
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Победата на Доналд Трамп во САД го потврди она што ние во Израел го знаеме одамна: кога либералниот блок не нуди алтернатива, популистичкиот блок победува пред празен гол. Сите ги споредуваат Трамп и Бенјамин Нетанјаху - навистина, постојат многу сличности - но никој не ги споредува демократите во САД и партиите од центарот и левицата во Израел. Како што Трамп е брат близнак на Нетанјаху, така Камала Харис е сестра близначка на Бени Ганц и Јаир ...
Агонија на животот Со повеќе од педесет платна Никола Пијанманов ја постави изложбата „Вечнеење“ во Културниот информативен центар. Овој исклучително плоден и посветен сликар со бројни самостојни и групни изложби пред љубителите на уметноста изложи дел од опусот на кој работел во последните три години. Во негов својствен и препознатлив стил секоја од сликите сведочи не само за Пијанманов уметникот, туку и за Никола човекот. Насловот „Вечнеење“ ...
Поминаа пет години откако францускиот претседател Емануел Макрон стави вето за пристапните преговори на Македонија и на Албанија, правдајќи го тоа со изјавата дека „куќата првин треба да се реновира пред да се примат нови членки“. Во своите визии за Европа, за да биде можно идното проширување по кое ЕУ би можела да има и до 35 членки, Макрон заговараше спроведување внатрешни реформи, со неопходни построги правила за одлучување, бидејќи Унијата ...
Во периодот од 15 до 17 ноември во КСП Центар-Јадро во Скопје, Криста ДеНио и Искра Шукарова ќе одржат работилница за членови на заедницата, студенти и професионалци од областа на танцот, театарот и други дисциплини во земјава. Работилницата ќе истражува интердисциплинарни пристапи во создавањето на site-specific перформанси, користејќи методологии од танцот и театарот. Работилницата ќе вклучува движење и гласовен тренинг базиран на соматски ...
Во последната верзија на Законот за основно образование се избришани зборовите „род, сексуална ориентација и родов идентитет“ како основи за дискриминација. Во последната верзија на Законот за основно образование која веќе е стигната во Владата се избришани зборовите „род, сексуална ориентација и родов идентитет“ како основи за дискриминација. Ова беше соопштено денеска на брифинг за новинари на организацијата „Коалиција Маргини“. Од таму, ...
Поставувањето прашање или јавувањето на телефон, за повеќето луѓе е нешто сосема едноставно, но за оние што пелтечат често претставува огромен проблем. Пелтечењето не може да се излечи, но може да се намали со терапија. „Секогаш го споредувам со ситуација кога слушате радио во автомобил и немате добар прием. Малку шушка, ама сепак ги разбирате вестите. Но, ако има дополнителни пречки, тунел, мост или тесна улица, тогаш сигналот го снемува“, го ...
Неодамна, до мене, верувам и до останатите филмски работници, беше пренесена шокантната одлука на Агенцијата за филм на Република Македонија, да се поништи и суспендира конкурсот за финансирање на филм за двата повици во 2024 година. Во превод: Тој мораториум ќе доведе до прекин на создавање на филмски дела од следната година, и таа празнина ќе не’ изолира од светските текови. Потег во стилот на Живков или Чаушеску. Ме потресе молкот на и ...
Иако рационалното и аналитичкото мислење, формалната логика и индукциската метода денес сѐ уште се општо признаени темели на нашата технолошка и информатичка доба, неспорен факт е дека овие форми на човечката мисла секојдневно ги употребува незначително мал број луѓе. Ова болно сознание му противречи на глобалниот светоглед изграден над принципите и вредностите на просветителството, чија основна премиса е дека разумната и логичната мисла му е ...
Слободно продолжете понатаму, овде нема ништо ново, само уште една обична апокалипса. Судејќи според претходните искуства, реакциите во светот за поплавите во Шпанија ќе бидат слични на реакциите на возачите на автопат кога поминуваат покрај место на несреќа: ќе забават и ќе погледнат, ќе им биде жал, ќе им олесни што тоа му се случило на некој друг, а потоа ќе додадат гас и брзо ќе заминат. Таков е образецот на однесување во нашата климатски ...
Кога референдумот за Брегзит во Обединетото Кралство во 2016 година донесе неочекуван резултат, Европската комисија ангажираше три лица за да се осигури дека одлуката за напуштање на Европската Унија ќе биде запаметена како целосна лудост. Денес тие три лица остануваат на врвот на политичкиот пантеон на ЕУ – само што сега ја пеат химната на брегзитовците. За да разбереме зошто, треба да ја разбереме кризата на Унијата што се продлабочува. Мишел ...
