Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Четири пожари на отворен простор се активни утрово, три се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати, покажува најновата информација на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во периодот од 26 до 27 август, до 07:30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, што уште еднаш ја покажува сериозноста на пожарната сезона. Најсериозна е состојбата во реонот на Студеничани и Зелениково, каде пожарот зафаќа мешана ...
По летната пауза, собраниските комисии продолжуваат со работа, а денешната агенда носи повеќе теми што директно ги засегаат функционирањето на правосудството, националната безбедност и именувањето на функционери. Во Собранието денеска се закажани пет комисиски седници, на кои ќе се разгледуваат предлог-закони, стратегии, извештаи за работата на правосудните институции, но и повеќе кадровски прашања. Во фокусот е Комисијата за одбрана и ...
Сахарска прашина и песок ќе стигнат над Македонија од петок, 28 август, а нивното присуство во атмосферата ќе продолжи и во текот на викендот. Истовремено продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат околу 36 степени. Прашината се пренесува со воздушните струења од Северна Африка преку Средоземното Море кон Балканот и може да создаде заматена, жолтеникава атмосфера и намалена видливост. Не се очекува класична песочна ...
Вознемирувачки случај од Прилеп ја потресе јавноста. Полицијата поднесе кривична пријава против 48 годишен жител на градот, поради сомнение дека во повеќе наврати во текот на август сексуално ја злоупотребувал својата малолетна поќерка, дете кое сè уште нема наполнето 15 години. Според информацијата на Министерството за внатрешни работи, СВР Битола го товари пријавениот за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. ...
Пешаците во Италија кои ја преминуваат улицата додека ги користат своите мобилни телефони наскоро би можеле да бидат казнети. Италијанското министерство за транспорт предлага нова мерка според Законот за безбедност на патиштата за зголемување на безбедноста и намалување на опасните ситуации, објавува The Guardian. Нацрт-законот, кој се очекува да биде усвоен до средината на октомври, воведува казни од 75 евра за пешаците кои ги користат ...
До 40 отсто од денешните работни места би можеле да бидат заштитени од целосна автоматизација и резервирани исклучиво за луѓе, предлага Бил Гејтс. Коосновачот на „Мајкрософт“ предупредува дека вештачката интелигенција може трајно да укине голем број професии, а новите работни места нема да бидат достапни за сите што ќе останат без работа. Гејтс идејата ја нарекува „Human Reserved“, по аналогија со природните резервати. Општеството технички би ...
Владата го поставила зајакнувањето на односите со Израел меѓу приоритетите на македонската надворешна политика, изјави министерот Тимчо Муцунски за „Џерусалем пост“. Но, зад крупната политичка формулација засега стојат два рамковни документа, широк список можни области за соработка и многу малку јавно објавени детали за обврските што ги презема Македонија. Муцунски ја даде изјавата по својата прва официјална посета на Израел и средбата со ...
Граѓаните од утрово можат на едно место да проверат каде се регистрирани случаите на западнонилска треска, кои подрачја се означени како ризични и каде досега се спроведувале мерки против комарците. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ја пуштија новата интерактивна мапа во период кога во Македонија има 50 потврдени случаи и уште три сомнителни. Интерактивната мапа е достапна на healthalert.mk, проверете ја состојбата ...
Во Бугарија утрово, 27 август, треба да започне масовна вакцинација на животните во селото Стефаново кај Ловеч, откако антракс беше лабораториски потврден кај тројца луѓе и во сточарска фарма со 205 говеда. Случајот го отвора прашањето што всушност е антракс, како се пренесува од животните на луѓето и колку е опасна оваа инфекција. Тројцата заразени се хоспитализирани во Универзитетската болница „Д-р Георги Странски“ во Плевен. Станува збор ...
За православните граѓани, петок, 28 август, е неработен ден поради празникот Успение на Пресвета Богородица. Наместо кон најпосетуваните туристички центри, овој продолжен викенд може да тргнете кон пет потивки и помалку експонирани места. Каде да се избега од градската жештина и врева, а повторно да не се заврши во колона кон Охрид или на преполните излетнички места? Временската прогноза го прави изборот уште поважен. УХМР за петок и сабота ...
