Две безживотни тела се пронајдени во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно село кај Богданци. Едното тело, на 21-годишно момче од Богданци, било пронајдено покрај опожарен автомобил, додека второто било откриено во внатрешноста на изгореното возило, дознава „Скопје1“. Случајот бил пријавен вчера, 3 ноември, во 18:40 часот, кога Т.К. од Богданци ја известил полицијата дека забележал запален паркиран автомобил, во чија близина имало ...

21-годишникот чие тело беше пронајдено до запален автомобил во кој противпожарните служби по гаснењето пронашле тело на 17-годишна девојка кај Богданци бил пријавуван за загрозување на сигурноста. Пријавата, според Обвинителството е од 16 октомври, а имало и граѓанска постапка. -Има пријава за загрозување на сигурноста од 16.10 по која веднаш започна да се постапува, а во меѓувреме во граѓанска постапка на лицето му биле определени мерки за ...

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44-годишниот Р.Т – раководител на е-индекс и 44-годишната М.М.Н – советничка на студентска архива од Универзитетот ...

На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против М.Н., управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила, поради сомнение за продолжено кривично дело „Проневера во службата“ од член 354 од Кривичниот законик. Како што соопшти Финансиската полиција, пријавениот во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година, искористувајќи ги овластувањата на друштвото, ...

Голема полициска акција против организирана криминална група се спроведува утрово во Куманово, а меѓу приведените е и Драган Петровски, познат по прекарот Штука. Според информациите, Петровски е осомничен дека бил организатор на групата која подолг период дејствувала на кумановското подрачје. Во акцијата учествуваат припадници на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност. Полициското присуство е ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишиле од слобода и ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари и изнуда. За тројца од нив е доставен предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Четвртиот осомничен одреден период е надвор од државата. Според ОЈО ГОКК, групата ја формирал првоосомничен, жител на Куманово. Во периодот од ...

Од јануари до септември годинава вкупно 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани на територијата на државата, за кои се пријавени 1.388 сторители и 1.433 жртви, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од сторителите се мажи, а од жртвите жени, а во истиот период полицијата регистрирала и 191 прекршок поврзан со семејно насилство како и 3.869 поплаки за семејно насилство. Од Министерството за ...

Бизнисменот Зоран Азманов, претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“, утрово бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје. Според информациите, инцидентот се случил за време на судење, но не е јасно која била причината за нападот, ниту дали Азманов е повреден. Азманов го пријавил случајот во полиција, потврдија од Министерството за внатрешни работи. „Пријавено е дека во Основен граѓански суд ...

Мадрид – Напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигуел, почина по срцев удар претрпен вчера на средбата со Андора во 12. коло од Втората шпанска дивизија, објави прес-службата на клубот. Фудбалерот имаше 30 години. На 2 ноември, во 97. минута од натпреварот, Де Мигуел се судри со голманот на Андора, Хесус Овоно, кој истрча од својот гол и го удри напаѓачот со коленото. Голманот доби директен црвен картон. По судирот, де Мигуел ја изгуби свеста. Тој ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денес го објави списокот со повикани играчи за претстојните два натпревара со Шкотска и со Словенија во Лигата на нации Б-дивизија. Седлоски се одлучи за список од 26 фудбалери, меѓу нив напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а повратници во составот се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов. На списокот на Седлоски се наоѓаат: Голмани: Столе ...

Париз – Новак Ѓоковиќ (39) се пласираше во второто коло на Мастерсот во Париз по голема борба против Валентин Вашеро (27). Српскиот тенисер, моментално 11-ти играч во светот, го победи претставникот на Монако со 6:7, 7:5, 6:1 и со тоа успешно го започна својот настап на турнирот што го освои рекордни седум пати. Откако го загуби првиот сет, Ѓоковиќ успеа да го сврти резултатот против својот противник, кој минатата година му нанесе еден од ...

Новак Ѓоковиќ (39), еден од најдобрите тенисери на сите времиња, коментираше за политичките промени во Србија по победата на студентската листа на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври. Српскиот тенисер го изрази своето задоволство од изборниот резултат на прес-конференцијата пред неговото појавување на Мастерсот во Париз, но не сакаше да зборува за претходниот став на властите кон него. „Нема да зборувам за минатото ниту да ...

Машката македонска ракометна репрезентација утре со натпревар против Луксембург во Скопје ги почнува квалификациите за Европското првенство 2028 година. На досегашните дуели со утрешниот противник македонските ракометари имаат само победи. – Сакаме да го продолжиме континуитетот и учество на уште едно големо натпреварување. Ние растеме од првенство во првенство. Сметам дека сме позрели и сонуваме да играме на уште едно првенство. Но, ќе одиме ...

Македонската ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2028. Противник на „црвено-жолтите“ вечер е селекцијата на Луксембург. Капитенот Филип Кузмановски верува во победа, како на вечерашниот дуел , така и на гостувањето кај Грција во второто коло. – Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања, и сакаме да го продолжиме тоа. Искрено мислам дека напредуваме од првенство на ...

Лисабон – За прв пат во својата кариера, 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор, син на легендарниот португалски фудбалер, е повикан во репрезентацијата на Португалија до 17 години. Кристијано Роналдо Јуниор досега играше за селекциите до 15 и до 16 години и постигна пет гола на 13 настапи. Синот на Кристијано Роналдо е повикан во квалификациите за Европското првенство до 17 години, а Португалија е во група со Србија, Бугарија и Андора. Како ...

