Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките – ...

– ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата околу набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции, ДКСК и Обвинителството. – Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со ...

Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола за МИА потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. – Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна ...

ПО ПОВОД 100-ОТ РОДЕНДЕН Познатиот британски натуралист и телевизиски водител сер Дејвид Атенборо го прослави својот 100-ти роденден, а меѓу многуте честитки се издвои онаа што му ја испрати компанијата „Лего“. Популарната компанија одлучи симболично да го промени правилото што со генерации стои на кутиите од нивните коцки – дека тие се наменети за деца и возрасни од четири до 99 години. Имено, обожавателите забележаа на социјалните мрежи ...

Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...

Анализите на карпите донесени од астронаутите за време на програмата „Аполо“ на НАСА открија нешто неочекувано: Месечината е хемиски извонредно слична на Земјата, што е проблем за класичните модели на нејзиното формирање. Ако голем дел од лунарната маса е формиран од материјалот на астероидот Теја, тогаш Месечината треба да има различен хемиски состав. Повеќе од 50 години откако мисијата „Аполо 17“ ја напушти површината на Месечината, ...

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...

Американските филмови отсутни на „Канскиот филмски фестивал“ (1) Иако историјата на Кан е неразделно поврзана со историјата на американскиот филм, американските играни филмови што со нетрпение ги очекуваат љубителите на филмот се ретки оваа година. Причината за ова, како што објаснува париски „Ле монд“, е цела серија настани што го забавија бројот на проекти. Но, исто така, недостигот од интерес за авторски филмови и од холивудските студија и ...

Астрономите изненадени Најновото откритие на ледено тело со дијаметар од 500 километри ги оспорува претходните претпоставки за атмосферата околу астероидот. Астрономите открија нов леден објект зад Нептун, кој, и покрај својата големина, има атмосфера, а откритието би можело да го промени нашето сегашно разбирање за малите ледени тела во надворешните делови на нашиот систем. Објектот со официјално име (612533) 2002 XV93 веќе е наречен „мини ...

Американскиот стартап „Лунар аутпост“ ја заврши својата втора рунда продажби на акции оваа недела, собирајќи 30 милиони долари, кои ќе го забрзаат развојот на ново лунарно возило, објави извршниот директор на компанијата, истакнувајќи го скокот на интересот на инвеститорите за инвестирање во проекти поврзани со лунарната мисија. „Лунар аутпост“, со седиште во Денвер, Колорадо, развива лунарно возило наречено Игл, натпреварувајќи се со два ...

На Универзитетот Пантеон Асас Сорбона, познатиот македонски писател Јордан Плевнеш, Претседател на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА Скопје, одржа серија на предавања насловени „Слобода за историјата во глобалната драма на дигиталната епоха“. Тргнувајќи од меѓународното пледоаје на Француската Академија, формирано од познатите француски историчари Пијер Видал Наке и Пијер Нора во 2008 година, кон кое се приклучија над седум илјади ...

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол, пренесе МИА. Според досега објавените информации од обвинителството и ...

Во услови на глобални кризи, енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул. Божиновска се обрати на панелот „Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration“, каде нагласи дека регионалната и ...

По најавеното американско повлекување од Германија, навалица на барања од Полска, Литванија, Летонија, Естонија и од Романија за воено присуство на САД Повеќе европски членки на НАТО сѐ погласно апелираат до САД за испраќање американски трупи на нивна територија, со цел да ја засилат безбедноста, при што главно станува збор за земји од источното крило на Северноатлантската алијанса, односно за оние што се најблиску до воените дејствија меѓу ...

Заминувањето на Кристијан Шмит од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина како повод Заминувањето на Кристијан Шмит од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина не е само дипломатска ротација. Тоа е политички сигнал дека меѓународната заедница повторно ја остава Босна и Херцеговина во состојба на полууправуван хаос, токму во момент кога државата се наоѓа во најдлабоката институционална и безбедносна криза по Дејтон. Шмит ...

Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. Според првичните информации, осомничениот сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот. Утрово во Битола, во семејна ...

Обединувањето на Вреди (Влен) продолжува, но на ново ниво… регионално, трансгранично, сеалбанско… Политичката коалиција Вреди деновиве во Скопје одржа конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, беше потврден на нивниот конгрес што се одржа изминатиов викенд во Македонската филхармонија. Симболично, Вреди во домот на ...

