
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Благодатниот оган секоја година на Велика Сабота слегува во вид на светлина од небесата и ги запалува свеките на православниот патријарх кој пред тоа има посебни подготовки со пост (без да вкуси ништо од Цветници ), итн. Во првите моменти тој оган е нематеријален и не гори, а верниот народ го допира со радост да ја почувствува благодатта. Во 16 век Ерменците со измама ги поткупиле Ерусалимските власти и за дочекувањето на Благодатниот Оган бил ...
На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви страдања. Кога Господ дошол во Јерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепрозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро. Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во посета на Обединетите Арапски Емирати, објави дека се договараат летови со Ер Арабија. Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат. Имаме бројни средби, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со „Флај Дубаи“ за лет Дубаи – Скопје кој ...
На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале ...
13 април – НЕДЕЛА ВЕЧЕР 21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час 14 април – ВЕЛИК ПОНЕДЕЛНИК 07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови 16:00 ч. – Велико повечерие 21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час 15 април – ВЕЛИК ВТОРНИК 07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови 16:00 ч. – Велико повечерие 21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час ...
На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки. Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот. Петте девојки, Он ги нарекува мудри, затоа што тие на девственоста ѝ го придодадоа обилното и скапоцено масло ...
Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17.04.2025 година (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“. На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка ...
Дури 128 прекршоци за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење констатирале вчера полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). На патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен 42-годишен скопјанец кој управувал патничко возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со ...
На 35-та седница на Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, проф. д-р Снежана Дичевска, редовен професор на Факултетот, ја доби поддршката на колективот за реизбор на функцијата декан. Со оваа одлука, вториот тригодишен мандат на проф. Дичевска како декан на ФТУ – Охрид започнува на 1-ви октомври 2025 година. Реизборот претставува потврда за нејзиното успешно раководење во изминатиот мандат и за нејзиниот ...
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр 5/02), Програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година, Правилникот за начинот, постапката и критериумите за еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид број 09-599/1 од 21.01.2025 година, јавниот повик за еднократна финансиска поддршка на лице кое е ...
На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија (43) годишно лице од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички нападнал (25) годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против (46) годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катарстарска парцела во охридското село Рамне, без одобрение за градба, неовластено изградил објект за времено сместување кој спаѓа во градба од втора категорија, што било констатирано и при извршен вонреден инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски ...
На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-11, Кичево-12, Дебар-09). Против нив, согласно одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај, поднесени се прекршочни платни налози. Во наредниот период, контролите во патниот ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 7ми до 13ти Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Егејска“ – „Стив Наумов“ – „Прилепска“ – „Пере Тошев“ – „Марко Нестороски“ бр.138 – „15ти Корпус“ – „Железничка“ (2 дефекти) – „Македонски Просветители“ (2 дефекти) ...
На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, ...
Седум пожари на отворено имало во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во изминатите 24 часа, како што велат имало вкупно 1.938 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 ...
Влегувањето на Исус Христос во Јерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови ...
Денес нашиот Спасител, Господ Исус Христос, го прави едно од најголемите чуда пред очите на израилскиот народ, кој само по неколку дена од завист ќе Го убие, распнувајќи Го на крст. Колку е трагична и мизерна состојбата на душата која е исполнета со горчината на зависта и прободена со трнот на гордоста! Таа не ги гледа чудата, не сака да соработува со доброто. Господ денес го воскреснува од мртвите веќе четири дена умрениот и погребан Лазар од ...
Полека Охрид започнува да ја раздвижува фестивалската сцена во градот. Од оваа недела започнуваат фолклорните фестивалски случувања во центарот на Охрид вообичаено наспроти охридската пошта. Прв завеста ќе ја подигне фолклорниот фестивал “Охридски бранови“ на кој свои настапи ќе имаат гости од Романија како и домашни фолклорни групи. Денес посебно впечатлив настап имаше фолкорната група од Романија кој шетајќи низ стариот дел на градот , на ...
Теа Донева од Б.К. Аждер Охрид стигна до третото место на државното првенство во борење кое денес се одржа во Штип. Од охридските борачи „нерешен“ резултат оствари и младиот Лука Колевски кој имаше еден пораз и една победа. Борењето е спорт со најмала традиција во Охрид и овој спорт практично не постоеше ни на аматерско ниво, до појавата на Илија Спасески и основањето на Боречкиот Клуб Аждер, чии членови макотрпно и чекор по чекор го градат ...
