Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Демократската унија за интеграција најостро го осудува продолжувањето на политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција, се вели во соопштението на ДУИ. Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот ...
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, е во Париз, каде што ќе присуствува на воена парада по повод Националниот празник на Република Франција – Денот на падот на Бастилја. За време на посетата, претседателот Вучиќ присуствуваше и на свечена вечера организирана од претседателот на Република Франција Емануел Макрон во чест на шефовите на држави и влади по повод овој празник. Потсетуваме дека Вучиќ вчера пристигна во Париз, од ...
Во текот на ноќта, Соединетите Американски Држави извршија серија напади врз Иран откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нова блокада на иранските пристаништа. Американската војска објави дека завршила петчасовна мисија во која, како што велат, успешно погодила воени цели низ Иран. Тие исто така ги навеле и локациите што ги таргетирале, имено Бушер, Ча Бахар, Јаск, Конарак, Абу Мусу и Бандар Абас. „Целта е дополнително да се ...
Експлозии и пожари се пријавени во руски Башкортостан по нападот со беспилотни летала врз рафинеријата за нафта „Газпром Нефтехим Салават“, која се наоѓа на околу 1.400 км од украинската граница. „Егзиленова+“ соопшти дека рафинеријата „Газпром Нефтехим Салават“ била погодена. Локалните жители пријавија повеќекратни напади на социјалните мрежи. Експлозии се пријавени и во рускиот град Геленџик во Краснодарскиот крај, каде што избувна голем ...
Европската Унија сè поинтензивно инвестира во обезбедување на критичните минерали неопходни за зелената транзиција, додека Македонија сè уште не го искористува својот потенцијал за производство на бакар. Претседателот на Европската асоцијација на рударската индустрија (Euromines), Јан Мострјом, предупреди дека зависноста од увоз на критични суровини претставува сериозен ризик за европската економија. Во Македонија, пак, најголемата најавена ...
Втората пратка на американски оклопни борбени возила „Страјкер“ пристигна во Република Македонија, во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата со современи средства и опрема. Испораката е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за набавка на оклопните возила, кои претставуваат еден од најзначајните проекти за модернизација на македонските одбранбени капацитети. „Страјкерите“ ќе придонесат за зголемување на ...
Полицијата уапси Црногорец кој возел со брзина од 205 километри на час на автопат во гевгелиско. Вчера околу 11 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници го уапсија црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде ...
Дали времето на земање на витамин Б12 влијае на неговиот ефект? Експертите објаснуваат кога е најдобро да се пие, со или без храна, и кои грешки треба да се избегнуваат за телото да го искористи најдобро. Витаминот Б12 е еден од најважните хранливи материи за нормално функционирање на телото. Учествува во создавањето на црвените крвни зрнца , работата на нервниот систем, производството на енергија и синтезата на ДНК. Сепак, многу луѓе се ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчисти случајот со насилството врз малолетничка во Куманово и дека е поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички „СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 проценти. Најголемо поскапување има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 2,50 денари и ќе се продава по 82,50 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 1 денар и новата цена изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 87,50 денари за литар. За 2 денари поскапува ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај ...
Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата. Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза, велат од СДСМ. Од партијата обвинија дека економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, ...
Технолошките гиганти Google и Amazon, објавија дека ги зголемиле емисиите на CO2 поради дата центрите и вештачката интелигенција. Таквиот развој на ситуацијата значи дека остварувањето на нивните климатски цели ќе биде отежнато. Во извештајот за 2025 година, Google пријавува годишен скок на емисиите на јаглерод од 16%, додека Amazon забележува раст од 18% во споредба со 2024 година. Според податоците на компанијата Amazon, нејзините емисии ...
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром. „Од ЕВН Македонија известени сме дека на ден 14.07.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица бр. 48. ( општина Аеродром)“, информира РЦУК Скопје. The post Без струја дел од Аеродром appeared first on Во Центар. Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од ...
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а ...
Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу Сафија, директор на болницата Камал Адван во северниот дел на Појасот Газа, повторно го привлече меѓународното внимание кон условите на палестинските притвореници во израелските затвори. Според неговиот адвокат, Абу Сафија во интервју на почетокот на јули рекол дека бил подложен на тешка физичка злоупотреба и дека се плаши за својот живот, објавува „Гардијан“. Докторот бил уапсен за време на ...
