Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Македонскиот културен центар во Истанбул и Кинотеката на Македонија ја информираат јавноста дека Македонија ќе биде дел од програмата на Бејоглу филмските денови – „2. Beyoğlu Film Günleri“ во Истанбул, преку проекцијата на дигитално реставрираните филмови на легендарните браќа Манаки – првите сниматели на Балканот. Проекцијата ќе се одржи на 13 мај 2026 година (среда), со почеток во 16:00 часот, во киното Бејоглу (Beyoğlu Sineması) во ...
Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД ...
Градежен отпад, отпад од градење, мебел, домашни апарати, разноразни пластика, па дури и мешан комунален отпад, може да се забележи во купиштата отпад кои вчера ги чистеше јавното комунално претпријатие. Иако, дивата депонија на патот за Вештачкото езеро беше исчистена на 15 ноември 2025 година, со Еко акцијата организирана од страна на Општина Прилеп и Јавното претпријатие, таа денеска изгледа разочарувачки велат од ЈКП „Комуналец”. – ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...
Кинеското Министерство за надворешни работи потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп од утре до петок ќе престојува во Кина по покана на кинескиот лидер Си Џинпинг, што ќе биде прва посета на американски претседател на азиската сила уште од 2017 година. Трамп уште пред неколку недели јавно ја најави посетата, а Пекинг ја потврди средбата во типичен дипломатски стил на Кина кога станува збор за самити со големи геополитички ...
Поглед кон Балканот во контекст на разговорите меѓу Вашингтон и Пекинг Средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг внимателно ќе се следи и на Балканот, иако регионот формално не е дел од големата американско-кинеска средба. Но токму малите и економски ранливи држави најбрзо ги чувствуваат последиците од глобалните односи меѓу суперсилите. – За земјите од Балканот, исходот од разговорите меѓу Вашингтон и Пекинг може директно да влијае ...
Кој и зошто ја претставува Македонија како закана за НАТО? Редакцискиот став е конципиран низ жива и жолчна дебата на утрински колегиум, со длабоко чувство на професионална горчина, не затоа што некој конечно ја открил корупцијата во Македонија, туку затоа што човек кој раководи со Институт за стратегиски и безбедносни студии успеа да ја претстави македонската држава како безбедносен проблем за НАТО. И тоа не во некоја приватна дебата, туку ...
Молкот на Вселенската патријаршија и прашањето за македонскиот јазик во богослужбата во Грција Барањето што во 2019 година го упати политичката партија Виножито – организација на етничките Македонци во Грција до Вселенската патријаршија беше со едноставна содржина и директно барање: воведување богослужби на македонски јазик во делови од Северна Грција каде што постои македонски православен корпус. Но, и по седум години, одговор нема. Токму ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски демантираше дека имал официјална билатерална средба со бугарската министерка за надворешни работи Весислава Петрова Чамова во Брисел, појаснувајќи дека станувало збор само за кратка размена на зборови на маргините на настан. Во реакцијата објавена по изјавите на бугарската министерка, Муцунски нагласи дека немало официјален состанок меѓу двајцата шефови на дипломатијата. – ...
Со поетското читање „Диверсити“ заврши годинашниот „Скопски поетски фестивал“ (СПФ). Настанот се одржа во културниот центар „Буква“, а настапија: Кристина Шпиранец (Хрватска), Гонџа Озмен (Турција), Хајри Хамадан (Палестина), Јоргос Писанис (Грција), Хелена Земљич (Словенија), Дијана Петкова, Светла Јакшиќ, Емељ Туна, Стефан Костовски, Ана Пејчинова, Дејан Трајкоски, Александра Јуруковска, Тони Попов, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Брисел, учествувал на Состанокот на високо ниво на Меѓународна коалиција за враќање на украинските деца, што се одржал на маргините на Советот за надворешни работи на Европска Унија. Во своето обраќање, Муцунски ја реафирмирал поддршката на Македонија за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, оценувајќи дека земјата повеќе ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова порача дека Македонија има „насушна потреба од соработка со дијаспората“, не само преку инвестиции, туку и преку знаењето, искуството и контактите што македонските иселеници ги создаваат ширум светот, пренесе МИА. На приемот организиран во пресрет на традиционалниот Самит Македонија 2025, претседателката нагласила дека географската оддалеченост не значи и духовно оддалечување од татковината. – ...
Европската комисија денеска соопшти дека, според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО), ризикот од ширење на хантавирусот меѓу европската јавност останува низок, соопшти Европската комисија. Портпаролот на Европската комисија изјави дека Брисел работи на координиран европски одговор базиран на научни анализи и препораки од здравствените институции. Тој информираше дека вчера биле реализирани четири летови преку ...
