На 09.11.2024 во 00.25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија лице на (20) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 08.11.2024 година во 23.30 часот пред спортска сала во Охрид. Притоа, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле лице на (25) од селото Лактиње, ...

Во времето на страдањето на свети Димитриј Мироточивиот, во Солун живееше еден млад човек по име Нестор, којшто на верата се научи од самиот свети Димитриј. Во тоа време, христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор, Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го ...

По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“ денеска беше објавен Конкурсот за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година. Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република ...

Денеска сме сведоци на голем научно-истражувачки успех, кој не само што фрла нови светла на македонската археолошка историја,туку претставува и значаен придонес во европското и светското археолошко наследство, напиша на својот ФБ профил министерот за култура Зоран Љутков. Во продолжение објавата ја пренесуваме во целост: Eксклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Откритијата се резултат на ...

На 29 септември се одржа првиот првиот дел од O12 Circuit во базенот Лако во Хален. Клубот кој го води Охридскиот пливачки тренер Томе Камнаровски SG Patrick – de Roersopers, на првенството учествуваше со четиринаесет врвни пливачи од кои девет девојчиња и пет момчиња. Од четириесетте стартови, не помалку од триесет беа трансформирани во личен рекорд. Освоија 28 златни медали, девет сребрени медали три бронзени медали. Викендот на 19 и 20 ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на ...

J.П.„Охридски Комуналец” го одбележа својот патронен празник ,,7-ми Ноември” „Ви го честитам денот на ослободувањето на градот Охрид, а на вработените воедно им го честитам патрониот празник на ЈП,,Охридски Комуналец” Охрид. Според пишаните документи, првите зачетоци на претпријатието датираат од далечната 1952 година, а по направените статутарни промени денес ЈП,,Охридски Комуналец” Охрид претставува единствен вршител на комунални ...

Македонската православна црква и верниците во петок го слават Свети Димитриј, меѓу народот познат како Митровден. Во петок го славиме Митровдан, петтата по големина слава меѓу Македонците, а се верува дека во пресрет на прославата не треба никаде да одите, инаку ќе полудите во текот на следната година. Митровден е петтиот по големина македонски празник, а се верува дека му помага на секој што ќе се повика на неговото име. Според народните ...

Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во ...

„Завод и музеј на град Охрид“ за утре најави прес конференција на која ќе се соопштат повеќе детали околу откриените предмети на подрачјето помеѓу селата Волино и Корошишта , кое археолозите го открија утрово, а за кое информира нашиот портал. Како што јавивме утрово, таму е откриена најмалку една златна маска, и поголеми количини златни монети складирани во ќуп со поголеми димензии. Како што дознаваме откриетието е на приватен имот, а ...

Неописливо е чувството на родољубие, чест и гордост што вчеравачер бев дел од прекрасната свеченост по повод „80 години слободен Охрид“. Охрид, градот на светлината, духовна и културна претсолнина на Македонскиот народ, пред осум децении е ослободен од фашистичкиот окупатор. Овој историски момент не е само воен чин – тоа е победа на духот, победа на народната храброст, решителност и неизмерна љубов кон родната земја. Зад секој херој, зад секоја ...

По повод јубилејот, „80 години Слободен Охрид“, вчеравачер во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа свечена академија која беше пропратена со богата културно-уметничка програма и креативен сценски перформанс. Пред бројните гости и граѓани свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Неописливо е чувството на родољубие, чест и гордост што ми е доделена оваа голема привилегија да говорам пред вас за еден ...

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин, Ариевата ерес којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат од престолот и протеран во Ерменија, ...

62 и 43 годишни Охриѓани рано утрово биле приведени од охридската полиција откако биле фатени на брегот на Охридското Езеро откако биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото. Во кајчето имало три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица. Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил ...

Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово – Бељаковце од Корисоеорт 8. Кај Бељаковце – Крива Паланка, истакна, ќе има доцнење и ќе треба да се види што ќе се прави со изведувачите, но добро е што конечно има желба кај источниот сосед да се заврши заедничкиот тунел, поврзувањето со националната пруга на Бугарија, со што, дополни, ќе стенеме и патен, транспротен и железнички коридор. До 20 ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 51 Годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. На катарстарска парцела во струшкото село Мислешево, пријавениот без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, изградил доградба на објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор извршен од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение со кое на ...

Нема повредени лица во пожарот кој удринава избувна во Безистенот во Струга, вели во изјава за Курир портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Пријавата во струшката полиција пристигнала околу 10 часот. -Добиена е пријава за пожар во деловен објект во Безистенот во Струга. Интервенираше ТППЕ Струга. Повредени лица нема, а увидот привршува, додава Димовски. На терен интервенираа четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со ...

