Деновиве слушаме и читаме многу за идентитетот кој се обидуваат да го обезличат и избришат надворешни фактори. Охридскиот Регион е значаен дел од нашиот идентитет, чии вредности веќе трета деценија безмилосно ги обезличуваат и уништуваат криминалот и корупцијата под заштита на институциите. Во текот на изминатата седмица нашето единствено природно и културно светско наследство по трет пат беше „спасено“ од страна на политичарите. Исто како и два ...

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако го владее многу добро англиски јазик и се подготвува да студира во САД, на испитот по англиски јазик добил оценка 2. Тој не е единствен, училишните раководства признаваат дека имаат и други слични случаи, а наставниците и образовните организации го ...

Самостојната изложба на уметницата Алекс Клоуз од Канада насловена „Twisting Figment“ ќе се отвори денеска, 14 јули, од 20 часот во културниот Центар-Јадро. „’Twisting Figment’ е изложба што се осврнува на процесот на преиспитување на она што сте мислеле дека ‘го знаете’. Станува збор за откривање на илузиите што сте ги имале, превртување на сопственото разбирање, како и за процесот на градење на сопствената интуиција за навигација низ тешки и ...

Балканската подружница на меѓународната телевизиска мрежа од Доха „Ал Џезира“ – „Ал Џезира Балканс“ ја прекина својата програма по 14-годишна работа. Основана во 2011 година во Сараево, покрај глобалното покривање, покриваше настани во балканскиот регион, со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина. „Целиот тим на ‘Ал Џезира Балканс’ е горд на секој од 4.970-те дена што ги поминавме служејќи им на гледачите и ...

Македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“), проект чија реализација беше закочена речиси три години. „Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на привилегии на богатите. Иако ...

„Кластер“ е уметнички проект на Иван Ивановски, што низ слики, скулптури и цртежи ја истражува психолошката, социолошката и политичката динамика на толпата. Изложбата ќе се отвори на 17 јули, четврток, со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ). „Тематски изложбата се бави со начините на кои поединецот се втопува во колективот и како повторно се појавува, но не како ‘јас’, туку како ‘ние’. Терминот ‘кластер’ овде се користи ...

Министерствот за внатрешни работи (МВР) се јави со официјално соопштение на својот сајт и социјални мрежи во врска со нападот на градоначалничката Данела Арсовска, по повеќе од 24 часа откако се случи инцидентот во скопската општина Чаир. Од МВР велат дека во сите случаи постапува согласно своите надлежности. Потврдуваат дека е одобрено 24 часовно обезбедување на Арсовска. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по ...

„Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажаа, не би имал што да додадам“, рече денеска на кратко премиерот Христијан Мицкоски, откако беше прашан да го коментира случајот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која вчера објави дека била нападната во Чаир. Арсовска соопшти дека со соработници биле вербално и физички нападнати за време на увид на ...

Виктор Јакимов, ученик од средното приватно школо „Нова“, е новиот претседател на Сојузот на средношколци. Тој беше избран на 25. Генерално собрание и четвртиот конгрес на Сојузот, настан одржан во Собранието на Македонија. Јакимов од септември ќе учи трета година, а мандатот ќе му трае додека не го заврши средното образование. Во разговор со Радио МОФ, новиот претседател најави две работи. „Првата е градење на платформа, каде ќе има едукативни ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била нападната во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 11.07.2025 во 12:15 часот од страна на А. Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на улица ‘Кумбара’ физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ...

Во Македонскиот народен театар (МНТ) на малата сцена на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска. „По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за ...

Тринаесетото издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“ започнува утревечер, 11 јули, со почеток од 21 часот во стара битолска чаршија. Ќе трае два дена, петок и сабота, а музика ќе пуштаат домашни изведувачи. „Смотра“ ќе го отвори Robotek – еден од пионерите на македонската електронска сцена. Тој е активен од средината на 90-тите, неговиот музички пат започнува со амбиентална електроника и техно, а со текот на времето се развива во ...

Фестивалот „Exit“ започнува денес и ќе трае до недела, 13 јули, објавија организаторите на фестивалот, кои потсетуваат дека општествената атмосфера во Србија наликува на почетоците на „Exit“ пред 25 години, и дека поради поддршката на студентските протести, тие се соочуваат со целосен прекин на државното кофинансирање, поради што фестивалот е принуден да ја напушти земјата од следната година, пренесува Н1. „Кога почнавме да го подготвуваме ...

И покрај историскиот чекор што го направи земјата со изборот на првата жена-претседател, податоците покажуваат дека жените и понатаму се недоволно застапени во политичкото одлучување – особено на извршните и локалните нивоа, велат од Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA која во пресрет на локалните избори кога се спремаат листите за градоначалници и советнички листи, ги анaлизираше достапните историски податоци за застапеноста ...

Претседателот на САД Доналд Трамп го пофали либерискиот претседател Џозеф Боакаи за неговото зборување англиски, за време на состанокот со неколку африкански лидери во Белата куќа, пренесува Би-Би-Си. Трамп му рече на Боакаи дека зборува „одлично англиски“, прашувајќи каде одел на училиште. Посетителот учтиво се насмеа, но не спомна дека англискиот е официјален јазик на Либерија. Трамп додаде дека на масата седат негови луѓе „кои не зборуваат ...

Најмалку 120 лица загинаа, a 160 се водат како исчезнати во катастрофалните поплави што го зафатија централен Тексас, во Соединетите Американски Држави, додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, пренесува Ал Џазира Балканс. Хеликоптери и единици со кучиња-трагачи ги поддржуваат спасувачките екипи на терен во итна потрага по преживеани во услови на широко распространета штета. Поплавите започнаа доцна во четвртокот и траеја до ...

