Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел изјави дека министрите прво на работен појадок ќе разговараат со „западнобалканските пријатели“ за тоа што можат да направат повеќе. – Прво, ќе ги поздравиме нашите западнобалкански пријатели. Ова е можност да разгледаме што друго може да се направи. Тие се заинтересирани за нашата соработка во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација. – N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова ...
Во Основниот кривичен суд денеска почнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту ...
Овие текстови претставуваат документарно-истражувачки обид за реконструкција на дел од историјата на една од најстарите јавно-здравствени институции во Македонија и една од најстарите што сè уште опстојува во Демир Хисар, Психијатриската болница, и се базирани врз архивски материјали и компаративни истражувања, автентични фотографии од личности, настани и објекти, спомени на поранешни работници, како и лични спомени и сеќавања. Како започна ...
Балансот меѓу фискалната консолидација, економскиот раст и мерките за заштита на животниот стандард и поддршка на стопанството е од клучно значење во услови на продлабочена геополитичка неизвесност, порача министерката за финансии на 9. Меѓународна конференција „Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување“, што денеска се одржа во Охрид во организација на Комората на проценувачи на Република ...
Диетата со тврдо варени јајца го топи салото, а во продолжение прочитајте сè што треба да знаете за диетата што може да ви помогне да ослабете до летото. Јајцата се хранливи и добри за секој оброк во денот, а се богати со протеини. Диетата со варени јајца е нискокалорична и придонесува за зголемено внесување протеини (едно јајце содржи околу седум грама протеини), што брзо може да предизвика губење на тежината без губење на мускулната маса – ...
Најмалку 15 полицајци беа убиени во самоубиствен напад врз полициска станица во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, што се граничи со Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на официјални лица. Нападот се случи во округот Бану, каде што терористите доцна во ноќта со автомобил полн со експлозив удриле во полициска контролна станица. По нападот имало интензивна престрелка. Вооружената група Итехад-ул-Муџахидин ја презеде ...
Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на ...
Во саботата во дворот на Железничката зграда се одржа јавниот настан „Каков тип на (кооперативен) град?“, кој обедини уметничка интервенција во јавен простор, едукативна програма, музички настапи и перформативно готвење. Настанот се реализираше како соработка помеѓу фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ и проектот „Градот како сцена: Урбани утопии“. Настанот имаше цел да отвори простор за критичко преиспитување и ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (18) Овој текст нема цел ниту да мотивира што повеќе кандидати да влезат во сферата на домашни миленици ниту, пак, да обесхрабри некого. Неговата намера е поедноставна и поважна – да ја прикаже реалноста. Зашто токму добро информираниот и подготвен кандидат има значително поголеми шанси за успех од оној што влегува воден исклучиво од ентузијазам. Во јавниот говор, а ...
Бојана Артиновска, уметница Бојана Артиновска е визуелна уметница од Велес, која живее и работи во Битола. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство и сценографија. Од 2000 до 2003 година престојувала во САД, по што активно твори на македонската уметничка сцена. Во својата работа се занимава со сликарство, сценографија, дизајн и театарска визуализација, со долгогодишна соработка со НУЦК „Марко Цепенков“ и ...
На 86-годишна возраст вчера во Велес, почина македонската поетеса за деца Македонка Јанчевска. Велешките медиуми и бројни нејзини колеги, пријатели, ученици и соработници со пригодни објави искажаа почит и изразија сочувство кон семејството на Јанчевска. Родена е во 1940 година во Градско. Работела како наставничка во повеќе училишта, а од 1984 година до пензионирањето била директорка на центарот за детско творештво „Ѓоре Органџиев“ во Велес. ...
Популарниот поп-состав „Нокаут“ со голем концерт прослави 30 години од својата кариера синоќа во спортскиот центар „Јане Сандански“. Преку концертна изведба на нивните најголеми хитови… „Еј би си“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Хајфај“, „Мене ми припаѓаш“, „Сонувам диско“, „Илјада причини за крај“, „Позитиво“, „Да си тука вечерва“, „Кога ме сакаш ти“, „Лебедот бел“, „Знаеш каде да ме најдеш“… ...
„ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН“ Малата соба на баба Агнија од Штип „Беговите чифлигари во Овчеполијата беа внимателни кон селското население, затоа што имало случаи на жестоки одмазди…“ Така пишува за ситуацијата во нашите краишта пред речиси два века во една книга од 1943 година. Доколку умееме да пораснеме над „официјалното“ гледиште на нештата, и од книги што се пишувани по пропагандна нарачка би можеле да научиме многу за нашите предци. Така ...
Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај „Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, кое му го должиме на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во „Скопје сити мол“. Соништата на нашите поети – оние што се со нас и оние што веќе ги нема – ќе бидат во срцевината на програмата, со која фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ ...
Во Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавната седница треба да бидат разгледани жалбите на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите. Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ...
Фотографијата Скопје во април на авторката Гонца Перунковска е е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Нежните цветови од расцутените јапонски цреши, како природна рамка која ги прегрнува спомениците и градбите на скопскиот плоштад и ги врамува во полетна разгледница – вели Перунковска. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од ...
По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ – Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видеонадзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел дополнително да се превенира против ваквите девијатни појави. Во ова училиште беа уништени смарт-табли, компјутери, надгледни средства, а имало обид и да се поплави еден од катовите. – Видеонадзор имаме на ...
Еднодневен културно – едукативен настан на отворено во рамки на проектот „Фолклорот како живо наследство“ ќе се одржи денес, точно на пладне, во паркот на Франкофонијата. Настанот ќе понуди богата концертна програма со настапи на сите возрасни групи на АНИП „Орце Николов“, како и настапи на гости – детски фолклорни групи од Детскиот културен центар – Карпош. Целта е да се поттикне интергенерациско дружење, културна размена и заедничко ...
Идентификуван е нултиот пациент заразен со хантавирус на крузерот Хондиус – станува збор за седумдесетгодишен Холанѓанец кој бил орнитолог, како и неговата сопруга, со која патувал во неколку јужноамерикански земји, јави денеска телевизијата БФМ. Двајцата починале, а наводно двајцата посетиле аргентинска депонија за да ја набљудуваат ретка птица. Холанѓанецот Лео Шилперорд, кој прв покажал симптоми на хантавирус, починал на 11 април на ...
По повод Денот на победата – 9 Мај (прв дел) Дај му на човек леб, ќе ти ја даде душата… дај му злато или коцка, ќе ти ја даде фамилијата. Ако му дадеш нафта, ќе ти ја даде државата. Владата е среќна ако народот не размислува… а ако почне да размислува, тој ја растура државата. Сегашноста е премин од злато кон енергија. „Ин-кар-церации“ – се страв од казни – банкрот, измами, екстремизми, при што системот прикрива огромни средства. Стравот е ...
Семејството Болсонаро има нов претседателски кандидат во Бразил Со недели најблиските советници на Жаир Болсонаро предлагаа алтернативи. Поранешниот претседател на Бразил, кој отслужува 27-годишна затворска казна за обид за државен удар по поразот на изборите во 2022 година, бараше наследник да го предводи во годинашната претседателска трка популистичкото движење што тој го создаде. Неговите сојузници зазедоа јасен став, сметајќи дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца. – На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу ...
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, порача дека е потребна „практична и конкретна имплементација“ на пресудите на Европскиот суд за човекови права, а не само декларативни чекори. Зборувајќи за случаите поврзани со Бугарија, тој истакна дека постојат 17 пресуди што сѐ уште не се целосно спроведени, но дека во последната година има ограничен напредок. Берсе најави дека прашањето ќе остане под засилен надзор на Комитетот на ...
Редакциски коментар Повод: Изјавата на претседателот на Европскиот совет (ЕС) во обраќањето кон граѓаните на Македонија дека е време да се направи следниот чекор напред, за заедно да изградиме заедничка европска иднина Пораката на Антонио Кошта отвори прашање што Македонија го поставува со децении: Дали ЕУ конечно ќе покаже дека правдата е посилна од уцените? По повод 9 Мај, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, преку видеопорака ...
Дали Вреди понуди визија за држава или нова формула за поделби? Политичката коалиција Вреди, симболично, на Денот на победата против фашизмот во Скопје одржа конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, беше потврден од над 805 делегати на конгресот што се одржа во саботата попладне во Македонската филхармонија. Од Вреди ...
Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција, а не паника, порачува д-р Даниловски. – Хантавирусот деновиве стана ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. – Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на ...
Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство, а со еден бил извршен службен разговор, вкупно девет пријави во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз нивните мајка и сопруга. Полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода И.Б., на ...
Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 – ти како Меѓународниот ден на медицинските ...