Интензивирањето на меѓупарламентарната соработка, размената на искуства и продолжувањето на швајцарската поддршка за реформските и демократските процеси во Северна Македонија биле во фокусот на разговорите за време на работната посета на собраниската делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши на Швајцарска Конфедерација, пренесе МИА. Како што информираат од Собранието, за време на посетата во Берн, Гаши и парламентарната ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали учествуваше на Неформалниот состанок на министрите за европски прашања, кој се одржа во Никозија под претседателство на Кипар со Советот на Европската Унија, пренесе МИА. Во рамки на сесијата посветена на проширувањето, Сали ја истакнал важноста од кредибилен, предвидлив и фер процес на проширување, темелен врз принципот на заслуги и основните вредности на ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки. Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци, а средствата ќе бидат префрлени на ...
Се раѓа ли нов „Примаков триаголник“ меѓу Москва, Пекинг и Техеран и дали светот влегува во ера на постамериканска доминација? Рускиот стратег и поранешен премиер Евгениј Примаков уште во 1990-тите години предупредуваше дека униполарниот свет под водство на САД нема да трае вечно. Неговата идеја беше создавање стратешка оска Москва–Пекинг–Њу Делхи, која би спречила глобална американска хегемонија. Но денес, според многу аналитичари, Индија ...
Шефот на шпанската дипломатија, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европската Унија мора да изгради сопствена војска за да ги одврати противниците, како Русија, од искористување на сомнежите околу тоа дали САД би ѝ помогнале на Европа во случај на криза. Во интервју за бриселски Политико, Албарес рече дека ЕУ не може „секое утро да се буди прашувајќи што ќе биде следниот чекор на САД“. -Нашите граѓани заслужуваат подобро – изјави шпанскиот ...
Во продолжението на жалбената расправа пред Апелациониот суд за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо пред судечкиот совет рече дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти во оценувањето на клучни докази и логиката на настаните, пренесе МИА. Според него, судот не дал анализа за дел од материјалните докази поврзани со подготовките за кривичното дело, меѓу кои и лепливата лента со ДНК од ...
Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишните психолози за да детектираат разни видови проблеми во училиштата и да преземат мерки. Од Комората на психолози ќе побара да организира додатни обуки за психолозите бидејќи едни учеле по стари, други по нови програми, пренесе МИА. Во врска со случаите на педофилија кај наставници, Јаневска изјави дека во образованието има многу проблеми, но, рече, овој е еден од најтешките и ...
Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите. Има манифестации, рече ...
Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на Буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од ...
Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата на Обвинителството поднесена против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Обвинителот Дарко Јакимовски оцени дека првостепениот суд не ги анализирал доволно доказите, што, според Обвинителството, упатуваат на негова вмешаност во настаните што претходеле на киднапирањето, пренесе МИА. Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ...
Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Судот го одби ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше иранскиот одговор на неговиот предлог насочен кон завршување на војната како „тотално неприфатлив“, пренесе ДПА. „Тукушто го прочитав одговорот од таканаречените „претставници“ на Иран. Не ми се допаѓа – ТОТАЛНО НЕПРИФАТЛИВО! Ви благодарам за вниманието за ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша тој синоќа на својата платформа Truth Social. Тој не даде дополнителни детали за ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите четири месеци од 2026 година, со рекорден пораст на бројот на патници од 32,4 проценти, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7 ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР ...
На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на 14-ина километри од предвидените 17,5, а реализацијата е 8,4 проценти. Од Владата велат дека прават сè за да овозможат изведувачите што побргу да ги завршат овој и другите проекти од пакетот автопати што ги гради „Бехтел и Енка“, од каде што истакнуваат дека имаат активен напредок во ...
Имаме активен напредок во изградбата на повеќе од 50 километри од трасата на автопатите на коридорите 8 и 10 д – изјави денеска Џош Бејкер, главен проектен менаџер на „Бехтел и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д, а кој пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски ги претстави досегашните активности, пренесе МИА. Мицкоски и Николоски, како и директорот на Јавното претпријатие за ...
САД се соочуваат со една од најтешките фискални слики во поновата историја Американското Министерство за финансии се соочува со една од најтешките фискални слики во поновата историја. Според најновите процени на Извршната канцеларија на претседателот на САД, федералниот буџетски дефицит за фискалната 2026 година најверојатно ќе надмине два билиона долари – бројка што економските аналитичари и фискалните конзервативци ја оценуваат како ...