Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Утре, 6 август, се навршуваат 94 години од отворањето на првиот Венецијански филмски фестивал, најстариот филмски фестивал во светот и еден од најпрестижните настани во меѓународната кинематографија. Првото издание било отворено на 6 август 1932 година на терасата на хотелот „Ексцелзиор“ на венецискиот остров Лидо. Настанот траел до 21 август и тогаш го носел името „Меѓународна изложба на кинематографска уметност“. Називот „Мостра“, по кој ...
Само неколку часа откако Центарот за управување со кризи информираше дека во Македонија нема активни пожари, до 13 часот се разгореа пет нови жаришта на отворен простор. Активни се пожарите кај Ѓоновички Мост во Гостивар, во селото Ранковце, во кратовското село Кетеново, во Логоварди кај Битола и во селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане. Според ЦУК, на различните локации гори ниска вегетација, грмушки, мешана шума, ѓубриште и слама во ...
Дрон со сомнителен товар бил пронајден во непосредна близина на украински товарен авион „Антонов“ на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, по што летовите ноќеска привремено биле запрени. НАТО потврди дека беспилотното летало било забележано во близина на украинскиот авион и дека германската полиција го обезбедила. Според информации на германските медиуми од безбедносни извори, на дронот имало непозната материја и предмет за кој се ...
Државата во првите седум месеци од годинава собрала речиси 118 милијарди денари од даноци, што е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Најсилен раст има кај данокот на добивка, ДДВ, персоналниот данок и царинските давачки. Вкупните буџетски приходи до 31 јули достигнале 204,553 милијарди денари, или 53,9 отсто од планираното за целата 2026 година. Во споредба со првите седум месеци од минатата година, во државната каса се ...
Подигнувањето готовина од банкомат во странство може да чини значително повеќе од износот што туристот планирал да го извади. Народната банка ги повика граѓаните пред патувањето да ги проверат тарифите на својата банка, особено провизиите за користење дебитни и кредитни картички на странски банкомати. Трошокот не е ист кај сите банки и не зависи само од износот што се подигнува. Матичната банка може да наплати фиксна провизија или процент од ...
Педесет и тригодишна туристка од Белорусија утрово била пронајдена почината во хотел во Охрид. Случајот бил пријавен во СВР Охрид во 7:45 часот. Починатата е идентификувана како И.Т. (53) од Белорусија. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата туристка е предадено на обдукција, со која треба да бидат утврдени причините за смртта. Од ...
Американското Воено воздухопловство успешно тестираше борбен авион F-16 управуван од вештачка интелигенција, во рамките на програмата VENOM што ја спроведува заедно со Агенцијата за напредни одбранбени истражувачки проекти, DARPA. Модифицираниот F-16 полетал од воздухопловната база Еглин во Флорида, а системот со вештачка интелигенција самостојно го контролирал авионот во текот на летот. Во пилотската кабина имало тест-пилот, кој ја следел ...
Обвинителството во Анкара побара да им биде укинат пратеничкиот имунитет на лидерот на главната турска опозициска Нова партија, Озгур Озел, и на пратеникот Вели Агбаба, поради сомнение за примање поткуп во продолжение. Предметите се доставени до Министерството за правда. Според соопштението на Главното јавно обвинителство во Анкара, истрагата се однесува на конгресот на Републиканската народна партија од ноември 2023 година, на кој Озел беше ...
Дебелината не е само прашање на изглед, туку сериозен и хроничен здравствен проблем што бара долгорочно лекување, истакна д-р Јулијана Михајловска, специјалист по ендокринологија во Клиниката „Жан Митрев“, во последната епизода на поткастот „Биди свој“. Таа посочи дека зад секој човек со прекумерна телесна тежина стои лична приказна и низа фактори што не се видливи на прв поглед, поради што луѓето не треба да бидат осудувани без да се ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска свика кризен состанок со највисоките функционери на светската фудбалска организација во Рабат, Мароко, поради зголемениот притисок врз неговото раководство. На состанокот треба да присуствуваат генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, како и членовите на раководниот тим на организацијата. Според британските медиуми, состанокот бил свикан по серијата критики и повлекувањето на поддршката ...
Вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста, но нема да го исполни старото ветување дека луѓето ќе работат само неколку часа неделно, смета коосновачот и извршен директор на OpenAI, Сем Алтман. Во разговор за поткастот „Relentless“, објавен на 25 јули, Алтман изјави дека технолошкиот напредок долго време ветува повеќе слободно време, но дека пократката работна недела никогаш не станала масовна појава. Според него, ниту развојот на ...
Осум лица се хоспитализирани по тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижниот судир учествувале четири автомобили. Еден од повредените, поради сериозноста на повредите, веднаш бил внесен во операциона сала. Шест пациенти се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на ортопедија. Останатите повредени се во стабилна состојба ...
Владата ги демантира обвинувањата на СДСМ за набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар и тврди дека шише од 1,5 литри го плаќа 12,5 денари, наместо најмалку 25 денари колку што чини во малопродажба. Од Владата потврдија дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот го добила компанијата „Кожувчанка“. Според владиното соопштение, пониската цена била овозможена затоа што компанијата ...
Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, а договорот веќе бил постигнат со европските партнери, тврди членот на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски. На денешната прес-конференција Жерновски изјави дека информациите што ги добиле од Брисел покажувале оти Владата на Христијан Мицкоски веќе го договорила начинот на кој ќе продолжи процесот. Според него, сигнали во таа насока ...
Македонија денес е без активни пожари на отворен простор. Сите 22 пожари регистрирани во изминатото деноноќие се целосно изгаснати, а заклучно со 7:30 часот нема ниту едно жариште што се гасне или се држи под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи. Противпожарните екипи интервенирале на повеќе локации низ државата, каде што најчесто гореле сува трева, ниска вегетација, грмушки, депонии и отпад. Пожари биле регистрирани во Скопје, ...
Работниците не смеат да бидат оставени под директно сонце во најжешкиот дел од денот само затоа што работниот процес не е приспособен на топлотниот бран. Сојузот на синдикатите на Македонија ги повика работодавачите да ја намалат или целосно да ја прекинат работата на отворено од 11 до 17 часот и да обезбедат услови што нема да го загрозуваат здравјето на вработените. Апелот доаѓа во пресрет на високите температури што се очекуваат денеска, 5 ...
Вооружен маж кој фотографирал и снимал како федералните агенти го подготвуваат обезбедувањето за посетата на американскиот претседател Доналд Трамп е уапсен во неговиот голф-клуб во Калифорнија. Во неговото возило бил пронајден наполнет пиштол, а во домот полицијата открила дополнително оружје, панцир и тетратки со содржини што властите ги опишуваат како загрижувачки. Осомничениот е идентификуван како 38-годишниот Жанин Џон Таеле од Дауни. ...
Хрватска денеска, 5 август, е под највисокото црвено предупредување поради екстремниот топлотен бран, додека долготрајната суша веќе ги празни реките, ги намалува резервите на вода и создава проблеми во енергетиката, пловидбата и земјоделството. Државниот хидрометеоролошки завод издаде црвен аларм за сите осум метеоролошки региони во земјата. Во Осиек и Книн се очекуваат температури над 39 степени, во Карловац над 38, во Загреб и Риека над ...
Додека водата во Гостивар и денеска останува небезбедна за пиење, СДСМ обвини дека Владата ја претворила здравствената криза во бизнис-зделка од околу 100.000 евра со компанија поврзана со кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија тврдат дека Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на флаширана вода во вредност од 100.000 евра преку директно договарање, без претходно објавен јавен оглас. Според СДСМ, договорот бил ...
Најмалку една жена загина, а 22 лица се повредени во нов руски напад со балистички ракети врз Киев во раните утрински часови на 5 август, соопштија украинските власти. Бројот на жртвите е првичен, бидејќи спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините. Според Градската воена администрација, погодени биле најмалку седум локации во украинската престолнина. Воздушната тревога траела повеќе од еден час, а противвоздушната одбрана ...
