Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Оваа година „Литература.мк“ одбележува 10 години посветени на книгите, читателите и културните навики што растат заедно со нас. Во изминатата деценија брендот се позиционираше како едно од клучните места за книги, подароци и училишна програма, создавајќи препознатлив културен простор, каде што читањето станува навика, а изборот на подарок добива друга димензија. По повод јубилејот, до 24 мај се реализира продажната акција „10 години ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, порача дека подвигот на борците кои ги положиле своите животи за слободата не смее да биде заборавен или релативизиран. На свеченоста организирана пред Владата во Скопје, Мицкоски истакна дека македонскиот народ за време на Втората светска војна бил на вистинската страна на историјата, заедно со Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија „немилосрдно ќе одговори“ доколку, како што рече, „нацистичките сили“ се обидат да го нарушат одбележувањето на Денот на победата. Говорејќи на церемонија во Министерството за надворешни работи во Москва, Лавров оцени дека актуелните безбедносни и политички состојби во Европа бараат „идеолошка и практична борба против нацизмот“, пренесе „ТАСС“. Тој ја обвини ...
Редакциска опсервација Повод за оваа редакциска опсервација е планот на Европската Унија од 20 милијарди евра за изградба на големи компјутерски центри за вештачка интелигенција, што предизвика широки критики пред неговото активирање. ЕУ ризикува да вложи 20 милијарди евра во напор што, според многу европски експерти, нема да успее да ја направи конкурентна ниту со САД ниту со Кина. Планот за изградба на центрите за вештачка интелигенција, ...
Музејот на Народната банка претставува промотор на културното наследство и чувар на монетарната историја Улогата и значењето на Музејот на Народната банка во културниот живот на државата, но и како институционален симбол на националниот идентитет и чувар на монетарната историја на Македонија, ги истакнува д-р Ефтимија Павловска, самостоен кустос во Народната банка, во разговор за „Нова Македонија“. Таа посочува дека станува збор за ...
ПОВОД: РАТИФИКАЦИЈАТА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНСКО-ТУРСКА ВОЕНА СОРАБОТКА НА ЈУБИЛЕЈНАТА СТОТА СЕДНИЦА ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ Ратификацијата на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Македонија и Турција неделава означува нова ера во стратегиското партнерство меѓу двете држави, насочена кон регионалната политичко-безбедносна стабилност и осовременувањето на Армијата на Република Македонија. Турција има потпишано вакви рамковни ...
Американското Министерство за енергетика соопшти дека од истражувачки реактор во Каракас биле отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум, во рамки на меѓународна операција спроведена во соработка со Велика Британија и Венецуела. Според американските власти, нуклеарниот материјал безбедно бил транспортиран до објект на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина. Операцијата е оценета како „победа за светот“ во контекст на ...
Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повика на брзо формирање на европски одбранбен сојуз, предупредувајќи дека потпирањето исклучиво на САД за безбедноста на Европа претставува сериозен ризик. Во заедничка декларација, потпишана од европратеници од различни политички групи, меѓу кои и германските претставници Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер, се наведува дека Европа мора да создаде сопствени механизми за ...
Вечерва, во 20 часот, во киносалата на железничката станица (ул. Борка Талевски 26, Скопје) ќе се одржат филмска проекција и дискусија посветени на кооперативното домување и алтернативните начини на заедничко живеење. Настанот е дел од платформата „Градот како сцена“, организирана од „Акто“. Филмот „Живеење заедно: Приказната за Де Варен“ следи група млади луѓе што во Амстердам основаат станбена заедница, која треба да биде истовремено ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува Иран во наредните часови да претстави сериозен предлог за прекин на огнот. По средбите во Рим со италијанската премиерка Џорџа Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани, Рубио изјави дека очекува „конкретни потези“ од Техеран. – Ќе видиме што ќе се случи, очекувам развој на настаните во наредните часови – изјави Рубио, додавајќи дека во Иран постојат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет објавија десетици декласифицирани документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО) и можен вонземски живот, во потег што го опишаа како „невидена транспарентност“ кон американската јавност, пренесе „Ројтерс“. Од Министерство за одбрана на САД соопштија дека долго очекуваните документи, фотографии и видеа за таканаречените „неидентификувани аномални феномени“ ...
Можеме да одиграме конструктивна улога преку зајакнување на сопствените интерконекции и интегрирање во поцелосно развиена мрежа за природен гас во ЈИ Европа, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за грчкиот енергетски портал „Енерџигејм“ (Energygame) и додава дека „нашиот директен придонес е промовирање на проекти што нè поврзуваат подобро со Грција и Србија“, кои, според неа можат да ...
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, денеска изјави дека нема простор за паника во врска со хантавирусот и дека во моментов не постои ризик за македонските граѓани. Таа посочи дека Секторот за епидемиологија при ИЈЗ е во секојдневна комуникација со Светска здравствена организација и Европскиот центар за контрола на болести, од каде постојано се добиваат информации и насоки за евентуално преземање мерки, ...
Демографските промени во Македонија оставаат сериозни последици врз образовниот систем, а институциите веќе подготвуваат мерки за прилагодување на училишната мрежа кон новите реалности. Намалениот наталитет, иселувањето на младите, стареењето на населението и регионалните нерамномерности довеле до значително намалување на бројот на ученици и неусогласеност меѓу бројот на ученици и наставен кадар, пренесе МИА. Ова го истакна државната ...
