Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...

Работната група за преименување на улиците во Општина Тетово ја утврди листата на предложени имиња, со која треба да се промени дел од постојната улична номенклатура во градот. На втората седница, одржана во вторникот, 14 јули, групата определила 74 предлози за нови имиња на улици, информира „Тетовоинфо“. Претседателот на Работната група, Алби Ќамили, изјави дека меѓу предложените имиња се личности од различни области – историја, култура, ...

Пред нас е период на претежно облачно, но исклучително спарно и топло време. Според најновите метеоролошки податоци за следните седум дена, температурите во поголемиот дел од седмицата ќе се задржат длабоко над триесеттиот степен, со пик на жештините во текот на претстојниот викенд. Благо ладење и поизразено освежување се очекува дури кон средината на следната недела. Топлотен бран и температури близу 40°C Вториот дел од работната недела ...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски доброволно се пријавил за отслужување на затворската казна од шест ипол месеци. Информацијата ја соопшти неговата матична партија ГРОМ. – Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра ...

Жителите на трикатна зграда во Валенсија за влакно избегнаа трагедија откако беа евакуирани навреме од зградата, која целосно се урна неколку минути подоцна, пишува Ел Паис. Според Покраинскиот противпожарен конзорциум на Валенсија, екипи на оваа служба биле испратени на местото на настанот по пријава околу 22:01 часот дека жителите на зградата на улицата „Лас Америкас“ забележале пукнатини и слушнале бучава. Станува збор за трикатна зграда ...

Иако сите знаеме дека факторот за заштита од сонце е клучен за одбрана од штетното сончево зрачење, кое во најлош случај може да доведе до рак на кожата, дури и највредните понекогаш прескокнуваат некое место. Изгорениците од сонце се исклучително болни и клучно е веднаш да се реагира за да се спречи понатамошно оштетување на кожата. Ладењето со ладна облога или туширање може да го олесни воспалението, додека алое верата помага во ...

Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, денес изјави дека се бара формула за намалување на цената на електричната енергија од јануари следната година. „Веќе во третата година од мандатот на Владата, цената на електричната енергија за граѓаните не само што не се зголеми, туку се обидуваме да најдеме формула како да ја намалиме почнувајќи од јануари“, рече Мицкоски. Тој додаде дека за време на владата на СДСМ и ДУИ, цената на електричната ...

Татко, мајка и нивното бебе загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на регионалниот пат Неа Мудања – Никити на Халкидики, додека нивното тригодишно дете е тешко повредено и пренесено во болница. Според грчките медиуми, несреќата се случила околу 18:30 часот, кога дошло до судир меѓу цистерна и патничко возило во кое се наоѓало четиричлено семејство. Во автомобилот патувале двајца родители со своите две малолетни деца. ...

Обвинителката Ленче Ристовска која седум ипол години го водеше предметот „Талир 2“ по што и беше одземен, денеска во објава на Фејсбук оценува дека одлуката на Кривичниот суд за ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски само го потврдува нејзиното уверување дека овој предмет и бил одземен за да се избегне конфискација на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Во подолга објава, Ристовска појаснува одредени суштински околности што ...

Во рамки на јубилејното 20. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“, кој годинава се одржува од 13 до 17 јули, денеска на плоштадот „Делфина“ во Влае, беше реализирана фестивалската програма во Општина Карпош. Пред бројната публика настапија фолклорни ансамбли од Бугарија, Украина, Хрватска, Мексико и Костарика, кои преку музика, игра и традиционални носии го претставија своето културно и фолклорно богатство. На настанот ...

Најмалку 12 лица се убиени во израелските напади врз Газа во текот на изминатите два дена, и покрај прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас што е во сила од октомври минатата година. Според болничките службеници во Појасот Газа, тројца членови на едно семејство биле убиени во среда во централниот дел од енклавата. Еден ден претходно, во воздушен напад врз полициска станица во бегалскиот камп Џабалија во северна Газа загинаа жена и шест ...

