Словенечко-германскиот квартет саксофони „Сигнум“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. „Сигнум“ е се освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар – тенор саксофон и Едоардо Зоти ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа. Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. – Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со Мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ, објави Трамп на сопствената социјална ...

Во експлозија во рудник за јаглен во јужен Пакистан загинаа најмалку 34 работници, соопшти Пакистанската служба за справување со вонредни ситуации. Експлозијата, предизвикана од метански гас, се случила синоќа и го урнала рудникот што се наоѓа во близина на Белуџистан, провинција богата со минерални ресурси. Веднаш била покрената спасувачка операција. „Според информациите добиени од екипите на терен, пронајдени се телата на 34 лица“, ...

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. „Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“. Мигранти вчера ја преплавија ...

Ширум САД се регистрираат нови случаи на заболување со паразитот „циклоспора кајетаненсис“ (Cyclospora cayetanensis), иако американскиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, пред десетина дена изјави дека паразитската епидемија во земјата е ставена под контрола. Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), само во периодот од 21 до 28 јули биле евидентирани околу 2.500 нови случаи. Од 1 ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, ...

Саудиска Арабија вчера соопшти дека формирала воен сојуз од 14 држави за заштита на поморскиот сообраќај во Црвено Море и теснината Баб ал-Мандаб. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека претставници од 43 земји и од ЕУ присуствувале на меѓународен состанок за формирање коалиција, со Саудиска Арабија како основачка и водечка земја. Кралството, исто така, сака седиштето на коалицијата да биде во Ријад. Декларацијата ја поддржаа 14 ...

„Епл“ ги надмина очекувањата на пазарот во своите најнови резултати во четвртокот, одбележувајќи го конечниот извештај за заработката на Тим Кук како извршен директор со силен резултат, иако изгледите за тековниот квартал ги разочараа инвеститорите. Резултатите на технолошкиот гигант од Купертино беа поттикнати од големата побарувачка за ајфон, остриот пораст во Кина и двоцифрениот раст во секој регион каде што работи. Продажбата се зголеми ...

Без струја во текот на денов ќе бидат делови од општините Карпош и Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од „ЕВН Македонија“. Без електрична енергија во општина Центар предвидено е да останат улица „Железничка“ број 20, 22, 22-а, 26 и 30 и улица „Герман“ број 26 и 30 од девет до 15 часот. Во општина Карпош пак, според најавата, без струја ќе биде улицата 1687 – Бардовци од 8:40 до ...

Без вода во текот на денов ќе биде дел од општина Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот за корисниците на делови од улиците „Бел Камен“, „Водњанска“ и „Шарски Одред“. Без вода во текот на денов ќе биде дел од општина Центар, информираа од Регионалниот центар за ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ. Светското првенство не смее да се третира ...

Екипата на Шкендија ќе играат во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада екипата на Браво со 3:1. До потребната победа со два голови разлика тетовци дојдоа со пресврт. Словенечкио тим прв дојде во водство преку Станковиќ во 17. минута. Во 36. минута Браво си постигна автогол, преку Јован и со 1:1 се отиде на полувреме. Во 50. минута Криезиу донесе водство за ...

Откако сите европски фудбалски асоцијации го отфрлија предлогот на ФИФА за продажба на дел од сопственичките права на Светското првенство во заедничка изјава претходно во четвртокот, предлогот на ФИФА беше отфрлен и од сите 41 конфедерација кои се членки на Конфедерацијата на фудбалот на Северна, Централна Америка и Карибите (Конкакаф). Во заедничката изјава, членовите на Конкакаф изразија „длабока загриженост“ поради недостигот на правилен ...

Европските земји се согласија да ги бојкотираат сите натпреварувања на ФИФА доколку Џани Инфантино продолжи со своите предлози за продажба на делови од Светското првенство на приватни инвестиции со седиште во САД. Во еден извонреден развој на настаните, сите 55 членки на УЕФА решија да не учествуваат на идните светски првенства или други настани организирани од ФИФА, наведувајќи во соопштение дека „едногласно и недвосмислено ги отфрлаат“ ...

Роверот Curiosity на НАСА на Марс откри невидена површина покриена со полигонални обрасци. Станува збор за структури слични на саќе, а научниците се изненадени од нивната распространетост. Дијаметарот на поединечните полигони е помеѓу пет и десет сантиметри, пишува Futurism. Таканаречените „полигонални пукнатини“ се забележани на Марс и претходно, но никогаш не го покриле пејзажот во таква мера. Роверот наиде на нив додека се искачуваше на ...

Во функција се камерите на „Безбеден град“ во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението се појаснува дека по извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. – Наскоро камерите на „Безбеден град“ ќе бидат ...

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. Во ...

Деветнаесетгодишниот Норвежанец Јоханес Конгснес Натланд е прогласен за виновен за патување во Велика Британија со цел да изврши убиство по договор. Тој бил ангажиран од шведската криминална мрежа Фокстрот, а му биле ветени 25.000 евра за ликвидација на непознато лице. По судењето и размислувањата што траеле нешто повеќе од 17 часа, поротата во лондонскиот Олд Бејли го прогласи Натланд за виновен за заговор за убиство. Тинејџерот од ...