Ако некој денеска поминел низ шпанскиот град Буњол, лесно можел да помисли дека нешто сериозно тргнало наопаку. Улиците биле целосно црвени, луѓето покриени со домати од глава до пети, а од камиони летале нови количини домати. Причината е „Ла Томатина“, една од најлудите традиции во Шпанија. На годинашното издание се очекувале повеќе од 20.000 учесници, а за нешто повеќе од еден час биле употребени до 165 тони презреани домати. Камиони полни ...
Фирма во сопственост на братучед на директорот на Психијатриската болница „Скопје“ добила пет договори од установата откако Иса Авдулаи бил назначен за вршител на должноста директор во јули 2024 година. Вкупната максимална вредност на договорите изнесува околу 13,44 милиони денари, односно приближно 218.000 евра, покажуваат податоците објавени од Електронскиот систем за јавни набавки. Овие податоци ја прошируваат приказната што ја отвори ДУИ, ...
Дел од глечер на надморска височина од околу 5.200 метри најверојатно се урнал и предизвикал лавина од мраз и карпи, која привремено затворила планинска река пред огромниот воден бран да се спушти кон населените места во Непал и Тибет. Тоа е водечката верзија за катастрофалната поплава во која, според последните информации објавени вечерта на 26 август, загинаа најмалку 98 лица, а повеќе од 600 се водат како исчезнати. Непалската влада ...
Двајца премиери, претседател на Собранието, вицепремиери, министри, градоначалници, директори и пратеници се собраа денеска на Блаце за свечениот почеток на изградбата на 10,5 километри од автопатот Скопје, Блаце. На фотографиите и снимките од настанот можат да се избројат дваесетина високи функционери, а според присутните и официјалните лица на церемонијата, бројката стигнува до 22, додека работниците од компанијата што треба да го гради ...
Фирма во сопственост на братучед на директорот на Психијатриската болница „Скопје“ добила пет договори од установата откако Иса Авдулаи бил назначен за вршител на должноста директор во јули 2024 година. Вкупната максимална вредност на договорите изнесува околу 13,44 милиони денари, односно приближно 218.000 евра, покажуваат податоците објавени од Електронскиот систем за јавни набавки. Овие податоци ја прошируваат приказната што ја отвори ДУИ, ...
Огромен црн цилиндар донесен од морските струи се насука на преполната плажа во италијанскиот град Аласио, предизвикувајќи љубопитност, бројни претпоставки и интервенција на крајбрежните служби. Предметот е идентификуван, но мистеријата околу неговото потекло сè уште не е целосно разрешена. Необичната сцена се појавила во неделата, на 23 август, во близина на пристанишниот мост „Бестозо“. Меѓу чадорите и лежалките, капачите затекнале масивен ...
Два пожара што на 13 август избувнаа во близина на Стаурбриџ во централна Англија биле предизвикани случајно, а истрагата покажала дека во непосредна близина на двете жаришта се користела земјоделска механизација. Огнот брзо се проширил и уништил 19 куќи, додека уште 18 биле оштетени, а пламените јазици зафатиле површина од околу 500 хектари. Пожарникарите првиот повик го добиле околу 13:27 часот, кога бил пријавен пожар на нива во близина на ...
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, не се сретнал со Владимир Путин за време на необјавената посета на Москва, но рускиот претседател веднаш бил информиран за неговите разговори со претставници на руските разузнавачки служби. Оваа потврда од Кремљ е засега најважниот нов детаљ за посетата чија агенда и натаму ја кријат и Вашингтон и Москва. Ретклиф пристигнал со американски воен транспортен авион „Ц-17“, кој од Вашингтон преку Рига слетал на ...
Интересот за грчката „златна виза“ нагло ослабна по зголемувањето на инвестициските прагови и ограничувањето на краткорочното издавање. Во првата половина од 2026 година биле поднесени 2.551 ново барање за престој преку инвестиција, наспроти 4.553 во истиот период минатата година, пад од 44 отсто. Во исто време, грчките власти издале 4.919 дозволи, односно 21 отсто повеќе од лани. Растот не произлегува од нов инвестициски бран, туку од ...
