Роден е во Ерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смртта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот на римското идолопоклонство. Кога Неаниј порасна, го виде еднаш царот Диоклецијан и толку го засака, што го зеде кај себе во дворецот на војничка служба. А кога овој злочестив цар почна да ги гони христијаните, го одреди Неаниј да оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги ...

По повод престојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите ...

Граѓанскиот активист Вахид Мемед реагира на, како што наведува, сè почестите поплаки од граѓани кои добиваат фактури од Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) за приватните станови и апартмани што ги издаваат под наем. Во својата јавна објава, Мемед истакнува дека секојдневно прима пораки од вознемирени станоиздавачи и оценува дека ваквите барања немаат правна основа. Според него, Законот за авторското право и сродните права ...

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на ...

Драмскиот репертоар на 66.„Охридско лето“ вчеравечер на публиката ѝ ја понуди театарската претстава „Која е Лорет“ од Флоранс Кадије, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а во изведба на Театарот за деца и Младинци-Скопје. Во фокусот на приказната е Лорет, девојче со Даунов синдром, кое не е дефинирано преку една особина, туку преку сите улоги што ги живее. Според директорката на НУ Театар за деца и младинци-Скопје, Фросина Карловицс, ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 13ти до 19ти Јули, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Ристо Чадо“ – „Бистрица“ – „Гоце Делчев“ бр.346 – „7ми Ноември“ – „Пирин Планина“ – „Живко Чинго“ – „Марко Нестороски“ – „Ирина Мирка Гинова“ – „Ариф Мустафа“ – Нас. ...

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан, во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сè што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, ...

Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè што направивте, не е само лицемерие туку во најмала рака е потценување на интелигенцијата на охридската јавност. Како да не беше „вчера“ кога министерот за транспорт ...

Во организација на пливачкиот клуб Три Дисциплини од Струга заедно со Пливачката федерација за првпат се одржа „Дрим Маратон 2026“ . Апсолутна категорија -машки I.Петар Цехов ПК ВАРДАР 2018 32:48:24 II.Никола Велковски ПК ВАРДАР 2018 34:08:32 III.Андреј Мишевски ПК ВАРДАР 2018 34:30:47 Апсолутна категорија -женски I.Ѓеоргина Ставреска ПК ВАРДАР 2018 37:42:86 II.Неда Миленковска ПК ВАРДАР 2018 37:45:89 III.Росана Гошева ПК СКОПЈЕ ...

Понекогаш не се потребни многу зборови за да се покаже колку е убаво летото на Охридското Езеро. Доволни се кристално чистата вода, сончев ден, SUP даска и најдобриот пријател – кучето. Токму такви моменти се забележани на најновото видео и фотографиите, на кои девојка заедно со своето куче ужива веслајќи на SUP даска. Додека таа полека се движи по мирната езерска површина, нејзиниот четириножен придружник мирно седи на даската и ужива во ...

На 18.07.2026 во 21:12 часот, на регионален пат кај струшкото село Калишта, лишен од слобода е лице на (45) од Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода. При извршен увид, полициските службеници кај него констатирале 2,56 промили алкохол во крвта. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...

На 19.07.2026 во 04:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале лице на (39), и (30), двајцата од Охрид и лице на (42) од Скопје. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.07.2026 во 04:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со ...

На 18.07.2026 во 14:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (38) од истото село и мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16- годишник од Охрид. Притоа, возачот на мопедот и 15- годишна сопатничка од с.Долно Лакочереј, се здобиле со тешки телесни ...

Родум Египќанин и ученик на свети Антониј. После смртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и ...

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. ...

На 13.07.2026 година, во денот кога го прославуваме Соборот на светите славни и сефални апостоли, познат и како Павловден, во храмот „Света Софија“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Во продолжение ви ја принесуваме ...

На 18.07.2026 во 02:25 часот, на регионалниот пат во близина на Струга, лишен од слобода е лице на (31) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал моторно возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, со активна забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде ...

На 18.07.2026 во 05:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ноќен клуб во Охрид, лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и се обидел со нож да го нападне лице на (45), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 18.07.2026 во 05:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ноќен клуб во Охрид, лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со ...

Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца. “ ...

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро. Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 ...

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на ...

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на ...

Танцовиот перформанс „Митот за Амазонките“ инспириран од легендата за митската раса жени воинки, вчеравечер беше изведен на „Охридско лето“ од грчкиот танцов театар „АРТ денс“. Во сржта на ова атрактивно музичко-сценско дело беа Амазонките, симбол на силата, автономијата и еднаквоста кои оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку динамичен спој на современиот танц и театарски израз, со оригинална музика напишана од Јанис Псимадас, специјално ...

Извонредните македонски оперски имиња со интернационална уметничка кариера,Игор и Ана Дурловски, вечерва ќе настапат во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на маестра Ана Спасовска. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Басот Игор Дурловски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје со највисоката оцена „Cum Laude“. Дебитира во Македонската опера и ...

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, ...

‎Општина Охрид продолжува со реализација на проекти насочени кон подобрување на условите за живеење и унапредување на комуналната инфраструктура. ‎ ‎Во тек се работни активности за доизградба на атмосферски канал на улица АСНОМ во станбениот комплекс „Бејбунар“. Проектот опфаќа изведба на цевковод ПЕФ 630, во должина од 400 метри, со вкупна вредност од 4.353.247 денари. Активностите ги изведува ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид, со ...

Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за ...

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе има можност да ужива во балетската претстава „Митот за Амазонките“ во изведба на АРТ Денс Театар од Грција, а во режија и кореографија на Артемис Игнатиу. „Митот за Амазонките“ е танцов перформанс кој се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава. Претставата се фокусира на двата најпознати мита ...

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата ...

На пригоден настан што на пладне се одржа во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван Карадак. Настанот е дел од годишната програма за култура на Општина Охрид, а пред присутните се обрати Претседателот на Совет, Перчо Божиноски. – Имам исклучителна чест и одговорност денес во име на градоначалникот Кирил Пецаков да ве поздравам на овој убав ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.56
23%
1010
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
4.97
41%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.67
23%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.72
31%
1012
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
8.25
33%
1011
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
0.45
63%
1013
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
3.58
37%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.7
30%
1012
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.48
34%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
4.02
36%
1011
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
24%
1011
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
5.76
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96