година за мајката на две деца, откако се откри дека нејзините родители, Ендрју Маунтбатен-Виндзор и Сара Фергусон, имале врски со осудениот педофил Џефри Епштајн. 37-годишната девојка веројатно ќе го прослави својот роденден малку поинаку оваа година, среде скандалот на нејзините родители и нејзините наводни брачни проблеми со нејзиниот сопруг со кого е во брак шест години, ...
Полските воздухопловни сили по третпат во последните неколку дена пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море – соопштија денеска полските власти, пренесе ДПА. Министерот за одбрана, Владислав Кошињак-Камиш, на платформата „Икс“ објави дека руски извидувачки авион „Ил-20“ бил забележан на околу 56 километри североисточно од градот Кошалин и бил пресретнат од два полски ловци. Според Министерството за одбрана, авионот не го нарушил ...
Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференцијата по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи. Посочи дека квалитетот на водата и понатаму варира поради што остануваат во сила претходните препораки, а водата не смее да се користи за пиење и за приготвување ...
Понудата на инвестициските фондови Apollo Global Management и Castlelake за преземање на британската нискобуџетна авиокомпанија Изиџет (easyJet) влезе во последна фаза откако компанијата го продолжи рокот за Castlelake да достави обврзувачка понуда до 7 август. Ова значи дека роковите за двајцата понудувачи се изедначени, а одлуката за евентуално преземање се очекува до крајот на оваа недела, пишува Aero.rs. Панелот за преземање на Велика ...
Руската Федерална служба за финансиски мониторинг (Rosfinmonitoring) го додаде Виктор Калинин, тинејџер од Санкт Петербург, во својот регистар на терористи и екстремисти на 30 јули, објави каналот Telegram кој ги следи ажурирањата на регистарот. Калинин наполни 14 години само три месеци претходно. Се чини дека Калинин е истиот тинејџер кој беше приведен на почетокот на јули за палење на железнички релеи. Малолетниците се најбрзорастечката ...
Египетското крило Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, тврдат повеќе турски извори. Фудбалерот на Ливерпул до неодамна ќе заработува 17 милиони евра годишно, а платата со бонуси може да оди и до 22 милиони. Салах ќе добие и 20 отсто од продажбата на дресови со неговото име. Египетското крило Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со турски Трабзонспор, тврдат повеќе турски извори. Фудбалерот на Ливерпул до ...
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Единствениот активен пожар е во Општина Ѓорче Петров, кај Стопански Двор, каде што гори сува трева и грмушки. Под контрола се пожарите во Општина Кавадарци, на потегот меѓу селата Раец, Ќесендре и Дреново, во ...
Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата се смирија откако ...
Француското Министерство за внатрешни работи изјави за „Ле Фигаро“ дека од почетокот на летото уапсило 375 лица во случаи поврзани со пожари. Меѓу уапсените имало 142 малолетници, објави весникот. Европскиот информативен систем за шумски пожари, кој користи сателитски снимки за следење на пожари во кои изгореле 30 или повеќе хектари шума, оваа недела соопшти дека 465.000 хектари се уништени во 1.433 пожари низ Европа оваа година. Според ...
Јордан свикува итен состанок на министрите за надворешни работи од арапскиот и исламскиот свет поради она што го нарекува „непосредна“ закана од израелско преземање на најважното религиозно место во Ерусалим, со потенцијал да „предизвика религиозен конфликт“. Состанокот во среда – и јорданското предупредување – следат по ескалирачкиот модел на упади поддржани од владата на еврејските религиозни екстремисти во комплексот околу џамијата Ал-Акса ...
Доналд Трамп ги критикуваше нафтените компании дека „заработуваат премногу пари“ од нарушувањето на глобалниот енергетски пазар предизвикано од неговата војна против Иран. Суровата нафта Брент се тргуваше по околу 70 долари за барел пред првите американско-израелски напади на крајот на февруари, но до крајот на април скокна до 126 долари, а сега се тргува по околу 85 долари за барел. Американскиот претседател ги нападна неочекуваните ...
Министрите за внатрешни работи на ЕУ се обидоа да стават линија под петдневните огорчени обвинувања за пристигнувањето на 72.000 мигранти во Сеута, збивајќи ги редовите зад Шпанија и обвинувајќи ги шверцерите и странските актери дека ја искористуваат кризата за да го поделат блокот. Докажувањето солидарност означи остар пресврт откако лидерите на ЕУ јавно ги обвинија миграциските политики на Мадрид за создавање криза за која предупредија ...
Делувајќи по дојава од информатор, нацистичкиот Гестапо ја заробува 15-годишната еврејска девојка Ана Франк и нејзиното семејство во затворен простор на магацин во Амстердам. Франкови се засолниле таму во 1942 година од страв од депортација во нацистички концентрационен логор. Тие живееле во малиот простор со друго еврејско семејство и еден сам Евреин, а им помагале и христијански пријатели, кои им носеле храна и залихи. Ана го поминала ...
Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...
Полицијата поднела кривична пријава за насилство против стружанецот кој ја навредувал делегацијата која за Илинден беше во Ташмаруништа, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски. -ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 2 Август, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава ...
Од приближно 300.000 руски граѓани мобилизирани во 2022 година, нешто повеќе од половина останаа на украинскиот фронт до минатата година, според Јанис Клуге, експерт во Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии, врз основа на податоци за федералниот буџет. Секое лице мобилизирано во 2022 година, прво во Русија по Големата патриотска војна, добива исплати од 158.000 рубли. Овие исплати се вршат во согласност со Уредбата на ...