Голем пожар кај Ниш: Огнот се прошири до куќите поради силниот ветер Голем пожар избувна денес во близина на населбата Подвиник кај Ниш, на отворен простор покрај автопатот, а поради силниот ветер пламените јазици брзо се проширија кон околните куќи. Според првичните информации, пожарот зафатил и една семејна куќа, при што бил оштетен дел од нејзиниот ѕид. Засега нема информации за повредени лица. На терен интервенираат бројни екипи на ...

Важно известување за скопјани: Утре ќе има авионско прскање против комарци Град Скопје информира дека утре, 10 јули, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град. Од Градот соопштуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на акцијата, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин. Воедно, надлежните ...

До крајот на годината овие 3 хороскопски знаци би можеле да бидат најсреќните Според астролошките толкувања, последните месеци од годината би можеле да донесат позитивни промени за три хороскопски знаци. По период исполнет со предизвици и неизвесност, за Лавовите, Скорпиите и Јарците се најавуваат нови можности на професионален, финансиски и љубовен план. Лав Лавовите би можеле конечно да ги видат резултатите од својот долгогодишен труд. ...

Трагедија во Охрид: Почина маж откако проголтал паковка со дрога при полициска контрола Четириесет и четиригодишен жител на Охрид почина откако, според информациите од Секторот за внатрешни работи Охрид, проголтал паковка со наркотична материја за време на полициска контрола. Настанот се случил откако полициски службеници се обиделе да запрат автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки регистарски ознаки. Возачот првично не застанал на дадениот знак и се ...

Милатовиќ: Европскиот пат не значи откажување од идентитетот на Црна Гора Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, порача дека пристапувањето на земјата во Европската Унија не претставува откажување од националниот идентитет, туку негово зачувување преку вредностите на слободата, демократијата и владеењето на правото. Говорејќи на свечен прием во Цетиње по повод Денот на државноста, Милатовиќ истакна дека европската интеграција е природно ...

Четириесет и едногодишен жител на Куманово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на улицата „11 Ноември“ во Куманово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 22:40 часот, кога патнички автомобил со кумановски регистарски таблички, управуван од М.Т. (41), удрил во паркирано товарно возило „Пежо“, кое било сопственост на С.К. (38) од Куманово. Во ...

Франција повторно се соочува со силен топлотен бран, поради што метеоролошките служби прогласија црвен аларм за девет департмани, додека уште десетици региони се ставени под портокалово ниво на предупредување. Според Метео-Франс, највисокото ниво на тревога ќе стапи во сила во петок напладне и ќе важи за департманите Морбијан, Ил-ет-Вилен, Мајен, Сарт, Лоара-Атлантик, Ванде, Мен-ет-Лоар, Виена и Де Севр. Метеоролозите предупредуваат дека ...

Драма кај Рача: Два автомобили се судрија, банкината спречила поголема трагедија Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Свети Наум Охридски“ во Охрид, во близина на населбата Рача, каде што дошло до судир меѓу два автомобили. Според првичните информации од местото на настанот, во несреќата има повредени лица, а по ударот возилата биле поместени кон работ на коловозот. Очевидци посочуваат дека еластичната заштитна ограда спречила ...

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес беше регистриран во Чешка, а потресот бил почувствуван и во делови од соседна Словачка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според првичните информации, епицентарот се наоѓал на околу 14 километри од градот Прибрам, во Чешка, на длабочина од околу 10 километри. Во моментот нема официјални информации за евентуални жртви, повредени лица или поголема материјална ...

Здравствените власти предупредуваат на значителен пораст на случаите на морбили во Европа, при што неколку балкански и западноевропски земји бележат сериозно зголемување на бројот на заразени. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), најмногу случаи од почетокот на годината се регистрирани во Романија, Бугарија, Италија, Шпанија, Франција и Германија. Особено загрижува состојбата во Бугарија, каде што ...

Добра вест за граѓаните: Почна исплатата на социјалната и детската помош Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес официјално започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2026 година. Корисниците кои располагаат со дебитни картички можат веднаш да ги користат средствата преку банкомати, за безготовинско плаќање во трговската мрежа, како и преку електронско и мобилно ...

