Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Брисел – Проширувањето на ЕУ брзо се забрзува, но надлежниот оддел на Европската комисија нема капацитет паралелно да ги води преговорите со повеќе земји-кандидатки. Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) се соочува со растечки оперативни проблеми, потврдија три независни извори, објави Euronews. Притисокот врз администрацијата во Брисел е резултат на силниот моментум на процесот на проширување. Во последните ...
Опозициската ДУИ прашува кој ќе понесе одговорност за губењето на 60,77 милиони евра грант на Европската унија за изградбата на пругата кон Бугарија. Зошто не беа исполнети роковите за реализација на проектот? И дали сега граѓаните ќе треба од државниот буџет да го покриваат она што Европската унија беше подготвена да го финансира како грант? Според ДУИ, губењето на 60,77 милиони евра грант од Европската унија, наменети за изградба на ...
Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра, соопшти Министерството за финансии. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири ...
Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје да ...
Пред многубројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа аудиовизуелно предавање „Историја на македонската рок музика“ на Тошо Филиповски. Вечерта посветена на рок-музиката и рок-културата предизвика голем интерес кај публиката, која, покрај предавањето, имаше можност да ја разгледа и поставената изложба. На настанот присуствуваа високи претставници на дипломатскиот кор, локалните и државните институции, почитувани гости и многубројна ...
Само пред една недела, Јесика Росвал, централно-десничарска европска комесарка, наслика идилична слика за Шенген зоната, фалејќи ги „беспрекорните патувања“ овозможени од „децениите европска соработка“. Таа фантазија за Брисел сега е разбиена. Италијанската влада на Џорџа Мелони се закани дека ќе ја суспендира Шенген соработката со Шпанија, искористувајќи ја миграциската криза на Мадрид во енклавата Сеута за да го нападне Педро Санчез. ...
Европските колонизатори ја преименуваа земјата во Науру затоа што им беше тешко да го изговорат нејзиното оригинално име, Наоеро Тихоокеанската островска држава Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име, во потег за кој властите велат дека има за цел зајакнување на националниот идентитет и зачувување на културното наследство. Парламентот на Науру усвои уставен амандман во мај за ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека е започна целосна реконструкција на сите детски и спортски игралишта на територијата на општината. Според него, ќе бидат санирани сите оштетени и неупотребливи делови, со цел игралиштата повторно да бидат безбедни и функционални за најмладите и за сите рекреативци. „Детските и спортските игралишта се наша заедничка грижа и мораме да ги чуваме. Тоа се места каде што растат ...
Мнозинството од населението планира да каже „да“ на референдумот за преговорите за пристапување на Исланд во Европската uнија. Ова е откриено во резултатите од новата анкета на весникот ДВ, која беше спроведена помеѓу 22 и 29 јули. Гледајќи само кај оние кои заземаат став, 53 проценти планираат да кажат „да“, а 47 проценти планираат да кажат „не“. Резултатот е речиси ист како и во претходната анкета на ДВ објавена на 13 јуни. Референдумот ...
По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. Сончаницата, пак, се појавува ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани ...
Загреб – Од 1 јули 2026 година, Марио Ковач е новиот директор на „Кроација рекордс“, најголемата во регионот и најстарата издавачка куќа во Хрватска. Тој доаѓа на оваа позиција по повеќе од две децении кариера во музичката индустрија, во текот на кои работел во дискографија, телевизија, музичка продукција, маркетинг и организација на музички настани. Образование и професионален пат Ковач дипломирал на гимназијата „В.“ во Загреб, а во 2002 ...
По поразот во финалето на Светското фудбалско првенство, што во Аргентина поттикна уверувања дека земјата станала мета на бран омраза, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи потпиша итен декрет со кој им се дава на властите овластување да забранат или протераат странски државјани кои поттикнуваат дискриминација или насилство врз Аргентинците поради нивната националност. Уредбата е одговор на неколкунеделните критики од познати личности, ...
Општина Гази Баба продолжува со инвестиции во предучилишното образование преку изградба на четири нови детски градинки, со цел да се обезбедат повеќе места за згрижување на децата и да се намали недостигот од капацитети. Првиот човек на општината Бобан Стефковски информираше дека изградбата на градинката во Трубарево е целосно завршена и веќе згрижува 60 деца. Во Инџиково, пак, градежните работи се во завршна фаза, а новата градинка со ...
Париз – Париз доби уште едно место каде што високата мода, современиот дизајн и омиленото хоби на Французите – кафето, се совршено споени. Имено, француската луксузна куќа „Сен Лорен“ (Saint Laurent) отвори кафуле во рамките на својата позната концептуална бутик-галерија „Рив Дроат“ (Rive Droite), сместена во срцето на француската престолнина. Новото Кафе „Сен Лорен“ брзо ја освои елитата и се претвори во собиралиште за тамошните модели, ...