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи дека дел од пожарите се подметнати, пренесува агенцијата Мета.мк. „Имаме основано сомнение дека пожарите се подметнати од страна на човечки фактор. Се истражуваат повеќе наоди за пожари близу клучни инфраструктурни ...

Изложбата на фотографии насловена „Помеѓу моментот пред и моментот потоа“ од Евангелија Иваноска ќе се отвори на 15 јули со почеток во 20 часот во изложбениот салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „Изложбата ‘Помеѓу моментот пред и моментот потоа’ на Евангелија Иваноска е серија на фотографии кои ловат длабоко мисловно искуство во миг кој ни ја буди љубопитноста. Искуството толку интригира што успева целосно да го ...

Годинава патувачкото кино на „МакеДокс“ оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржат од 15 до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар. „Во свет што толку бргу се менува, па ‘човек не може двапати да влезе во иста река’, станува сè потешко ...

Во книжарницата „ИЛИ-ИЛИ“, утревечер (10 јули) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Од личност до маска – за новата нормалност“, прва книга на Влатко Деловски која ќе биде пропратена со настап на „Второ колено“. На промоцијата ќе зборува проф. д-р Дејан Донев, а присутните ќе уживаат и во свежите музички креации на „captatio benevolentiae“ со „Второ колено“ – Дејан Петровиќ (Чапс) вокал и гитара и Пеце Трајковски (Брада) на ...

Министерството за образование и наука и Министерството за финансии потпишаа договор со Германската развојна банка за, како што информираат, неповратни 5,5 милиони евра кои ги обезбеди Европската Унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. МОН вели дека грантот е наменет за покривање на дел од трошоците за реконструкција на четири ...

Во Кочани вчера пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март. „Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе вчера е доставена на Општата болница во Кочани“, информираат од ...

Во културниот центар „Јадро“ од 11 до 13 јули (петок-недела) ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Фестивалот годинава одбележува десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела, во јули и октомври. Во јулскиот дел во три дена предвидени се десетина програмски содржини: промоции на неколку нови книги во едицијата „Магма“, три разговори во читачкиот клуб „Одрадек“ (првпат ќе бидат изведувани пред публика), два разговори ...

Сојузот на средношколци на Македонија најавува дека во четврток, 10 јули, ќе го одржи своето 25. Генерално собрание и четвртиот конгрес во Собранието на Македонија, со почеток во 11 часот. Настанот ќе опфати целосен преглед на активностите и резултатите од изминатиот двегодишен мандат на Сојузот, како и избор на нов претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и ...

„Уште едвај 30 дена до распуштање на Собранието и распишување на локалните избори, а освен заглавениот предлог на Изборниот законик со кој се предвидуваат уште полоши решенија од оние што Уставниот суд ги укина на 20 мај – не гледаме никаков друг напор од пратениците, народните претставници, да си ја исполнат својата улога на чувари на Уставот и на демократијата“. Вака започнува денешното соопштение на граѓанските независни иницијативи по ...

Час по полноќ во неделата, заврши петнаесетото издание на култниот музички фестивал во Македонија – „Д Фестивал“. Годинава, за првпат, тој не се одржа во Дојран, туку своето „прибежиште“ од политички препирки го најде во Штип. Чувството несомнено беше поинакво, програмата пократка, бините помалку. Но, енергијата, фестивалџиите и комарците – на исто ниво! Радио МОФ не ги фати сите изведувачи, но пренесува неколку моменти кои оставија трага. Кога ...

Премиере, вчера Ве слушав на прес-конференција како изнакажавте еден куп глупости и празни зборови, откако ретериравте од „брилијантната“ идеја за даноци за немажени и неженети. Зборувавте дека сте загрижен за „демографската иднина на Вашата татковина“, од аспект на тоа што во Македонија снемува деца и набројавте како во 2016 година се родени 23.000 бебиња, додека во 2024 – 16.000, што е рецесија од 30 отсто. Зборувавте и за фертилитетот во ...

Повикот на Министерството за здравство да не се снимаат, фотографираат и да не се земаат какви било изјави од лицата кои се рехабилитираат од повредите од пожарот во Кочани, предизвикува сериозна загриженост за слободата на медиумите, но и за одбраната на јавниот интерес, смета Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што велат оттаму, новинарите и медиумските работници најдобро знаат, следејќи ги правилата и ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е официјално селектиран на 11. издание на Светскиот филмски фестивал во Монтевидео, кој ќе се одржи од 7 до 9 јули во главниот град на Уругвај. По Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела, ова е петта држава од Латинска Америка каде што филмот ќе биде прикажан. „Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на бројни светски ...

Патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал „Културен амалгам 2025“ ќе започне на 15 јули во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. На програмата се ревијалната изложба на алтернативни фотографски техники „ФотоСинтеза“ која ќе се отвори од 20 часот во Империјал 2 во КИЦ, како и премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки „Манаки – Приказна во слики“ од 21 часот во Салонот 19:19. Како што велат од КИЦ, во својата ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
69%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.82
82%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135322.28

Родиум

255598.44

Бакар

10.76

Цинк

3.24

Алуминиум

2.89

Рутениум

29192.88

Никел

471972.96

Калај

40.11

Кобалт

55.67

Платина

53106.37

Паладиум

45879.12

Сребро

1837.41