Само малкумина го добиваат точниот одговор: Оваа задача ги збуни социјалните мрежи Наизглед едноставна математичка задача повторно стана хит на социјалните мрежи, каде што илјадници корисници дебатираат околу точниот резултат. Иако изгледа како задача што лесно се решава, многумина прават иста грешка. Равенката гласи: 8 + 2 × 5 ÷ 8 = ? Голем број луѓе почнуваат да пресметуваат по ред, од лево кон десно, па прво ги собираат 8 и 2. На тој начин ...

Сите ја прават оваа навика, а може тивко да ве дебелее – експертите предупредуваат Доколку внимавате на исхраната и редовно вежбате, а сепак забележувате дека килограмите се зголемуваат, причината можеби не е само во храната. Експерти посочуваат дека одредени производи за секојдневна употреба можат да содржат хемикалии кои потенцијално влијаат врз хормоналниот баланс и метаболизмот. Станува збор за фталати – соединенија што често се наоѓаат ...

Романскиот фудбал остана без едно од своите познати имиња. Поранешниот репрезентативец Габриел Мурешан почина на 44-годишна возраст, откако се удавил во езеро во близина на општината Аполд, каде што воедно ја извршувал функцијата градоначалник. Според романските медиуми, несреќата се случила во средата вечер. Откако бил извлечен од водата, медицинските екипи веднаш започнале со реанимација, но и покрај нивните напори, не успеале да му го ...

Дали некогаш сте се запрашале зошто има камења под железничките шини? Причината ќе ве изненади Дробениот камен што се наоѓа под железничките шини не е поставен случајно. Тој е познат како баласт и претставува еден од најважните елементи на железничката инфраструктура, бидејќи овозможува пругите да останат стабилни и безбедни за сообраќај. Неговата основна задача е рамномерно да ја распредели огромната тежина на возовите врз подлогата. ...

ВАЖНА ПРОМЕНА: Од денес важат нови правила за горивата во Македонија! Во Македонија официјално почна да се применува новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воведуваат построги стандарди и поефикасни механизми за контрола на горивата што се продаваат на домашниот пазар. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека целта е граѓаните да добијат поквалитетни горива, а компаниите да работат ...

Фудбалската страст на аргентинските навивачи повторно го воодушеви светот. За време на лет на височина од околу 10.000 метри, патнички авион накратко се претворил во вистинска навивачка трибина, додека десетици патници во живо го следеле драматичниот четвртфинален натпревар меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство. Сè започнало кога еден аргентински навивач решил да плати интернет-пакет што се нуди за време на летот, само за да не го ...

Голем дел од Европа се соочува со нов, екстремен топлотен бран. Шпанска Барселона ја забележа највисоката температура од почетокот на официјалните мерења пред 112 години, пишува британски „The Guardian“. Во овој град во средата беа измерени рекордни 40,7 степени Целзиусови, додека одредени метеоролошки станици во други делови на Шпанија регистрираа температури и до висок 44 степени. Портокалов аларм во Франција, високи температури и во ...

Од септември повторно ќе започне наплатата на паркирањето во централното градско подрачје на Велес, најави градоначалникот Марко Колев. Пред новиот режим да стапи во сила, потребно е Советот на Општина Велес да донесе одлука со која официјално ќе се овозможи повторното воведување на платениот паркинг. Системот за наплата беше укинат во 2021 година, кога новиот состав на Советот донесе одлука привремено да ја прекине оваа практика. Во тој ...

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централниот дел на Македонија, покажуваат податоците на сеизмолошките служби. Според достапните информации, потресот бил евидентиран во 6:54 часот, а неговиот епицентар се наоѓал во близина на Велес, во централниот дел на земјата. Сеизмолошките податоци покажуваат дека земјотресот бил регистриран на координати 41,11 степени северна географска ширина и 22,39 ...

Со почетокот на летната сезона, многумина повторно ги користат кремите за сончање што им останале од минатото лето. Сепак, дерматолозите предупредуваат дека не секој производ е безбеден за повторна употреба, бидејќи со текот на времето може да ја изгуби својата ефикасност. Според препораките на американската Администрација за храна и лекови (FDA) и дерматолозите, најважно е да се провери рокот на употреба, како и начинот на кој кремата била ...