Двајца премиери, претседател на Собранието, вицепремиери, министри, градоначалници, директори и пратеници се собраа денеска на Блаце за свечениот почеток на изградбата на 10,5 километри од автопатот Скопје, Блаце. На фотографиите и снимките од настанот можат да се избројат дваесетина високи функционери, а според присутните и официјалните лица на церемонијата, бројката стигнува до 22, додека работниците од компанијата што треба да го гради ...
Ветувањата за инвестиции во дата-центри не можат да се сведат само на партиска пресметка за тоа кој е „за“, а кој е „против“ високи технологии. Професорката и членка на СДСМ, Ана Чупеска, побара од министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски конкретни одговори за влијанието врз животната средина, потрошувачката на ресурси, дигиталниот суверенитет и заштитата на податоците на граѓаните. Чупеска реагираше откако Андоновски ги ...

Хрватските пензионери во септември ќе добијат повисоки пензии и дополнителна исплата за јули, откако Хрватскиот завод за пензиско осигурување денеска, 26 август, донесе одлука за усогласување од 5,4 отсто. Новата вредност се применува ретроактивно од 1 јули 2026 година. Зголемената пензија ќе биде исплатена во септември, заедно со пензијата за август. Во истата исплата ќе биде додадена и разликата што им следува на пензионерите за јули. Тоа ...
Мета се согласи да плати до 17,1 милијарда долари во рамки на голема спогодба со американските држави по обвинувањата дека Инстаграм и Фејсбук користеле функции што ги поттикнувале децата и тинејџерите на прекумерно користење и дека компанијата незаконски собирала податоци за деца. Во замена, компанијата ќе воведе нови ограничувања за малолетните корисници, вклучително и временски лимити и ноќна забрана за користење. Спогодбата е постигната ...
Ален Рустемовски го освои освои бронзениот медал на Медитеранските игри откако денеска во полуфиналето на боксерскиот турнир во категоријата до 60.кг., беше поразен на поени од Марин Хернандез од Шпанија. Сепак сето ова може да се смени, од МОК добивме инфомрација дека во моментов е поднесена жалба за судиите. Според нашите претставници, Рустемовски е видно оштетен. „Во моментов се поднесува жалба до официјалните мејлови на светската ...
Изградбата на центри за податоци повторно ја подели политичката сцена во Македонија, откако Советот на Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за почеток на постапка за изградба на таков објект. Додека власта ги претставува дата центрите како можност за привлекување високи технологии и инвестиции, опозицијата предупредува на потрошувачката на струја и вода, а во јавноста се отвора и прашањето кој на крајот ќе ги сноси трошоците. Одлуката во ...
По повеќе од две децении најави, денеска започна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје Блаце, со која треба да се изгради 10,5 километри долга делница од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце. Проектот треба да го подобри патното поврзување со Косово, а рокот за изградба е четири години. На свеченоста по повод почетокот на градежните работи присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, косовскиот премиер Албин Курти, ...
Изградбата на центри за податоци повторно ја подели политичката сцена во Македонија, откако Советот на Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за почеток на постапка за изградба на таков објект. Додека власта ги претставува дата центрите како можност за привлекување високи технологии и инвестиции, опозицијата предупредува на потрошувачката на струја и вода, а во јавноста се отвора и прашањето кој на крајот ќе ги сноси трошоците. Одлуката во ...
Два пожара што на 13 август избувнаа во близина на Стаурбриџ во централна Англија биле предизвикани случајно, а истрагата покажала дека во непосредна близина на двете жаришта се користела земјоделска механизација. Огнот брзо се проширил и уништил 19 куќи, додека уште 18 биле оштетени, а пламените јазици зафатиле површина од околу 500 хектари. Пожарникарите првиот повик го добиле околу 13:27 часот, кога бил пријавен пожар на нива во близина на ...
Кинеските државјани и натаму се убедливо најбројни меѓу инвеститорите што добиваат грчка „златна виза“, а нивниот удел се движи околу половина од издадените дозволи. Според податоците на грчкото Министерство за миграција и азил, во јуни 2026 година кинеските државјани имале 11.921 првично издадена дозвола за постојан престој преку инвестициската програма, односно 47,7 проценти од вкупниот број. Со тоа Кина останува далеку пред останатите ...