Суд во Москва денеска соопшти дека издал налог за апсење на ќерката на убиениот руски опозиционер Борис Немцов, која не живее во Русија, поради улогата што ја има во „непожелна организација“. Жана Немцова, која ја напушти Русија во 2015 година по убиството на нејзиниот татко, е коосновачка на Фондацијата за слобода „Борис Немцов“, чие седиште е во Германија. Москва во 2024 година ја прогласи Фондацијата за „непожелна организација“ и ги ...

Акциите на „Мајкрософт“ го забележаа најголемиот еднодневен раст од 2008 година, откако деловните резултати на компанијата и силната експанзија на облачниот сегмент ги надминаа очекувањата на инвеститорите. Пазарната вредност на американскиот технолошки гигант се зголеми за дури 483 милијарди долари за само еден ден, што претставува еден од најголемите дневни скокови во историјата на берзата. Акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за 17 проценти ...

Два дена откако очекувано го преживеа гласањето за недоверба во српското собрание, српскиот премиер Ѓуро Мацут без најава допатува во Охрид на разговори со македонскио колега Хрисијан Мицкоски. За оваа средба немаше најава и за неа информираше Мицкоски на својот Фејсбук профил. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските ...

Џани Инфантино го доживеа својот Икаров момент. Планот на претседателот на ФИФА за продажба на удели во Светското првенство беше откриен пред само неколку дена, но веќе се чини дека е трајно оштетен. УЕФА, управното тело за европски фудбал, се закани со бојкот на натпреварувањата на ФИФА од страна на нејзините земји-членки, освен ако шемата не биде трајно напуштена. КОНКАКАФ, панданот на УЕФА во Северна и Централна Америка и Карибите, исто ...

Граѓаните би требало да размислат за неговите препораки, а самиот тој нема да ги следи. На 4 мај годинава, откако стана јасно дека поради новите правила за влез во шенгенскиот простор ќе може да има долги чекања на границите, премиерот Христијан Мицкоски ги повика македонските граѓани да летуваат во нашата земја, на планините и езерата, да ги избегнат проблемите. А сега вели дека тој самиот ќе оди во Белгија, на „екскурзија“. „Јас не би ...

Машката македонска репрезентација до 20 години ќе има силна конкуренција во Зонските квалификации за Европското првенство 2027, кои следниот месец (25 – 29 август) ќе се играат во Софија, Бугарија. По одлуката на Европската конфедерација (ЦЕВ) Русија и Белорусија да се натпреваруваат во рамките од БВА Балканските шампионати (кои истовремено се и Зонски квалификации) нашите надежи како противници ќе ги имаат и селекциите на Србија, Турција и ...

Европската унија објави тендер за изградба на седум мегафабрики за вештачка интелигенција, во вкупна вредност од 30 милијарди евра, со цел забрзување на развојот на европските модели за вештачка интелигенција и намалување на технолошкиот јаз со САД и Кина. 18 земји-членки, вклучувајќи ја и Хрватска, аплицираа за домаќинство и кофинансирање на седум мегафабрики за вештачка интелигенција во вредност од 30 милијарди евра, но Европската комисија ...

Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ...

Во Европа, највисоката температура денес е измерена во Адијаман и Батман во Турција, 43 степени, по што следуваат Урфа со 42,7 степени, Анталија со 42,3 степени, објави Огимет, веб-страница која собира метеоролошки податоци од целиот свет. Топло е и во Шпанија и Јордан, а на десеттото место е Мостар во Босна и Херцеговина со 41,6 степени. Најстудено во Европа денес е во Норвешка, -0,6 степени, и во Исланд -0,2 степени, а најмногу дожд наврна ...

Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори. – Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека ветер го проширил пожарот на околната ниска ...

Светската фудбалска федерација ФИФА до 14. август треба да донесе одлука за можно проширување на Светското првенство од 48 на 64 репрезентации. Според Скај спортс, ФИФА започнала консултации за новиот формат на натпреварување и планира зголемениот број репрезентации да биде веќе од СП 2030 година. Оваа идеја е поддржана од КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка) која смета дека треба повеќе натпревари да се одиграат во земјите од Јужна ...

Европската комисија објави дека размислува за свикување итен состанок поради затворањето на унгарската нуклеарна централа Пакш, бидејќи унгарскиот премиер предупреди дека земјата се соочува со енергетска криза. Централата, која обезбедува речиси половина од потребите за електрична енергија на Унгарија, престана да работи поради рекордно ниските нивоа на вода во Дунав, кој се користи за ладење на реакторите. Ова е прв пат во 42 години постоење ...

Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно ...

Полските воени воздухопловни сили повторно пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море, соопшти денеска владата во Варшава, објавувајќи дополнителни детали за падот на руска ракета на полска територија ден претходно. Два полски борбени авиони Ф-16 беа кренати како одговор на рускиот извидувачки авион Ил-20 кој беше забележан на 40 километри северно од крајбрежното одморалиште Колобжег, напиша полскиот министер за одбрана Владислав ...

