Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде ...
Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на ...
Големотот невреме во Скопје, нанело штети на коритото на реката Серава која тече низ Општина Бутел, а кое беше чистено и уредувано во март годинава. Затоа што изведбата имала гаранција од 10 години, а невремето во Скопје, успеа да го оштети по само неколку месеци, Општина Бутел ја активираше гаранцијата за санирање на штетите на коритото на реката Серава, со што започнува постапката за целосна санација на сите утврдени оштетувања, информираа ...
Во Територијалната противпожарна единица Велес денеска во 10:30часот била примена дојава за запалена куќа на ул. „Маршал Тито“ бр.5 во Градско. Екипа на ТППЕ Велес веднаш излегла на лице место со две противпожарни возила возило и четворица пожарникари. По пристигнување на лице место екипата увидела дека не горела куќата како што телефонски било пријавено кај нив, туку горел овоштарникот до куќата. Како што информираат попладнево од ТППЕ ...
Во текот на вчерашниот ден Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски даде неколку изјави на прес-конференција поврзани со изградбата на дата-центри, со кои ги навреди не само еколошките здруженија и организации ширум државата туку и интелигенцијата на целокупната македонска јавност, реагира зелен Хуман Град со соопштение. – Андоновски не само што изјави дека „се консултирал со многу експерти и СИТЕ ДО ЕДЕН му препорачале да ...
Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти Град Скопје. остот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје. Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт. ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди на опасноста Македонија да не се најде во наредниот седумгодишен буџет на Европската унија и со тоа да си ја запечати шансата за евроинтеграција, бидејќи без обезбедени пари нема ни прием во Унијата – лекција што ја научивме од Агендата 2000. Тој расправата за блокираната евроинтеграција практично ја сврте наопаку, прашувајќи – а, што ќе правиме ако не се обезбедат саканите гаранции за Македонија ...
Цирих – Карлос Кордеиро, главен советник на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка од својата позиција поради планот за продажба на акции на Светското првенство. Тој верува дека таков потег би бил штетен за фудбалот, пишува Скај њуз. Оставката на Карлос Кордеиро сериозно ја ослабува позицијата на Инфантино, особено откако вчера беше објавено дека претседателот на ФИФА губи сè поголема поддршка во рамките на фудбалската ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од страна на Владата немало најави дека ќе се укине Вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине Вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема“, изјави Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите при неговата посета на Клиничката болница во Битола. Дебатите за Вториот пезиски столб се отворија кон крајот на јуни годинава, по ...
Пекинг – Шарлиз Терон ја продолжува својата глобална прес-турнеја со незапирлив стил. Присуствувајќи на специјалната фото-сесија за „Одисеја“ на Нолан во Кина, актерката добитничка на Оскар се претстави со неверојатен изглед во ултра-шик ансамбл од Ланвин. Стилизирана од нејзината долгогодишна стилистка Лесли Фремар, Терон докажа дека кроените кратки панталони можат да изгледаат сосема модно, лесно и софистицирано. Следствено, нејзиниот ...
Група пратеници од „Европскиот фронт“ поднесoa до Собранието предлог-одлука за формирање на анкетна комисија со цел утврдување на сите факти и околности поврзани со сериозниот инцидент што се случи во просториите на Собранието, при кој член на владата употребил навредлив и понижувачки говор кон пратениците. Секое однесување што го нарушува достоинството на пратениците и авторитетот на Собранието претставува директен удар врз демократските ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да оди на класичен годишен одмор, туку на еден вид екскурзија во Белгија. Одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Битола, тој рече дека ќе биде заедно со семејството. „Во суштина нема да имам класичен одмор, ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам една недела во Белгија. Четири дена во Бриж, четири дена во Брисел“, кусо одговори Мицкоски. Премиерот ...
Јавноста се дезинформира. Вака премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата и на невладиниот сектор во врска со реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“. Тој денеска изјави дека проектот започнал пред десет години, но не бил реализиран. Скопје беше избран за престолнина на европската култура за 2028 во 2023 година за време на претходната влада и претходниот градоначалник. Мицкоски уште и ...
Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,17%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,03 п.п. – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во јуни, изнесува 4,38% и бележи ...
Во лавината што се случи на еден од највисоките врвови во светот, Брод Пик на Каракорам, на границата меѓу Пакистан и Кина, загинаа четворица алпинисти, додека по шестмина сè уште се трага, објави денес Алпинистичкиот клуб на Пакистан. Во соопштението се наведува дека досега се пронајдени четири тела на загинати планинари, од кои двајца се идентификувани како Надира ал Харти од Оман и Пур Бахадур Гурунг „Џукта“ од Непал, пренесува Скај њуз. ...
Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, „Европска куќа“ и Алпинистички клуб – Скопје успешно ја реализираа креативната „upcycling работилница“ на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето, соопштија попладнево од јавното претпријатие. – На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека премиерот Hристијан Мицкоски вчера избегал од можноста да му се постават пратенички прашања и дека циркусот што се одвиваше во Собранието бил оркестриран од потпретседателката Весна Бендевска. Тој нагласи дека е единствениот од опозицијата што успеал вчера да постави прашање, иако имало цела листа на пријавени, окарактеризирајќи ги случувањата како „дел од системот на целосно непочитување на ...
Еве го повторно. Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголемува и намалува тарифите без размислување, кршејќи ги меѓународните договори што самиот ги потпиша и речиси сигурно ги крши федералните закони. Единствената разлика овој пат е што тој има нов изговор за злоупотреба на тарифите: запирање на принудната работа. Секако, администрацијата е во право дека се прави премалку во врска со принудната работа. Но, нејзината искажана ...
Анапа – Децата се капат во топлото Црно Море, а плажите на Анапа се полни со капачи, но ова не е вообичаена туристичка сезона во Русија. Во петтото лето од војната во Украина, Русите мора да сметаат на недостигот од гориво и опасноста од напади со дронови кога ги планираат своите одмори. Неизвесноста силно го погоди туризмот и угостителството, со еден милион откажани резервации само во анектираниот Крим до крајот на јуни, објавува Ројтерс. ...
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа 36. седница, на која беше усвоен полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година – соопштија денеска од Фондот. Директорот на Фондот, Никола Мемов, ги известил членовите на одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информирал дека во пензионерскиот дом во Аеродром е оштетен покривот од невремето што го зафати Скопје. Тој додал дека се ...
Инфлацијата во еврозоната во јули, поттикната од повисоките трошоци за енергија и услуги, се зголеми за 0,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци од Евростат. Годишната инфлација, која во јуни изнесуваше 2,8 проценти, овој месец се искачи на 2,9. Основната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 2,5 проценти од 2,4 отсто претходниот месец. На месечна основа, хармонизираниот ...
Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица – соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието. Како што информираат од ЈП ПОЦ Центар, во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови ...
Њу Џерси – Шон Диди Комбс ќе биде ослободен од затвор порано од првично планираното, и покрај неговата неодамнешна вмешаност во тепачка што го одведе во самица. Комбс, 56, кој беше ослободен од најсериозните обвиненија за трговија со луѓе и рекетирање минатиот јули, но беше осуден за организирање проституција, сега треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година, според новите бројки. Хронологија на промените на датумот на ослободување ...
Њујорк – Првото неформално гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации, вчера, ја посочува поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспен, како ран фаворит за нов генерален секретар на ОН, по што следеше поранешната шефица на гвајанската дипломатија, Керолин Родригез-Биркет. Во необврзувачкото неформално гласање (straw poll), во кое учествуваа сите 15 членки на Советот за безбедност, Гринспен доби 10 гласови за ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на брифинг со новинарите го опиша како „чиста импровизација и задоцнета реакција“ начинот на кој Владата се справува со загадувањето на водата во Гостивар отворајќи и дополнително прашање: Ги проверува ли некој воопшто бунарите кај Вардар и Лепенец, чија вода се влева во Рашче? Практично на долгата листа на градови и села со компромитирана вода за пиење тој го додаде и Скопје, поради одбивањето од власта да ...
Загреб – Северина денес објави нова песна, „Nisam kriva ja“, која има и поднаслов „Bezosjećajna“. Песната е првиот дел од најавената музичка трилогија во која пејачката истражува три различни емоционални состојби. „Nisam kriva ja“ е опишана како една од најинтимните песни на Северина во последните години. Текстовите зборуваат за емоционални лузни и неможноста да се откаже од љубовта. Приказна за жена која ја изгубила способноста да сака, не ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните за максимална претпазливост поради исклучително високиот ризик од пожари што го носи најавениот топлотен бран. Тој посочи дека во јули во просек биле регистрирани околу 15 пожари дневно, но сите биле успешно локализирани и изгаснати благодарение на брзата реакција на пожарникарите и поддршката од ер тракторите. „Доволна е само една искра за да настане ...
Северноафриканскиот медитерански брег, во мароканскиот дел, е прошаран со шпански територии. Најважни се оние што се совпаѓаат со периметарот на Сеута и Мелиља, два автономни градови со приближно исто население (околу 85.000) и оддалечени приближно 400 километри. Покрај тоа, на Мадрид му припаѓаат и други ненаселени парчиња земја: мала крајбрежна област, дом само на воен гарнизон, и неколку мали острови покрај брегот. Тие се поранешни ...