Иако капиталистите понекогаш се прилагодуваат и ја поддржуваат изборната парламентарна демократија, тие, никогаш во историјата, не го прифатиле исходот од изборите кој можел да ги загрози капиталистичките сопственички односи. Денешниот политички консензус инсистира на ставот дека капитализмот и демократијата меѓусебно се поддржуваат и зависат еден од друг. За идеолозите на слободниот пазар секое суштинско ограничување на слободното функционирање ...
Ние не ги гледаме, но тие убаво живеат и во нашата бања: научниците таму откриле над шестотини различни вируси. Нема потреба од паника, бидејќи велат дека нема ништо лошо во тоа. Туширањето со топла вода не го сакаат само луѓето, туку и вирусите. Неодамна, беше објавена студија во стручното списание „Граници во микробиомите“ (Frontiers in Microbiome)“, според која, на пример, цела метропола на вируси живее во нашиот туш. И не само таму. ...
Денес, на 4 Ноември, на 88 годишна возраст, почина Оливера Николова, една од најзначајните македонски писателки за возрасни и за деца. Оливера Николова, раскажувачка, романсиерка и драмска писателка, е родена во Скопје на 11 март, во 1936 година. Се школувала во Струга и во Велес, а дипломирала на Филолошкиот факултет, на катедрата за Југословенска книжевност, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како уредничка и драматург ...
Пренесено од Дојче веле Иако е разбирливо дека проблемот на ЕУ со Истокот и војната во Украина не е од вчера, сега проблемот со руското мешање и империјалната реконструкција насочена кон екс-СССР земјите како Молдавија и Грузија, создаваат нова главоболка за Брисел. Тоа само ни потврдува дека големиот план на Путин за доминација и реставрација на териториите, некогаш под Царевите, а потоа и под Советите, нема да запрат само со Украина. ...
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата ...
Поранешниот шеф на кабинетот на Трамп потврди дека поранешниот претседател е фашист. Претходно, поранешниот претседател на Здружениот генералштаб официјално изјави дека поранешниот претседател е фашист. Угледни историчари велат дека тој е фашист. Зарем сето тоа не е доволно за да ја разреши таканаречената „дебата за фашизмот“, која трае долго, огорчена е и изненадувачки лична? Учесниците во оваа дебата се сложуваат дека Трамп мора да биде ...
Лектирата во училиштата, задолжителната и онаа што се препорачува, постои во повеќе европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, и е постојано предмет на остро спротивставени дебати околу напорите за градење заеднички културен идентитет, или чувство на заедништво и припадност кон некое општество. Утврдувањето списоци на лектирни дела тешко може да помине без политичко влијание, а едновремено неизбежно се наметнува прашањето во колкава мера еден ...
Со претставата „Кралот Иби“ на Алфред Жари во изведба на студентите на Факултетот за драмски уметности, вечерва, на 1 ноември во 20 часот, во Драмскиот театар во Скопје ќе биде отворено 32. издание на Студентските средби „Скомрахи“. Пиесата „Кралот Иби“ може да се смета за зачеток на драмата на апсурдот и во неа се прикажуваат настани и ситуации што се во основата гротескни, изместени и апсурдни. Под мотото „Дионизија сега“, на „Скомрахи“ и ...
Предниот дел на првата продавница на „Нинтендо” во Кјото На 23 јуни 1889 година основана е компанијата „Нинтендо” - симбол на гејмерската индустрија на модерното време - која произведе бројни наслови кои останаа врежани во поп културата. Основач на „Нинтендо” е Фусаџиро Јамаучи - претприемач од Кјото. Почеток со продажба на традиционални карти за играње „Нинтендо” е веројатно најстарата компанија за видео игри. Основана е во 1889 година, и се ...
Агенцијата на Обединетите нации за заштита на животната средина (УНЕП) неодамна го објави новиот извештај за јазот во емисиите - кои нациите ширум светот во моментов планираат да ги намалат за да ги избегнеме најлошите последици од глобалното затоплување. „Сегашните амбиции не се доволни“, оценува д-р Ана Вуковиќ Вимиќ од Земјоделскиот факултет во Белград, една од водечките српски стручњаци за климатски промени. „Забележан е исчекор во однос на ...
Пренесено од Дојче веле Додека Владимир Путин во Казан беше домаќин на првиот БРИКС плус Самит, со амбиција да формира „нов светски поредок“ наспроти оној западниот, целиот свет е во исчекување на претседателските избори од 5 ноември, со цел да разбере кои ќе бидат идните потези на САД. Честопати се вели дека изборите за Белата куќа не се однесуваат само на Американците, туку на целата земјина популација, затоа што САД и понатаму се број 1 ...
Денес бројни филозофи, економисти, правници, социолози и антрополози од разни провиненции, трагаат по одговор на прашањето како денешниот свет може да се промени во правец на создавање поцврста симбиоза помеѓу слободата на хомосапиенсот и новата визија на човештвото што би водело, ако ништо друго, барем кон нов копнеж за подобар, послободен и подемократски свет. Што може да го инспирира хомосапиенсот уште еднаш да посегне по револуционерни ...
Сакаме да живееме добро, aма историјата не ни го дозволува тоа, кажа Џон Кенеди. Така е тоа, оти кој гледа во минатото таму и останува. По руската инвазија на Украина, меѓународниот правен поредок воден од Повелбата на ОН, видно е ослабнат. Светската трговска организација седум децении помогна да се одржи рамнотежата и редот во глобалната економија и беше една од водечките мотори на глобализацијата. Сега таа слабо функционира, ама и новите ...
Едукативната конференција „Поттикнување на самостоен живот на лицата со попреченост преку поддршка на нивните родители и старатели” ќе се одржи во Мултифункционален центар „Крикни” во населба Црниче, на 30 октомври (среда), со почеток во 10 часот. Родителите, старателите, едукаторите и сите што сакаат да направат позитивна промена за лицата со попреченост на овој инспиративен настан ќе имаат уникатна можност да научат, да се вмрежат и да бидат ...
Најголемиот апсурд на практично маглестиот и илузивен меѓународен правен поредок – од гледна точка на еден лаички набљудувач што одгледува здраворазумска мисла – е што иако навидум ја исфрла војната од меѓународното право, за легални меѓународни граници помеѓу суверените држави ги признава традиционално само оние постигнати со војна, значи со силата на оружјето. Изгледа малоумно и криминално, но историјата на државите упорно ни ја повторува ...
Пелтечењето долго време се сметаше за психичко заболување. Денес е јасно дека зад тоа стојат невролошки причини. Не постои лек за пелтечење - но терапијата може да ви помогне да зборувате потечно. За повеќето луѓе посетата на кафуле не е ништо посебно. Меѓутоа, 18-годишната Селина Цинар мора внимателно да се концентрира за да нарача торта бидејќи пелтечи. Зборовите кои сака да ги каже, често, едноставно не излегуваат од нејзината уста. Истиот ...
Економскиот антрополог Џејсон Хикел е истакнат заговорник на одрастот: теорија според која, ако сакаме да ја обезбедиме својата благосостојба и здравјето на планетата, мораме да ја напуштиме капиталистичката опсесија со економскиот раст. Неговата премиса е јасна: ако ја признаеме сериозноста на климатската криза, мораме да ја прифатиме и потребата за радикална трансформација на нашите економии. Дискусијата за пренасочувањето на фокусот од ...
„Историјата на универзумот… е ракописoт што го создава минорниот бог за да комуницира со Демонот”. Хорхе Луис Борхес го совладал расказот до совршеност - ниту едно негово дело не е подолго од четиринаесет страници. Постојано цитирал од други, но на начин кој е речиси лесен и духовит. Отсекогаш создавал различни инспиративни светови, секој поинтригантен и помистериозен од претходниот. Борхес е роден на 24 август, 1899 година во Буенос Аирес, како ...
Деветотто издание на КРИК фестивалот за критичка култура завршува во сабота (26 октмоври) со настанот насловен „Низ патеките на (не)разумното - 300 години од раѓањето на Имануел Кант“. Во партнерство со Гете институт – Скопје, Контрапункт му го посветува 26 октомври (сабота) на Имануел Кант, еден од најзначајните германски филозофи, по повод триста годишнината од неговото раѓање. Перформативното критичко исчитување на клучните императиви на Кант ...
Фотографија: Николас Муреј „Не сум болна. Скршена сум. Но, среќна сум што сум жива сѐ додека можам да сликам”. Родена е како Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон во куќата на нејзините родители во Кохоакан, кој во тоа време бил мало предградие на Мексико Сити. Животот на Фрида започнал и завршил во Мексико Сити, во нејзината куќа позната како „Сината куќа”. Датумот на раѓање го навела како 7 јули 1910 година, но во нејзината крштеница пишува 6 ...