Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Полицијата уапси 35-годишен маж од Штип кој физички го нападнал својот татко во дворот на семејната куќа, при што 64-годишниот маж завршил со тешки повреди. На 4 април 2026 година околу 21:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б. (35) од Штип, по претходна пријава дека истиот ден околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал својот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди, информираа од ...
Четирите астронаути на мисијата на NASA, Артемис II, влегоа во областа на гравитациското поле на Месецот, каде силата на месечевата гравитација е посилна од влијанието на Земјината. Посадата влезе во оваа критична фаза на вселенскиот лет 4 дена, 6 часа и 2 минути по почетокот на мисијата, на растојание од 62.800 километри од Месецот и 373.400 километри од Земјата, пренесува „Гардијан“. Следната клучна фаза ќе биде летот кон далечната страна ...
Македонската музичка сцена е завиена во тага по веста за смртта на познатиот музичар Мустафа Сејфулов, кој почина на 48-годишна возраст. Информацијата за неговото заминување ја споделија неговите најблиски, по што следуваа бројни емотивни пораки од пријатели, колеги и обожаватели. Сејфулов беше препознатлив како пејач и тапанар во групата „Кавадарка“, каде остави значаен белег. Интересно е што во различни периоди од својата кариера бил дел од ...
До парламентарните избори во Унгарија, кои се сметаат за клучни не само за земјата, туку и за иднината на Европската унија, останаа само неколку дена. Премиерот Виктор Орбан, кој е на власт веќе 16 години, се наоѓа пред можен голем политички удар. Обложувалниците на платформата Polimarket покажуваат дека шансите за промена на власта се реални, а политичката сцена е во неизвесност. Повеќето анкети укажуваат дека Орбановиот Фидес, на власт од ...
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска повеќе скопски општини ќе останат привремено без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Најдолг прекин е предвиден во општина Илинден, каде жителите на улицата „Кадино Село“ ќе бидат без струја во периодот од 08:00 до 15:00 часот, што значи дека речиси цел ден ќе бидат без напојување. Покрај тоа, прекини се најавени и во општините Чучер Сандево и ...
Регионот Епир во Грција повторно се најде на удар на сеизмичка активност, откако денеска беше регистриран нов, посилен земјотрес кој предизвика вознемиреност кај населението. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот достигнал јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил во раните утрински часови, поточно во 04:20 по UTC време, а неговиот епицентар бил лоциран на околу 14 километри ...
Државата започна со исплата на средства наменети за поддршка на земјоделците, при што веќе е реализирана исплата во вкупен износ од 83.230.288 денари. Станува збор за средства од Мерка 3, која се однесува на поддршка за премии и осигурување, во рамки на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Оваа мерка има за цел да им помогне на земјоделците да го заштитат своето производство од различни ризици и непредвидливи ...
Кејт Мидлтон денеска се појави на велигденската богослужба во капелата „Сент Џорџ“ во Виндзор, заедно со принцот Вилијам и нивните три деца, Џорџ, Шарлот и Луис. Ова беше нивно враќање на традиционалната велигденска служба по пауза од две години. Принцезата од Велс привлече огромно внимание со елегантен крем стајлинг, составен од фустан на Self-Portrait, впечатлива шапка во иста нијанса, салонки и впечатливи модни детали што совршено се ...
Светската здравствена организација изрази сериозна загриженост поради нападите во близина на нуклеарни постројки во Иран, предупредувајќи дека ваквите дејства можат да доведат до долгорочни последици по здравјето на луѓето ширум регионот. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, истакна дека секое дополнително ескалирање на конфликтот носи сè поголем ризик. Според него, евентуална нуклеарна несреќа би имала ефекти што би се ...
Последната недела од Велигденскиот пост, позната како Страстна или Страдална седмица, се смета за најзначајниот период за православните верници. Во овие денови, од Велики понеделник до Велика сабота, се практикува строг пост, засилена молитва и духовно покајание. Оваа седмица е посветена на последните денови од животот на Исус Христос, неговото страдање, распнување и подготовката за Воскресението. Самото име „страстна“ потекнува од ...