Редакциска опсервација Македонија во геополитичко менгеме меѓу европските интеграции, бугарските условувања и внатрешните агенди за редефинирање на државата Во момент кога Европската Унија зборува за нов „прозорец“ за проширување на Западен Балкан, официјално Скопје е исправено пред комплексен геополитички тест. Имено, дали европската перспектива ќе продолжи да се темели врз Копенхашките критериуми и владеењето на правото или ќе стане процес ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 19 и 24 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од ...

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, долгогодишен новинар, дописник и поранешен директор на МИА. Георгиевски беше на чело на МИА во периодот од 1998 до 2002 година. Во текот на својата богата кариера работеше и како директор на Радио Охрид во средината на седумдесеттите години, а подоцна беше дописник на Танјуг и на повеќе тогашни југословенски медиуми. Новинарската кариера ја започнал уште како средношколец во весникот Вечер, по ...

Повеќе водечки американски бизнисмени, кои престојуваа во Пекинг заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, позитивно ги оценија разговорите одржани на маргините на самитот меѓу САД и Кина. Меѓу присутните беа Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Х“, потоа Тим Кук од „Ејпал“ и Џенсен Хуанг од „Нвидиа“. На прашање од новинарите за исходот од состаноците, Маск кратко изјавил дека разговорите биле „прекрасни“ и дека се ...

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна ...

Пентагон го запре планираното распоредување на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, одлука што, според медиумските извештаи, изненадила дел од воените претставници. Според „Вол стрит журнал“, одлуката била соопштена на состанок меѓу претставници на американската армија и Европската команда на американската војска. Станува збор за сили што требало да бидат распоредени во Полска во рамки на деветмесечна ротација. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг, каде што беше пречекан со високи државни почести пред самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг, на кој се очекуваат разговори за глобалната економија, безбедноста и односите меѓу двете светски сили. Во текот на дводневната посета, Трамп и Си ќе разговараат за трговските тарифи, технолошката конкуренција, војната во Иран и односите на САД со Тајван. Според „Би-би-си“, Трамп се ...

Министерот за правда, Игор Филков, остро реагираше на одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“, оценувајќи дека таа претставува сериозен удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, пренесе МИА. Според Филков, во период кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, се испраќа порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. ...

Еден ден војна со Русија ја чини Украина приближно 450 милиони долари. Годината 2026 година може да биде одлучувачка за постигнување мир, но тоа е невозможно без вклучување на САД, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха за време на конференцијата „Стратеџик арк“ , меѓународна конференција за безбедност. – За Украина, еден ден војна чини приближно 450 милиони долари. Тоа е најпредизвикувачко за нас бидејќи плаќаме ...

Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата истовремено ...

Министерството за внатрешни работи предупредува за нова интернет измама преку која граѓани добиваат пораки за наводен сообраќаен прекршок и лажна наплата на казна. Од Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност информираат дека во изминатите денови непознати лица преку странскиот телефонски број +639606963624 испраќаат СМС пораки до македонски корисници со известување за наводно сторен ...

Италијанското Министерство за здравство соопшти дека сите досега направени тестови за хантавирус кај лицата ставени под медицински надзор се негативни, додека шест лица и понатаму се следат поради можна изложеност на вирусот. Според соопштението, надзорот се спроведува над патници поврзани со низа летови и контакти со лица кај кои постоел сомнеж за инфекција, вклучително и случајот со жената која подоцна почина од хантавирус, пренесе Анса. ...

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во полициска станица на 7 мај, потврдија за МИА од Министерство за внатрешни работи. Според МВР, Николовски бил повикан по наредба на Основно јавно обвинителство во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција. – Во тек се активности, по што соодветно ќе ја информираме јавноста – соопштија од Министерството за ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.48
25%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.89
37%
1011
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
4.34
36%
1014
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.89
30%
1010
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.07
24%
1009
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
0.45
50%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.92
38%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.25
27%
1009
weather icon

Букурешт

38ᴼ / 33ᴼ
2.68
38%
1010
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 35ᴼ
4.47
32%
1012
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.08
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37