Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Две лица загинаа, а шест се повредени денеска во Киев во напад на руската армија, која утринава лансираше бран од 111 беспилотни летала врз Украина. Тоа е првиот руски напад на првиот ден од 2025 година, додека синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот новогодишен говор рече дека Новата година ќе биде „година на преговори кои треба да стават крај на војната“. Рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на декември се ...
Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните. Нагласува дека кадровскиот потенцијал којшто треба да го освежи ова тело навистина треба да биде со импозантна цел и агенда пред себе, но и институционална меморија позади себе, односно да има биографија и тежина, бидејќи, како што посочи, „ако ние едните ги замениме со други, а останат ...
На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров. Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип и тој има активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател ...
Неколку лица се повредени при напад со нож во западниот дел на германската престолнина Берлин, јави ДПА повикувајќи се на полициски извештај. Според полициската изјава, маж нападнал неколку минувачи на улица во квартот Шарлотенбург. Двајца од повредените се пренесени во болница. Инцидентот бил пријавен на службите за итна помош околу 12:00 часот по локално време. Напаѓачот е уапсен и однесен во притвор, додаваат од полицијата. Германскиот ...
Ерол Ризаов: Новата самоубиствена тенденција на осилената власт е да се доведат во прашање веќе стекнати права што неминовно ќе ги влошат меѓуетничките односи. Кога се влечат вакви опасни потези не смее да се заборави фактот дека распадот на Југославија почна со хегемонизмот и со одземање на стекнати права. Обидете се на член од семејството да му одземете некои од придобивките што сте му ги дале, или тој се изборил за тоа, сеедно, па ќе ја ...
Гордана Сиљановска Дафкова: И како човек и како Претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води. Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што ...
Фани Каранфилова Пановска: На општеството му се случува сериозно назадување – вели заменик претседателката на СДСМ. Бегството на груби е индиција за политичка соработка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ веќе подолго време и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава државаВо изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен ...
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница ...
Амабасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство, денеска изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела. – Немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е ...
Комисијата за истрага на авионската несреќа на 25 декември во Казахстан, предводена од министерот за транспорт Марат Карабајев, соопшти дека Казахстан ќе ја испрати црната кутија од урнатиот азербејџански авион во Бразил, објави казахстанска новинска агенција. Во согласност со Анекс 13 на Конвенцијата од Чикаго, државата што ја истражува авионската несреќа мора да обезбеди анализа на црните кутии и е одговорна за изборот на држава за читање и ...
За разлика од минатата година, во 2025 година не очекуваат помалку продолжени викенди и неработни денови бидејќи поголемиот дел од државните и верските празници се паѓаат за време на викенд. Еве кои ќе бидат неработни денови во 2025: За сите граѓани За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници ...
Гордан Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира судството, Судскиот совет е само една од алатките со кои се управува судството. Најпроблематично е немањето политичка култура кај политичките партии. Тие го искористуваат судството за сопствени интереси и за сопствена заштита.Во моментот кога политичарите ќе ги кренат рацете судството тоа е доволно професионално и поставено на основи кои само по себе можат да дадат подобри резултати. Се ...
Актуелниот хрватски претседател и кандидат на СДП Зоран Милановиќ, според првите податоци од излезните анкети, освоил 49.12 отсто, што упатува дека ќе има и втор изборен круг закажан за 12-ти јануари. Кандидатот на ХДЗ Драган Приморац има поддршка од 19,29 отсто, независната кандидатка Марија Селак Распудиќ 8,84 отсто, а кандидатката на Можеме – Ивана Кекин 8,33 отсто. Исто така, независниот кандидат Томислав Јоњиќ има поддршка од 3,99 отсто, ...
Познатата македонска политичарка и адвокатка Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст. Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година како една од многуте бегалци од Граѓанската војна во Грција. Своето образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а освен кариерара во правната сфера таа беше и ...