Стресот денес е дел од секојдневието, но тоа не значи дека со него не може полесно да се управува. Освен вообичаените совети како одмор, прошетка и повеќе сон, експертите посочуваат и неколку помалку типични методи што можат да помогнат телото и умот побрзо да се смират. Еден од нив е користење ладни стимули. Кратко изложување на студ, како ставање ладна облога на вратот или лицето, може да придонесе за побрзо смирување на телото. Овој ...
Русија испрати јасна дипломатска порака до Вашингтон, повикувајќи ги САД да се откажат од заканувачкиот тон кон Иран и повторно да се вратат на преговори. Ова го соопшти руското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу Сергеј Лавров и иранскиот министер Абас Арагчи, при што Москва изрази надеж дека напорите за намалување на тензиите околу Иран сепак можат да дадат резултат. Во руската порака се нагласува дека шансите за ...
Несекојдневен случај е регистриран на грчкиот остров Родос, каде на плажа во јужниот дел од островот биле пронајдени десетици пакувања со обработена канабис-смола, со вкупна тежина од 42,78 килограми и проценета вредност од околу 320.000 евра. Пронајдената дрога била запленета од грчката крајбрежна служба, а истрагата е во тек. Според грчките медиуми и официјалното соопштение, пакетите биле откриени во областа Плимири, во јужен Родос. ...
Следната недела во Македонија ќе започне со вистинско пролетно време, со многу сонце и пријатно високи температури во поголем дел од земјата. Во понеделник и вторник најтоплите места ќе бидат Скопје, Кавадарци и Тетово, каде максималните дневни температури ќе се движат околу 23 до 24 степени, додека и во Штип ќе биде невообичаено топло за почетокот на април. Но, веќе во среда следува промена. Според прогнозите, температурите ќе паднат во ...
Ако сакате домашен десерт што не бара многу состојки, не се пече во рерна и секогаш излегува вкусен, овие тулумби се одличен избор. Крцкави однадвор, меки одвнатре и убаво натопени во шербет, тие се идеални и за секојдневно благо и за посебни пригоди кога сакате да послужите нешто традиционално и проверено. За подготовка на тестото потребни се 750 милилитри вода, три лажици шеќер, три лажици масло, едно ванилин шеќерче, 375 грама брашно и 120 ...
Вистинска драма се случила во Салцбург, каде двајца бугарски државјани се осомничени за обид за кражба од фирма што се занимава со автомобилски гуми и опрема. Наместо добро испланиран бегалски потег, целата акција завршила со паника, бегство и докази оставени директно пред очите на полицијата. Според информациите, двајцата мажи, на возраст од 45 и 48 години, пристигнале со микробус и почнале да товараат гуми и други автомобилски делови, што ...
Македонскиот таеквондо ас Дејан Ѓеоргиевски повторно ја потврди класата, освојувајќи златен медал на „Skopje Open 2026 – G1“, турнир со 1.000 натпреварувачи од 41 држава кој носи бодови за олимписка норма. Како што објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, Ѓеоргиевски до титулата стигна со четири фуриозни победи. Во првата борба го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, во следната елиминиран беше европскиот шампион Иван Шапина ...
Почина Родољуб Анастасов, еден од најзначајните македонски сликари и долгогодишен професор на Факултет за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Веста ја потврди Фондацијата посветена на неговото дело, наведувајќи дека починал на 91-годишна возраст. Анастасов важеше за доајен на современото македонско сликарство и уметник кој остави длабока трага и како творец и како педагог. Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброи меѓу 500-те ...
Тешка несреќа ја потресе Германија утрово, откако три лица, меѓу нив млада жена, бебе и малолетно девојче, загинаа за време на велигденски настан во шумска област кај Сатрупхолм, во општина Мителангелн. Според германската полиција и повеќе меѓународни медиуми, големо дрво паднало врз група луѓе додека учествувале во потрага по велигденски јајца. Според досега објавените информации, на местото на несреќата животот го загубиле 21-годишна жена и ...
Нова тензија го потресе светиниколскиот регион, откако во село Орел денеска повторно имало засилено полициско присуство, а според сведоштва од терен, се пребарувал и бунар во близина на викендицата на семејството Јанкови. Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова, Дејан Јанков, изјавил дека на местото имало полиција и дронови, но дека нему никој официјално не му соопштил што точно се проверува. Јанков вели дека бунарот и околината и претходно ...