Терористот во Краков е 25-годишен полски државјанин, објави „Полсат њуз“. Тој при нападот носел воена униформа и нацистичка значка СС на шлемот. Според последните податоци, во нападот се убиени пет лица, а 15 се хоспитализирани. Тој користел оружје од воен тип, веројатно AR-15. Во автомобилот исто така биле пронајдени оружје, муниција и воена опрема. Во багажникот имало и воен ранец, воена опрема и бајонет.За време на бегството, ...

Истанбул – Турскиот тренер Емре Белозоглу е назначен за главен тренер на Фенербахче, објави прес-службата на клубот од Истанбул. Времетраењето на договорот на 46-годишниот тренер не е откриено. Последната позиција на Белозоглу беше во Касимпаша, која ја водеше од декември 2025 година. Претходно ги тренираше Истанбул Башакшехир, Анкарагучу и Анталијаспор. Белозоглу се пензионираше од играње во Фенербахче во 2020 година. Потоа беше спортски ...

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, Полска, во кој загинаа шест лица, а уште 12 се повредени. „Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова ...

Министерството за здравство започна активности за усогласување на законите за дроги со европското законодавство и подготовка на нова Национална стратегија за дроги, во рамките на Реформската агенда за периодот 2024–2027 година, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Формирана е работна група која ќе работи на усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со прописите на Европската Унија. Во тек е и ...

Хаас официјално потврди дека Естебан Окон (30) повеќе нема да вози за американскиот тим до крајот на сезоната во Формула 1. По контроверзниот викенд на Големата награда на Мексико, за време на кој Французинот беше ненадејно отстранет од автомобилот, тимот одлучи дека тој нема да се врати на воланот. Неговото место на претстојната Голема награда на Сао Паоло ќе го заземе 21-годишниот Бразилец Рафаел Камара, моментално водечкиот возач во ...

Прв противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Луксембург, во натпревар што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Капитенот Филип Кузмановски очекува победа на отворањето на квалификацискиот циклус, но и добар резултат на следниот натпревар, на гостувањето против Грција. „Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања и сакаме да го продолжиме ...

Рафаел Надал ќе стане нов член на одборот на Реал Мадрид во наредните недели. Кралскиот клуб ја потврди одлуката во официјално соопштение и објави дека за неа ќе се гласа на следното Генерално собрание, закажано за сабота, 21 ноември. Долгогодишен навивач и почесен член Надал отсекогаш јавно се изјаснувал како навивач на мадридскиот клуб, а моментално има статус на почесен член. Најодликуваниот шпански тенисер во историјата го извел почесниот ...

Скот Паркер е назначен за нов главен тренер на Вест Хем, објави прес-службата на англискиот клуб. Четириесет и шестгодишниот фудбалер потпиша договор од две и пол години. Паркер доаѓа на местото на Нуно Еспирито Санто, чие заминување беше објавено на 3 ноември. – Ова е многу возбудливо време за мене да ја преземам оваа позиција и да се вратам во клуб кој значи толку многу за мене и моето семејство. Имам многу убави спомени од мојот престој ...

Настапот на фудбалерот на Барселона, Родри, на претстојното дерби во Ла Лига против мадридски Атлетико е неизвесен поради повреда. Триесетгодишниот Родри се повреди на дуелот од четвртото коло од Лигата на шампиони против Астон Вила, напуштајќи го натпреварот помеѓу двете полувремиња како превентивна мерка. Според шпанските медиуми, Родри почувствувал болка во десната тетива и неговиот настап против Атлетико е неизвесен. „Ќе му бидат ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја усвои денеска жалбата на Вардар и со служен резѕлтат од 3-0 го регистрираше натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија. Одлуката значи елиминација на Тиквеш од Купот на Македонија поради неправилен настап на фудбалер на дуелот на кој кавадаречкиот прволигаш го победи Вардар со 3-1. „Комисијата за натпревари на ФФМ ја усвои жалбата на Вардар за неправилен настап на фудбалерот Окере Ебубе ...

Реал Мадрид славеше голема победа од 3:2 на гостувањето кај АЕК во Атина, во четвртото коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите. АЕК поведе во 12. минута преку Абубакари Кои́та, по асистенција на Лука Јовиќ. Реал израмни во 32. минута со спектакуларниот погодок на Џуд Белингам, кој со пета ја смести топката во мрежата по нафрлувањето на Марк Кукуреља. Домашните повторно поведоа во 75. минута со голот на Ставрос Пилос, но радоста им ...

Баерн објави продолжување на договорот со напаѓачот Хари Кејн. Договорот важи до 30 јуни 2029 година. Актуелниот договорот на 33-годишниот Кејн требаше да истече на 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2026/27, Англичанецот постигна 10 гола и имаше девет асистенции во 14 натпревари. Тој е во Баерн од август 2023 година. Со германскиот клуб, Кејн освои две титули во Бундеслигата, еден германски Суперкуп и два куп трофеја. Кејн претходно играше за ...

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, денес официјално објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера. Оваа вест доаѓа еден месец по конфликтот со селекторот Жорге Жесус, по што го напушти состанокот на репрезентацијата. Тој дебитираше за Португалија во 2003 година, а со репрезентацијата го освои Европското првенство во 2016 година и Лигата на нации во 2019 и 2025 година. Во текот на изминатите 20 ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Злато

130856.75

Кобалт

33.53