Бројот на загинати во авионот на „Jeju Air“ кој утринава се лизна од пистата, удри во ѕид и се запали на аеродромот Муан во Јужна Кореја, се искачи на 177. Најмладиот патник имал само 3 години, а најстариот 78. Во авионот имало 175 патници и шест членови на екипажот. Досега се спасени само две лица – членови на екипажот. Нивната состојба не е објавена. Тие биле пронајдени во опашката на авионот, кој бил единствениот кој останал недопрен по ...
Во најголемата воздушна катастрофа во Јужна Кореа во последните децени, службите засега евидентирале 150 загинати. На видео снимката е прикажано како авионот се лизга на трупот пред да се запали. Локалните пожарникари и воздухопловните експерти велат дека е веројатно некаков дефект на опремата за слетување. Пилотот, исто така, упати повик за опасност, веднаш откако контролната кула предупреди за птиците во областа. Две лица се извлечени од ...
Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство. Како што информираат од Обвинителството надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски ...
Стравична авионска несреќа се случи во Јужна Кореја, при што најмалку 124 лица загинаа откако патнички авион се урна при слетување на аеродром. На летот на нискобуџетната авиокомпанија „Јеју ер“ со „боинг 737-800“ имаше 181 патник и пристигнуваше на аеродромот Муан, околу 290 километри јужно од Сеул, од Бангкок, Тајланд. Авионот се излизга од пистата на аеродромот и се удри во бетонска ограда и се запали откако неговата предна опрема за ...
Скопската новинска агенција Нетпрес објави дека е приведен поранешниот директор на Технолошко те развојни зони – ТИРЗ Јован Деспотовски. Претходно медиумите повикувајќи се на обвинителството и на судот соопштија дека на Деспотовски прво му е одземен пасошот. Јован Деспотовски демантира: Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни. ...
Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни. Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед. Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така ...
Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, денеска одржа протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје. – Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! ...
Димац Митковски: На крајот на декември се подготвувало одржувањето на Второто заседание на АСНОМ во зградата каде што и денес се наоѓа Собранието на Република Македонија. Владо Малески на Президиумот на Собранието му предложил смела идеја – Второто заседание да се пренесува директно преку радиото. Тоа било голем предизвик, но и грижа како салата од каде што требало да се врши преносот да се поврзе со кабли до самиот предавател. Недостасувале ...
Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно ...
Бранко Тричковски: Приказната за тоа дека бил следен, тој и неговото семејство, од македонските безбедносни служби и тоа како „мозок на паравоени структури” и отворениот предмет во Јавното обвинителство по допрен глас директно од гласниот апарат на премиерот, најверојатно ќе се влече и уште некое време ќе се експлоатира на оваа ниво на „откритието на Мицко”. Ако пак навистина се спроведе истрага, можни се две опции: едната е дека службите не ...
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) спречи терористички напад во близина на полициска станица во Москва, кој го подготвуваа лица од Централна Азија – членови на забранетата ќелија во Русија на меѓународната терористичка организација Исламска држава во Авганистан – „Вилајат Хорасан“. Информацијата ја соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија. Осомничените купиле возило и почнале да прават импровизирана ...
Водечката авиокомпанија во Азербејџан денеска соопшти дека ги прекинува своите летови до неколку локации во Русија поради потенцијална закана, откако се појавија сомневања дека нејзиниот авион бил соборен од руската противвоздушна одбрана оваа недела. Авионот „Ембраер 190“ на Азербејџан ерлајнс во средата леташе од главниот град на Азербејџан, Баку, кон рускиот град Грозни, кога од се уште неразјаснети причини бил пренасочен и се урна додека ...
Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, во врска со информациите кои ги изнесе на собраниска седница за пратенички прашања дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, оти наводно бил лидер на паравоена формација. -Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на ...
Берлин: Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмајер денеска го распушти Бундестагот – Долниот дом на германскиот Парламент. Шефот на германската држава закажа предвремени парламентарни избори на 23 февруари, откако трипартиската владејачка коалиција предводена од канцеларот Олаф Шолц се распадна. Шолц го загуби гласањето за доверба во парламентот претходно овој месец, по повлекувањето на Слободната демократска партија – ФДП, чиј лидер ...
Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. -Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија. Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, ...