Полицијата во Кочани рано утринава приведе 15-годишен малолетник по пријава за сериозен инцидент во кој е вклучено друго малолетно лице. Настанот, според информациите од Министерството за внатрешни работи, се случил во текот на вчерашниот ден, а случајот веднаш бил пријавен и процесиран. Малолетникот бил лишен од слобода во 02:35 часот и со него е извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална ...
Владата подготвува нов пакет прецизно насочени мерки за да го ублажи ударот од глобалната криза, а една од најсериозните опции што се разгледуваат е замрзнување на трговските маржи. Според најавите, доколку дојде до активирање на ваков чекор, идното одмрзнување би се правело постепено, со цел да се избегне нов бран на ценовни потреси. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека состојбата на Блискиот Исток е крајно сериозна и предупреди дека ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска го означи стартот на 4.издание на Меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен 2026“ што се одржува во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Организатор на турнирот е КК Олимпик со поддршка од Министерството за спорт. КК Олимпик е клуб со повеќе од две децении традиција од чии редови излегле бројни македонски репрезентативци и е препознатлив по континуираната поддршка на развојот на карате спортот во ...
Во последните 24 часа полицијата евидентирала четири случаи на семејно насилство, од кои три се однесуваат на жени што пријавиле напад или закани од сопрузи и партнери во Скопје, додека во Штип бил приведен маж поради тешко насилство врз својот татко. Еден од случаите бил пријавен утрово во 6:30 часот, кога 50-годишна жена од скопско пријавила дека неколку часа претходно, околу 1 часот по полноќ, била физички нападната во својот дом од ...
Италија се соочува со сериозен притисок во авио-сообраќајот, откако четири важни аеродроми – Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција – воведоа ограничувања во снабдувањето со авионско гориво. Италијанската агенција АНСА објави дека Air BP Italia ги известила авиокомпаниите за рестрикции што ќе важат најмалку до 9 април, при што приоритет ќе имаат медицински летови, државни летови и летови подолги од три часа. Иако ситуацијата засега не ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека завршува првата фаза од големиот инфраструктурен зафат на булеварот „Македонија“, проект што, според него, означува нов правец во развојот на главниот град. Тој истакна дека работите се одвиваат со засилено темпо, дури и во вечерните часови, со цел што побрзо да се стави во функција еден од најзначајните сообраќајни потези во Скопје. Во рамки на оваа фаза се извршени реконструкција и рехабилитација ...
Случај од Русија предизвика силни реакции во јавноста, откако беа објавени детали за убиство што, според истрагата, било мотивирано од тешки обвинувања за злоупотреба на малолетно дете. Според медиумските извештаи, маж по име Вјачеслав е осомничен дека го убил својот близок пријател Олег Свидиров, откако наводно открил материјали што го поврзувале со злоупотреба на неговата осумгодишна ќерка. Истрагата, според објавените информации, покажала ...
Македонската музичка сцена остана без уште едно препознатливо име, откако во Виена ненадејно почина музичарот Мустафа Сејфулов, на 48-годишна возраст. Веста беше објавена денеска и брзо предизвика бројни реакции и проштални пораки на социјалните мрежи. Мустафа Сејфулов е роден на 26 јануари 1978 година во Кавадарци и потекнува од семејство длабоко поврзано со музиката. Неговиот дедо Муто Сејфулов бил познат свирач и кларинетист, татко му ...
Европската Унија прави нов чекор кон интеграција на Западен Балкан, отворајќи пат за проширување на режимот „Роам како дома“. На состанок закажан за 7 април во Брисел, ќе се разгледува предлогот на Европската комисија за вклучување на земјите од регионот во овој систем, кој овозможува користење мобилни услуги без дополнителни трошоци при патување. Првите земји кои ќе го почувствуваат овој бенефит се Црна Гора и Албанија. Од јуни 2026 година, ...
Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека за време на велигденските празници можно е значително влошување на временските услови во Македонија, според најновите анализи од европскиот среднорочен модел. Тој посочува дека постои сигнал за продор на постуден воздух од север, што би можело да донесе невообичаено студено време за овој период од годината. Според Попоски, моделите укажуваат на потенцијално формирање на снежен бран, што би ...