Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Утре, 12 јули, Македонската православна црква и верниците го одбележуваат големиот христијански празник Свети апостоли Петар и Павле, во народот познат како Петровден. Овој празник со векови е поврзан со бројни народни обичаи, верувања и традиции, а во минатото се сметал за еден од најважните датуми во летниот календар. Петровден се доживувал како пресвртница во годишните времиња и како период кога природата почнува постепено да се менува и ...
Турски државјанин е приведен откако полицијата го затекнала како управува возило со екстремно висока брзина на автопатот „Пријателство“ кај Гевгелија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот бил запрен вчера околу 15 часот во близина на селото Милетково, каде што полициските службеници при контрола со радар утврдиле дека се движел со брзина од 203 километри на час. Станува збор за делница на која максимално ...
Детско игралиште во скопската општина Кисела Вода повторно стана мета на вандализам, откако непознат сторител со моторно масло ги полеал реквизитите и клупите на просторот за игра на улицата „Ѓорѓи Сугаре“. Игралиштето, кое преку ден е место за игра и дружење на децата од населбата, преку ноќ станало неупотребливо и потенцијално опасно. Маслото било нанесено на повеќе реквизити и клупи, поради што жителите предупредуваат дека децата не можат ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека утре, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија привремено ќе останат корисници во повеќе населени места во општините Петровец, Сопиште и Студеничани. Во општина Петровец, прекинот ќе трае од 08:15 до 15:15 часот, а без струја ќе бидат корисниците во селата Огњанци, Чифлик, дел од Петровец, Фазанерија, ...
Куба повторно се соочува со голем енергетски колапс, откако државната електроенергетска компанија УНЕ соопшти дека дошло до целосен прекин на националниот електроенергетски систем. Во објава на платформата X, компанијата информираше дека е регистриран „целосен колапс на националниот електроенергетски систем“, по што веднаш биле активирани протоколите за постепено обновување на снабдувањето со електрична енергија. И Министерството за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на американската армија да биде подготвена за воени напади врз Иран доколку Техеран се обиде да изврши атентат врз него. Во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп наведе дека веќе се издадени конкретни наредби до вооружените сили. „Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската ...
Токсичната инвазивна риба Lagocephalus sceleratus, позната како „риба зајак“, продолжува забрзано да се шири низ грчките мориња, поради што властите и морските експерти повторно упатија сериозно предупредување до граѓаните и туристите. Според грчкиот медиум Radiome, овој вид првпат бил забележан во грчките води во 2005 година, а денес е распространет долж голем дел од крајбрежјето, островите и морските подрачја на Грција. За полесно ...
Иако важи за една од најголемите светски производителки на сурова нафта, Русија се соочува со сериозен недостиг од бензин и дизел, откако повеќе рафинерии беа оштетени во серија украински напади со беспилотни летала. Според индустриски извори на кои се повикува „Ројтерс“, руските рафинерии моментално произведуваат доволно бензин за околу 65 проценти од сезонската побарувачка. Дневниот недостиг се проценува на меѓу 40.000 и 45.000 тони, што е ...
Сончево и многу топло време со температури до 37 степени Целзиусови се очекува денеска низ Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Времето ќе биде претежно ведро, со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала ...
Бик Денот е идеален за да ги ставите финансиите под контрола и да избегнете непотребни трошоци. Посветете време на личните планови и организацијата. На приватен план ве очекува убав момент со личност која ви значи. Близнаци Вашата комуникативност ќе биде ваш најсилен адут. Можно е да добиете важна информација што ќе ви користи во иднина. Во љубовта, не носете избрзани одлуки пред да ја слушнете и другата страна. Рак Интуицијата денес нема да ...
Во главниот град на Германија, Берлин, во тек е голема полициска операција за ослободување на жена која синоќа била земена како заложник во супермаркет. Според првичните информации, жената била заробена околу 22:00 часот по локално време, а мотивот на напаѓачот засега не е познат. Инцидентот се случил во населбата Мариенфелде, во јужниот дел на Берлин. Германската полиција соопшти дека заложничката драма сè уште трае и дека и жената и ...
Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека парламентарното мнозинство е проширено и дека пратеничката група сега брои 59 пратеници, откако беше потпишан Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека потпишувањето на договорот претставува потврда за зголемената доверба, демократскиот капацитет и коалицискиот потенцијал на ...
Дваесет и седумгодишна жителка на Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од жена на подрачјето на Кисела Вода. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 јули 2026 година, околу 21:50 часот, Н.С. (27) од Скопје го пријавила инцидентот во СВР Скопје, наведувајќи дека претходно била физички нападната од женско лице. Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно ...
Европскиот систем за брзо предупредување за небезбедни производи (RAPEX) издаде предупредување за играчка наменета за бебиња, која се повлекува од пазарот поради опасност од гушење. Според известувањето, играчката има силиконски ленти за влечење и испакнат дел што е подолг од дозволеното. Надлежните предупредуваат дека малите деца можат да го стават овој дел во уста, што создава сериозен ризик од задушување. Поради утврдените недостатоци, ...
Новак Ѓоковиќ по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон испрати искрена порака до јавноста, истакнувајќи дека не сака постојано да биде оптоваруван со прашањата за освојување на 25. Гренд слем титула. Српскиот тенисер призна дека очекувањата од медиумите, но и од луѓе од неговото најблиско опкружување, почнале да му создаваат дополнителен притисок. „Секако дека би сакал да ја освојам 25. титула, но тоа не е единствената цел во ...
Американскиот Пентагон објави нов пакет документи поврзани со неидентификувани летачки феномени (НЛО), со што јавноста доби пристап до уште 40 материјали кои содржат извештаи, видеа, фотографии и аудио-снимки. Новообјавената архива опфаќа 14 документи, 19 видеа, четири аудио-записи и три фотографии, а материјалите потекнуваат од повеќе американски институции, меѓу кои Пентагон, НАСА, ЦИА, ФБИ и Министерството за енергетика. Еден од ...
Градскиот плоштад во Кавадарци денес беше исполнет со детска смеа, радост и позитивна енергија, благодарение на омиленото туристичко вовче Гроздоберко, кое уште еднаш ги воодушеви најмалите посетители. Стотици деца со нетрпение чекаа да се качат на веселото вовче, уживајќи во возењето низ центарот на градот, додека нивните родители ги овековечуваа најубавите моменти со фотографии и видеа. Настанот создаде прекрасна атмосфера исполнета со ...
При изборот на крема за сончање, многумина се двоумат дали да купат производ со SPF 30 или SPF 50. Иако бројките изгледаат како да прават голема разлика, експертите објаснуваат дека нивото на заштита е многу послично отколку што повеќето мислат. SPF, односно факторот за заштита од сонце, покажува колку ефикасно кремата ги филтрира штетните ултравиолетови зраци. Кремите со SPF 30 блокираат околу 96,7 проценти од УВ-зрачењето, додека SPF 50 ...
Државјанин на Србија, камионџија од Нови Пазар, е пронајден мртов покрај товарното возило што го управувал на територијата на Бугарија, додека локалните власти спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите на случајот. Според првичните информации што ги пренесуваат регионалните медиуми, телото на возачот било откриено во непосредна близина на камионот, по што на местото пристигнале полициски екипи и започнале увид. Во јавноста се појавија ...
Кинеските власти ги зголемија мерките за подготвеност во провинциите Џеџијанг и Фуџијен поради приближувањето на тајфунот Бави, деветтиот регистриран тајфун во земјата од почетокот на годината. Според информациите од локалните метеоролошки служби, системот се движи кон југоисточниот брег на Кина, а во текот на денот се наоѓал на повеќе од 1.000 километри југоисточно од градот Венџоу. Во неговото јадро се регистрирани ветрови со сила на ...
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 59-годишна жителка на селото Таринци, во општина Карбинци, поради сомнение дека извршила кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 29 мај 2026 година на детско игралиште во селото Таринци, каде што осомничената физички нападнала малолетно лице. По преземените активности и документирањето на случајот, против жената е поднесена ...
На денешното рочиште за предметот поврзан со злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата, во судницата беа преслушани дел од телефонските разговори обезбедени со посебни истражни мерки. Во разговорите, според обвинителството, се слушаат комуникации меѓу дел од обвинетите, како и лица кои не се опфатени со обвинението. Меѓу нив е и поранешна вработена во Министерството за земјоделство, која претходно призна вина за примање поткуп и беше ...
Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ предупредува дека, покрај вирусот Западен Нил, постои и потенцијален ризик од појава на денга и чикунгуња, заболувања што ги пренесуваат комарци, пред сè инвазивниот тигрест комарец (Aedes albopictus). Според експертите, климатските промени, сè почестите патувања и ширењето на инвазивните видови комарци ја зголемуваат можноста за појава на увезени случаи, а во одредени услови и локално ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека во рамки на истрага за организирана криминална група, поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и употреба на медицински лекови и помагала, биле приведени три лица, меѓу кои и двајца лекари. Во акцијата, која се реализирала во текот на вчерашниот ден, биле извршени претреси на пет различни локации во Скопје, вклучително и во две здравствени установи. По ...
Ако чувствувате замор, пад на концентрацијата или ментална исцрпеност, решението можеби е поедноставно отколку што мислите. Според повеќе научни истражувања, само неколку минути поминати гледајќи низ прозорецот кон природа можат позитивно да влијаат врз вниманието и менталната енергија. Психолозите Рејчел и Стивен Каплан преку Теоријата за обновување на вниманието објаснуваат дека мозокот користи два вида внимание. Насоченото внимание, кое го ...
Десетмесечното бебе кое во критична состојба беше пренесено од островот Родос во Атина поради задушување со храна, починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според грчките медиуми, бебето починало утринава околу 04:30 часот, неколку часа по итниот транспорт до специјализирана болница во главниот град. Инцидентот се случил кога детето се задушило додека било хрането, по што веднаш било пренесено во Општата болница на ...
Предложените измени на Законот за студентскиот стандард предвидуваат построги правила за однесување во студентските домови, меѓу кои и можност студентите што внесуваат или користат алкохол да добијат забрана за сместување во сите државни студентски домови во период од една до пет години. Иако забраната за внесување алкохол во студентските домови е правно дозволена, дел од правните експерти сметаат дека најголемото прашање е дали предложените ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и Ресавска улица во Белград, при што тешко е повреден 53-годишен мотоциклист. Според информациите од Градското сообраќајно претпријатие, несреќата се случила околу 22:45 часот, кога трамвај при свртување од Булеварот кон Ресавска улица бил удрен од мотоцикл кој се движел во правец кон Вуковиот споменик. Од силината на ударот, мотоциклистот се ...
Македонија во следните десет дена ќе биде под влијание на стабилно и многу топло летно време, со температури кои на повеќе места ќе достигнуваат и надминуваат 35 степени, додека во одделни денови ќе има услови за локална нестабилност и краткотрајни поројни врнежи со грмежи. Според прогнозите, викендот ќе биде најтопол, со максимални температури од 34 до 38 степени, а во најтоплите делови од државата локално е можно живата во термометарот да ...
За време на екстремно високите температури, покрај доволниот внес на течности, важна улога има и правилната исхрана. Според експертите, изборот на намирници може да помогне организмот полесно да се справи со топлината и да остане подобро хидриран. Епидемиологот Тим Спектор советува во текот на летните горештини почесто да се консумираат намирници богати со вода, како лубеница, краставици, домати, агруми, зелена салата и бобесто овошје. Освен ...