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во шпанската енклава Сеута, соопшти министерството. Иако Италија и Шпанија немаат заедничка копнена граница, двете земји се членки на Шенген зоната, која вообичаено овозможува слободно патување меѓу нив без гранични ...

Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34, Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 – покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што информира УХМР, попладнево ќе се ...

Цените на нафтата се искачија над 90 долари на меѓународните пазари, бидејќи трговците се фокусираа на континуираниот слаб сообраќај на бродови низ Ормускиот теснец по новиот бран непријателства меѓу САД и Иран. Барел во Лондон се тргуваше попладне за 90,16 долари, што е за 1,13 долари повеќе од вчерашното затворање. Во САД беше за 1,75 долари повеќе, на 85,34 долари. Пазарите внимателно го следат превозот низ Ормускиот теснец и сообраќајот ...

Британскиот премиер Енди Бернам изјави во петокот дека Џани Инфантино треба да се повлече од функцијата претседател на ФИФА поради неговите планови за продажба на удел во Светското првенство. Бернам стана првиот лидер на голема нација што побара Инфантино да се повлече по многу критичкиот прием на обидот на шефот на ФИФА да создаде комерцијален ентитет и да продаде удел на надворешни инвеститори. Бернам, целоживотен навивач на Евертон, им ...

Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ може да престане со производство на електрична енергија во период од неколку недели поради ниското ниво на реката Дунав, која обезбедува вода за ладење на постројките – изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар. На брифинг во рафинеријата на енергетската компанија МОЛ во Сазхаломбата, во близина на Будимпешта, Маѓар изјави дека нивото на Дунав се очекува дополнително да опадне, што може да ја загрози ...

Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април – јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...

Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека се верува дека околу 37.000 мигранти се вратиле од Сеута во Мароко денес, како дел од шпанските напори за пресврт на миграциските текови преку границата од синоќа. Доколку се потврди, тоа би било речиси половина од сите за кои се верува дека ја преминале границата, со оглед на тоа што најновите проценки од локалните власти ја ставаат бројката на околу 60.000 луѓе. Шпанските медиуми ...

Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани ...

Русија примила поморска пратка од приближно 30.000 тони бензин АИ-92 увезен од Мароко, изјавија за Ројтерс два индустриски извори. Според нив, танкер со панамско знаме го натоварил горивото во мароканското пристаниште Тангер кон средината на јули и моментално го истоварува во арктичкото пристаниште Мурманск. „Лукоил“ бил снабдувач на гориво, изјавиле изворите за Ројтерс. Мароканскиот бензин веројатно веќе е пуштен во продажба на Берзата за ...

Без стратегија, основна опрема за работа и речиси никаква кохезија меѓу вработените, функционирало Министерството за односи меѓу заедниците, осд неговото формирање до денес. Новиот министер Агон Ферати, планира да изгради доверба кон ова министерство, а тоа да почне да работи во насока на подобрување на меѓуетничките односи и односите меѓу различните заедници, од ниво на обрзование, преку фудбалски натпревари, до политички говори. Ферати вели ...

Главниот државен ревизор Максим Ацевски информира дека неговата службена електронска адреса [email protected] била цел на безбедносен инцидент, при што од неа биле испратени неовластени пораки. Во известувањето Ацевски ги повикува сите приматели да ги игнорираат и избришат пораките во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други доверливи информации. „Доколку сте кликнале на линк или сте внеле податоци, ве молам веднаш ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска обвини дека станува збор за „груба манипулација“ од еден јавен обвинител во Битола за враќањето на пасошот за обвинетиот бизнисмен Борче Марковски. И најави дека ќе има истрага за него, но не кажа од кого. „Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го поздрави договорот за етапно разоружување во Појасот Газа, што го објави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека сега е од клучно значење да се постигне реален напредок и палестинската вооружена група Хамас навистина да го предаде своето оружје. „Германија е подготвена да му помогне на населението во Газа со хуманитарна помош и мерки за брза обнова. Затоа, без ...

Компанијата ОКТА ги објави финансиски резултати за вториот квартал и првата половина од 2026 година, кои покажуваат силни перформанси поддржани од зголемена комерцијална активност и подобрувања во синџирот на снабдување. Извештајот, објавен на Македонската берза го објавуваме интегрално: Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во ...

Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...

Доктори од Скопје, еднаш неделно доаѓаат во Клиничката болница во Битола, место онколошките пациенти и децата со атипичен развој да одат до Скопје за терапија или извештај, информираше денеска директорката на болницата Ненси Лозанче, пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски. -Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработката со Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија. Направивме ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.56
26%
1010
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
4.97
53%
1012
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.67
23%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.72
33%
1012
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
8.25
39%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
59%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.7
33%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.48
37%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.58
39%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 36ᴼ
1.34
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.76
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Злато

136962.18

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Платина

56135.20