„Одисеја“ на Кристофер Нолан продолжува да доминира на глобалните бокс-офиси, достигнувајќи уште еден значаен успех помалку од две недели по премиерата во киносалите. Историскиот еп сега го надмина „Ѓаволот носи Прада 2“ во светската заработка, што го прави еден од филмовите со најголема заработка во 2026 година. „Одисеја“ станува четвртиот најголем филм во 2026 година „Одисеја“ на Кристофер Нолан се искачи на четвртото место меѓу филмовите ...
Амазон вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција, наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет, јавува ДПА. Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичари ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на 220 милијарди долари од претходните ...
По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. Сончаницата, пак, се појавува ...
Руски балистички проектил на 24 јули погодил фабрика за производство на дронови во Киев, која е во сопственост на американската компанија „Терминал Аутономи“ (Terminal Autonomy), регистрирана во американската сојузна држава Делавер, објави британскиот весник „Гардијан“. Според медиумот, ова би можел да биде првиот случај од почетокот на војната Русија директно да нападне објект што е во сопственост на американска компанија. Компанијата ...
Марјан Здравковски, геоинформатичар во ИГЕА и магистер по технички науки од областа на геодезијата, во рамки на курсот „Python for AI“ креира детална аналитичка мрежа која го визуализира нивото на ризик од пожари на целата територија на државата за месеците јули, август и септември 2026. Неговиот професионален интерес е насочен кон изучување на современите технологии, како што се вештачката интелигенција и машинското учење, и нивната примена ...
Културната титула треба да носи достоинство, отвореност и европска мерка, додека пак некултурната намера почнува кога зад неа се бара простор за трошење 21 милион евра без целосна јавна контрола. Обидот во Собранието „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ да се турка низ „посебен модел“ е удар врз самата смисла на проектот. Тоа што треба да биде европска приказна за културата, градот и уметниците, власта го претвора во ...
Со долги и стоечки овации беа испратени синоќа членовите на францускиот квартет „Хермес“ од фестивалот „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје. Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена ...
Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, во рамки на официјалната програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во магичниот амбиент на „Св. Софија“, под отворено небо и во светлината на илјадници свеќи, публиката ќе има можност да доживее уникатен „кендлајт“ ...
Во ноќта на 31 јули, украинските беспилотни летала започнаа масовен напад врз регионот Волгоград, според регионалниот гувернер Андреј Бочаров. „Како резултат на нападите со беспилотни летала, пожари беа откриени преку ноќ во индустриски објект во секторот за гориво и енергија на југот на Волгоград, како и во магацини во округот Џержински“, истакна гувернерот. Дополнително, оштетена е станбена зграда во Волгоград и приватна куќа во округот ...
СДСМ преку соопштение обвини дека институциите сè уште не утврдиле одговорност за загадувањето на водите, иако, како што велат од партијата, последиците ги чувствуваат граѓаните во повеќе делови од земјата. Од партијата посочуваат дека, според неофицијални информации, во реките Лепенец и Вардар завршила хемикалија што се користи при производство на детергенти, додека, како што наведуваат, од Државниот инспекторат за животна средина сè уште ...
Купувањето бензински автомобил е сè уште најисплатливата опција за возачите што не возат голем број километри годишно. Како по правило, ваквите модели имаат најниски почетни цени и поповолни трошоци за одржување, а благодарение на благите хибридни системи, нивната потрошувачка денес е значително помала отколку пред неколку години. Italian Motor1 објави листа на бензински автомобили со најниска реална потрошувачка на гориво во првата половина ...
Со нова платформа за економско зајакнување на жените, Diamond Mall годинава го одбележува својот трет роденден, продолжувајќи ја традицијата роденденската прослава да биде повод за иницијативи што создаваат трајна вредност за заедницата. Во рамки на платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“ ќе се реализира првата програма за едукација и менторство, наменета пред сè за жени од ранливите категории, со цел да им ...
Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд – информираат од Царинската управа. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, ...
Хамас потврди дека е постигнат договор за втората фаза од примирјето со Израел, за разоружување на движењето и на другите милитантни групи во Појасот Газа. Членот на преговарачкиот тим на Хамас, Гази Хамад изјави дека се направени „отстапки за доброто на нашиот народ во Појасот Газа, за да го спасиме од смрт и раселување“. Тој додаде дека разоружувањето на Хамас е поврзано со повлекувањето на израелските сили од Појасот Газа. – Нема да ...