Рекордно ниските нивоа на водата во Дунав предизвикуваат проблеми за производството на електрична енергија во Австрија, Унгарија и Романија, каде што хидроелектраните и нуклеарните централи беа принудени да го намалат производството или привремено да ги прекинат работите поради недостиг на вода денес. Според Унгарскиот орган за управување со води, нивото на водата во Дунав во близина на унгарскиот град Пакш е за 121 сантиметар пониско од ...

Њукасл се распаѓа пред почетокот на сезоната, а најновиот удар за „сврчките“ е заминувањето на тренерот Еди Хау. Хау беше под притисок минатата сезона бидејќи Њукасл заврши на 12-то место во Премиер лигата откако загуби 17 од 38 натпревари, но тој одлучи да остане на клупата бидејќи имаше поддршка од раководството на клубот, но работите значително се променија во летото. Добро информирани извори укажуваат дека Хау поднесе оставка затоа што ...

Според податоците од Институтот „Роберт Кох“, оваа година во Германија се регистрирани речиси 10.000 смртни случаи поврзани со топлина. Во Обединетото Кралство објавија дека 3.000 луѓе веќе починале. Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) објави во својот неделен извештај дека 9.800 луѓе веќе починале во Германија оваа година поради високите температури од 19 јули, а овој број е поголем од податоците за истиот период во која било година од 2016. ...

Во текот на следните шест месеци, четири хороскопски знаци ќе доживеат промени што засекогаш ќе ги обликуваат нивните животи. Настаните што следат се судбоносни и неповратни. Неодамнешната транзиција на Месечевите јазли во нови знаци, каде што ќе останат до март 2028 година, предизвика голема трансформација во сите области од животот, од кариера до меѓучовечки односи. Астрологот Елеонор вели дека нема причина за паника. „Не грижете се ако ...

Наместо сезонска работа, таа завршила на фарма каде што работела без плата, живеела во нехумани услови и претрпела злоупотреба. Вака изгледал нејзиниот живот на фарма за овци во Шпанија речиси две години, тврди 50-годишната Мароканка Фатима, што сега довело до апсење на тројца мажи осомничени за трговија со луѓе. Фатима го напуштила Мароко за Шпанија пред шест години како сезонски работник за да бере јагоди. Коронавирусот ги нарушил тие ...

Мадрид – Бугарскиот оринц Мирко од Панаѓуриште ја објави својата свршувачка со докторката Марта Ембид. Двојката се запознала во Мадрид, каде што двајцата биле медицински специјализанти. Планираат да се венчаат следното лето во шпанската престолнина, објавува „Хелоу!“. Принцот Мирко е најстариот син на бугарскиот принц Кубрат и внук на Симеон II, последниот бугарски цар. Роден е во Мадрид и, за разлика од многу млади европски благородници, ...

Сите 55 земји членки на УЕФА ќе го бојкотираат Светското првенство во знак на протест против предложениот договор на ФИФА за продажба на удели на приватни инвеститори, објавија агенциите. Се дознава дека европската група гласала во поддршка на бојкотот сè додека предлозите за создавање компанија за водење на Светското првенство остануваат активни. Плановите за продажба на удели во приватна компанија која би ги надгледувала сите комерцијални ...

Рекордно ниските нивоа на водата во Дунав предизвикуваат проблеми за производството на електрична енергија во Австрија, Унгарија и Романија, каде што хидроелектраните и нуклеарните централи беа принудени да го намалат производството или привремено да ги прекинат работите поради недостиг на вода. Според Унгарскиот орган за управување со води, нивото на водата во Дунав во близина на унгарскиот град Пакш е за 121 сантиметар пониско од ...

Мигрантите ја преплавија границата на шпанската северноафриканска енклава Сеута, потиснувајќи ја полицијата откако допливаа од мароканската страна, соопшти шпанската Цивилна гарда. Портпаролот на Цивилната гарда рече дека мигрантите „масовно влегуваат од морето“ преку оградата и граничниот премин Тарахал, но не можеше да даде никакви проценки. Државниот радиодифузер TVE објави дека помеѓу 2.000 и 3.000 млади луѓе ја преминале, додека ...

Од 2020 година, кога глобалните индустриски синџири на снабдување беа нарушени од пандемијата COVID-19 и недостигот на полупроводници, многу Европејци станаа свесни за името од четири букви – холандската компанија ASML. Да фрлиме брз поглед на индустријата за микрочипови за да разбереме зошто е толку важна. Во оваа област, многу компании се занимаваат со концептуализација и дизајн. Само неколку од нив се Nvidia, AMD, Qualcomm, Apple и ...

По заедничките воени напади на САД и Саудиска Арабија против проиранските милиции во Ирак, саудискиот министер за одбрана, принцот Халид бин Салман, одржа итен состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Како што пишува американскиот „Аксиос“, повикувајќи се на добро информирани извори, состанокот со Трамп последователно беше додаден во распоредот на саудискиот министер. На ова му претходеше разговор со американскиот ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
22%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
6.82
55%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
22%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
28%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.95
32%
1011
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
35%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.71
35%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.02
30%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.11
32%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1011
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 37ᴼ
1.79
23%
1012
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Цинк

0.00

Калај

56.46

Паладиум

43499.96