Белград
11ᴼ /
10ᴼ
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода (38) лице од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час. По целосно документирање на настанот, против ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против (30) годишен од с.Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. Пријавениот, во управните служби на ОВР Дебар, поднел барање за издавање на нова возачка дозвола во управна потапка, со изјава дека ја изгубил возачката која ја поседувал. Од извршените проверки е констатирано дека возачката дозвола му била одземена од полициски службеници во ...
Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално Е-75, порача денеска вицепремиерот и министер за траснпорт Александар Николоски на панел дискусијата во рамките на ...
Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска. Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии и буџет, комисијата ...
Во рамки на предвидениот план и програма за работа , денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид. Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината. Во пријатна атмосвера ...
Секогаш сме тука да подадеме рака таму каде што е најпотребно. За таа цел средствата собрани од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки. Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Доколку сте во можност да помогнете донациите може да се уплатат на: ...
Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор. „Чисто е убаво!“ претставува нова платформа за соработка меѓу институциите, хотелите, угостителските објекти, ...
На 20 септември 2025 година, при посетата на висока делегација на Црвен крст Мор ог Ромсдал од Норвешка, на Црвен крст Охрид, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двете организации на Црвен крст и официјално поставени темелите за почеток на заедничка меѓународна соработка во рамки на твининг програмата за меѓународна соработка. Од 5 – 10 ноември шестчлена делегација на Црвен крст Охрид беше во возвратна посета на Црвен крст Мор ог ...
Од градот Егеј во Киликија. Од родителите ја наследија вистинската вера, но и големо материјално богатство. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам ...
Ердал Лушо од Струга, тргнува на херојска мисија – 16 месеци сам ја градеше својата едрилица „Пиксел“ и наскоро ќе ја започне пловидбата преку Атланнтскиот Океан. Тој ќе се натпреварува против 7 учесници од целиот свет – единствените кои успеаја да се квалификуваат за оваа адреналинска трка. Ердал Лушо е еден од осумте учесници на оваа трка од целиот свет кои успеале да се квалификуваат на трката. Сите учесници, според правилата, сами мора да ...
Нашиот сограѓанин Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја подобри својата здравствена состојба. Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на ...
Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид. Советот го сочинуваат 13 членови:претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струка На седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, ...
Компанијата „Костал“ во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени нови 200 работни места. На средба со извршниот директор „Костал Аутомотив“ Каи Кникман и Виктор Мизо, директор на „Костал“ Македонија, претпладнево беше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази задоволство, што „Костал“ верува во Охрид и во Македонија, и продолжува да го зголемува своето производно ...
Родена во Рим од благородни родители, а остана сираче кога имаше три години. Како сираче, ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години, Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабошците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 3ти до 9ти Ноември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници . Отстранети се дефекти на следните локации: – „Александар Гушо“ – „Јане Сандански“ – „Аџи Мустафа“ бр.70 – „Дејан ВојводА“ (2 дефекти) – „Радојца Новичиќ“ – „Винковачка“ бр.79 – „Петар Поп Арсов“ – С.Велгошти ( 2 ...
Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители, како девојка, почна да им го раздава својот имот на бедните и на болните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (55)г. и лице на (30)г., двајцата од Охрид, , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за натамошна препродажба. При претрес во домот на ...
На 08.11.2025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице- сопатник во патничко возило „бмв“ го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Во времето на страдањето на свети Димитриј Мироточивиот, во Солун живееше еден млад човек по име Нестор, којшто на верата се научи од самиот свети Димитриј. Во тоа време, христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор, Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го ...
На првата конститутивна седница на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, беа спроведени изборите за ново раководство на ова ученичко тело за учебната 2025/2026 година. На изборите, учениците повторно му ја доверија функцијата претседател на Иво Георгиески, кој и минатата година успешно ја извршуваше оваа одговорна улога. За потпретседател беше избран Ангел Трајчески, а за секретар Зорица Стевоска. Новото раководство има ...
Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во ...
На 06.11.2025 година во 18.30 часот, при контрола на граничниот појас кај месноста „Спаски дол“ во близина на Дебар, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“, пресретнала група од шест лица кои илегално ја преминале македонско-албанската државна граница и вршеле криумчарење на четири телиња кои ги воделе со нив. Кога ја забележале полициската патрола, лицата се разбегале назад кон албанската ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (48)г. од селото Подмољје, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и „Неовластено изработување ,држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик. На 30.10.2025 година, при претрес во неговиот дом, ...
Вечерва уживавме во искрените насмевки и шарениот свет на нашите најмлади, по повод патрониот празник на градинката „Јасна Ристеска“. На моја голема радост, имав чест да бидам дел од оваа весела свеченост која ни ги исполни срцата со убавина и уште еднаш ни потврди што е нашето најголемо богатство. Голема благодарност до сите вработени во градинката за нивниот огромен труд, посветеност и трпение во создавањето на оваа прекрасна приредба, ...
7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид е денот кога Охрид ја доби својата слобода, а нашата историја ја испиша една од најсветлите страници. Нека споменот на борците кои го ослободија нашиот град од фашистичкиот окупатор биде вечен потсетник дека слободата не е подарок, туку идеал за кој се живее, се бори и се гради. Нека нивната пожртвуваност нè инспирира да бидеме достоинствени наследници со ум, срце и дело. Нека 7 Ноември ни биде ...
Ј.П.„Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник ,,7-ми Ноември” На присутните им се обрати Директорот м-р Сашо Најдески кој во своето обраќање истакна: „ Почитувани присутни, Дозволете ми на почетокот на сите да Ви го честитам денот на ослободувањето на градот Охрид, а на вработените воедно им го честитам патрониот празник на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид. Од далечната 1952 година започнува приказната за една мисија — да го ...
По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува: НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории: Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, ...
Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишува КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година. Повелбите се доделуваат за ...
Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува: КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година. Наградата ...
Во предвечерието на 7 Ноември по 81 пат прославуваме за слободата на нашиот чудесен Охрид, славиме за едно големо време и едни големи луѓе кои со живот ја заработија слободата во која денес ние живееме. Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашиов Охрид, уште еднаш го исполнуваме аманетот со крв испишан од партизаните. Славејќи ја нивната жртва за слободен град , уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори кон вечноста! ...