Долгоочекуваната средба на принцот Хари со кралот Чарлс означи пресвртница во една кралска врска, но не послужи како пресвртница во случајот со принцот Вилијам. Извор близок до кралското семејство изјавил дека ги познава и принцот Хари и принцот Вилијам и истакнал дека нивната врска е целосно нарушена. „Мислев дека досега малку ќе се смири, но нема напредок, особено од страна на Вилијам. Нема контакт“, рече тој. Тензијата меѓу некогаш ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина продолжува со победничкиот поход, откако со нов пресврт славеше над Англија со 2-1 и обезбеди пласман во големото финале. Дуелот понуди голема борба и малку вистински шанси. Двете селекции играа внимателно, а во првото полувреме ниту една страна не успеа да упати удар во рамките на голот. За цврстината на играта говори и бројката од 19 направени прекршоци во првите 45 минути. Сликата не се промени ...

Признавањето на грешка не е секогаш лесно. Додека некои ќе речат „Грешев“ без многу размислување, други ќе бараат објаснувања, аргументи или околности до последен момент за да ги оправдаат своите постапки. Во астрологијата, се верува дека одредени хороскопски знаци имаат особено тешко време да се откажат од своите позиции бидејќи е важно за нив да одржат чувство на контрола, доследност или лична гордост. Секако, ова не значи дека никогаш ...

Соновите го фасцинираат човештвото уште од памтивек. Дневниците за соништата се воделе уште во древна Месопотамија, а сликите од потсвеста инспирирале бројни уметници, од режисерот Дејвид Линч до пејачката Деби Хари. Но, што точно се соништата, зошто ги имаме и што ни кажуваат? Науката сега нуди некои одговори на овие вечни прашања, пишува BBC Bitesize. Што се соништата? Сонот е низа од слики, мисли и чувства што се јавуваат за време на ...

Ајмерик Лапорт е едно од најважните имиња во одбраната на шпанската репрезентација, а искусниот стопер уште еднаш ја покажа својата вредност во победата над Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство. Со овој настап, Лапорт испиша интересна страница во фудбалската историја бидејќи стана првиот играч кој ја победил репрезентацијата на земјата во која е роден во полуфиналето на Светското првенство. Роден е на 27 мај 1994 година во ...

По речиси еден месец прекин, од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релацијата Скопје-Битола и Битола-Скопје. Железничкиот сообраќај кон Битола беше прекинат од 22 јуни поради работи на пругата, а со неговото повторно воспоставување патниците повторно добиваат железничка врска меѓу двата града. Од „МЖ Инфраструктура“ информираат дека по завршените работи на пругата Скопје-Битола-Жабени, во делот од железничката станица Бакарно ...

Три момчиња од кои едно на 18 години и две на 15 години кои се капеле во реката Треска биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска. Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека сите три лица се спасени и ...

Францускиот репрезентативец Михаел Олизе изрази јасна желба да го носи дресот на Реал Мадрид ова лето. Како што објави почитуваниот новинар Санти Ауна, одличниот офанзивен играч верува дека преселбата во кампот на Краљево би бил совршен чекор за продолжување на неговата кариера. Раководството на шпанскиот гигант веќе е свесно за неговите намери и наводно е подготвено да потроши рекордна сума за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Од друга ...

Апелациониот суд ги потврдува доживотните казни затвор на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска од Скопјанка и Панче Жежовски од Велес. Апелациониот суд во Скопје ја поништи одлуката за ослободување на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, и го врати предметот на повторно судење. Апелациониот суд ја поништи одлуката за негово ...

Дваесет и петгодишната активистка Ана Лидке, која учествувала во флотила со хуманитарна помош за Газа минатата есен, поднесе кривична пријава против израелските власти, тврдејќи дека била сексуално нападната и силувана за време на нелегален претрес додека била во притвор во Израел. Израелската затворска служба ги отфрли нејзините обвинувања. Третиот пат кога Ана Лидке била подложена на нелегален претрес со соблекување на облеката додека ...