На 12.04.2025 година околу 01 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е .(35) годишен жител од Скопје. При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници констатираа дека тој, управува моторно возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 од Кривичниот законик „ Безобзирно управување со ...
Светиот Лазар, брат на Марта и Марија, беше родум од Витанија, близу Јерусалим. Во време на својот живот на земјата Господ Исус Христос често го посетуваше домот на Лазара, кого многу го сакаше и го нарекуваше Свој пријател (Јн. 11: 3, 5, 11). Кога Лазар умре и веќе четири дена се наоѓаше во гроб, Господ го воскресна од мртвите и тоа чудо се празнува на денот наречен „Лазарева сабота“. Многумина Евреи откако чуја за тоа, дојдоа во Витанија и се ...
Според древното предание на Христијаните во пресрет на Лазарева сабота, кога нашиот Спасител Господ Исус Христос го воскреснал веќе четири дена упокоениот и положен во гроб Лазар, постоел обичај децата, организирани од училиштата и родителите, се упатувале во парковите и блиските шуми, собирајќи гранчиња од врба и цвеќиња, коишто ги носеле во храмот пеејќи христијански каланди за Лазар, како и празничниот тропар „Општее воскресение“. Врбовите ...
Општина Охрид во соработка со „Бисер Импорт“ доделува 575 ваучери за велосипеди за млади од Охрид до 29 години. Проектот го имплементира Младински Центар и Локален Младински Совет од Охрид. Апликантот мора да биде жител на Општина Охрид и да не биде постар од 29 години. Секој може да добие само еден ваучер, а за малолетни лица апликацијата ја пополнува родител/старател. Апликациите се разгледуваат по принципот прв дојден – прв услужен, сѐ до ...
Завршувајќи ја душеполезната Света и Велика Четириесетница, Свештената Бигорската Обител ве поканува заедно да го прославиме празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Животот над смртта. По тој повод, во недела, 13 април 2025 година со почеток во 08:30 ч., во Сечесниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде отслужена Божествена Архиерејска Литургија, со која ќе ...
Син на една христијанка по име Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил пред Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, ...
Kако што секое богослужение во Светата Православна Црква завршува со пофална химна кон Пречистата Дева Марија, така и оваа Света и Велика Четириесетница, доаѓајќи кон својот крај, доби благословена круна – благодатна посета од Пресвета Богородица, преку нејзиниот познат чудотворен образ „Гликофилуса“ од Света Гора Атонска. Имено, денеска во нашата Свештена Бигорска Обител пристигна верна изобразба на чудотворната икона на Пресвета Богородица ...
Охридските гимназијалци на 25 април 2025 во НУЦК „Григор Прличев“ премиерно ќе ја изведат крими-драмата „The Mousetrap“ („Стапица за глувци“) од Агата Кристи на оригиналниот, англиски јазик. Овој нивни потфат, поддржан од Општина Охрид, е прв обид на македонско училиште да се претстави пред широка публика на немајчин англиски јазик, и тоа со претстава што е предизвик од повеќе аспекти. „The Mousetrap“ е најизведуваната претстава во историјата ...
Беше многу богат, но заради љубовта Христова го раздаде сиот имот, стапи во Печерскиот манастир и се замонаши. Кога Пољаците завојуваа со Киев во 1097 година, го ограбија манастирот, многумина христијани и монаси ги убија, а Евстратиј со уште неколкумина верни го продадоа во ропство на некој Евреин во градот Корсун. Овој Евреин ѝ се потсмеваше на христијанската вера и ги принудуваше христијаните да преминат во еврејската вера. Кога видоа дека ...
🏗️ Со предлог Законот за градежно земјиште овозможуваме: ➡️ Поажурно постапување по предметите за градежно земјиште, ➡️ Побрзо доаѓање до информации за самото градежно земјиште – сопственост на Република Македонија, ➡️ Законско уредување на постапката за водење на Регистар на отуѓено и дадено под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште – сопственост на Република Македонија, преку информацискиот систем www.gradezno-zemjiste.mk. ...