Државата се задолжи со нови 41 милион евра преку три емисии на обврзници, од кои најголемиот дел ќе се отплаќа во следните 15 години. Обврзниците се издадени на 30 јули, а од денеска, 5 август, се примени на официјалниот пазар на Македонската берза. Вкупната вредност на трите емисии изнесува 2,523 милијарди денари. Две од обврзниците доспеваат за наплата во 2041 година, додека најмалата емисија треба да биде отплатена во 2029 година. ...
По ударот врз нафтените пазари, војната повторно се прелева и врз храната. Нападите врз пристаништа и трговски бродови во Црното и Азовското Море го отежнуваат извозот на руска пченица, ги зголемуваат транспортните и осигурителните трошоци и веќе внесуваат нервоза на светските берзи. Рускиот извоз на жито не е целосно запрен, но неговите вообичаени коридори работат со сè помала сигурност. Ограничувањата за движење на бродовите во Азовското ...
Еболата се шири низ источниот дел на Демократска Република Конго побрзо отколку што здравствените екипи успеваат да ги откријат заразените и нивните контакти. Светската здравствена организација бара итно засилување на меѓународната помош, предупредувајќи дека без повеќе луѓе, опрема и пари епидемијата ќе продолжи да навлегува во нови области. Според најновите податоци на конгоанските здравствени власти, до 2 август биле потврдени 3.802 ...
Франција ја минува најтешката сезона на пожари во последните неколку децении. Од почетокот на летото се регистрирани 14.540 пожари, изгореле околу 120.000 хектари земјиште, а стотици лица се приведени поради сомнение дека намерно или од невнимание предизвикале огнена стихија. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека од 6 јули полицијата и жандармеријата привеле 402 лица во истраги поврзани со избувнувањето пожари. ...
Остаток од ракетата Falcon 9 на SpaceX денеска, 5 август, ќе удри во површината на Месечината со брзина од околу 8.700 километри на час. Судирот се очекува во 8 часот и 35 минути по македонско време, а научниците ќе се обидат да го снимат блесокот, облакот од прашина и новиот кратер што ќе остане на површината. Станува збор за потрошен горен степен од Falcon 9, означен како 2025-010D, кој бил лансиран на 15 јануари 2025 година. Ракетата ги ...
Вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста, но нема да го исполни старото ветување дека луѓето ќе работат само неколку часа неделно, смета коосновачот и извршен директор на OpenAI, Сем Алтман. Во разговор за поткастот „Relentless“, објавен на 25 јули, Алтман изјави дека технолошкиот напредок долго време ветува повеќе слободно време, но дека пократката работна недела никогаш не станала масовна појава. Според него, ниту развојот на ...
Необична приказна од Италија заврши со среќен крај, откако работници од комунално претпријатие успеале да спасат добитен лотариски тикет вреден еден милион евра, кој случајно бил фрлен во ѓубре. Случајот се случил во италијанската област Пуља, каде жена по грешка го оставила билетот во отпад, не знаејќи дека со него го освоила големиот џекпот. Според локалната компанија за управување со отпад SANB, тикетот останал неоштетен и покрај тоа што ...
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 30 годишен кумановец поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при претрес извршен со судска наредба во домот на осомничениот, полициските службеници пронашле и одзеле речиси 400 таблети со наркотична супстанца, ...
Топлотните бранови не влијаат еднакво на сите, но кај многу жени можат да ги засилат симптомите на предменструалниот синдром. Хормоналните промени во комбинација со високите температури често доведуваат до посилни главоболки, замор, задржување течности, промени во расположението и чувство на исцрпеност. Еден од најважните начини за ублажување на симптомите е редовното внесување вода. Во текот на жешките денови телото губи повеќе течности ...
Потресно видео од шпанската енклава Сеута предизвика силни реакции на социјалните мрежи и во светските медиуми. На снимката се гледа малолетно дете кое, плачејќи, го прегрнува шпански војник и го моли да не биде вратено во Мароко. Сцената се случува во време кога Сеута се соочува со еден од најголемите миграциски бранови во последните години. Според шпанските власти, десетици илјади луѓе ја преминале границата од Мароко кон оваа шпанска ...