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја посети највозрасната сограѓанка во нејзиниот дом, оддавајќи ѝ внимание и признание за еден век исполнет со животно искуство, достоинство и мудрост. Сто години живот се реткост и богатство што заслужува искрена почит. Со роденденска торта, градоначалникот ѝ упати честитки и желби за добро здравје, мир, спокој и уште многу денови исполнети со радост, љубов и семејна топлина. „Еден ...

Ирански оперативци спроведоа координирана сајбер-шпионска кампања насочена кон мобилните мрежи и податоците за комерцијално рекламирање на Блискиот Исток, сè со цел да ги следат движењата на американскиот воен персонал за време на неодамнешниот конфликт, според најновите извештаи до кои дојде „Фајненшл тајмс“. Непријателски актери поврзани со Иран ги искористија критичните ранливости во инфраструктурата за мобилно роаминг за да ги лоцираат ...

На собраниската расправа за реконструкцијата на Владата, додека претседателот на Левица, Димитар Апасиев, говореше за скоро дуплираниот број на загинати работници во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски од своето место континуирано дофрлаше навреди и пцовки, а во текот на говорот и цинично се смееше. „Зборувам за смрт на работници, а вие се смеете“, му порача Апасиев од собраниската говорница. Во Македонија речиси и да нема месец без ...

Аргентинската потпретседателка Викторија Виљаруел го разгоре возбудувањето пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Англија, кој треба да се одржи вечерва. Притисокот е секако на врвот, поради големото соперништво меѓу Аргентина и Англија на и надвор од теренот. Викторија Виљаруел, во објава на социјалната мрежа X, даде неколку коментари кои не им се допаднаа на никого во Англија. Таа ги нарече Англичаните ...

Дваесет и шестгодишниот К.Б. од Прилеп пријавил во СВР Тетово дека тој и уште четири лица биле нападнати пред угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според пријавата, инцидентот се случил на 13 јули околу 03:00 часот, кога К.Б., заедно со неговите пријатели Д.П. и М.Д. од Скопје, М.С. од Прилеп и С.Р. од Тетово, биле нападнати од група лица кои употребиле тврди предмети. Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 14 јули во ...

Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот. Во првата постапка, врз истиот доказен материјал, судот донесе осудителна пресуда за умислено дело — што подразбира дека доказите за целта и намерата со ...

Обвинителката Ленче Ристовска која седум ипол години го водеше предметот „Талир 2“ по што и беше одземен, денеска во објава на Фејсбук оценува дека одлуката на Кривичниот суд за ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски само го потврдува нејзиното уверување дека овој предмет и бил одземен за да се избегне конфискација на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Во подолга објава, Ристовска појаснува одредени суштински околности што ...

Некои луѓе нема да имаат проблем да завршат расправија велејќи: „Добро, се согласувам“. Други, пак, речиси секогаш ќе се обидат да додадат уште еден аргумент, појаснување или коментар, така што нивниот ќе биде последен. Во астрологијата, се вели дека одредени хороскопски знаци се особено склони да остават последен впечаток, или затоа што се убедени во сопственото мислење или едноставно не им се допаѓа чувството дека некој не ги сослушал ...

Христијан Мицкоски не може да се испере од скандалот со пресудата за „Талир 2“ со која Никола Груевски е ослободен а криминалниот имот на ВМРО е вратен. Обвинителката Ленче Ристовска беше тргната, ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргет судии и обвинители кои работеа на предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Власта го смени јавниот обвинител. Постави и обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков. Се менуваа и назначуваа судии блиски до ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.04
42%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
69%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.19
50%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.93
46%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.27
58%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.93
78%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.33
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.98
49%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
0.45
39%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.07
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Паладиум

43499.96

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Злато

136962.18