FacebookTwitterWhatsapp Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое му се служи на народот – порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на 112. седница на Собранието, на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и, пред сè, чесни. Денес, нагласи, не се збогуваме со ...
69-годишен велешанец вчера е уапсен откако во многу пијана состојба правел неред на улица во градот, а не ги слушал ниту полицајците кои биле повикани, соопшти МВР. „На 12.07.2026 во 21:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Ј.Т.(69), затоа што на улица „Стеван Гајдов“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. При преземени мерки било ...
На 14 јули во Брисел ќе се одржи 9. Меѓувладина конференција Албанија-Европска Унија, каде што се очекува Албанија да ги затвори првите три поглавја од преговорите. Премиерот Еди Рама објави дека Албанија се подготвува за оваа важна фаза од процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека патот кон ЕУ продолжува напред. Во објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека состанокот ќе се одржи во Брисел, во Советот на ЕУ, при што „првите ...
Осумте министри што беа предложени со реконструкцијата на Владата се избрани доцна вечерва. Со 69 гласа „за“ мнозинството пратеници во македонското Собрание гласаа за предлогот на премиерот Христијан Мицкоски. За министер за правда избран е Јетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати, за министер за земјоделство Борче Серафимовски, за министер за здравство Сашо Клековски, за министер за социјална политика Ѓоко ...
Дали на децата треба да им се забрани пристап до сите социјални мрежи или не? Ова е големо прашање пред Европската Унија, која се стреми да ги заштити малолетниците од штетна содржина. За да ѝ помогне на Европската Унија да одговори на тоа прашање, експертски панел, кој ќе вклучува лекари, академици, претставници на младите и родители, ќе ги презентира своите препораки, објави Европската комисија. Минатата година, Грција, Франција и Шпанија ...
Бразилската фудбалска легенда Нејмар е снимен како ги одмара нозете на прилично необичен начин, само неколку дена по шокантниот испад на неговата репрезентација од Светското првенство во 2026 година. 34-годишникот беше виден како вози електричен тротинет низ толпите во тематскиот парк „Универзал Орландо“, предизвикувајќи нови шпекулации за неговата физичка подготвеност за време на турнирот, објави Goal.com. Одмор во Флорида По ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...
Мозочниот удар е една од водечките причини за смрт и инвалидитет во светот, а експертите истакнуваат дека голем број случаи може да се спречат со усвојување на поздрави животни навики и навремена превенција. Исхемичен мозочен удар се јавува кога протокот на крв во мозокот е ограничен или целосно прекинат, додека хеморагичен мозочен удар се јавува поради крварење во мозокот или неговата непосредна околина. Транзиторниот исхемичен напад (ТИА) ...
Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат со неколку клучни ресори во државата. Ова е распределбата на новите министри по ресори кои ја добија поддршката од 69 пратеници: Јетон Шасивари – нов министер за правда; Агон Ферати – нов министер за односи меѓу заедниците; ...
Северна Македонија и Молдавија се приклучија на „Коалицијата на волјата“ која ќе се состане во Париз за да се постигне договор за обезбедување повеќе средства за воздушна одбрана на Украина. – Потпретседателот на Владата Беким Сали учествува на денешниот состанок во Париз чија цел е постигнување на договор за јакнење на украинската противвоздушна одбрана, jавија српските медиуми. Коалицијата на волјата ја сочинуваат држави кои се обврзуваат ...
Некои луѓе можат веднаш да почувствуваат кога нешто не е во ред. Тие забележуваат промени во однесувањето, начинот на кој некој зборува или мали детали што сугерираат дека приказната можеби не е сосема искрена. Според астролошките толкувања, овие три хороскопски знаци се особено поврзани со силна интуиција и способност да ги „читаат“ луѓето. Шкорпија Шкорпиите често се опишуваат како најпроницливиот знак во Зодијакот. Тие не се задоволуваат ...
Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Toj посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена и дека Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не ...
Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара извинување од претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на кандидат за министер. Целата македонска јавност беше ...
Централната команда на Хатам ал-Анбија на иранската ИРГК изјави дека Техеран нема да им дозволи на САД да се мешаат во управувањето со Ормускиот теснец, предупредувајќи дека ширењето на војната во регионот ќе ги загрози сите земји на Блискиот Исток. Централната команда на Хатам ал-Анбија во соопштението изјави дека Иран „под никакви околности“ нема да им дозволи на САД да интервенираат во управувањето со Ормускиот теснец. „Одговорноста за ...