Патролна единица на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Северна Македонија и Турција, спасила две лица од автомобил што излетал од патот Грачаница – Тузла во Босна и Херцеговина, пренесе МИА. Според информациите на ЕУФОР БиХ, несреќата се случила вчера околу 14 часот, кога автомобил „фолксваген голф“ изгубил контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетал од коловозот и удрил во дрвја во близина на провалија. ...
Светот денеска го одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, датум што го означува официјалниот крај на Втората светска војна во Европа по безусловната капитулација на нацистичка Германија во 1945 година. Капитулацијата на Третиот Рајх беше потпишана во Берлин, во првите минути на 9 мај, од претставници на германската команда и сојузничките сили. Во име на Германија документот го потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс ...
Генералниот секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, изјави дека сите земји-членки на организацијата, вклучително и Бугарија и Македонија, имаат обврска да ги спроведуваат пресудите на Европски суд за човекови права. Во интервју за МИА, Берсе се осврна на пресудите поврзани со македонското малцинство во Бугарија и нагласи дека суштината на тие одлуки е да се овозможи регистрација на организациите. – Да се биде членка на Советот на Европа не ...
Земји ширум светот преземаат мерки за следење на патниците од крузерот „МВ Хондиус“, откако на бродот беше регистрирана епидемија на хантавирус, вирус што вообичаено го пренесуваат глодачи, а во ретки случаи може да се пренесе и меѓу луѓе. Според Светската здравствена организација (СЗО), досега се потврдени пет случаи на инфекција, додека уште три се под сомнение. Во епидемијата починаа три лица – холандска брачна двојка и германски ...
Со свечено палење на пламенот на плоштадот Македонија во Скопје, денеска официјално беше отворена првата сезона на „Плазма – Спортските игри за млади“, манифестација што оваа година ќе обедини повеќе од 27.000 деца од целата држава. Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање порача дека спортот има клучна улога во развојот на младите и најави дека Владата ќе продолжи со поддршката за спортот и младите генерации, пренесе МИА. – ...
Управители на две правни лица и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривичната пријава е поднесена против Н.И. и Б.Г., во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против пет лица вработени во Агенцијата за управување со одземен имот – ...
Американското Министерство за правда започна истрага за серија сомнителни трансакции на пазарот на нафта, извршени непосредно пред важни изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и високи ирански претставници поврзани со конфликтот во Иран. Според американските медиуми, истрагата опфаќа најмалку четири случаи во кои трговци оствариле профит поголем од 2,6 милијарди долари преку облози на пад на цените на нафтата непосредно пред тие ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП Групацијата, ги претстави потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјава пред водечки авиокомпании и туроператори на роуд шоу-а во Финска и Норвешка, со цел отворање на нови директни авиолинии во скандинавските земји. За време на роуд шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на ТАВ Македонија, ...
Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа во фокус на работниот состанок меѓу македонската и словачката делегација, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и словачкиот министер за финансии Ладислав Каменицки. Состанокот се одржа во рамки на официјалната посета на министерката ...
Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со ...
Бугарското Народно собрание денеска ја избра новата влада предводена од Румен Радев, лидер на партијата „Прогресивна Бугарија“, по повеќечасовна и тензична парламентарна расправа. За изборот на Радев за премиер гласаа 124 пратеници, додека 70 беа против, а 36 воздржани. Поддршката дојде од пратениците на „Прогресивна Бугарија“, додека опозициските партии ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека внимателно ја следи состојбата поврзана со појавата на хантавирусна инфекција кај патници и членови на екипажот на крузерот МВ Хондиус (MV Hondius) во регионот на јужниот Атлантски Океан, но засега нема ризик за Македонија. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и здравствените власти на засегнатите земји, ...
Забележана појава на ретка зараза на туристичкиот брод „Хондиус“ Појавата на реткиот хантавирус на туристички крузер што пловел од Аргентина кон Антарктикот, а потоа преку Атлантски Океан, застанувајќи патем, се одвивала во текот на неколку недели во кои патници и членови на екипажот се разболувале, според информациите од операторот на крстосување, Светската здравствена организација (СЗО) и податоците за следење на бродовите, пренесуваат ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови санкции против Куба, насочени кон воено-индустрискиот конгломерат GAESA и државната компанија „Моа Никел СА“ (Moa Nickel SA), објави Ројтерс. Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека мерките се дел од засилениот притисок врз кубанското раководство, преку таргетирање на секторите што носат значајни странски приходи за островот. Под санкции се најде „Групо де ...
Анализа на „Политико“: Индикатори за долгогодишни корупциски практики во Бугарија Голем број случаи на фиктивно зголемени договори на државни тендери, измами со средства од фондовите на Европската Унија и попречувани истраги наводно го сочинуваат „олигархискиот модел на управување“ на Бугарија, на кој укажува „Политико“ во напис што изнесува сериозни обвинувања за корупција кај источниот сосед. Новоформираната партија Прогресивна Бугарија на ...
Во Скопје утрово започна „Генералка викенд“, најголемата национална, волонтерска еколошка акција, во рамки на која илјадници граѓани чистат јавни простори во сите општини низ државата. Акцијата, која се одржува шеста година по ред, има цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот, со активно вклучување на граѓани, институции, училишта и компании. Настанот во Скопје го отвори претседателката ...