Со посебна радост и благодарност кон Бога, информираме дека уште еден наш собрат, јеромонахот Григориј, по благословот на нашиот сакан Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, успешно ги заврши магистерските студии на Богословскиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун. Во петокот, на 1 ноември 2024 година, во свечената сала на Универзитетот, отец Григориј ја доби својата диплома за завршени магистерски студии, при церемонијата на ...

Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца. Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно да ги истреби христијаните од својата земја, тој го опколи христијанскиот град ...

Во моментов се работи на санација на помошните објекти односно „магаза“ согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата. Се отпочна со реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „ Куќата на Робевци“. Предвидени се одредени итервенции и отпочнато е со промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно ...

Во тек се градежни активности за изведба на канал за атмосферски води во село Велгошти. Со овој зафат го решаваме горкиот пролем на жителите кои при врнежи се поплавуваа. Вредноста на овој зафат изнесува околу 4 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Согласно проектот предвидено е на истиот потег по завршувањето на овие градежни активности да започнат активности за замена на старата и дотраена водоводна линија ...

Речиси целосно се секнати Билјанините Ивори. Вода излегува само од еден камен во долниот дел, додека од горниот мал базен каде што се прелева водата, повеќе ја нема, но затоа пак има пластика. Несовесни граѓани а можеби и туристи успеале горниот басен да го наполнат со пластика. На фотографијата јасно се гледа дека тука е фрлено пластично шише од сок. Ова место како природен споменик е масовно посетувано од голем број туристи па сликата е таа ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 28ми Октомври до 3ти Ноември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Прилепска“ – с. Велгошти (2 дефекти) – „Васил Главинов“ – с.Вапила – „Славеј Планина“ – „Богомилска “ – нас Елешец – с.Горно Лакочереј (2 дефекти) – „Даме ...

Во рамки на активностите за Неделата на грижа за стари лица од 18-24 ноември 2024 г., а со цел развивање на креативната компонента и подигнување на свеста за промоција на хуманоста, солидарноста, почитувањето, убавините на животот и делотворноста кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „ЖИВОТОТ Е ...

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од самиот почеток Му беше приврзан на ...

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и јавниот повик бр 09-17555/2 од 09.10.2024 год. за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од оптштина Охрид за академската 2024/2025 год., градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков го ...

Градежните работи за проширување на патот Елбасан – граничен премин Ќафасан, кај Струга, кој е дел од Коридорот 8, се одвиваат според планираната динамика, објави албанскиот премиер Еди Рама. Овој патен правец се смета за еден од најважните во државата, пат кој ќе ги поврзува Драч-Елбасан-Либражд-Ќафасан, за да продолжи понатаму кон Македонија и Бугарија. Од инвеститорот беше побарано изградбата да ја подели во неколку фази, со што ...

Црвен крст Охрид и оваа година традиционално се вклучи во одбележување на Неделата на глад (16 – 22 октомври 2024г) во рамки на кампањата “Помислете и на нас”, со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми, итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција. Се заблагодаруваме на сите вработени во Црвен крст Охрид и волонтерите на Клубот на млади за спроведувањето на акцијата, на хуманите граѓани кои ја направија оваа акција успешна, ...

Во времето на царот Антонин, свети Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабошци, а свети Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабошци и идолопоклоници, па усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно значајно идолско празнување, Аверкиј се разгоре со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ...

На 02.11.2024 година во 09.05 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, патнички автомобил „Опел Корса“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице роден (1975) од селото Велмеј, општина Дебрца, при престигнување на друго моторно возило, изгубил контрола и излетал на коловозната лента која е во изградба. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен и задржан во болницата „Св.. ...

10 години МАРХ

40 минути - Трн

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
2.06
42%
1025

Белград

2ᴼ/0ᴼ
3.09
76%
1025

Софија

2ᴼ/1ᴼ
8.75
60%
1024

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
11.3
48%
1021

Љубљана

8ᴼ/5ᴼ
1.26
55%
1028

Атина

20ᴼ/17ᴼ
7.72
39%
1016

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
7.2
50%
1024

Подгорица

9ᴼ/9ᴼ
4.12
27%
1026
Currency

61.525

Currency

59.0731

Currency

74.0053

Currency

38.4211

Currency

42.2553

Currency

66.0699

Currency

8.15589

Currency

0.56615

Currency

0.38126

Currency

0.52544

Currency

1.70935

Currency

0.69921

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1006 $

Злато

87228 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

31045 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $