Кавадарци како Чикаго, Прилеп како Дубаи, а Скопје како замислен футуристички град. Во последната недела од кампањата за локалните избори, на социјалните мрежи стана популарно да се споделуваат слики од спектакуларни светски дестинации или од измислени места со опис дека така ќе изгледа некоја македонска општина по изборите. Објавите се главно сатирични реакции од граѓани на амбициозните ветувања на кандидатите за градоначалници дека ќе ги ...

Повеќето балкански земји планираат да ја надминат кризата предизвикана од цените на гасот во Европа така што ќе продолжат да се снабдуваат со електрична енергија од термоцентрали на јаглен или да земаат природен гас од Русија. Иако цените на гасот во Европа нагло скокнаа во последниов период, во повеќето балкански земји, енергетската ситуација е сè уште стабилна. Некои влади сè уште не се изјасниле јавно за кризата, други рекоа ...

Сретен Лукиќ во судницата на Хашкиот трибунал, во април 2005 година. Фото: EPA/Бас Червински/ПУЛ Откако официјалните претставници на ООН, во неколку наврати, изразија загриженост поради негирањето на злосторствата преку медиумите од страна на ослободените воени злосторници, ММКТ му забрани на генералот на српската полиција, Сретен Лукиќ, да ги негира злосторствата извршени за време на војните во Југославија, како услов за негово пуштање на ...

Аднин Хасиќ имал 11 години, кога во мај 1992 година, за последен пат ги видел своите родители. По речиси четири месеци, дознал дека неговите родители се убиени и закопани во масовна гробница на градската депонија во Мостар. „Откривме што им се случило дента на погребот, на 30 август 1992 година“, се сеќава Хасиќ. „Кога се разбудивме, вујко ми влезе во куќата заедно со наши роднини, а потоа нѐ известија дека нашите родители ...

Кога сметководител би ги проверувал извештаите за примени донации на наменските сметки на партиите за првите 10 дена локална изборна кампања, би немал многу работа. Причината е едноставна. Тие, со неколку исклучоци, се сметководствено полупразни. Партиските донатори, споредено со минатото, сега како да станале скржави, бидејќи салдото на изборните сметки отворени специјално за изборите не е толку полно, како што тоа било порано. Сепак, ако се ...

Адријатик Лала | Фото: ЛСА Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, потврди за БИРН дека издало меѓународна потерница за поранешниот Главен обвинител, Адријатик Лала, кој е на непозната локација. Педесет и двегодишниот Лала беше осуден на две години затвор во мај поради прикривање богатство проценето на еден милион евра. Пресудата беше потврдена во септември од Специјалниот суд против корупција и ...

На помалку од една недела пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори и во екот на неофицијалното, но агресивно претставување на кандидатите за градоначалници, спонзорирани фејсбук-објави и на вадењето „валкан веш“, вчера изгледавме уште еден телевизиски дуел, прв годинава, меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Освен вообичаеното вербално ...

Oстатоци од опожарената модуларна болница во Тетово | Фото: БИРН Речиси еден месец по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе, тетовското обвинителство ги објави првите наоди од вештачењето на полицијата. Во соопштението пишува дека полицијата утврдила каде настанал пожарот, како и можна причина што го предизвикала огнот во модуларната болница. Причината е спој во приклучниот кабел во дефибрилатор, во една од ...

Полното кафуле „Фонтана“, излепените oгласи „for rent“, зеленилото пред трговскиот центар „Мавровка“ и октомвриската раздвиженост полека го фрлаат во заборав фактот дека лани на ова место имало градежна механизација што урива дивоградба. И не само тоа, туку и сеќавањето за јавната двомесечна потрага по анонимниот инвеститор, кого го открија медиумите, наместо институциите, кои беа заглавени во дописки. Неполни 48 часа по формирањето на новата ...

На маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, Пленковиќ разговарал со српскиот претседател, Александар Вучиќ, на кого му пренел оти сака да се корегира учебникот во кој хрватскиот, босанскиот и црногорскиот јазик, се опишани како верзија на српскиот. „Му реков да го решат ова прашање, што се однесува на учебникот за осмо одделение за основно училиште, во кој хрватскиот јазик практично се негира. Тоа не е добро и тој е запознаен со ...

Претседателот на Здружението на ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, и неговиот заменик, Насим Харадинај, во последните две години поминаа многу време пишувајќи статуси на поддршка на социјалните мрежи, за нивните поранешни соборци, кои беа повикани на сослушување пред Специјализираните совети и Специјализираното обвинителство на Косово (т.н. Специјален суд) во Хаг, во врска со наводни воени злосторства. Судењето за Гуцати и Харадинај започнува ...

Синиша Мали, министер за финансии и поранешен градоначалник на Белград | Фото: Министерство за финансии на Србија Српските лидери, вклучувајќи го и претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ застанаа во одбрана на министерот за финансии, Синиша Мали, и ја обвинија истражувачката мрежа за криминал и корупција Крик дека лаже. Нападот врз Крик дојде откако медиумот објави конечни докази од Пандорините документи дека Мали, кој ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за време на нејзината посета на Балканот минатата недела, не штедеше напори да го убеди регионот дека „Босна и Херцеговина и целиот Западен Балкан, припаѓаат во Европската Унија“. Меѓутоа, домашното и меѓународното внимание го привлекоа лоши вести: закани за поделба на Босна и Херцеговина, кои доаѓаат откако босанските Срби, во јули, престанаа да учествуваат во работата на ...

Зградата на Главното обвинителство на Молдавија | Фото: Главно обвинителство на Молдавија Молдавските обвинители за организиран криминал синоќа го привеле Главниот обвинител Александр Стоианогло на 72 часа. Против него се подигнати четири обвиненија за корупција и за злоупотреба на службената положба. „Се враќаме кон заробената држава“, рече Стоианогло додека излегуваше од својата канцеларија придружуван од специјални полицајци, веројатно ...

Колувија тврди дека обвиненито против него е полициска местенка| Фото: YouTube канал на Objektiv TV Контроверзниот српски бизнисмен Предраг Колувија, обвинет во Србија за нелегално производство и чување марихуана, во моментот кога го апсела полицијата, бил на пат за Македонија да аплицира за почесен конзул на Србија во нашата држава, откри самиот тој минатата недела во првото интервју, откако по речиси две години беше пуштен во домашен ...

Обилните снежни врнежи, силните ветрови и ледените наноси што ги зафатија северните планински предели на Албанија во јануари годинава ги уриваа електричните столбови и го прекинаа преносот на електрична енергија преку 400-киловолтниот вод што ги поврзува браните на реката Дрим со соседно Косово. Овој далекувод почна со работа кратко време пред тоа, во минатиот декември. Поради екстремните временски услови и непристапниот терен, работите за ...

Зградата на Судот и на Обвинителството на БиХ. Фото: Обвинителство на БиХ. Помина цела година од отворањето истрага за јавното откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот што се води против пет поранешни полицајци, обвинети за учество во геноцидот во Сребреница, а Обвинителството на Босна и Херцеговина сѐ уште не открива во која фаза е предметот. Истрагата беше отворена во септември 2020 година, откако неколку истакнати медиуми ...

Анастас Герџиков е ректор од 2015 година | Фото: Дневник.бг Ректорот на Софискиот универзитет Анастас Герџиков ќе биде противкандидат на бугарскиот претседател Румен Радев на изборите што треба да се одржат на 14 ноември. Герџиков влегува во изборната трка како кандидат поддржан од ГЕРБ, доскорешната владејачка централно-десничарска партија на Бојко Борисов. Објавувањето на неговата кандидатура беше дочекано со изненадување во Бугарија. ...

Бродот „Вера су“ . Извор: youtube screenshot Северното црноморско крајбрежје на Бугарија е загрозено од заринкан брод полн со товар што е опасен за околината и за живиот свет, предупредуваат екологистите од земјата. Пловилото Вера Су, регистрирано во Панама, уште од 20 септември се наоѓа на неколку метри од брегот кај местото Јајлата. За разлика од централните и јужните делови на бугарското приморје, каде што е развиен масовниот туризам, ...

Предавање на посмртните останки на албанските жртви. Фото: Денис Словиња/БИРН Посмртните останки на 7 косовски Албанци, жртви на војната, денеска им беа предадени на косовските власти на граничниот премин Мердаре, четири месеци откако беа ексхумирани од масовна гробница лоцирана во рудник во јужна Србија. Роднините на жртвите, убиени во масакрот во косовското село Резала, во април 1999 година, со солзи го гледаа примопредавањето, а косовскиот ...

Првото одложено судење за случајот со запленетиот тон марихуана | Фото: БИРН Тивко и далеку од дневната предизборна врева, на шестиот кат во Кривичниот суд, на 28 септември требаше да почне првото судење за обвинението за запленет тон марихуана во кавадаречко Сопот од април 2020. Една и пол година откако случајот одекна во јавноста како успешна заплена, за потоа да се заплетка во различно толкување од полицијата и од обвинителството дали ...

После последната рунда преговори меѓу српските и косовските официјални претставници, одржана во Брисел овој месец, преговарачите, како што беше објавено, се согласиле да ги отворат своите воени архиви, за да се утврди каде се наоѓаат над 1.600 луѓе, кои сѐ уште се водат за исчезнати во војната во Косово. Шефот на косовската делегација и потпреседател на Владата на Косово, Бесник Бислими, изјави оти од Србија побарал да ги отвори своите воени ...

Кога архитектот Даниел Серафимовски, во 2016 година ја поставувал својата скулптура „Помеѓу две страни – дивоградба“, во близина на Музејот на современа уметност на скопско Кале, дошле градежни инспектори да проверат што се случува. Музејот морал да објаснува дека тоа не е вистинска дивоградба, иако е направена во форма на куќарка од тули, туку дел од нивниот проект „Скулптурално“, со кој повеќе уметници поставиле свои инсталации на различни ...

Почеток на премиерата на документарниот филм за 125-тата моторизирана бригада на ВЈ, во Белград. Фото: mod.gov.rs. Министерството за одбрана на Србија, во Белград прикажа филм за сега веќе распуштената 125-та моторизирана бригада на ВЈ, во знак на сеќавање на 40-годишнината од нејзиното основање, и покрај наводите дека бригадата била вмешана во воени злосторства, за време на конфликтот во Косово. „Иако 125-тата моторизирана бригада беше ...

Одејќи несигурно и со големи напори потпирајќи се на патериците, Мухамет Лани, едвај успева да седне на маса во малото кафуле во близина на неговата куќа во Обилиќ. Тој се фаќа за масата, а рацете му треперат од лутина, додека зборува за својата влошена здравствена состојба. „Од минатата година имам потешкотии при одењето, а корона вирусот дополнително ми ја влоши состојбата“, вели 71-годишниот Мухамет за БИРН. Она што најмногу го загрижува, ...

Локалните избори се време кога функционерските чевли се среќаваат со правливите патишта, градилишта и недовршената инфраструктура. И оваа година, како по традиција, тие чевли излегуваат од службените канцеларии и од свечените салони три-четири месеци пред да почне официјалната предизборна кампања. Без разлика дали станува збор за државни проекти низ земјава, локални проекти на општините, заеднички зафати на централната и локалната власт, или, ...

Сакиб Махмуљин. Фото: БИРН. Обвинителството побара од Судот на Босна и Херцеговина во Сараево, да му ја зголеми казната од 10 на 20 години затвор на Сакиб Махмуљин, кој беше осуден за неспречување на припадниците на одредот „Ел-Муџахидин“ да измачуваат и убиваат српски затвореници во областите Возуќа и Завидовиќи. Одбраната побара да се укине пресудата и Махмуљин да биде ослободен или повторно да му се суди. Во обвинението се наведува дека ...

Апликација ТикТок Фото:БИРН Би сакале да ги слушнеме родителите и наставниците кои се подготвени да го споделат своето искуство со нас за да ни помогнат во претстојноо истражување за безбедноста на децата и младите тинејџери што користат TikTok. Подолу ќе најдете повеќе информации за тоа како да учествувате. Клучните работи што сакаме да ги знаеме: Нема да објавуваме документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме ...

Фото: Mеморијален центар Сребреница-Поточари Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари, е отворена изложба со наслов „Чекори на оние кои (не)поминаа“, на која се изложени лични предмети на луѓето убиени од силите на босанските Срби во јули 1995 година, како и предмети во сопственост на преживеаните. Кустосот, Азир Османовиќ, објаснува дека дел од предметите биле пронајдени на патот помеѓу Сребреница и Незук, по кој се движела колоната на ...

Салих Мустафа и неговиот адвокат, Јулиус фон Боне, во судница. Фото: ССК/Скриншот На судењето на поранешниот командант на единица на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Салих Мустафа, обвинет за незаконско затворање и мачење на затвореници во 1999 година, првиот сведок изјави дека бил тепан, додека не ја изгубил свеста. Мустафа е обвинет за учество во убиства, тортура, сурово постапување и произволен притвор на цивили, дела извршени во ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Злато

157561.16

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Цинк

3.29