Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Тројца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба на Клиниката за инфективни болести во Скопје и се приклучени на механичка вентилација. Во изминатото деноноќие е хоспитализиран и 76-годишен пациент со симптоми што упатуваат на невроинвазивна форма на болеста. Кај новиот пациент е утврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, а серолошкиот тест бил позитивен на вирусот Западен Нил. За конечна потврда се ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува попречувањето на професионалната работа на снимателот на ТВ Тера од Битола, Никола Најдовски, од страна на лица ангажирани како обезбедување на ЈП „Комуналец“ – Битола. Инцидентот се случил на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што Најдовски снимал инсерти поврзани со културните манифестации во градот. При вршењето на својата професионална работа, лицата ангажирани ...
Левица ја обвини претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ дека овозможиле правосилно осудениот разузнавач Киро Тодоровски да добие безбедносен сертификат со степен „државна тајна“ и да биде испратен како претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена. Од партијата посочуваат дека Тодоровски бил осуден во предметот „Титаник“, откако признал вина, а Кривичниот суд потврдил дека пресудата станала правосилна на 18 мај 2023 ...
Албанските власти прогласиле двајца државјани на Македонија за непожелни лица, објави ТВ21. Со одлуката на лицата им се забранува влез и престој во Албанија. Според ТВ21 станува збор за Валон Беља, односно Ваљон Бела кој беше економски директор на Клиниката за гинекологија, кадар на ДУИ и беше ранет во вооружена пресметка во скопски Чаир, а вториот е Бекир Халими поранешен член на ОНА, исламски теолог и вахабист, двајцата со македонски ...
Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија биле регистрирани 29 пожари на отворен простор. До 7:30 часот утрово 27 биле изгаснати, додека активни остануваат пожарите во Кавадаречко и на депонијата под Маркови Кули во Прилеп, соопшти Центарот за управување со кризи. Во Кавадаречко сè уште гори нискостеблеста шума и ниска вегетација на потегот меѓу селата Раец и Ќесендре. Пожарникарите и другите ангажирани екипи работеа во текот на целата ...
Полицијата во јули издала 20.976 платни налози за сообраќајни прекршоци, лишила од слобода 496 возачи поради безобѕирно управување и одзела 332 возила, покажува месечниот биланс на Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од лишените од слобода, 373 лица, управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол биле лишени 81 лице, 25 возеле и покрај изречена забрана, а 16 биле затекнати со екстремно пречекорување ...
Македонскиот режисер Милчо Манчевски сними документарен филм за трагедијата во Кочани, во кој главниот збор им го препушта на преживеаните, семејствата на загинатите и луѓето што помагале по пожарот во дискотеката „Пулс“. Филмот „Добри луѓе“ е снимен само еден месец по трагедијата од март 2025 година, во која загинаа 63 лица. Манчевски во интервју за белградски „Данас“ вели дека сакал директно да ги забележи болката, мислите и чувствата на ...
Необичен „натрапник“ предизвикал полициска интервенција во супермаркет во германскиот град Милхајм на Мајна, откако во текот на ноќта бил активиран алармот за провала. Полицајците при пристигнувањето не пронашле провалник, туку мал еж во влезниот дел од продавницата. Од полицијата на шега го опишале како четириножен, мал и тркалезен натрапник без криминални намери. Се претпоставува дека животното незабележано влегло во супермаркетот ...
Европската енергетска криза повторно се приближува до Македонија, овојпат не поради недостиг на гас, туку поради сушата, рекордно ниските реки и намаленото производство од нуклеарните и хидроцентралите. Регионалната струја веќе поскапува, а Македонија во првите пет месеци од годинава увезла повеќе електрична енергија од планираното. Сепак, тоа не значи дека граѓаните автоматски ќе добијат нова, повисока тарифа во следната сметка. Првиот удар ...
Дизелот повторно поскапува и од полноќ ќе се продава по максимална цена од 99,50 денари за литар, еден денар повеќе од досега, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новите цени ќе важат од 00:01 часот на 5 август. Ова е второ последователно поскапување на дизелот. Со претходната одлука од 27 јули неговата цена се зголеми за 4,50 денари, од 94 на 98,50 денари за литар. Со најновата корекција, дизелот за нешто повеќе од една недела ...
Граѓаните и еколошките активисти повторно го креваат отпорот против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница, откако рокот на концесионерот за реализација на проектите бил продолжен и се појавиле информации дека се подготвува внесување тешка механизација на Кожуф. Проектите „Баров Дол“ и „Папрад“ се планирани на Дошница, една од најчистите планински реки во овој дел од Македонија. Концесијата за користење на водата и ...
Слабост, вртоглавица, главоболка, сува уста, мачнина, силно потење и мускулни грчеви се предупредувачки знаци дека организмот веќе тешко се справува со високата температура. Топлотната исцрпеност најчесто се јавува поради прекумерно губење вода и соли преку потењето, особено при долг престој на сонце или физичка активност. Институтот за јавно здравје препорачува лицето веднаш да се премести во разладена или засенчена просторија, да ја прекине ...
Судот определи притвор за 41-годишната жителка на Кратово, која подолг период без правен основ им наплаќала влезници на посетителите на природниот локалитет Куклица и се претставувала како негова „газдарица“. Притворот е определен по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, кое против жената води постапки за спречување службено лице во вршење службено дејствие и за узурпација на локалитетот. Куклица со указ е прогласена за споменик ...
Граѓаните и еколошките активисти повторно го креваат отпорот против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница, откако рокот на концесионерот за реализација на проектите бил продолжен и се појавиле информации дека се подготвува внесување тешка механизација на Кожуф. Проектите „Баров Дол“ и „Папрад“ се планирани на Дошница, една од најчистите планински реки во овој дел од Македонија. Концесијата за користење на водата и ...
Тројца членови на екипажот се тешко повредени откако товарниот брод „Надежда“, во турска сопственост, бил погоден во напад со дрон во Црното Море, во близина на руското пристаниште Новоросијск. Бродот пловел од Новоросијск кон турското пристаниште Самсун, кога бил нападнат на околу 20 наутички милји, односно приближно 37 километри од рускиот брег. На него имало 22 членови на екипажот, меѓу кои 13 турски државјани. Според турската Генерална ...
СДСМ го обвини министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека води разговори за европската иднина на Македонија без јавноста да знае што се преговара, а истовремено бара опозицијата безрезервно да ја поддржува Владата и да не ја критикува надворешната политика. Реакцијата следува по интервјуто на Муцунски за МИА, во кое тој потврди дека се водат разговори „под радарот“ за трајно решение што треба да го одблокира европскиот пат. ...
Македонија повторно не е дел од голем регионален инфраструктурен проект. Бугарија почнува студија за изградба на цевковод за течни горива што треба да ги поврзе системите на НАТО во Грција, Турција, Бугарија и Романија, додека трасата во оваа фаза целосно ја заобиколува земјава. Не станува збор за гасовод за природен гас, туку за цевковод наменет за транспорт, складирање и распределба на нафтени деривати, пред сè за потребите на вооружените ...
Доколку комарците постојано ве избираат вас, а ги заобиколуваат луѓето околу вас, причината веројатно не е „слатката крв“. Ново истражување покажува дека важна улога имаат мирисот на кожата и бактериите што природно живеат на неа. Научници од Меѓународниот универзитет во Флорида испитувале 119 доброволци од Мајами. Учесниците ја ставале раката во посебен уред, а истражувачите мереле како на нивниот мирис реагираат три вида комарци: Aedes ...
Луѓето кои често користат канабис имаат повисоко ниво на кортизол веднаш по будењето во споредба со лицата што не го користат, покажува ново истражување на научници од Државниот универзитет во Орегон. Истражувањето опфатило 39 редовни корисници на канабис и 43 лица од контролната група. Учесниците собирале примероци од плунка веднаш по будењето, 30 минути подоцна и навечер, во текот на два последователни работни дена. Истовремено одговарале ...
СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу Клековски и за сите одговорни лица во институциите поради начинот на кој била менаџирана кризата со загадената вода во Гостивар. Партијата тврди дека Владата сè уште не доставила официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните ја користеле во изминатиот период била исправна барем за техничка употреба. Според СДСМ, ...
Македонија остана без 60,77 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија, откако тендерската постапка не завршила навреме и не бил склучен договор со изведувач во роковите предвидени со ИПА-програмата. Додека истекувале роковите за европскиот грант, во текот на 2025 година за третата делница од железничкиот Коридор 8 биле потрошени само 10,58 милиони денари, и тоа за ...
Долготрајната суша и топлотните бранови ги турнаа Дунав и Драва на историски ниски водостои, а кризата веќе не е само еколошка. Последиците се чувствуваат врз пловидбата, производството на електрична енергија, индустријата и снабдувањето со вода во повеќе земји од Централна и Југоисточна Европа. Кај хрватското место Батина, Дунав падна на минус 142 сантиметри, со што беше соборен рекордот од 1909 година. Надлежните предупредуваат дека ...
Пожарникарските екипи цела ноќ интервенирале на пожарот во Кавадаречко, кој утрово е значително намален, но сè уште не е целосно изгаснат, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од 6 часот утрово екипите дејствуваат на два правци, од селото Дреново кон Ќесендре и во реонот на селото Раец. На терен се распоредени пожарникари, вработени во јавните претпријатија, полицајци, цистерни, теренски возила и ...
Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето со промоција на монографија посветена на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ и со роденденски концерт во црквата „Света Софија“. Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“, чии автори се Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски, ќе биде промовирана во 19 часот. Изданието е посветено на 100-годишнината од раѓањето на Липша-Тофовиќ, која токму на 4 август со солистички ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Рустем Умеров за нов раководител на Службата за надворешно разузнавање на Украина, а истовремено му ја остави и улогата на главен украински преговарач во разговорите за завршување на војната со Русија. Со претседателски указ Умеров беше разрешен од функцијата секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, по што веднаш беше поставен на чело на надворешното разузнавање. Според ...
Коалиција од 25 американски сојузни држави поднесе тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, оспорувајќи ги новите царини од 10 до 12,5 проценти за увоз од десетици трговски партнери на САД. Тужбата е поднесена пред Американскиот суд за меѓународна трговија. Државите бараат судот да ги прогласи царините за незаконски, тврдејќи дека администрацијата повторно ги надминала своите овластувања и не ја почитувала законската ...
Долготрајната суша и топлотните бранови ги турнаа Дунав и Драва на историски ниски водостои, а кризата веќе не е само еколошка. Последиците се чувствуваат врз пловидбата, производството на електрична енергија, индустријата и снабдувањето со вода во повеќе земји од Централна и Југоисточна Европа. Кај хрватското место Батина, Дунав падна на минус 142 сантиметри, со што беше соборен рекордот од 1909 година. Надлежните предупредуваат дека ...
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се зголеми на 6.125, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Во болниците досега биле згрижени речиси 61.000 лица, додека спасувачките и расчистувачките екипи продолжуваат да работат во најтешко погодените подрачја. Според објавените податоци, отстранети се само 16,5 проценти од урнатините создадени во катастрофата. Земјотресите со ...
Нови набљудувања со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ укажуваат дека дел од денешните мали месечини и прстени на Нептун можеби се остатоци од древна космичка катастрофа што се случила пред милијарди години. Научниците ги анализирале прстените на Нептун и трите внатрешни месечини Протеј, Лариса и Галатеја. На нивните површини биле откриени магнезиумски филосиликати, минерали слични на глина, кои обично се создаваат при долготрајно дејство на ...
Македонија остана без 60,77 милиони евра неповратни средства од Европската Унија за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија, откако тендерската постапка не завршила навреме и не бил склучен договор со изведувач во роковите предвидени со ИПА-програмата. Додека истекувале роковите за европскиот грант, во текот на 2025 година за третата делница од железничкиот Коридор 8 биле потрошени само 10,58 милиони денари, и тоа за ...