Бугарија се соочува со сериозна епидемија на мали сипаници (морбили), а според најновите податоци на бугарското Министерство за здравство, досега се регистрирани 446 случаи, при што најголемиот дел од заболените се деца. Според официјалните информации, од вкупниот број заразени, 368 се деца, што укажува дека вирусот најсилно ја погодува најмладата популација. Случаи на заболени се евидентирани во 11 области низ земјата. Најголем број инфекции ...

Силна експлозија го вознемири тетовското село Добарце, откако рачна бомба била фрлена од возило во движење кон угостителски објект, при што две лица биле повредени. Инцидентот се случил во текот на ноќта, кога непознати лица со патничко возило „Цитроен“ поминале покрај локалниот пат каде што се наоѓал ресторанот и ја фрлиле експлозивната направа кон објектот. Од силната детонација настанала вознемиреност кај присутните, а повредени биле две ...

Жителите на улицата „Бетовенова“ во општина Бутел добија ново уреден сообраќаен простор, откако за првпат беа асфалтирани и краците на улицата, со што целосно заврши реконструкцијата на овој дел од патната инфраструктура. Од Општина Бутел информираат дека по долгогодишните очекувања на граѓаните, конечно е реализирано целосно обновување на улицата „Бетовенова“ заедно со нејзините странични краци. Претходно беше извршена реконструкција на ...

Општина Кавадарци, во успешна соработка со компанијата за управување со пакување и отпад од пакување „ПАКОМАК“ ДОО, продолжува со реализација на проектот за паметно селектирање отпад преку повратните вендинг машини. На територијата на општината во моментов се активни четири вакви машини, поставени на следните фреквентни локации: МИН-ЕКС 9 МИН-ЕКС 12 КАМ Маркет Градски пазар Како функционира системот на наградување? Процесот е едноставен и ...

Тешка сообраќајна несреќа го потресе Гостивар, откако 15-годишно момче се здобило со сериозни повреди при судир со патничко возило додека управувало електричен тротинет. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера вечерта околу 19:10 часот на крстосницата помеѓу улиците „Живко Брајкоски“ и „Ристо Оџаклиески“ во Гостивар. Во сообраќајката учествувале патничко возило „Пежо“ со гостиварски регистарски ...

Нелегалното фрлање отпад во Скопје продолжува да биде под засилен надзор, а надлежните најавуваат строги санкции за сите кои ќе бидат фатени како го загадуваат јавниот простор. Во текот на вчерашната вечер, на три различни локации во главниот град биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и друг вид отпад. Според информациите, две од местата се наоѓале во општина Аеродром, додека третата локација била во централното градско подрачје, на ...

Покраинскиот секретар за здравство Милан Попов денеска изјави дека вработените во Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом Бачка Паланка, кои учествувале во згрижувањето на пациентката која паднала од носилки, се суспендирани до завршување на постапката, како и дека во тек се внатрешен и инспекциски надзор за утврдување на сите околности на случајот. Попов рече сека за настанот дознал на 7 јули од медиумите, иако инцидентот се ...

Музичката сцена остана без уште едно големо име. На 75-годишна возраст, според објавените информации, починала легендарната велшка пејачка Бони Тајлер, чиј препознатлив рапав глас и моќни изведби оставија трага кај бројни генерации слушатели ширум светот. Веста за нејзината смрт предизвика голема тага кај обожавателите и колегите, кои се простуваат од пејачката која со децении беше едно од најпрепознатливите имиња на светската музичка сцена. ...

Тензична ситуација се случила во украинскиот град Лавов, каде што дошло до пресметка меѓу цивили и припадници на територијалниот центар за регрутација (ТРЦ) за време на акција поврзана со мобилизација. Во инцидентот била оштетена службена опрема, а возило на регрутните служби било превртено од страна на насобрана група граѓани. Според информациите објавени од украинските медиуми, конфликтот започнал за време на патрола за проверка на лица кои ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
4.17
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
36%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 25ᴼ
1.26
76%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.24
37%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
48%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
52%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36